независен синдикат на полицијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jan 2022 12:31:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png независен синдикат на полицијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Независниот синдикат на полицијата бара од идниот премиер да ги вметне нивните барања во владината програма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-bara-od-idniot-premier-da-gi-vmetne-nivnite-baranja-vo-vladinata-programa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-bara-od-idniot-premier-da-gi-vmetne-nivnite-baranja-vo-vladinata-programa/#respond Thu, 06 Jan 2022 12:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=616474

Независниот синдикат на полицијата бара од новиот премиер на Република Северна Македонија во наредниот период да ги сублимира сите нивни барања и да ги инкорпорира во програмата на Владата. – Независниот синдикат на полицијата на идниот премиер му порачува многу внимателно да ги разгледа сите пресови, сите барања, писмени, усмени, телефонски, медиумски итн. кои биле доставени од страна на Независниот синдикат на полицијата, да ги укомпонира во неговата работа за да може што поскоро да дојдеме до прагот на линијата со која може да кажеме дека ете приближуваме кон функционирањето на државата и приближување кон стандардите према ЕУ, изјави денеска Гоце Делчев од Независниот синдикат на полицијата. Во спротивно, според него, ќе се случи само продлабочување на проблемите со кои, како што рече, полициските службеници во рамки на МВР се соочувале и се соочуваат. Делчев најави дека од Независниот синдикат на полицијата ќе продолжат да доставуваат одредени писмени барања и до Уставниот суд за преиспитување на многу прашања што во моментов функционираат во МВР. Гоце Делчев наведе дека не смее да се случи промена на колективниот договор во рамки на МВР, како што тоа било направено во декември 2021 година, без никакви претходно консултации, договори и комуникации со други вработени и со останати синдикати во рамки на МВР. Според него, во тој колективен договор под синдикат се подразбира Македонски полициски синдикат, затоа што, изјави Делчев, во рамки на Централниот регистар и во МТСПП не е регистриран само Македонскиот полициски синдикат, и не е само тој репрезентативен синдикат. Тврди дека Независниот синдикат од 2018 година е репрезентативен синдикат. – Не може да се случи да некој што не е вработен во полицијата како што тоа во моментов во Центарот за обука имаме кандидати за полициски службеници 600 да бидат зачленети во друг синдикат и кога ќе почнат со работа после година дена да им се активираат пристапниците и тие да бидат членови на тој синдикат, рече Делчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-bara-od-idniot-premier-da-gi-vmetne-nivnite-baranja-vo-vladinata-programa/feed/ 0
НСП: Внимателно да се изврши поставувањето на раководните позиции во полицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vnimatelno-da-se-izvrshi-postavuvanjeto-na-rakovodnite-pozicii-vo-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vnimatelno-da-se-izvrshi-postavuvanjeto-na-rakovodnite-pozicii-vo-policijata/#respond Sat, 08 Aug 2020 11:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=388059

Независниот синдикат на полицијата (НСП) во пресрет на формирањето на новата влада упати порака да се внимава кој на каква позиција се поставува во Министерството за внатрешни работи. НСП, како што рече претседателот Гоце Делчев Тодев, веќе ангажирале 42 адвокати Нема да оставиме некој да си игра со работникот во полицијата,  наведе Тодев. Во сите изминати 30 години во рамки на институциите, а и во рамки на самиот простор на полицијата, како што рече, се случува нешто за кое што во наредниот период не само ние како синдикат, туку и останатите синдикати во полицијата ќе мора сериозно да се занимаваме во делот на сите правилници, на сите подзаконски акти со кои се уредува проблематиката и делот на поставување на одредени вработени во полицијата на раководни позиции, – Впрочем ние во самото МВР имаме фигури, ликови и да не речам „фаци“ кои само чекаа да завршат изборите и да се постават на одредени позиции, да седнат во одредени фотелји и да заборават се останато. Меѓутоа, затоа сме ние тука, Независниот синдикат на полицијата за пред да седне некој во фотелја, овој пат мора некој да размисли дебело кој кого ќе поставува на убавите удобни фотелји зад мене, бидејќи сето она што се случуваше во изминатиот период е прашање за кое целата македонска јавност се занимава од причина што небулозите кои ги слушаме исклучиво преку златните медиуми, рече Тодев. Тој посочи дека на одредени позиции во рамките на МВР се поставуваат ликови и фигури кои немаат поим што се случува, односно, како што рече, како треба да постапуваат согласно одредени законски решенија и си трпи полицаецот, трпи работникот. – Од таа причина Независниот синдикат практично на неколку часа пред формирање на новата влада порачува до сите оние коишто креираат политики на водење на државата во наредните четири години да внимаваат кој на каква позиција поставуваат, кој од кој аспект ќе биде поставен на одредено работно место, посебно во нашето МВР, бидејќи однапред потенцирам, презентирам и кажувам дека од овој момент активирани се 42 адвокати во Независниот синдикат на полицијата, ќе имаме многу работа од причина што нема да оставиме некој да си игра со работникот на полицијата, а оној што е граѓанин да си игра мајтап со самото МВР и оваа држава, рече тој. Тој истакна дека во изминатите неколку денови  шест полициски службеници заработиле кривични пријави од МВР заради прекумерна употреба на сила, заради тоа што, како што рече, „некој се обидел да му стави пиштол на полициски работник“. – Мислам дека ова е нешто за кое целата јавност бруи. Ова кажува и за тоа тој што ќе го извади пиштолот има помала одговорност, а овие може да се соочат со казна затвор од 3 до 5 години. Независниот синдикат на полицијата во наредниот период многу сериозно ќе се занимава со оваа проблематика затоа што ако некој граѓанин може пиштол да му извади и да му стави на полициски службеник, што останува за обичен граѓанин. Судството било не знам корумпирано, не ги завршило одредени судски процеси со години итн., рече тој. Политиката, посочи Тодев, нека си ја креираат политички партии, додека професионализмот во делот на МВР да го остават на професионалци и да поставуваат само професионалци. –  Политичари да не ја водат политиката за поединци да можат да имаат убави удобни фотелји, а ние работниците во полицијата да патиме и да излегуваме на пресови само да ја запознаваме јавноста. Тоа нема така да помине. Веќе сме отпочнати и веќе дел од комисиите во рамките на Независниот синдикат на полицијата активно работи на одредени простори во наредниот период да се расчистуваат со наредното раководство на чело со министер, кој за многу брзо време треба да дојде во рамките на МВР, истакна Тодев]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vnimatelno-da-se-izvrshi-postavuvanjeto-na-rakovodnite-pozicii-vo-policijata/feed/ 0
Протест на поранешни членови на Независниот синдикат на полицијата поради натамошно запирање членарина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-chlenovi-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-poradi-natamoshno-zapiranje-chlenarina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-chlenovi-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-poradi-natamoshno-zapiranje-chlenarina/#respond Fri, 27 Dec 2019 14:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=283070

Поранешни членови на гранскиот Независен синдикат на полицијата (НСП) денеска изразија назадоволство поради, како што тврдат, незаконско запирање на синдикална чланарина од страна на одделот за финансии на Министерството за внатрешни работи за сметка на НСП. -Се собравме денеска на овој прес поради повеќемесечно и повеќегодишно незаконско запирање на чланарина од нашиот личен доход од страна на секторот за финансии на сметка на гранскиот „независен“ синдикат на полиција. Секторот за финансии продолжува да запира чланарина за гранскиот независен синдикат на полиција иако до споменатиот декларативно независен синдикат доставени се истапници во оригинал како и членските синдикални картици преку кои членовите користат поволности кај коминтентите на синдикатот, што истовремено значи дека ускратени им се сите права и привилегии со самото враќање на синдикалните картици, а за награда продолжува грабеж над истите, изјави Ивица Кузмановски, поранешен член на Независниот синдикат на полицијата и поранешен претседател на Синдикалната организација СВР Скопје. Кузмановски, како што рече, бил и член на Комисијата за колективен договор, и од повеќе причини поднел истапница и оставка од сите функции. -Вака написмено преку пополнета истапница и изразената волја за истапување од овој декларативно независен синдикат на полицијата од голем број на полициски службеници е изразена и повеќе од еднаш и не само во просториите на синдикатот, туку се поднесени и истапници во денеска повиканиот сектор за финансии на МВР, но истите не постапуваат согласно изразената волја на полициските службеници и се кршат нивните права за синдикално членување, рече тој. Според него, Секторот за финансии се оглушува и на доставените списоци со стотици колеги кои бараат исто така на писмено да се престане со запирање на синдикална членарина директно од нивниот личен доход. -Во врска со ова оглушување на секторот за финансии во мај месец оваа година поднесена е писмено архивирано барање за престанок за записрање на чланарина за гранскиот божем независен синдикат на полиција со прилог список со потребни генералии за да се реализираат правата на полициските службеници. Исто така ова оглушување на секторот за финансии е пријавено до секторот за ВКПСК од кои до ден денес и после седум месеци нема соодветен одговор секако во писмена ниту во електронска форма. Воедно од министерот бараме раскинување на спогодбата за запирање на чланарина од плата за гранскиот декларативно независен синдикат на полицијата. Бараме итно позитивно постапување во врска со нашите барања во спротивно ќе ги активираме сите законски лекови против секторот за финансии, истакна Кузмановски. Тој рече деа оваа прес-конференција е опомена пред тужба, а барањето да им биде реализирано најдоцна на првата плата. -Доколку и овој пат наидеме на оглушување и незаконско работење од ваша страна, ќе бидат процесуирани 573 тужби до надлежните судови, кои се веќе изготвени, додаде Кузмановски. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, пак, рече дека бил известен утрово оти организирано од страна на старешни и од луѓе во МВР,  дел од вработените се организираат со службени возила, кои, според него, се наводно незадоволни. -Јас само денеска имам 43 пристапници кои се доставени до МВР, не ги организирам вака со пари на граѓаните. Доколку некој сакал да се отчлени, апсолутно не е спорно и има начин на кој може да се зачленат, а всушност и сега доколку тие истите што наводно биле незадоволни сакаат да се отчленат, веднаш ќе ги отчленам. Меѓутоа проблемот е друг. Отчленувањето на поединци овде е практично врз база на желба на одредени началници, истакна Тодев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-chlenovi-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-poradi-natamoshno-zapiranje-chlenarina/feed/ 0
„Протест на улици, нема друг начин“ – независниот синдикат на полицијата не отстапува од барањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ulici-nema-drug-nachin-nezavisniot-sindikat-na-policijata-ne-otstapuva-od-baranjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ulici-nema-drug-nachin-nezavisniot-sindikat-na-policijata-ne-otstapuva-od-baranjata/#respond Sat, 21 Dec 2019 21:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=280632

Независниот синдикат на полицијата нема да се откаже од нивните барања. И во следната година ќе бараат покачување на платите. Велат дека нивните барања оваа година никој не ги слушал. Иако воделе разговори, сепак немало епилог од тоа, пренесува ТВ21. Тие остануваат на нивните барања кои претходно беа испорачани. Најавуваат и нови протести во 2020 година, не ја исклучувата ниту можноста за штрајк. На денешното годишно собрание, каде учествуваа 7 синдикати од регионот, не беа присутни четирите министри кои биле поканети. Првиот синдикалец, вели дека доколку земјата се стреми кон Европската унија, мора да ги знае состојбите внатре во државата. За барањата на овој синдикат поддршка пристигна и од останатите организации од регионот. Барањата на синдикатот беа нов колективен договор за полицијата, подобри услови за работа и зголемување на платите за 25%, со буџетот за 2020 година. Од МВР велат дека од декември 2018, платите во полицијата се зголемени, а од септември годинава добиле и дополнителни 5%. И дека се обезбедени над 100 милиони денари за полициските униформи. Прилогот на ТВ21 погледнете го во продолжение ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ulici-nema-drug-nachin-nezavisniot-sindikat-na-policijata-ne-otstapuva-od-baranjata/feed/ 0
Независниот синдикат на полицијата: Склучување на нови колективни договори во МВР се уште нема, а според наши сознанија нема ни да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-skluchuvanje-na-novi-kolektivni-dogovori-vo-mvr-se-ushte-nema-a-spored-nashi-soznanija-nema-ni-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-skluchuvanje-na-novi-kolektivni-dogovori-vo-mvr-se-ushte-nema-a-spored-nashi-soznanija-nema-ni-da-ima/#respond Wed, 27 Nov 2019 14:46:24 +0000 https://kurir.mk/?p=270072

Како независен синдикат на полицијата подолго време следиме и сметаме дека треба да расчистиме многу работи. Не тоа дека многу нешто ќе промени, но сакаме како синдикалци да испратиме едно јавно предупредување и гласно да не чујат сите оние професионалци кој во се поголем број не поддржуваат, ова денеска преку Синдикатот на независни полицајци го истакнуваат во својот прес. -Министерство за внатрешни работи години наназад никако да излезе од лавиринтот наречен непрофесионализам и тоа за жал почнувајќи од највисоките структури па се надоле. Четири години министре МВР го раководите вие и за жал време е да сумираме што направивте за нас и да почнеме од склучувањето на колективниот договор за нас. За жал ама нов колективен договор се уште нема, велат од НСП. Од таму додаваат дека по нивните сознанија за истиот нов нема да има иако стариот е истечен веќе две и половина години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-policijata-skluchuvanje-na-novi-kolektivni-dogovori-vo-mvr-se-ushte-nema-a-spored-nashi-soznanija-nema-ni-da-ima/feed/ 0
Протест на НСП за враќање на достоинството на полицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-nsp-za-vrakjanje-na-dostoinstvoto-na-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-nsp-za-vrakjanje-na-dostoinstvoto-na-policijata/#respond Wed, 02 Oct 2019 11:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=247076

Со барања да се врати достоинството на полицијата членството на Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска излезе на мирен протест. Во знак на револт поради ниските плати, вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, кои се членови на Независниот синдикат на полицијата, со стотина возила денеска блокираа дел од улиците во Скопје. Протестот почна од крстосницата кај МРТВ, продолжи кон зградата на ССМ и пред Собранието. На пат кон зградата на МВР, тие застанаа и пред Министерството за правда. Едно од главните барања на НСП е донесување на колективни договори и покачување на плата за 25 отсто на секој вработен во полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-nsp-za-vrakjanje-na-dostoinstvoto-na-policijata/feed/ 0
ВО ЖИВО: Протест на независниот синдикат на полицијата – испратен ултиматум од 15 дена за покачување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-zivo-protest-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-ispraten-ultimatum-od-15-dena-za-pokachuvanje-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-zivo-protest-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-ispraten-ultimatum-od-15-dena-za-pokachuvanje-na-platite/#respond Wed, 02 Oct 2019 10:08:27 +0000 https://kurir.mk/?p=246980

Независниот синдикат на полицијата денеска го одржува вториот протест низ целата држава со блокади на раскрсниците. Со протестот тие сакаат да ги алармираат надлежните за лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција. -Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, Колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци и други барања, истакнаа на протестот во понеделникот од Независниот синдикат, а истото го повторија и денеска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-zivo-protest-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-ispraten-ultimatum-od-15-dena-za-pokachuvanje-na-platite/feed/ 0
НСП на протест ќе бара покачување на плати и нови колективни договори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-na-protest-kje-bara-pokachuvanje-na-plati-i-novi-kolektivni-dogovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-na-protest-kje-bara-pokachuvanje-na-plati-i-novi-kolektivni-dogovori/#respond Mon, 23 Sep 2019 12:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=243895

Итно донесување на колективни договори и покачување на плата за 25 отсто на секој вработен во полицијата бара Независниот синдикат на полиција (НСП). Како што посочи денеска претседателот на НСП, Гоце Делчев, Синдикатот за исполнување на овие барања ќе протестира на 2 октомври годинава и ќе блокира седум крстосници низ Скопје. – Бараме да се донесе нов колективен во полицијата што ќе е компатибилен со реалната состојба на синдикалното организирање и делување во МВР, донесување на посебен колективен договор за вработените во затворска полиција, за вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вклучувајќи и сектор на шумска полиција и отпочнување на колективен договор во судска полиција. Клучот на се ќе биде барање од НСП за покачување на плата за 25 отсто на секој вработен во која било полиција кој има овластување, носи унифоирма, и е по основ униформирано полициско лице, рече Делчев. Тој појасни дека изминативе три години им било ветувано оти ќе има нов колективен договор во полицијата и посебен колективен договор за шумска, судска и затворска полиција, но како што рече, од сето тоа уште нема ништо. Претседателот на НСП додаде дека протестот што го подготвуваат еден месец е од меѓународен синдикален карактер, затоа што имаат поддршка од полициските синдикати од други држави од Европската Унија. – Полициски службеници од туѓи држави, односно од државите во Европската Унија, ќе протестираат за оние полициски службеници кои се плашат, кои имаат притисок од страна на началници, на големите политички структури кои изминатиот период покажаа и докажаа дека се против влез на нашата држава во Европската Унија. Јас лично видов и се уверив дека од Република Словенија сме сто години наназад во поглед на работењето во полиција, рече тој. Делчев посочи и дека еден директор од јавна институција сега преминал да работи во МВР како виш полициски советник. – Добивме нов работник во полицијата, кој беше директор во една јавна институција. Тој зазема работно место на некој што со години чекал да дојде во ситуација да аплицира за тоа работно место и да има унапредување. На овој начин полицијата е политизарана и не е согласно европските стандарди и норми. Ниту јас, ниту пак Синдикатот се додека постои, нема да дозволиме никој повеќе да не лаже. Затоа барам од МВР веднаш да одоговори на овие наши барања, рече Делчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-na-protest-kje-bara-pokachuvanje-na-plati-i-novi-kolektivni-dogovori/feed/ 0
НСП: Спасовски да се изјасни за мобингот на раководители од МВР врз синдикалците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-spasovski-da-se-izjasni-za-mobingot-na-rakovoditeli-od-mvr-vrz-sindikalcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-spasovski-da-se-izjasni-za-mobingot-na-rakovoditeli-od-mvr-vrz-sindikalcite/#respond Thu, 29 Aug 2019 12:49:27 +0000 https://kurir.mk/?p=234705

Раководители и високи функционери на МВР вршат мобинг, се одмаздуваат и жестоко напаѓаат членови на Независниот синдикат на полицијата (НСП) кои манифестираат непослушност или ненаклонетост поради заштита на работничките права, соопшти денеска портпаролот на НСП, Дејан Саздов. Тој побара од министерот Оливер Спасовски да каже дали е запознаен со ваквата ситуација и дали ќе преземе соодветни мерки или и натаму ќе тврди дека во МВР се работи според законските прописи и подзаконски акти. Саздов од името на Синдикатот јавно го праша Спасовски и дали ги добива писмените известувања за пријавените нерегуларности, незаконски постапки и мобинг од страна на неговите служби, посебно врз синдикалните претставници и членови на НСП. Според Синдикатот, претседателот на огранокот од СВР Струмица, Ацо Балтовски, станал цел на високи функционери во МВР поради синдикални активности. Против него се покренати дисциплински постапки со кои, како што соопшти портпаролот на НСП, Дејан Саздов, некој се обидува да го замолчи. -Дали сте запознаени со целосната состојба и дали знаете што потпишувате кога ви се доставуваат предлози, решенија и одлуки кои се однесуваат на синдикални претставници и членови на НСП? Дали ќе преземете мерки, особено поради несовесното работење во службата кон сите инволвирани раководители или и натаму ќе продолжите во вашиот стил и со молк ќе пратите порака за да го оправдате и поддржите таквото незаконско и неправилно однесување? Ќе се одважите ли барем еднаш да ни одговорите дали некој ве лаже вас или и натаму ќе молчите за да не уверите дека вие не лажете нас?, рече Саздов, упатувајќи ги прашањата до министерот Спасовски. Синдикатот прашува и кој ќе ги сноси трошоците за поведените судски постапки против нивните членови за кои без причина се поведени дисциплински постапки. -Постојат цврсти и непобитни докази со кои се офрлаат и поништуваат изнесените наводи како неточни и невистините. Тоа потврдува дека се работи за одмазди преку сериски напади врз интегритетот на секој синдикален претставник, член на НСП, нагласи Саздов. Одговорајќи на новинарско прашање, тој повтори дека Синдикатот го поддржува спроведувањето на ветингот, но, МВР, за жал, како што рече, го негира НСП и сосема го исклучил и од овој процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-spasovski-da-se-izjasni-za-mobingot-na-rakovoditeli-od-mvr-vrz-sindikalcite/feed/ 0
НСП: Притисоците продолжуваат, од премиерот бараме „метлата“ да заигра во МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-pritisocite-prodolzuvaat-od-premierot-barame-metlata-da-zaigra-vo-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-pritisocite-prodolzuvaat-od-premierot-barame-metlata-da-zaigra-vo-mvr/#respond Sat, 15 Jun 2019 13:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=209433

Независниот синдикат на полицијата (НСП) порачува дека во континуитет продолжуваат притисоците и заканите за преместување на нивните членови од работните места во МВР, како и притисоците за напуштање на членството во синдикатот и кон највисоките структури на НСП и бара од премиерот „метлата“ да заигра во МВР. -На почетокот сметавме дека ваквите притисоци се одговор на инсталации кои не сакаат позитивни промени во Министерството, но од денешна гледна точка се повеќе сме свесни дека целта е растурање и целосно контролирање на Синдикатот. За ова повеќе пати апелиравме, но се уште се водат неосновани постапки против нашите претставници со притисоци од страна на највисоките структури спрема НСП кои продолжуваат, а не запираат и притисоците за отчленување на наши членови, рече портпаролот на НСП Дејан Саздов на денешната прес-конференција што се одржа по завршувањето на состанокот на највисокото раководство на синдикатот. Тој посочи дека веќе се донесени правосилни судски одлуки во корист на нивните членови кои неправилно биле преместени од своите работни места и праша зошто МВР не постапува по судската пресуда и се оградува од барањата на НСП за репрезентативност. Побара од МВР да одговори на нивното барање за репрезентативност во спротивно најави дека Министерството ќе се соочи со кривична одговорност. -Од премиерот бараме „метлата“ да заигра по доставување на доказите за незаконско работење и постапување на актуелното раководство на МВР и правдата да биде задоволена, а дадениот збор одржан. Одговорност во највисокото раководство на МВР мора да има, потенцира Саздов. Посочи дека во последно време со невиден притисок од највисоките структури во МВР се соочува и генералниот секретар на НСП. -Свесни за сите недоследности околу кршењето на работничките права почнувајќи од највисоките структури во МВР денеска донесовме заклучок гласот да допре до сите надлежни институции, а посебно до Трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство за да се спроведе ревизија и истрага за сите досегашни донесени решенија од актуелното раководство во МВР за прераспоредување и унапредување во Министерството. Правдата ќе ја бараме и ќе ја истераме до крај. Ако не постапи МВР ќе го известиме евроамбасадорот, народниот правобранител, како и европските и светските синдикати, рече Саздов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-pritisocite-prodolzuvaat-od-premierot-barame-metlata-da-zaigra-vo-mvr/feed/ 0