независна истрага – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 May 2021 14:30:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png независна истрага – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на НАТО бара итна и независна истрага за инцидентот со авионот во Минск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-nato-bara-itna-i-nezavisna-istraga-za-incidentot-so-avionot-vo-minsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-nato-bara-itna-i-nezavisna-istraga-za-incidentot-so-avionot-vo-minsk/#respond Wed, 26 May 2021 14:30:12 +0000 https://kurir.mk/?p=515365 Северноатлантскиот совет остро го осуди присилното слетување на авионот на Рајанер во Минск, се вели во соопштението на НАТО издадено по состанокот на постојаните претставници на членките на Алијансата.

Советот го осуди и апсењето на познатиот белоруски новинар Роман Протасевич, кој беше во авионот и Софија Сапега, се вели во соопштението.

Во документот се нагласува дека притворот на Протасевич е „навреда за принципите на политичко несогласување и слобода на медиумите“.

– Белорусија мора веднаш и безусловно да ги ослободи господин Протасевич и госпоѓа Сапега. Сојузниците на НАТО ја повикуваат Белорусија да ги почитува основните човекови права и слободи и да ги почитува правилата на меѓународниот поредок, се вели во соопштението.

Северноатлантскиот совет поддржува итна независна истрага за инцидентот со авионот на Рајанер во Минск.

– Ние ги поддржуваме повиците за брза и независна истрага, вклучително и од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство“, се вели во соопштението.

Советот на НАТО исто така ги поддржува мерките преземени од сојузниците во врска со овој инцидент.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-nato-bara-itna-i-nezavisna-istraga-za-incidentot-so-avionot-vo-minsk/feed/ 0
ОН бара независна истрага за експлозијата во Бејрут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-bara-nezavisna-istraga-za-eksplozijata-vo-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-bara-nezavisna-istraga-za-eksplozijata-vo-bejrut/#respond Fri, 07 Aug 2020 11:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=387671

Канцеларијата на ООН за човекови права побара да се спроведе независна истрага за експлозијата во Бејрут и порача дека „мора да се слушнат повиците од жртвите за да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“. Портпаролот на Високиот комесар на ООН за човекови права, Руперт Колвил рече дека има потреба меѓународната заедница да ја засили помошта за Либан со брзо реагирање и постојан ангажман. Тој додаде дека Либан се соочува со тројна трагедија – социоекономската криза, Ковид-19 и експлозијата на амониум нитрат, што во вторникот го погоди главниот град на таа земја. Колвил, исто така, повика да се почитуваат сиромашните и најзагрозените додека се врши обновата на Бејрут и Либан и ги повика либанските лидери да го надминат политичкиот застој и да одговорат на потребите на населението. Бројот на загинати во експлозијата во пристаништето во Бејрут се искачи на 154, објави државната новинска агенција ННА, повикувајќи се на либанскиот министер за здравство Хамад Хасан. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-bara-nezavisna-istraga-za-eksplozijata-vo-bejrut/feed/ 0