независност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 15:47:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png независност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиерот на Каталонија бара референдум за независност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/#respond Mon, 11 Sep 2023 15:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=877012

Претседателот на каталонската влада Пере Арагонес, денеска, по повод националниот ден на Каталонија, изјави дека е неопходно да се организира референдум за независност на таа автономна покраина на североистокот на Шпанија. - Амнестијата не е и нема да биде крај на ништо. Таа е само потребен и неопходен чекор кон отворање на патот кон референдумот, изјави Арагонес во Барселона. -Каталонија треба да одлучи и ќе одлучи за својата иднина на референдум. Тоа го браниме на улица, во институциите и во преговорите, додаде тој, обраќајќи им се на шпанската влада, на кралската куќа и на судовите. Амнестијата за организаторите на забранетиот референдум во 2017 година е услов под кој двете сепаратистички партии ќе му понудат поддршка на актуелниот шпански премиер Педро Санчез да формира влада и да остане на власт уште четири години. Каталонската републиканска левица (ERC) на Арагонес и централно-десничарската партија Заедно за Каталонија (JxCat), предводена од поранешниот каталонски премиер во егзил Карлес Пуџдемон, може да добијат предност во парламентот. На крајот на месецот ќе се гласа за новата влада, по нерешените избори одржани во јули во Шпанија, на кои ниту левиот ниту десниот блок не добија мнозинство за формирање влада. Левичарската влада на Шпанија претходно соопшти дека референдумот не може да се организира бидејќи е спротивно на шпанскиот Устав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/feed/ 0
Македонија изостанува од логоата на владата за 8-ми Септември, почна ли СДСМ да се срами и од независноста? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-izostanuva-od-logoata-na-vladata-za-8-mi-septemvri-pochna-li-sdsm-da-se-srami-i-od-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-izostanuva-od-logoata-na-vladata-za-8-mi-septemvri-pochna-li-sdsm-da-se-srami-i-od-nezavisnosta/#respond Fri, 08 Sep 2023 15:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=876120

И оваа година владата на СДСМ и премиерот Ковачевски ја слават независноста на Република Македонија без воопшто да го споменат името на државата. Петта година по ред во ниту еден од слоганите на владата на СДСМ за чествување на државниот празник 8ми Септември не стои името на државата, Република Македонија. Уште во 2019 та година тогашниот премиер на владата и претседател на СДСМ, Зоран Заев го одбележа роденденот на татковината со слоганот ,,Боите на татковината". Додека само една година подоцна или во 2020 година, слоганот на прославата за независноста на Република Македоника го насловија ,,Ја славиме независноста на Северна Македонија. Во 2021 година година кога се одбележуваше 30 години од независност на Македонија, владата на СДСМ дизјанираше лого ,,МК30 Северна Македонија", а како што тогаш соопштија од владината прес служба, за називот на логото биле инспирирани од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаат независна држава Република Македонија, и од се она кое што денеска Република Северна Македонија го носи во себе како демократска држава. Иако во 2022 година, граѓаните очекуваа промена во делот на прославување и одбележување на 8ми Септември со премиерот Димитар Ковачевски, воопшто немаше промена на подобро. Логото со кое се прославуваше денот на независноста во 2022 година беше насловено ,,Обединети во слободата", повторно изостана името на државата Република Македонија. Но, иако беше помпезно најавено дека денот ќе биде одбележан со свечени и културни активности во целата држава, на плоштадите ширум државата воопшто немаше народ, освен во Скопје каде што само неколку министри во владата на СДСМ и ДУИ беа присутни да го слушат премиерот Ковачевски во својот говор. Денеска, 8ми септември 2023 година логото со кое го слави владата на СДСМ и премиерот Ковачевски, денот на независноста на Република Македонија, е речиси идентично со логото во 2022 година кое беше насловено ,,Обединети во слободата", ,,Гласник на слободата. И денеска повторно владата и Ковачрвски изостануваат да го изговорат или напишат името на државата, Република Македонија. Петта година по ред во речиси сите честитки или обраќања, соопштенија на СДСМ и премиерот Ковачевски изостанува да се спомене само Македонија, македонскиот народ, македонската историја, македонскиот јазик, Македонци или македонско. И ова не е само за денот на независноста 8ми септември. Ковачевски и СДСМ покажуваат дека се срамат од државата и кога се прославува 2ри Август Илинден, кога во своите говори изостанува да се спомене името на државата и историските личности од тој период. Но, како и да е, дали му се допаѓало на Ковачевски и СДСМ, или пак дали се срамат од независноста на Македонија, денеска 8ми Септември македонскиот народ го прославува 32 роденден на Република Македонија, бидејќи во 1991 година 95 проценти од граѓаните кои излегле на гласање преку референдум се изјасниле дека сакаат да живеат во суверена, независна и самостојна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-izostanuva-od-logoata-na-vladata-za-8-mi-septemvri-pochna-li-sdsm-da-se-srami-i-od-nezavisnosta/feed/ 0
4 јули 1776, усвоена е Декларацијата за независност на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/4-juli-1776-usvoena-e-deklaratsijata-za-nezavisnost-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/4-juli-1776-usvoena-e-deklaratsijata-za-nezavisnost-na-sad/#respond Tue, 04 Jul 2023 07:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=852420

На денешен ден, 4 јули 1776 година, на континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави. Декларацијата за независност на САД е државотворен документ на САД со која се прогласило дека тринаесетте американски колонии кои во тоа време биле во војна со Велика Британија повеќе не се дел од Британската Империја. Декларацијата требало да биде формално објаснение за причините поради кои Конгресот на 2 јули изгласал независност од Велика Британија, после повеќе од една година војување. Националниот празник на САД - Денот на независноста - се слави на 4 јули, денот кога е усвоена оваа Декларација. Творци на документот главно се Томас Џеферсон, Бенџамин Френклин, Џон Адамс, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман. Оригиналниот документ кој бил проследен за печатење е загубен. Документот кој денес е изложен во Националните архиви на САД во Вашингтон е напишан на рака и потпишан од повеќето делегати помеѓу 19 јули и 2 август 1776. Декларацијата за независност и денес се смета за светилник на американската нација за вредностите кон кои треба да тежнее: „...сите луѓе се создадени еднакви, обдарени од Создателот со одредени неотуѓиви права меѓу кои правото на живот, слобода и потрага по среќата.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/4-juli-1776-usvoena-e-deklaratsijata-za-nezavisnost-na-sad/feed/ 0
Црна Гора го одбележува Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-go-odbelezhuva-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-go-odbelezhuva-denot-na-nezavisnosta/#respond Sun, 21 May 2023 07:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=836892

Црна Гора денеска ќе го одбележи Денот на независноста и 17 годишнината откако на референдум ја обнови државната независност. На референдумот на 21 мај 2006 година гласале 19.240 граѓани или 86,5 отсто од вкупниот број избирачи. Независноста на државата ја поддржале 230.661, или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора кои излегле на референдумот, додека 185.002 или 44,5 отсто гласале за останување во заедничка држава со Србија. Парламентот на Црна Гора претходно го усвои Законот за референдум, кој беше договорен со препорака на Европската Унија. За референдумот да биде успешен, неопходно беше да го поддржат 55 отсто од гласачите. Референдумското прашање гласеше – Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународно правен субјективитет. На 2 март, на предлог на претседателот на Републиката, Филип Вујановиќ, Собранието на Црна Гора одлучи референдумот за правниот статус на државата да се одржи на 21 мај. За претседател на Републичката комисија за референдум беше избран Словакот Франтишек Липка. Право на изјаснување на референдумот имаа граѓаните кои согласно прописите за избори имаа избирачко право. Според податоците на Комисијата, на референдумот право на глас имале 484,718 граѓани. Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ прексиноќа на прославата организирана по повод Денот на независноста истакна дека во Црна Гора повеќе нема недопирливи и дека не треба да ги има, и дека во борбата против корупцијата и криминалот е постигнат историски напредок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-go-odbelezhuva-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
Косово ќе ја одбележи 15-годишнината од прогласувањето на независноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-ke-ja-odbelezhi-15-godishninata-od-proglasuvaneto-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-ke-ja-odbelezhi-15-godishninata-od-proglasuvaneto-na-nezavisnosta/#respond Fri, 17 Feb 2023 07:59:49 +0000 https://kurir.mk/?p=801584

Во Косово денеска ќе се одбележи 15-годишнината од прогласувањето на независноста. Ќе се одржат свечени седници на Парламентот и Владата, дефиле на припадниците на Косовските безбедносни сили и на Косовската полиција и други културно-уметнички активности. Свечената седница на Владата ќе се одржи изутринава во Приштина, по што ќе следи подигање на знамето на јарболот. Свечената седница на косовскиот Парламент ќе се одржи по свечениот концерт на Косовската филхармонија во Собранието. Парадата на припадниците на косовските безбедносни сили и на косовската полиција ќе се одржи во центарот на Приштина, а ќе ја следат највисоките претставници на Косово, претставници на дипломатскиот кор и граѓани. Предвидено е положување цвеќе на споменикот на исчезнатите, на гробовите на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова, политичарот Адем Демаќи и првиот командант на Ослободителната војска на Косово, Адем Јашари, како и на споменикот на хероините. за кои се смета дека „ги положиле животите за слободата на Косово“. Пред Народниот театар во Приштина ќе бидат запалени 1.133 свеќи, што според официјалните податоци, е бројот на загинати деца за време на војната во Косово во 1998-99 година. Претседателката на Косово, Вјоса Османи ќе приреди прием за највисоките косовски функционери, заменици, министри, претставници на дипломатскиот кор и други високи личности, додека во приштинската спортска сала „Први Октобар“ ќе се одржи „Концерт на независноста“. во организација на Радио-телевизија на Косово. Манифестации по повод Денот на независноста на Косово денеска ќе се организираат и во другите косовски општини, а приеми ќе бидат организирани и во дипломатските претставништва на Косово.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-ke-ja-odbelezhi-15-godishninata-od-proglasuvaneto-na-nezavisnosta/feed/ 0
РСЕ: Косово води кампања за заштита на признавањата на својата независност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-kosovo-vodi-kampana-za-zashtita-na-priznavanata-na-svojata-nezavisnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-kosovo-vodi-kampana-za-zashtita-na-priznavanata-na-svojata-nezavisnost/#respond Tue, 17 Jan 2023 10:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=788299

Косовските дипломати го зголемија бројот на средби со своите колеги од земјите за кои Србија тврди дека го повлекле признавањето на независноста на Косово, објави редакцијата на Радио Слободна Европа на албански јазик. На почетокот на јануари, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово и дека се очекува и десета да го стори истптп, без да прецизира за која земја станува збор. Според него, деветте земји се Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини (Свазиленд), Либија, Гвинеја, Антигва и Барбуда, Света Луција и Малдиви. На 16 јануари, министерот за надворешни работи на Того во Белград објави дека неговата земја го повлекла признавањето на Косово. Не е јасно дали изјавата на Вучиќ за повлекување на признавањето се однесувала на Того како десетта земја, пишува Радио Слободна Европа. Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Доника Гарвала-Шварц рече дека Того го повлекло признавањето на Косово уште во 2019 година. Косовските власти соопштија за спроведени средби со претставници на некои од земјите за кои Вучиќ вели дека го повлекле признавањето на Косово, како дел од напорите да се отфрлат тврдењата на Србија, што наиде на официјален одговор од косовското Министерство за надворешни работи. Министерството ги оспори тврдењата на Вучиќ, наведувајќи дека „тие не се потврдени ниту по разговорите со претставниците на различни нивоа на овие земји, ниту по консултациите со важните партнери“ на Косово. „Србија мора итно да се откаже од агресивните напади против Косово и неговиот суверенитет и да се врати на преговарачка маса со фокус на взаемно признавање“, се вели во реакцијата на косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора од 5 јануари. Тензиите меѓу Белград и Приштина се постојани откако Косово прогласи независност во 2008 година, која Србија одбива да ја признае. Европската Унија и САД се обидуваат да им помогнат на двете земји да ги нормализираат односите, но засега безуспешно.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-kosovo-vodi-kampana-za-zashtita-na-priznavanata-na-svojata-nezavisnost/feed/ 0
Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-iljadi-katalonci-pobaraa-nezavisnost-od-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-iljadi-katalonci-pobaraa-nezavisnost-od-shpanija/#respond Mon, 12 Sep 2022 05:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=731461

Под мотото „Се враќаме на победа: Независност!“ вчера десетици илјади Каталонци протестираа на улиците на Барселона барајќи независност од Шпанија. Има различни информации за бројот на демонстранти. Според организаторот на протестот сепаратистичкото движење на граѓани АНЦ вчера протестирале околу 400.000 луѓе, додека според полицијата – 108.000 лица. Пред пандемијата на вакви протести учествувале по повеќе од еден милион луѓе. Можно е помал број луѓе да се појавиле поради спорови во сепаратистичкото движење. Левичарската партија ЕРЦ на регионалниот претседател Пере Арагонес, е подготвена да преговара со Мадрид, додека партијата Јунтс, која инсистира на отцепување, се во конфликт. Двете партии се дел од владејачката коалиција. Регионалниот шеф на Владата за прв пат по долго време не учествуваше на митингот за независност. Во краток говор, Арагонес повторно повика на референдум за независност. Но, Владата во Мадрид тоа го отфрла, истакнувајќи оти тоа не е предвидено во Уставот. Населението на Каталонија е поделено. Според анкетите околу 50 отсто од населението сака независност, додека другата половина не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-iljadi-katalonci-pobaraa-nezavisnost-od-shpanija/feed/ 0
САКААТ НЕЗАВИСНОСТ: По смртта на кралицата Елизабета, поранешна колонија на Британската империја не го сака новиот крал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sakaat-nezavisnost-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-poraneshna-kolonija-na-britanskata-imperija-ne-go-saka-noviot-kral/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sakaat-nezavisnost-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-poraneshna-kolonija-na-britanskata-imperija-ne-go-saka-noviot-kral/#respond Sun, 11 Sep 2022 14:14:51 +0000 https://kurir.mk/?p=731348

Поранешната колонија на Британската империја, Антигва и Барбуда ќе одржи референдум за смена на Чарлс Трети од функцијата шеф на државата. Антигва и Барбуда, земја на Комонвелтот и поранешна колонија на Британската империја, ќе одржи референдум за станување република и смена на кралот Чарлс Трети од функцијата шеф на државата, најави нејзиниот премиер. Премиерот Гастон Браун за британската ИТВ изјави: „Ова е прашање што мора да се стави на референдум за народот да одлучи“. „Ова не е чин на непријателство или каква било разлика помеѓу Антигва и Барбуда и монархијата, но тоа е последниот чекор да се заврши тој круг на независност, за да се осигураме дека сме навистина суверена нација“, рече тој. Браун рече дека гласањето најверојатно ќе се одржи во следните три години. Кралот Чарлс III е монарх и шеф на државата на 14 земји надвор од Велика Британија, вклучувајќи ги Антигва и Барбуда. Неговата улога е главно симболична, но смртта на кралицата Елизабета Втора во четвртокот предизвика - во услови на меѓународна жалост - обновена дебата за влијанието на британската империјална власт и идните односи меѓу Обединетото Кралство и некои од тие земји. На пример, пишувајќи за Insider, кенискиот автор Патрик Гатара ја опиша британската монархија, а со тоа и владеењето на покојната кралица, како „изградени врз систематски и постојан напор да се избрише вистината за колонијалното потчинување и грабеж“, додавајќи дека „повлекувањето на ОК од Нејзиното колонијално владеење беше придружено со уништување, кражба и прикривање на огромни купишта злогласни документи, со детали за ужасното, систематско злоставување и убивање затвореници за време на воената состојба во Кенија во 1950-тите. Но, дискусиите за иднината на Комонвелтот и за останувањето на британскиот монарх како шеф на државата на други земји веќе се водеа пред нејзината смрт. На пример, во ноември 2021 година, Барбадос ја отстрани кралицата како шеф на државата и стана република. Вкупно 17 држави го сменија шефот на државата за време на нејзиното владеење. И потегот на Барбадос предизвика дебата за тоа дали земјите сакаат или не да бидат дел од остатоците од Британската империја. Говорејќи за Инсајдер откако Барбадос стана република, Адејела Бенет, непрофитна сопственичка на бизнис од Бахамите - друга поранешна британска колонија, рече: „Ја сакаме оваа конкретна кралица Елизабета, но кога седиме таму и сме искрени со себе, мораме да кажеме дека тие луѓе не колонизираа, тие се империјалисти“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sakaat-nezavisnost-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-poraneshna-kolonija-na-britanskata-imperija-ne-go-saka-noviot-kral/feed/ 0
Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazi-baba-so-golem-muzichki-nastan-kje-ja-slavi-nezavisnosta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazi-baba-so-golem-muzichki-nastan-kje-ja-slavi-nezavisnosta-na-makedonija/#respond Sun, 04 Sep 2022 11:26:59 +0000 https://kurir.mk/?p=728507

Општина Гази Баба информира дека под покровителство на градоначалникот Бобан Стефковски, а во чест на 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија општината организира голем музички настан за одбележување на празникот. Настанот ќе се оддржи на 07.09.2022 година (среда) со почеток во 20:00 часот на плоштадот во населба Автокоманда. На настанот ќе настапат: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски. Општината ги покануваат сите граѓани да присуствуваат на настанот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazi-baba-so-golem-muzichki-nastan-kje-ja-slavi-nezavisnosta-na-makedonija/feed/ 0
Индија одбележува 75-годишнина од независноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-odbelezuva-75-godishnina-od-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-odbelezuva-75-godishnina-od-nezavisnosta/#respond Mon, 15 Aug 2022 13:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=718848

Индија денеска одбележува 75-годишнина од независноста. По тој повод премиерот Нарендра Моди одржа говор, нагласувајќи оти Индијците треба да се ослободат од колонијализмот од своите умови и навики. – Стотици години колонијализам ги ограничија нашите чувства, ги искривија нашите мисли. Кога ќе видиме и најмала работа што се однесува на колонијализам во нас или околу нас, мораме да се ослободиме од неа, истакна Моди во 90-минутниот говор во индиската престолнина. Тој зборуваше од историската Црвена тврдина, што беше украсена со портрети на борци за слобода, чувана од механички слонови. Според него, земјата треба да ги уништи термитите на корупцијата и непотизмот, да го следи принципот „Индија на прво место“ и да обезбеди со говорот и со однесувањето „да не се направи ништо што го намалува достоинството на жената“. – Индија што се потпира на себе е одговорност на секој граѓанин, на секоја влада, на секоја единица од општеството, додаде тој, носејќи турбан со боите на индиското знаме. Индија, наречена и скапоцен камен во круната на Британската империја, независноста ја стекна во 1947 година по два века окупација и експлоатација. Земјата беше поделена на два дела на Пакистан и на Индија. Тоа предизвика едно од најголемите раселувања на населението во историјата. Милиони луѓе се упатија кон Пакистан, доколку биле индиски муслимани, или тргнаа на пат за Индија, ако станувало збор за пакистански хиндуси. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-odbelezuva-75-godishnina-od-nezavisnosta/feed/ 0