независни грци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Sep 2018 14:13:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png независни грци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Теодоракис: Ако Каменос не го поддржи Договорот од Преспа, треба да се оди на избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-ako-kamenos-ne-go-poddrzi-dogovorot-od-prespa-treba-da-se-odi-na-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-ako-kamenos-ne-go-poddrzi-dogovorot-od-prespa-treba-da-se-odi-na-izbori/#respond Thu, 13 Sep 2018 14:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=100508

Без поддршка од коалициониот партнер Независни Грци, не постои владино мнозинство и потребни се избори, смета лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис во однос на несогласувањата во грчката Влада околу Договорот од Преспа. - Ако господинот Каменос и Независни Грци не ја поддржат одлуката на Владата за македонското прашање, јасно е дека не постои Влада, јасно е дека не постои владино мнозинство и треба да одиме на избори, рече Теодоракис и објасни дека сите овие години што се во политиката го прават она што е патриотски правилно, а нивната политика не ја идентификуваме со СИРИЗА и Независни Грци. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прес-конференцијата во рамките на 83. Меѓународен саем во Солун, првиот човек на Река, прашан за договорот меѓу Македонија и Грција, се осврна на ширењето на исламизмот,  но и на Турција на Балканот. - Турците ги модернизираат двата аеродрома кај нашите соседи, во Скопје и Охрид и имаат многу конкретно барање до владата на Скопје, да изградат воена авионска база. Поставив едно прашање до сите и не добив одговор од никој. Ќе го дозволиме тоа? Ќе дозволиме проширување на исламскиот лак во Скопје, во Албанија?, го повтори Теодоракис неговиот став и додаде дека според него, „Грција треба да ги предводи напорите на малите балкански земји да ја сретнат Европската унија“. Лидерот на партијата Река, во почетното обраќање пред новинарите, говореше за промените што треба да се направат во Грција, во повеќе области, но и дека на земјата и е потребна патриотска политика. - Што можеме да промениме? Потребна ни е патриотска политика. Не моја и твоја, туку заеднички исцртана или барем по еден елементарен консензус. Бренд името Македонија, во културата во производите, се должи на грчката Македонија. Да одиме напред, без страв. Грција што ја сакаме е орел, не е ној, рече Теодоракис, на почетокот од прес конференцијата, пренесе МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-ako-kamenos-ne-go-poddrzi-dogovorot-od-prespa-treba-da-se-odi-na-izbori/feed/ 0
Независни Грци со реакција до Коѕијас: Нашата позиција е против употребата на терминот Македонија од соседната земја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-so-reakcija-do-kodzijas-nashata-pozicija-e-protiv-upotrebata-na-terminot-makedonija-od-sosednata-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-so-reakcija-do-kodzijas-nashata-pozicija-e-protiv-upotrebata-na-terminot-makedonija-od-sosednata-zemja/#respond Sun, 15 Jul 2018 13:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=77098

За интервјуто на Коѕијас во германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, реагира портпаролот на Независни Грци и објаснува дека ставот на владата официјално го изразува владиниот портпарол, а се друго се лични проценки, јави дописничката на МИА од Атина. -Во прашањето за нацрт договорот од Преспа и за процесот на гласање, кога ќе дојде и ако дојде во грчкиот парламент, постоеше јасен став на владиниот портпарол. Бил кој друг пристап изразува лични процени и во секој случај, секој треба да се ограничи на личните ставови. За позицијата на Независни Грци и на пратеничката група и понатаму не се преговара: никаква употреба на името на Македонија во името на соседната земја, вели Теодорос Тосунидис, портпаролот на Независни Грци во писмената изјава, реакција за ставот на Коѕијас. Како што веќе објави МИА, шефот на грчката дипломатија во интервјуто за ФАЗ говорејќи за процесот на гласање на Договорот во грчкиот парламент, рече дека ќе добие мнозинство гласови и дека е „точно дека Независни Грци нема да гласаат како партија, но постојат пратеници од оваа партија кои што сметаат дека е добар Договорот“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-so-reakcija-do-kodzijas-nashata-pozicija-e-protiv-upotrebata-na-terminot-makedonija-od-sosednata-zemja/feed/ 0
Независни Грци до крај ќе се борат да пропадне Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-do-kraj-kje-se-borat-da-propadne-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-do-kraj-kje-se-borat-da-propadne-dogovorot-od-prespa/#respond Mon, 02 Jul 2018 12:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=72030

Доколку дојде и кога ќе дојде решението со Македонија за ратификација во грчкиот Парламент, Независни Грци „ќе ја дадат последната битка за да пропадне Договорот“. Ова било една од причините зошто партијата - коалициски партнер во грчката влада не ја поддржа иницијативата на Нова демократија за гласање недоверба на владата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Независни Грци вчера одржаа национален совет, на кој едногласно било одлучено да му се даде поддршка на лидерот на партијата и биле одобрени постапките на Каменос, Независни Грци „да не паднат во стапицата со предлогот за недоверба на владата од Нова демократија“ за да ја задржат земјата стабилна пред излегувањето од меморандумите, но и заради Македонија. - Независни Грци да останат во владата, за преку нивната институционална позиција како коалициски партнер да ја дадат последната голема битка за нашата Македонија со цел да пропадне нацрт Договорот од Преспа доколку дојде и кога ќе дојде за ратификација во Парламентот, соопштуваат од партијата. Како што вчера објави МИА, лидерот на Независни Грци во неговиот говор пред националниот совет на партијата, рече дека за името не преговараат и ако дојде време и кога ќе дојде време ќе се повлечат од владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-do-kraj-kje-se-borat-da-propadne-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Коалицискиот партнер на Ципрас, Независни Грци не отстапува од ставот против сложено име и терминот Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koaliciskiot-partner-na-cipras-nezavisni-grci-ne-otstapuva-od-stavot-protiv-slozeno-ime-i-terminot-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koaliciskiot-partner-na-cipras-nezavisni-grci-ne-otstapuva-od-stavot-protiv-slozeno-ime-i-terminot-makedonija/#respond Thu, 31 May 2018 12:13:30 +0000 https://kurir.mk/?p=60573

Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став против сложено име и вклучен термин Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција, уште еднаш ја потврдија членовите на партијата говорејќи за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис, портапролката на партијата, Мадалена Пападопулу и потпретседателот на Парламентот, Димитрис Кокалис, сите од Независни Грци во три различни интервјуа повторија дека не го прифаќаат терминот Македонија во името на соседот. -Ние, Независни Грци, велиме „не“ за употреба на името Македонија или изведени зборови, а предуслов за било кое решение е уставна ревизија, промена на Уставот, бидејќи не постои ниту македонска национална припадност, ниту македонски идентитет, ниту постои македонски јазик и секако решението да биде ерга омнес, рече портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу, говорејќи за грчката телевизија „Скај“. Таа изрази резервираност во однос на тоа дали ќе се постигне договор велејќи дека „треба да видиме дали Скопје може да прифати уставна ревизија и ерга омнес за преговорите да стигнат до решение“. Заменик министер за земјоделски развој Василис Кокалис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ рече дека за неколку денови ќе се знае дали преговорите ќе завршат со договор, но и упати критики до македонската страна. - Три пати ја прекршија времената спогодба во 1995 и гледате дека преферираат имиња што имаат иредентистичка цел, како што е Северна Македонија, како што е Горна Македонија, рече Кокалис и додаде дека поддржувачите на сложено име, кои што се мнозинството од политичките партии, но не и мнозинството од грчкото општеството, треба да му објаснат на грчкиот народ „зошто скопската страна е бескомпромисна“. Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент, Димитрис Каменос, исто така, од редовите на Независни Грци рече дека неговата партија, доколку во Парламентот дојде име без терминот Македонија, би гласале за, но во спротивно, остануваат на нивната позиција. - Ако го нема името Македонија, ако се вика на пример Централна Балканска Република, секако би гласале, рече Димитрис Каменос за грчката телевизија „Скај“ и откри дека има сомнежи дека во пратеничката група на Независни Грци, можеби постојат пратеници што би поддржале сложено име, а во тој случај тие би требало да си заминат од партијата. Во однос на претстојните протести, заменикот министер за земјоделски развој  Василис Кокалис објасни дека „политичарот се оценува според позицијата и гласањето во парламентот, а не од неговото присуство на протестите“. Додека пак неговиот сопартиец, Димитрис Каменос, рече дека доколку има протест во Атина, тој ќе оди. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koaliciskiot-partner-na-cipras-nezavisni-grci-ne-otstapuva-od-stavot-protiv-slozeno-ime-i-terminot-makedonija/feed/ 0
Независни Грци: Не прифаќаме име со терминот Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-ne-prifakjame-ime-so-terminot-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-ne-prifakjame-ime-so-terminot-makedonija/#respond Mon, 14 May 2018 09:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=53867

Коалицискиот партнер во грчката влада, Независни Грци, чиј лидер е министерот за одбрана Панос Каменос, не отстапува од позицијата против име за нашата земја во кое би бил вклучен терминот Македонија. Цврстиот став на партијата уште еднаш го повтори портпаролката на Независни Грци, Мадалена Пападопулу во интервју за грчкото радио „Реал фм“. - Не можеме да прифатиме име што ќе го вклучува терминот Македонија или изведени зборови. Државата на Скопје ќе треба да прифати еден комплетен договор, односно промена на Уставот, промена во личните карти, едно име за сите. Во секој случај, ние, Независни Грци не можеме да отстапиме од основните прашања и нашите цврсти позиции. За нас, јадрото на иредентизмот на соседната држава, се наоѓа во името, вели Пападопулу. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на сценариото евентуалниот договор во грчкиот парламент да треба да биде изгласан со зголемено мнозинство од 180 пратеници, портпаролката на Независни Грци вели дека тие нема да отстапат од нивната позиција и велат „не“ за употреба на терминот Македонија или изведените зборови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-ne-prifakjame-ime-so-terminot-makedonija/feed/ 0
Пападопулу: Позицијата на Независни Грци против „Македонија“ во името е јасна и не се менува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papadopulu-pozicijata-na-nezavisni-grci-protiv-makedonija-vo-imeto-e-jasna-i-ne-se-menuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papadopulu-pozicijata-na-nezavisni-grci-protiv-makedonija-vo-imeto-e-jasna-i-ne-se-menuva/#respond Mon, 26 Mar 2018 08:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=33057

Независни Грци не отстапуваат од нивната позиција против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Ова, уште еднаш го повтори Мадалена Пападопулу, портпаролката на помалиот коалициски партнер во грчката Влада, говорејќи за грчката телевизија Скај. -Ние како Независни Грци не се согласуваме со било кое име што ќе го содржи терминот „Македонија“ или изведени зборови. Тоа е позицијата на Независни Грци изразена уште од првиот ден. Оваа позиција е јасна е и не се менува, рече Пападопулу. Како што јави дописничката на МИА од Атина, портпаролката на Независни Грци, рече дека уставните промени и иредентизмот се главните точки во преговорите, додека пак запрашана за тоа дали според неа ќе се постигне договор и ќе стигне во грчкиот Парламент, Пападопулу вели дека не ѝ изгледа дека е лесно за „Скопје да го прифати она што го бара грчката страна“. -Сите прашања се на маса. Прво и главно е прашањето со иредентизмот и промените на Уставот. Скопје е повикано да види како може да управува со тоа прашање. Велам дека ова е особено тешко да помине кај малцинствата во државата на Скопје. Ставот и позицијата на Независни Грци се јасно формулирани уште од прв момент, во споредба со позициите на другите партии од опозицијата, објасни Пападопулу. Портпаролката на Независни Грци, објасни дека со изјавата на Алексис Ципрас за Горна Македонија, во одговорот на дописничката на МИА од Брисел, на прес конференцијата во петокот, грчкиот премиер дал еден пример, а не конкретен предлог.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papadopulu-pozicijata-na-nezavisni-grci-protiv-makedonija-vo-imeto-e-jasna-i-ne-se-menuva/feed/ 0
Ако партијата на Каменос не гласа за договор за името, Грција ќе оди на избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-partijata-na-kamenos-ne-glasa-za-dogovor-za-imeto-grcija-kje-odi-na-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-partijata-na-kamenos-ne-glasa-za-dogovor-za-imeto-grcija-kje-odi-na-izbori/#respond Sat, 24 Mar 2018 13:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=32759

Ако Независни Грци не гласаат за договорот за името на северниот сосед, Грција треба да оди на избори, вели портпаролот на ПАСОК, Павлос Христидис во утринска емисија на грчката телевизија Скај.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Христидис, освен што упати критики до актуелната грчка коалициона влада во однос на тоа дека нема единствена позиција во разговорите за името, ги повтори и позициите на неговата партија.

-Сакаме искоренување на иредентизмот, промена на Уставот, да нема фалсификување на историјата, да постои единствена позиција, да нема поделба на решението на делови и ова да дојде во парламентот, а таму ќе ги изнесеме нашите ставови, кога од владата ќе добиеме заеднички предлог. Земјата има влада на СИРИЗА и Независни Грци, не може кога и одговара да е само СИРИЗА, а кога не и одговара да е СИРИЗА и Независни Грци. Ако не гласаат Независни Грци, земјата треба да оди на избори, рече портпаролот на ПАСОК. (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-partijata-na-kamenos-ne-glasa-za-dogovor-za-imeto-grcija-kje-odi-na-izbori/feed/ 0
Независни Грци со цврст став- нема да гласаат за име со вклучен термин Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-so-cvrst-stav-nema-da-glasaat-za-ime-so-vkluchen-termin-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-so-cvrst-stav-nema-da-glasaat-za-ime-so-vkluchen-termin-makedonija/#respond Mon, 26 Feb 2018 08:14:38 +0000 http://kurir.mk/?p=24825

Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став, да не поддржи договор за името со вклучен термин Македонија. Оваа позиција, уште еднаш ја повтори портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописникот на МИА од Атина. - Во однос на прашањето со Скопје, Независни Грци во никој случај, нема да гласа за решение што ќе го вклучува името „Македонија“ или изведените зборови во името на соседната држава. А причината е дека употребата на името „Македонија“ од Скопје го поттикнува нивниот иредентизам. Од друга страна се чини дека е многу тешко, па дури и неизводливо, скопскиот премиер господинот Заев да ги убеди заедниците што ја сочинуваат државата дека треба да има промена на името и Уставот, вели Пападопулу во интервјуто за АНА-МПА. Портпаролката на Независни Грци додава дека Атина не е страната што брза за постигнување решение, а „Скопје и Албанија треба да сфатат дека Грција е клучната земја за нивна европска перспектива“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisni-grci-so-cvrst-stav-nema-da-glasaat-za-ime-so-vkluchen-termin-makedonija/feed/ 0