незаконски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 12:59:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png незаконски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДКСК: Незаконски доделени грантови на трговско друштво, чиј сопственик е вработен во АЕК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-nezakonski-dodeleni-grantovi-na-trgovsko-drushtvo-chij-sopstvenik-e-vraboten-vo-aek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-nezakonski-dodeleni-grantovi-na-trgovsko-drushtvo-chij-sopstvenik-e-vraboten-vo-aek/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=666566

По доставена анонимна пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), оформен е предмет за постоење незаконитост при доделување средства на грант на трговско друштво „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО Скопје“, чиј основач е член на Комисијата за електронски комуникации при Агенцијата за електронски комуникации. На денешната седница на ДКСК, овој случај беше разгледан при што беше истакнато дека бил доделен гранд од 30 илјади евра во денарска противвредност. Заради проверка на изнесените наводи во пријава и утврдување на целосната фактичка состојба во предметниот случај, ДКСК побарале информации и податоци од АЕК, Фондот за иновации и технолошки развој, извршен е увид во тековната состојба и историјатот на промени за посоченото трговско друштво во регистарот. – По разгледување на добиените информации и податоци како и на целокупната релевантна документација, ја утврдивме следнава фактичка состојба, друштвото за наука и инженерство „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО“ Скопје е основано на 3.12.2018 година, еден од основачите е Горан Велинов од Скопје. Горан Велинов е член на Комисијата за електронски комуникации при АЕК, во два мандата од 15.06.2009 до 15.12.2014 година и во период од 16.02.2015 до 16.08.2020 година. Во текот на вториот мандат на лицето, трговското друштво, чиј сопственик е истото лице на 06.06.2019 склучил договор со ФИТР, а за доделување средства преку инструментот за поддршка кофинансирани грантови и новоосновани друштво – стартап со кој му се одобрени финансиски средства во форма на кофинансиран гранд во износ од 30.000 евра во денарска противвредност, истакна Нури Бајрами, член на ДКСК. Од утврдената фактичка состојба, на 47-та седница на ДКСК одржана на 31.03.2021 година констатирано е дека е доделен гранд на посоченото друштво, што е спротивно на членот 52 од Законот за спречување корупција и судир на интереси и истото е казниво. – Поради непостапување на сторителите на прекршокот во издадениот прекршочен платен налог, ДКСК против посоченото правно лице и физичкото лице на 18.05.2021 поднесе барање за поведување прекршочна постапка, но до надлежниот орган Прекршочна комисија на ДКСК, а воедно побара и иницираше спроведување надзор од МОН, како и надзор од Државниот завод за ревизија на финансиското работење на ФИТР од делот на средствата од буџетот, посочи Бајрами. По поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка, Прекршочната комисија при ДКСК спровела соодветна постапка така што донела решение со кое сторителот Горан Велинов, сопственик на правното друштво е огласен за одговорен за сторен прекршок при што изречена му е прекршочна санкција во износ од 500 евра во денарска вредност. Донесено е и решение со кое сторителот, односно правното лице е огласено за сторен прекршок согласно законот при што изречена е глоба во износ од 1000 евра во денарска противвредност. ДКСК по разгледување на сите горенаведени факти констатира дека нема елементи за понатамошно постапување по предметот, при што одлучи дека по конечниот исход ќе издејствува самата Прекршочна комисија при ДКСК. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-nezakonski-dodeleni-grantovi-na-trgovsko-drushtvo-chij-sopstvenik-e-vraboten-vo-aek/feed/ 0
Незаконските кадри на СДСМ во енергетиката! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nezakonskite-kadri-na-sdsm-vo-energetikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nezakonskite-kadri-na-sdsm-vo-energetikata/#respond Tue, 07 Jul 2020 06:23:46 +0000 https://kurir.mk/?p=370700

Во плејадата на незаконски кадри во енергетиката лидери се државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Скоро 3 години на високи позииции во АД МЕПСО се Ева Шуклева и Симон Шутиноски. Ева Шуклева од август 2017 па сė до јули 2019 година беше Претседател на Надзорниот одбор на АД МЕПСО, а од август 2019 е именувана за Претседател на Управниот одбор. м-р Ева Шуклева е дипломиран електротехнички инженер, која своето долгогодишно работно искуство го стекнувала во ЕВН Македонија АД Скопје. По назначувањето за генерален директор на компанијата МЕПСО, работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје ǔ е ставено во мирување. Во слична позиција е и Директорот на Операторот на пазар на електрична енергија - МЕМО Симон Шутиноски, дипломиран електротехнички инженер, кој своето долгогодишно работно искуство исто така го стекнува во ЕВН Македонија АД Скопје. По назначувањето за член на Управниот одбор на АД МЕПСО, а потоа и за Управител на МЕМО, работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје му е ставено во мирување. На двајцата им мируваат раководните позиции ви ЕВН Македонија АД Скопје, бидејќи уште во 2017 година беа инсталирани како кадар на СДСМ во управувачката структура на АД МЕПСО. Ако се земе во предид дека овие двајца се на чело на две значајни компании од енергетскиот сектор, а по завршувањето на функциите ќе се вратат во својата матична енергетска компанија ЕВН Македонија АД Скопје, се поставува прашањето чии интереси ќе штитат овие двајца партиски војници на СДСМ? Ова е важно да се знае бидејќи се работи за компании од енергетскиот сектор кои имаат долгогодишни спорови меѓу себе. Само за потсетување, меѓу ЕВН и МЕПСО постојат нерешени спорови за повеќе стотици милиони денари по разни основи, како и нерешени имотно-правни односи поврзани со поделбата на имотот од старото ЕСМ. Дали овие ликови ќе ја почитуваат т.н. Конкурентска клаузула - договорна забрана на конкурентското дејствување, согласно член 36, 37 и 38 од Законот за работни односи? Сличен конфликт на интереси има и во АД ЕЛЕМ. Се работи за Благојче Трповски, директор за производство и член на Управниот одбор на ЕЛЕМ, кој претходно работеше во ЕВН ТРЕЈД, како дел од групацијата ЕВН. И на овој кадар на СДСМ работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје му е ставено во мирување. Се поставуваат неколку прашања поврзани со ваквите случаеви: -Дали после завршување на мандатот овие кадри ќе ги понесат со себе најважните информации за компаниите кои ги раководат и ќе ги предадат на компанијата во која се трајно вработени од што ќе зависат понатаму сите судски пресуди?. -Дали ваквиот трансфер на сомнителни кадри во енергетиката нема да предизвика загуби за компанијата која ќе ја напуштат по завршување на мандатот? -Дали овие вработени ги имаат испочитувано став 1 и став 2 од член 37 од Законот за работни односи кои гласат: (1)Ако работникот при своето работење или во врска со работата се здобива со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, може во договорот за вработување, работникот и работодавачот, да договорат забрана за вршење на конкурентско дејствување по престанувањето на работниот однос (конкурентска клаузула). (2) Конкурентската клаузула може да се договори најдолго за период од две години по престанувањето на договорот за вработување и тоа само во случаите кога на работникот му престанува договорот за вработување по негова волја или вина. Доколку во договорите немаат склучено ваква конкурентска клаузула, тогаш некој ќе треба да се позанимава со нивното делување после истекот на мандатот во АД МЕПСО и АД ЕЛЕМ Скопје. За да биде срамот уште поголем, енергетската компанија АД МЕПСО ја тресат уште скандали. Имено, членот на Управниот одбор Кираца Накова, Директор за правни и општи работи во АД МЕПСО, иако има навршено 67 години и понатаму останува на истата функција. Надзорниот одбор на АД МЕПСО не презел никакви чекори во врка со овој скандал. Споменатата не е ниту разрешена, ниту пак е склучен нов договор или некаков некаков анекс на постоечкиот договор, со цел да се испочитуваат Законот за работни односи, Колективниот договор на АД МЕПСО и Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Ваквото незаконско работење на компаниите кои се акционерки друштва во државна сопственост е пракса секогаш кога е СДСМ на власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nezakonskite-kadri-na-sdsm-vo-energetikata/feed/ 0