независни кандидатури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Aug 2021 05:24:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png независни кандидатури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури на локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-polnokj-istekuva-rokot-za-sobiranje-potpisi-za-nezavisni-kandidaturi-na-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-polnokj-istekuva-rokot-za-sobiranje-potpisi-za-nezavisni-kandidaturi-na-lokalnite-izbori/#respond Mon, 30 Aug 2021 05:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=556422

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври. За овие избори има голем интерес за собирање потписи за независни кандидатури за неколку општини, а меѓу нив и за главниот град Скопје. Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата. Во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собрале и 38 независни групи избирачи за советнички листи, а за 26 се во тек. Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот, кога истекува законскиот рок за собирање потписи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера пред седиштето на партијата изјави дека Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донеле едногласна одлука да ја поддржат независната кандидатура на актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје. -Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје, нагласи Мицкоски, при тоа изрази убедување дека Арсовска, која е независен кандидат, ќе победи на претстојните локални избори. Најави дека донеле одлука за уште 10 други градоначалници, кои ќе ги соопштат денеска на прес-конференција. Разноликоста на листите е потврда за слободата и демократијата, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, СДСМ има одлична соработка со ДУИ, БЕСА и со ДПА, а коалицијата е стабилна и единствена. -Верувам во голема победа на нашата коалиција зашто е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повече проекти во иднина, истакна Заев, по означувањето на почетокот на изградбата на 400-киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан. Во тек е и јавниот увид во Избирачкиот список, што завршува на 9 септември. Заклучно со 28 август 2021 година, како што соопшти Државната изборна комисија, вкупно 7909 лица се провериле во Избирачкиот список Од ДИК велат дека се поднесени вкупно 17 барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и осум барања за измена на податоците во Избирачкиот список. Исто така, Државната изборна комисија информира дека на нивната мејл адреса „[email protected]“ се поднесени вкупно 23 барања. Кандидатурите за градоначалници и за советници до Општинските изборни комисии се поднесуваат до 11 септември. Ова ќе бидат први избори на којшто во земјата ќе се применат терминали за вчитување на отисоци од прсти. Првите 200 терминали се очекува во ДИК да бидат во текот на оваа недела по што ќе почне и едукацијата за нивна примена на изборите. Локалните избори ќе се одржат со мерки за заштита од Ковид-19. ев/бак/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-polnokj-istekuva-rokot-za-sobiranje-potpisi-za-nezavisni-kandidaturi-na-lokalnite-izbori/feed/ 0
Голем интерес за независни кандидатури на локалните избори, партиите објавуваат нови имиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interes-za-nezavisni-kandidaturi-na-lokalnite-izbori-partiite-objavuvaat-novi-iminja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interes-za-nezavisni-kandidaturi-na-lokalnite-izbori-partiite-objavuvaat-novi-iminja/#respond Fri, 27 Aug 2021 07:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=555461

За три дена, на 30 август на полноќ истекува рокот за собирање на потписи на независните кандидати за градоначалници и советнички листи. До средата вечер, според Државната изборна комисија, 32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини и советнички листи собрале потписи, а уште 33 собираат потписи. Во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список која ќе трае до 9 септември 2021 година. -Заклучно со вчерашниот ден вкупно 3910 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се девет барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и три барања за измена на податоците во Избирачкиот список, а до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 14 барања. Партиите продолжуваат да ги објавуваат имињата на нивните кандидати за градоначалници. Потписи за градоначалничка кандидатура за Скопје денеска собира и Данела Арсовска. Рокот за поднесување на листите е 11 септември, а локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interes-za-nezavisni-kandidaturi-na-lokalnite-izbori-partiite-objavuvaat-novi-iminja/feed/ 0