независен весник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Feb 2023 16:44:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png независен весник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градскиот суд во Москва ја потврди пресудата за затворање на рускиот независен весник „Новаја Газета“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/#respond Tue, 07 Feb 2023 16:44:58 +0000 https://kurir.mk/?p=797412

Градскиот суд во Москва денеска ја потврди пресудата за одземање на лиценцата на независниот весник „Новаја Газета“, што со години наназад го критикуваше Кремљ. „Новаја газета“ беше најпознатиот независен весник во Русија се додека властите минатата година не го наредија неговото затворање како дел од акцијата против дисидентите. Московскиот градски суд денеска ја отфрли жалбата на весникот против одлуката од септември, донесена од страна на Московскиот окружен суд, што му ја одзеде лиценцата. Окружниот суд во септември ја одобри петицијата поднесена од рускиот медиумски регулатор, што го обвини весникот дека навремено не ја доставил својата уредувачка повелба до властите. Главниот уредник на весникот, добитникот на Нобеловата награда за мир, Дмитриј Муратов, денеска ја осуди пресудата, велејќи дека таа „им служи на масите кои сакаат народот да гледа само пропаганда“. Неколку дена по почетокот на војната во Украина, рускиот Парламент одобри закон со кој се забранува наводно омаловажување на руската војска или ширење „лажни информации“ за воената кампања на земјата во Украина. Како резултат на ваквиот закон, десетици независни руски медиуми се забранети, додека некои најавија дека го прекинуваат секое известување за Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/feed/ 0
По две години згаснува „Независен весник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-zgasnuva-nezavisen-vesnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-zgasnuva-nezavisen-vesnik/#respond Tue, 05 Nov 2019 14:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=260473

По речиси две години постоење, дневниот весник „Независен весник“ утре нема да се печати. Дали ове ќе биде и официјалното згаснување на медиумот засега не е познато, бидејќи новинарите не добиле прецизна информација. Единствено се знае дека весникот утре нема да излегува, поради извесен долг кон печатницата што го печати. Весникот Независен е во сопственост на странски, конкретно грчки инвеститор во земјава. По објавата на веста, со реакција се јави и ЗНМ. „Секое згаснување на еден медиум е тажна вест за опшеството. Особено за медиум кој се придржуваше до стандардите. Весникот е се уште од оние традиционални медиуми кои наспроти онлајн медиумите, кои се повеќе бегаат од основниот принцип на новинарството, ги одржуваа професионалните стандарди. Годинава имаме два удара, прво затворањето на 1ТВ, а сега и „Независен весник“, што ќе се одрази на социо-економската положба на новинарите и се обезвреднува пазарот на трудот“, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. Тој потенцираше дека Здружението на новинарите во наредниот период ќе направи напори во рамките на своите ингеренции, со релевантни институции, да разговара за да се спаси весникот и да продолжи како и досега со работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-zgasnuva-nezavisen-vesnik/feed/ 0
Николоски: Целосна неспособност и неработа на оваа влада која работи само кога има нешто да украде и по цел ден смислува шеми како да изрекетира некој бизнисмен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-celosna-nesposobnost-i-nerabota-na-ovaa-vlada-koja-raboti-samo-koga-ima-neshto-da-ukrade-i-po-cel-den-smisluva-shemi-kako-da-izreketira-nekoj-biznismen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-celosna-nesposobnost-i-nerabota-na-ovaa-vlada-koja-raboti-samo-koga-ima-neshto-da-ukrade-i-po-cel-den-smisluva-shemi-kako-da-izreketira-nekoj-biznismen/#respond Tue, 27 Aug 2019 11:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=233924

Паралелно со оваа отворена и нескриена корупција се случува и целосно фијаско во економијата и целосно потфрлање на владините политики кои се резултат на корупцијата и на неспособноста на оваа власт. Така на пример, скоро и да помине незабележано дека Заев спомена дека се раскинал договорот со фирмата изведувач на градежните работи на експресниот пат од Велес до Прилеп, исклучително значаен за цел Пелагониски, а не Полошки Регион, како што рече Заев. Тој пат скоро и да не е помрднат од мртва точка по промената на власта. Како што го затече СДСМ, така и го остави. Ова го пишува Александар Николоски во својата колумна за „Независен весник“. „А сега веројатно изведувачот ќе тужи за раскинатиот договор, па ќе треба и пенали да плаќа државата. Слична е состојбата на секаде низ државата, експресниот пат Штип – Радовиш стои во место, по трасата на автопатот Охрид – Кичево порасна трева и никој не работи, нема на повидок никакви активности околу автопат Скопје – Блаце или автопат Кичево – Гостивар. За железница ништо не сме слушнале. Соседите одамна не претекнаа со инфраструктура така станувајќи привлечна дестинација за странските инвеститори. Генерално една целосно неспособност и неработа на оваа влада која работи сако кога има нешто да украде и по цел ден смислува шеми како да изрекетира некој бизнисмен. За жал, ја донесоа државата во ситуација да станува пример за студенти од скандинавските земји кои работат свои магистерски или докторски тези за корупција. Дно од кое нема подолу. Во целата оваа неспособност и криминал младите ги пакуваат куферите во еден правец, за жал, затоа што ситуацијата станува таква што се губи секаков ентузијазам за успех. Тажна приказна која само покажува колку една власт во само неколку години може да уништи цела држава. По следните предвремени парламентарни избори, неминовно ќе има одговорност за ова и политичка и судска. Затоа што само тоа е начинот да се дојде до нула. А потоа, со многу посветеност и работа, да се придвижат работите напред, за куферите да се полнат за патување кон Македонија, а не за рекет или за патување надвор од Македонија“-пишува Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-celosna-nesposobnost-i-nerabota-na-ovaa-vlada-koja-raboti-samo-koga-ima-neshto-da-ukrade-i-po-cel-den-smisluva-shemi-kako-da-izreketira-nekoj-biznismen/feed/ 0