невремето „Даниел“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 06:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невремето „Даниел“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Огромни катастрофи од невремето „Даниел“ во централна Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogromni-katastrofi-od-nevremeto-daniel-vo-tsentralna-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogromni-katastrofi-od-nevremeto-daniel-vo-tsentralna-grtsija/#respond Thu, 07 Sep 2023 06:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=875526

Од вторникот наутро, кога започна невремето „Даниел“, до утрово, противпожарната служба на Грција примила 4.870 повици за помош во погодените региони, на безбедни локации биле пренесени над 800 лица, а обилните дождови и поплавите предизвикаа огромни катастрофи во централниот дел на земјата, додека невремето и проблемите продолжуваат и денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Најпогодени се градовите Волос, Кардица, Трикала и Пилио, каде што три лица веќе ги загубија животите и неколку се исчезнати, а според локалното население, штетите се толку големи што говорат за библиски катастрофи. Во некои од градовите и селата, жителите се спасуваа со помош на булдожери и чамци. Синоќа беше затворен голем дел од автопатот Солун- Атина во делот меѓу градовите Ламиа и Катерина, додека пак утрово сообраќајот е нормализиран, а во прекин е и железничкиот сообраќај. Невремето Даниел не ја заобиколи ниту Атина, каде што вчера беа поплавени улици и метро станици, а затворени беа неколку булевари. Синоќа, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на грчката метропола да ги ограничат нивните движења. Според противпожарната служба на Грција од вторникот во 7 часот наутро, заклучно со денеска во исто време, во пет региони, примиле 4.870 повици, главно за испумпување вода, сечење дрвја и пренесување луѓе на безбедни места. Вкупно 818 лица биле префрлени на безбедни локации, од кои над 700 се во областа Магнисиа поширокиот регион на градот Волос. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogromni-katastrofi-od-nevremeto-daniel-vo-tsentralna-grtsija/feed/ 0
Грција втор ден зафатена од невремето „Даниел“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-vtor-den-zafatena-od-nevremeto-daniel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-vtor-den-zafatena-od-nevremeto-daniel/#respond Wed, 06 Sep 2023 06:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=875030

Екстремните временски појави со обилен дожд, молњи и силен ветер што ги донесе невремето Даниел во Грција, продолжуваат и денеска во повеќе делови на земјата, а противпожарната служба за 24 часа примила над 1.100 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина. Во градот Волос што вчера беше најпогоден од невремето, предизвикана е голема материјална штета на патната инфраструктура, но и на објекти, едно лице го загуби животот, а едно е исчезнато, додека пак синоќа беше евакуиран дом за стари лица. Во поширокиот регион на градот, односно во областа Магнисиа во сила е забраната за движење, откако жителите добија порака од бројот 112 за итни случаи, а иста порака утрово беше испратена и до сите оние кои се во Кардица во централна Грција. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека од вчера наутро, заклучно со 6 часот утрово примиле 1.196 повици за помош и над 250 лица во различни области зафатени од невремето, со помош на пожарникарите биле пренесени на безбедни локации. Според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, вчера била регистрирана рекордна количина дожд на дневно ниво во изминатите најмалку 17 години. Кусо пред 21 часот синоќа во областа Загора во Пилио паднале 754 милиметри дожд, во моменти кога просечно во Атина годишно се регистрираат 400 милиметри. Невремето „Даниел“, според најавите од метеоролозите, се очекува да трае до утре. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-vtor-den-zafatena-od-nevremeto-daniel/feed/ 0