независен синдикат на полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Mar 2022 14:21:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png независен синдикат на полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Протест на НСП и НСОН за усогласување на платите со минималната плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-nsp-i-nson-za-usoglasuvanje-na-platite-so-minimalnata-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-nsp-i-nson-za-usoglasuvanje-na-platite-so-minimalnata-plata/#respond Sat, 19 Mar 2022 14:21:52 +0000 https://kurir.mk/?p=649985

Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) и Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска на протест пред Владата побараа усогласување на платите во секторите образование и полиција со износот на минималната плата, согласно со колективните договори. Учесниците на протестот се собраа пред хотелот Вип од каде се упатија пред зградата на Владата. Од полицискиот синдикат побараа вредноста на бодот од 27 денари да биде покачен на 62 денари. Генералниот секретар на НСП, Орце Коцевски рече дека иако ги доставиле барања до Владата за решавање на проблемите со кои се соочуват полициските службеници добиле известување дека тие се проследени кај министерот за внатрешни работи, кој, како што посочи, не игнорира 2,5 години. -Ова е сумата со која што полицискиот службеник вас ве брани, се грижи за вашата безбедност и го изложува неговиот живот за вие да бидете живи и здрави. Во оваа сума помала од 400 евра му се тие мизерни 30 проценти овластување вклучително, храна, превоз, стаж. Платата на полицискиот службеник е 3 000 денари помала од основната плата од 18 илјади денари, рече Коцевски, покажувајќи транспарент „Живот на полицаец вреден 400 евра“. Од Независниот синдикат за образование и наука го истакнаа проблемот со неусогласената минимална плата во секторот образование и најавија дека ќе продолжат со помасовни протести доколку не се реши проблемот се пресметување на платата. –Денеска пред Владата, има огромен број просветни работници кои го искажуваат сопствениот револт поради ниската потпросечна плата и поради начинот на кој се прави пресметката за плата.Ако во нашата држава минималната плата е 18 000 денари повикуваме, апелираме и најавуваме дека од ден на ден ќе бидеме побројни тука доколку не се најде решение за просветниот работник конечно да добие достоинствена плата согласно законите и согласно животниот стандард, порача Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука. Синдикалните претставници обвинија и дека не им било дозволено да постават шатори пред Владата. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев рече дека на 3-ти месецов испратиле барање за таа намена до градоначалникот и Советот на Град Скопје и директорите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“, но оти „решението е затаено во административната лавиринтска постапка на Градот Скопје. Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески,пак, ја поздрави одлуката на просветните работници да се приклучат на протестот, а на останатите им порача да се охрабат да си ги побараат своите права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-nsp-i-nson-za-usoglasuvanje-na-platite-so-minimalnata-plata/feed/ 0
ВИДЕО: КСОМ излезе на протест – Како за 30 години работникот е доведен до овој степен? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ksom-izleze-na-protest-kako-za-30-godini-rabotnikot-e-doveden-do-ovoj-stepen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ksom-izleze-na-protest-kako-za-30-godini-rabotnikot-e-doveden-do-ovoj-stepen/#respond Wed, 08 Sep 2021 12:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=560977

Со цел укажување на состојбата на работникот, денеска на 30-годишнината од независноста на државата протест одржаа Независниот синдикат на полицијата и Конфередерацијата на синдикални организации Протестот започна со поворка автомобили која се движеше низ Скопје и заврши пред Владата. Организаторите истакнаа дека се одлучиле на протест како резултат на незадоволството кое владее кај вработените во МВР, во Министерството за правда и Шумската полиција, од Колективниот договор потпишан во мај со кој правата на овие вработени, како што велат тргнале по надолна линија. -Не случајно го одбравме овој датум, сите знаеме што значи 30 години независност и тоа е свечен момент. Не можам да сфатам како после 30 години работникот е доведен до овој степен. Праќаме порака како и од последниот протест од 8 мај кога бевме примени од советникот на премиерот, но за жал од таа средба нашите барања останаа нерешени. Затоа од овде праќаме апел и ќе пратиме уште еден допис да бидеме примени од премиерот и само со него сакаме да разговараме и да ги образложиме нашите ставови, рече Марјан Ристески. Од Конфедерацијата истакнаа дека доколку бидат игнорирани и не се преземе ништо по однос на нивните барања, ќе преземат и други мерки на делување. Една од нив е поставување на шаторите токму пред Владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ksom-izleze-na-protest-kako-za-30-godini-rabotnikot-e-doveden-do-ovoj-stepen/feed/ 0
НСП со жестока реакција за начинот на соопштување на кривичните пријави против шесте полицајци- тие се претставени како криминалци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-so-zestoka-reakcija-za-nachinot-na-soopshtuvanje-na-krivichnite-prijavi-protiv-sheste-policajci-tie-se-pretstaveni-kako-kriminalci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-so-zestoka-reakcija-za-nachinot-na-soopshtuvanje-na-krivichnite-prijavi-protiv-sheste-policajci-tie-se-pretstaveni-kako-kriminalci/#respond Fri, 07 Aug 2020 11:12:07 +0000 https://kurir.mk/?p=387666

Во врска со синоќешната објава на министерството за внатрешни работи во која се сооштува дека од страна на Оделот за натрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење организиран и сериозен криминал и корупција поднесени се кривични пријави против 6 (шест) полициски службеници по член 143 од кривичниот законик, односно малтретирање во вршење на служба во врска со кривично правен настан кој се случил на 18.05.2020 година упатуваме жестока реакција на начинот на соопштување на содржината која има за цел полициските службеници максимално да се дискредитираат и истите да се претстават како криминалци. -Имено, сакаме да потенцираме дека се работи за кривичноправен настан кој се случил на 18.05.2020 година околу 21:30 часот, на влезот од село Кондово каде бил поставен полициски пункт со двајца полициски службеници поради спроведување на полицискиот час. Во момент кога едниот полициски службеник бил надвор од службеното возило, од зад грб му приоѓа машко лице вооружано со пиштол кое со полуга го фаќа околу вратот и вперувајќи му го пиштолот во слепочницата бара од нив да му го предадат службеното оружје со цел да го одземе. Во тој момент вториот полициски службеник свесен за ситуацијата го вперува неговиот службен пиштол во сторителот и пука еден проектил во воздух за предупредување, во моментот на паника од истрелот го совладуваат сторителот кој пружа активен отпор при што на местото излегуваат и колеги од ЕИП и лицето го лишуваат од слобода и го задржуваат во ПС ОН Ѓорче Петров, каде иако има можност за потешка квалификација настанот се заведува како напад на полициски службеник. Извесен период по критичниот настан иако сторителот лично не вложува преставка до Оделот за внатрешна контрола се отвара истрага во која од камерите на министерството поставени на влезот во С. Кондово се констатира дека полициските службеници наводно употребиле прекумерна физичка сила кон сторителот и се поднесени 6 (шест) кривични пријави против истите, стои во нивната реакција. Од таму додаваат дека како Независен Синдикат на Полицијата не ја оправдуваме прекумерната употреба на физичка сила од страна на полициските службеници, но најостро ги осудуваме вестите во јавноста кои имаат за цел да ги дискредитираат и обесхрабрат полициските службеници во нивното постапување. Доколку овој настан би се случил во некоја поразвиена држава веројатно полициските службеници би биле одликувани со орден за храброст што иако биле исполнети условите да го лишат од живот сторителот без жртви и повреди го лишиле од слобода лицето, но кај нас истите добиваат кривични пријави. Поради ваквиот начин на постапување во последните неколку години се појавува тенденција на зголемување на бројот на напади на УПС, а сторителите најчесто поминуваат со условни осуди и ги повторуваат делата. Полициските службеници учејќи од туѓите грешки меѓусебно се советуваат на непостапување затоа што во конкретниот случај доколку истите едноставно го предале оружјето на сторителот ќе поминеле без никакви санкции. Полициските службеници се живи луѓе со емоции, страв, стрес и фамилија. Работејќи за потпросечна плата истите се принудени да се справуваат со секаков ризик и со оружје вперено кон нив повторно да останат на висина на задачата, во спротивно веднаш ќе бидат квалификувани како криминалци...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-so-zestoka-reakcija-za-nachinot-na-soopshtuvanje-na-krivichnite-prijavi-protiv-sheste-policajci-tie-se-pretstaveni-kako-kriminalci/feed/ 0
НСП: Веднаш да престанат притисоците и вознемирувањето на колегите кои протестираа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vednash-da-prestanat-pritisocite-i-voznemiruvanjeto-na-kolegite-koi-protestiraa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vednash-da-prestanat-pritisocite-i-voznemiruvanjeto-na-kolegite-koi-protestiraa/#respond Fri, 04 Oct 2019 09:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=247837

Независниот синдикат на полицијата денес објави дека дел од нивните колеги кои во средата присуствуваа на протестот се соочиле со притисок на работното место. -Независниот Синдикат на Полицијата НАЈОСТРО ги осудува притисоците кои деновиве ги прават некои од највисоките раководители во поедини Сектори за внатрешни работи во МВР, во однос на излегувањето на дел од колегите на протестот организиран на НСП на ден 02.10.2019 година. Воедно испраќаме ЈАСНА И НЕДВОСМИСЛЕНА порака притисоците веднаш да сопрат, да сопре вознемирувањето што им се нанесува на колегите кои ја дадоа поддршката да излезат на протестот, велат од НСП. Од Синдикатот го повикуваат Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски веднаш да ги провери овие наводи и да придонесе истите да престанат. -Правото за слободно изразување на волјата и мислата е УСТАВНО загарантирано ПРАВО. Тоа на сите треба да им е јасно. На крај УПАТУВАМЕ порака до сите колеги кои излегоа и ни дадоа несебична поддршка од извршениот протест: "Немојте да подлегнувате на притисоци, борбата за подобри права и ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА е многу поголема отколку заканата од било кој началник на СВР или негов подреден. Било, каква закана или уцена за горенаведеното Ве охрабруваме да ја пријавите на нашата адреса: [email protected]. За Вас господа раководители, да ве информираме дека насобраните неколку изјави од вршењето на притисок према нашите членови зошто излегле на протестот веќе од наредниот ден ќе бидат проследени до надлежните органи, децидни се од Независниот синдикат на полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vednash-da-prestanat-pritisocite-i-voznemiruvanjeto-na-kolegite-koi-protestiraa/feed/ 0
Независниот синдикат на полицијата на протест низ цела Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-na-protest-niz-cela-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-na-protest-niz-cela-makedonija/#respond Wed, 02 Oct 2019 07:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=246875

Враќање на достоинството на полицијата е мотото под кое Независниот синдикат на полиција денес го одржува вториот протест. Низ цела Македонија се блокираат раскрсници, а со протестот сакаат да ги алармираат надлежните за лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција. -Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, Колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци и други барања, истакнаа на протестот во понеделникот од Независниот синдикат. Посочуваат дека и покрај опструкциите кои ги имаат сите ќе ја видат силата на незадоволството на полицаецот. Од синдикатот нагласуваат дека не се борат за лични интереси, туку за повисоки плати на сите. Тие добија поддршка од претставници на синдикатите од Словенија, Србија, Романија и Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-na-protest-niz-cela-makedonija/feed/ 0