неврологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Nov 2020 10:37:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неврологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лекарите на Неврологија контра Филипче: Немаме соодветни услови за лечење на пациенти со корона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-na-nevrologija-kontra-filipche-nemame-soodvetni-uslovi-za-lechenje-na-pacienti-so-korona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-na-nevrologija-kontra-filipche-nemame-soodvetni-uslovi-za-lechenje-na-pacienti-so-korona/#respond Mon, 02 Nov 2020 10:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=423645

Дека минситерот за здравство Венко Филипче носи несоодветни одлуки и тоа дека го прави во последен момент покажува реакцијата на стручниот колегиум од Клиниката за неврологија. По одлуката на Филипче и оваа Клиника да биде КОВИД-19 центар вработените се упатија до министерот писмено и го известуваат дека условите не се соодветни за болни од корона. Одлуката на состанокот е донесена едногласно. -Стручниот колегиум на состанокот завзема едногласен став дека клиниката не ги исполнува критериумите и условите за ковид центар поради тоа што тука се хоспитализираат пациенти со невролошки заболувања од целата земја кои добиваат адекватен специфичен третман кој не можат да го добијат во друга клиника/болница/установа. Доколку пациентите со невролошки болести (мозочен удар, епилепсија, епилептичен статус, мијастенија гравис, мултипла склероза, акутен полирадикулоневрит, трансферзален миелит, деменција, екстрапирамидни заболувања, болни синдроми) не се хоспитализираат, дијагностицираати лекуваат на нашата клиника, многукратно се зголемува ризикот од морбидитет и морталитет од овие болести, се вели во дописот до Филипче. Според лекарите пациентите со овие болести ќе бидат лишени од адекватна и високо стручна терапија и нега доколку им се оневозможи хоспитализација и третман на Клиниката. Тие информираат и со факти за колку пациенти станува збор. -На Клиниката во текот на 2020 година (заклучно со 30.10.2020) се извршени 12.489 амбулантски прегледи и 944 контролни прегледи, со остварени 810 хоспитализации. Компјутеризирана томографија на мозокот е направена кај 2614 пациенти, Електронцефалографија ЕЕГ кај 465, Електромиографија со неврографија ЕМГ кај 286, Евоцирани потенцијали – ВЕП кај 113, Доплер на вратни крвни садови кај 98, Евоцирани потенцијали СЕП кај 143, Невропсихолошки наод кај 60, ЕЕГ со депривација на сон кај 20 пациенти. Тераписка постапка плазмафереза е направена кај 26 пациенти. Вкупни прегледи на пациенти со мозочен удар - 1077, со хоспитални исписи 227, со 11 интравенска тромболиза, се вели во дописот во кој се даваат податоци за прегледи за сите сите болести. -Тие укажуваат на Клиниката има систем за централна климатизација која влијае врз побрзо ширење на КОВИД-19 вирусот низ воздухот и не постои просторија чисто/нечисто која е неопходна при работа со инфективни високо-ризични пациенти. -Довод на централен кислород е достапен само во мал дел од собите. Се надеваме дека ќе го уважите нашиот став во интерес на здравјето на нашите пациенти, се вели во дописот од Стручниот колегиум на Универзитетската клиника за неврологија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-na-nevrologija-kontra-filipche-nemame-soodvetni-uslovi-za-lechenje-na-pacienti-so-korona/feed/ 0
Штипското Инфективно одделение се прошири и на одделот за Неврологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-proshiri-i-na-oddelot-za-nevrologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-proshiri-i-na-oddelot-za-nevrologija/#respond Sat, 04 Jul 2020 17:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=369033

Штипското Инфективно одделение од попладнево и официјално се прошири на Одделот за неврологија, кое се наоѓаше во истата зграда. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека четворица пациенти заразени со коронавирусот веќе се сместени во болничките соби на овој оддел, откако вчера беше испразнет, а пациентите и здравствениот кадар на Наврологија се преселија на одделението за Урологија. На медицинскиот персонал на Инфективно веќе им помагаат медицински сестри од други одделенија, во прва смена работат пет сестри, а во попладневната се ангажирани три. Ѓеорѓијев најави дека од утре почнуваат со работа на ова одделение и лекарите од интерно, кардиологија и анестезиологија, кои ќе им помагаат на инфективнолозите. Со проширувањето на инфективното одделение се добиваат дополнителни 15 болнички кревети. Во моментов на ова одделение се лекуваат околу 40 пациенти од општините од источниот регион. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-proshiri-i-na-oddelot-za-nevrologija/feed/ 0
Директорите на Tрауматологија и Неврологија се уште молчат за случајот на Павлески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-traumatologija-i-nevrologija-se-ushte-molchat-za-sluchajot-na-pavleski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-traumatologija-i-nevrologija-se-ushte-molchat-za-sluchajot-na-pavleski/#respond Thu, 17 Jan 2019 12:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=153315

По вчерашната објава по социјалните медиуми за Стојан Павлески кој лежи на Клиниката за трауматологија, не престанаа реакциите на револтираните граѓани како е можно човек кој е самохран татко на едно малолетно дете, да е оставен сам на себе да се грижи. Павлески пред неколку месеци бил нападнат и претепан речиси до смрт. Има повреди на рбетот и крварење во мозокот. Лежи неподвижен во горните и долните екстремитети и неговите се жалат дека мораат сами да му ги преврзуваат раните бидејќи персоналот на клиниката се жали на предолгиот престој како и на мирисот кој се шири од раните. Состојбата е сериозна по неговиот живот. Неговото семејство нема средства за третман. Молат да се префрли на Клиниката на неврологија и соодветно да се третира. Буквално сите што го знаат човекот, молат за било каква помош. Директорите на Трауматологија и Неврологија ниту се грижат, а очигледно ниту сакаат човекот да биде згрижен во соодветна институција. Директор на Трауматологија е Илир Хасани, а директор на Невроголија е Иван Барбов треба да дадат одговор на јавноста зошто човекот не е згрижен како што треба и зошто е оставен сам на себе? А, исто така треба да се произнесе и самото министерство како е можно да се дозволи вака во неговиот сектор и да не се интервенира. Хуманоста ќе се види на дело ако надлежните во здравството, се искоординираат со колегите од труд и социјала. Работата на министрите и директорите не е само да се сликаат и да кажуваат дека ја вршат работата во рамки на функцијата, туку и да покажат хуманост. Хуманоста треба да ја покажат и Венко Филипче и неговата колешка Мила Царовска. Бидејќи станува збор за самохран родител се поставува и прашањето дали и кој се грижи за детето, каде се социјалните служби? Изгледа дека наместо да се згрижи човекот и да се излекува, институциите си префрлаат вина меѓусебно. На сите овие дилеми одговор треба да дадат надлежните институции, бидејќи поради нечија неодговорност се ставаат под ризик животите и самото здравје на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-traumatologija-i-nevrologija-se-ushte-molchat-za-sluchajot-na-pavleski/feed/ 0