незадоволство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Jan 2021 12:29:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png незадоволство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Европа се зголемува незадоволството поради рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-se-zgolemuva-nezadovolstvoto-poradi-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-se-zgolemuva-nezadovolstvoto-poradi-restriktivnite-merki/#respond Tue, 26 Jan 2021 12:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=460040

Во многу европски земји, со месеци е во сила строг „локдаун“, што заедно со бавната кампања за вакцинација, но и појавата на нови варијанти на вирусот, резултира со фрустрација, гнев и бегство во светот на забавите. „Корона-немирите“ најсилно ја погодија Холандија, оценува Дојче веле. Во таа земја има големо незадоволство поради воведувањето на ноќниот полициски час, кој важи од викендот. Стотици насилни млади луѓе протестираа во неделата, а потоа и синоќа. Тие, исто така, ја нападнаа полицијата на улиците во Амстердам, Ротердам и Хаг. – Не сме виделе толку насилство во последните 40 години, рече Коен Симерс, претставник на холандскиот полициски синдикат НПБ. Премиерот Марк Руте на Твитер оцени дека овие настани немаат никаква врска со протести или борба за слобода, туку дека станува збор за „криминално насилство“, пренесува Дојче веле. И британската полиција имаше многу работа за време на викендот. Со кучиња и хеликоптер, лондонската полиција прекина една нелегална забава со 300 гости за време на викендот. На местото на настанот, 78 лица мораа да платат казна од 200 фунти за кршење на прописите во врска со коронавирусот. Многумина избегнаа казна, прекачувајќи се преку ограда. Една недела порано, полицијата прекина забава со 200 гости. И во Германија, во одредени случаи надвладеа желбата за забава наспроти прописите за заштита на здравјето. Во неколку сојузни провинции, полицијата прекина помали „корона-забави“ и поднесе обвиненија. Во Данска се уапсени три лица кои запалија кукла на која беше залепена слика на премиерката Мете Фредериксен за време на протестите, одржани викендов, против ограничувачките мерки. Под куклата стоеше натпис „Таа мора да биде убиена“. Инцидентот предизвика големо незадоволство во Данска. Во Полска угостителите и туристичките работници протестираат против продолжувањето на рестриктивните мерки. Претставници на повеќе од сто хотели, ресторани, барови, како и бројни претприемачи од забавната индустрија, минатата недела заедно излегоа на Твитер, најавувајќи дека повторно ќе започнат со работа. Тие сметаат дека се во право врз основа на пресудата на управниот суд во полскиот град Ополе, која утврди дека е воведен делумен „локдаун“ без механизмот предвиден во полскиот Устав. Сопствениците на десетици ресторани и кафулиња во Чешка се побунија против владините мерки против пандемијата, кои треба да останат во сила најмалку до средината на февруари. Тие ги отворија своите врати за гостите во неделата, иако им е дозволено да доставуваат само храна за носење. Полицијата поведе неколку прекршочни постапки, а предвидени се и казни до 800 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-se-zgolemuva-nezadovolstvoto-poradi-restriktivnite-merki/feed/ 0
Тутунарите незадоволни од откупот по мизерни цени, молк од надлежните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tutunarite-nezadovolni-od-otkupot-po-mizerni-ceni-molk-od-nadleznite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tutunarite-nezadovolni-od-otkupot-po-mizerni-ceni-molk-od-nadleznite/#respond Thu, 03 Dec 2020 17:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=438354

И покрај тоа што од лани тутунарите бараа од Владата да се донесе закон со кој ќе се забранува увозот на тутун се додека не се продаде домашниот за да не влијае на цената од Владата не е превземен никаков чекор во оваа насока. Тутуноптроизводителите и оваа година се крајно незадоволни од откупот на тутунот,бидејќи како што велат некои од нив, им се случува класична кражба во ценењето на истиот. Цените се мизерни а тутунот се цени со две до три класи подолу. Тутунопроизводителите се жалат дека со ваквиот начин на ценење и со цените кои што ги добиваат во ова кризно време нема да можат да ги покријат ниту основните трошоци. Револтирани и незадоволни од откупот вчера организираа протести и тутунарите од село Калуѓерица во радовишко. Тие велат дека доколку се продолжи да се цени на овој начин во просек ќе им дојде по 150 денари од килограм со што не се исплаќаат маките со кои го произведуваат тутунот. Тутунарите од Калуѓерица се заканија дека ако не се превземе нешто во оваа насока тие ќе продолжат со секојдневни протести. „Ако од здруженијата не се превземе некоја мерка, народот ќе оди на поголем штрајк. Ако тие не обрнат внимание, ние самите ќе си го тераме чарето. Мора да го тераме бидејќи со 150 денари не се живее и тоа мора да го знаат сите“вели тутунопроизводителка и додава: „Ако треба леб и сол ќе јадеме и ќе ја поминеме зимата, но тутунот не го даваме, ова е срамота, една кутија цигари е 100 денари“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tutunarite-nezadovolni-od-otkupot-po-mizerni-ceni-molk-od-nadleznite/feed/ 0
Незадоволство и во тетовскиот огранок на ДУИ: Едниот брат министер, а другиот пратеник? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolstvo-i-vo-tetovskiot-ogranok-na-dui-edniot-brat-minister-a-drugiot-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolstvo-i-vo-tetovskiot-ogranok-na-dui-edniot-brat-minister-a-drugiot-pratenik/#respond Thu, 20 Aug 2020 09:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=393007

Предложувањето за министер на Фатмир Бесими самото по себе претставува скандал, од фактот што неговиот брат Флорин Бесими исто така е пратеник од редовите на ДУИ, пишува Лајмпрес. Сето ова зборува за елитарниот непотизам кој што 20 години контролира една политичка партија. Семејството Бесими по се изгледа дека Тетово ќе го претставува како во законодавната така и во извршната власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolstvo-i-vo-tetovskiot-ogranok-na-dui-edniot-brat-minister-a-drugiot-pratenik/feed/ 0
Меркел: Ердоган да не ги користи бегалците поради незадоволство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-erdogan-da-ne-gi-koristi-begalcite-poradi-nezadovolstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-erdogan-da-ne-gi-koristi-begalcite-poradi-nezadovolstvo/#respond Mon, 02 Mar 2020 17:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=311163

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека разбира оти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган очекува поголема помош од Европа за решавање на бегалската криза, но истакна дека не треба да ги користи бегалците за да го изрази своето незадоволство. – Разбирам дека Турција се соочува со голем предизвик што се однесува до Идлиб, рече Меркел и додаде дека за неа е „неприфатливо тоа што Ердоган и неговата Влада не го искажуваат ова незадоволство во дијалог со Европската унија, туку на грбот на бегалците“. Според неа, тоа не е начин да се оди напред. Меркел исто така рече дека Европската унија и Турција треба да ги продолжат разговорите за договорот за бегалци и оти Германија, исто така, е отворена за билатерална поддршка за Турција. Повеќе од 10.000 мигранти, најмногу од Сирија, други земји од Блискиот исток и Авганистан, стигнаа до турските граници со Грција и Бугарија, откако официјална Анкара минатиот четврток изјави дека ќе престане да ги задржува на нејзина територија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-erdogan-da-ne-gi-koristi-begalcite-poradi-nezadovolstvo/feed/ 0
Додека Клоп изразува незадоволство, неговиот шеф работи за уште потежок календар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dodeka-klop-izrazuva-nezadovolstvo-negoviot-shef-raboti-za-ushte-potezok-kalendar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dodeka-klop-izrazuva-nezadovolstvo-negoviot-shef-raboti-za-ushte-potezok-kalendar/#respond Tue, 11 Feb 2020 16:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=302527

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, водеше војна против згуснатиот распоред на дуели во обид да им олесни на своите играчи, но излегува дека оваа идеја не ја дели претседателот на клубот, Том Вернер. „Сан“ тврди дека во јануари американскиот шеф на тимот од Мерсисајд присуствувал на состанокот со други колеги од поголемите европски клубови, на кои се разговарало за создавање на нов турнир. Се работи за претсезонско натпреварување, слично на „Интернационалниот Куп на шампиони“, кое се одвива веќе неколку години. На овој турнир, на кој учествуваат Ливерпул веќе неколку години, некои од најпопуларните тимови играат едни со други низ целиот свет. Сега предлогот е за нешто како „надградба“ на турнирот со вклучување на повеќе тимови и следствено на тоа да се играат повеќе натпревари. Важен предуслов е учесниците да се потпираат на своите силни играчи и да не прибегнуваат кон употреба на резерви и адолесценти. Дискусијата била иницирана од американскиот милионер и сопственик на американскиот фудбалски клуб, Стивен Рос, кој, исто така, го организира „Интернационалниот Куп на шампиони“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dodeka-klop-izrazuva-nezadovolstvo-negoviot-shef-raboti-za-ushte-potezok-kalendar/feed/ 0
Данев: За зголеменото нездоволство во образовниот систем одговорна е актуелната влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-za-zgolemenoto-nezdovolstvo-vo-obrazovniot-sistem-odgovorna-e-aktuelnata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-za-zgolemenoto-nezdovolstvo-vo-obrazovniot-sistem-odgovorna-e-aktuelnata-vlada/#respond Sun, 15 Dec 2019 20:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=277948

Има пад во доверба во образовниот систем за времето на оваа власт, или процентот на незадоволство оди од 46,3 проценти на 51,6 процент. За овој тренд одговорна пред се е владеачката гарнитура, рече Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше на телевизија Сител. -Претходно се направи компјутеризација и дигитализација во образованието, зголемување на средства за стипендиии, воведување на светски познати програми, модерно опремени лабораториии во високо образовниот систем и друго. Денес нема ништо, нема дополнителен поттик, на пример нема поголем број на стипендии. Сега имаме само некои законски измени и ништо друго, се застана, нема никаков проект, рече Данев. Според него очекувањата на граѓаните беа огромни, бидејќи СДСМ во предизборието рече дека еден од приоритетите е образованието, и доживеаја фијаско. -Сега имаме влада која крати, при ребалнас на Буџетот пред два месеци, 14 милиони евра во делот на образование. Каде е ставено воопшто образованието на агендата на оваа влада, праша Данев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-za-zgolemenoto-nezdovolstvo-vo-obrazovniot-sistem-odgovorna-e-aktuelnata-vlada/feed/ 0