НФФ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jul 2022 13:55:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НФФ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НФФ: Oткупната цена на пченицата е многу ниска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nff-otkupnata-cena-na-pchenicata-e-mnogu-niska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nff-otkupnata-cena-na-pchenicata-e-mnogu-niska/#respond Thu, 21 Jul 2022 10:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=708407

Жетватата на пченицата е во полн ек, но и оваа година полјоделците се соочуваат со истите маки. Откупната цена е многу ниска 18 денари по килограм. Според трошоците за производство таа треба да изнесува минимум 23 денари по килограм, е ставот за тековната жетва на пченицата на Националната федерација на фармери. Според статистичките показатели производството на пченица опаѓа од година во година, се наведува во денешното соопштение од НФФ и се додава дека за период од последните 19 години производството е опаднато за просечни 20 проценти, а од најголемиот подем во 2004 година со 356.825 тони до 200.112 тони во 2019 година, разликата е 44 проценти. – Најголема причина за ваквата ситуација е што производната цена со години се зголемува, оваа година со поскапувањета е драстично зголемена и според пресметката направена на Националната федерација на фармери во март 2022 година таа изнесуваше 20-23 денари по килограм, но сега со поскапувањата на горивата таа е уште зголемена. Продажната цена во моментот на пазарот изнесува 18/19 денари по килограм, а Националната федерација на фармери со години бара да се воведе интрвентен откуп на пченица кое согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кога продажбата е поголема од откупната цена на пченицата, потенцира Мемет Синани, полјоделецв од полошкиот регион и член на управниот одбор на НФФ. Земјоделците од велешкиот, пелагонискиот и полошкиот регион, како што стои во соопштението, сметаат дека таа е со солиден квалитет, но приносите се намалени. Националната федерација на фармери преку својот потсекторски систем ги анализира состојбите со пченицата и предизвиците со кои се соочуваат полјоделците. Најголем проблем со кои се се соочувуваат полјоделците, посочуваат, се климатските промени, односно брзите промени на температурата. На ваков начин, како што велат земјоделците, се прави стрес на пченицата и се губи во квалитет на производот, a се појавуваат и болести. Голем проблем за нив е продажната цена односно со години на назад производната цена е повисока од продажната. – Она што посебно претставува проблем за полјоделците оваа година се зголемените цени за нафта, бензин и ѓубрива за прихранување. Според пресметката на НФФ производната цена за пченица оваа година во зависност од регионот изнесува од 20 – 23 мкд по килограм, вели Стеванче Јорданоски, поледелец од пелагонискиот регион и член на УО на НФФ. Во соопштението се појаснува дека пченицата е единствениот производ во Северна Македонија кој има стратешко значење кое е дефинирано во Законот за земјоделство и рурален развој, а пченицата е најважната култура која има најголем удел во вкупната површина под жита од околу 63 проценти во 2021 година. Според податоците добиени од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство просечното годишно производство на пченица во периодот 2014-2020 изнесува околу 235.000 тони што е намалување од околу 16 проценти во однос на периодот пред 2014 година кога просечното годишно производство изнесуваше околу 281.000 тони. Северна Македонија за да ги задоволи своите потреби увезува пченица. Најголемиот увоз на пченица имаме од Србија која е најголемиот регионален производител (Војводинската житница).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nff-otkupnata-cena-na-pchenicata-e-mnogu-niska/feed/ 0
НФФ: Откупот на грозјето е со манипулации, „смедеревката“ да биде 16 денари, а „вранецот“ 17 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nff-otkupot-na-grozjeto-e-so-manipulacii-smederevkata-da-bide-16-denari-a-vranecot-17/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nff-otkupot-na-grozjeto-e-so-manipulacii-smederevkata-da-bide-16-denari-a-vranecot-17/#respond Wed, 11 Aug 2021 08:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=549067

Откупот на грозјето почнува и повторно е неплански, со голем број манипулации кои се на штета на лозарите, оценува Националната федерација на фармери (ННФ) и уште еднаш апелира дека цената на „смедеревката“ треба да биде околку 16 денари за килограм, а на „вранецот“ 17 денари. Според НФФ, освен откупните цени, проблем во лозарството се и климатските промени, како и застарените системи за наводнување на насадите. Федерацијата ја нагласува потребата од воспоставување партнерски односи меѓу лозарите и винариите. Воедно бара стартот на бербата и скалата на шеќерните единици да ја одредуваат релевантни научни институции за да нема манипулација околу цените и шеќерните единици. Ова барање, како што информира, е доставено до Министерството за земјоделство. -Со години наназад „смедеревката“ се откупува за максимум 11 денари, додека винската сорта „вранец“ до 13 денари. Секоја година правиме пресметка за производната цена на грозјето, која излегува дека е 15 ден за килограм. Oвие статистички податоци се потврдени и од страна на релевантни институции. Затоа сметаме дека со ваквите ниски откупни цени само се уназадува лозарството, потенцира претседателката на НФФ, Васка Мојсовска. Анализата на НФФ „Земјоделството и Корона кризата“ покажува дека со години наназад е препознатлив трендот на должење и неисплата на винарии кон лозари. -Но, најбитно во целата приказна е тоа што лозарството е повторно неорганизирано, дури стихијно. Она што значително се смени е дека пораснаа цените на македонските вина (несомнено се зголеми и квалитетот), но во малопродажба вината се сé поскапи, а лозарите се посиромашни. Од фер економија и задоволство на сите во вредносниот синџир, преминавме на високи трошоци за маркетинг и креирање приказни од кои никако производителите на грозје да дојдат до корист. Со години наназад, оваа особено важна гранка, која иако има огромни можности, останува неорганизирана и во производството и во извозот, се наведува во анализата. Во неа се додава и дека од едната страна се земјоделците кои инвестираат во нови површини, но нивниот труд не е вреднуван, а од другата винариите – убедени дека се значајно име на глобалниот пазар (иако најголем дел од нашето вино се уште завршува на екс југословенските простори) и не наоѓаат модалитет како да одговорат на потребите на лозарите со цел сите да го добијат својот дел од колачот. -Во такви услови, а посебно сега со настаната криза, потребно е да се либерализира пристапот на малите производители до пазарот, а со тоа да се влијае на стабилизирање и редистрибуција на вредноста на земјоделскиот откуп во целиот систем, е еден од заклучоците на анализата. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) , виното е втор најзначаен извозен производ од земјоделско-прехранбениот сектор со 11 отсто учество во вкупниот извоз на земјоделско-прехранбени производи. Во периодот 2014 – 2019 се извезувале по околу 100 милиони литри вино од кои се остварени околу 50 милиони eвра приход годишно. Република Северна Македонија има вкупно 180.000 земјоделски стопанства од кои околу 48.000 поседуваат лозови насади. Од површините под лозови насади наменети за производство на винско грозје 70 проценти се обработуваат од страна на индивидуални земјоделски стопанства (чија површина се движи од еден до четири хектари. -Токму овој податок покажува дека индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи на нивен развој и економско јакнење, како и воспоставување вистински договорни односи меѓу винариите и лозарите, укажува НФФ. Федерацијата бара измени на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за вино со воведување банкарска гаранција, како што е уреден откупот на тутунот, Инспекторатот за земјоделство да врши зачестени контроли за време на откупот, Министерството за земјоделство да овозможи услови за свикување на потсекторската група за вино и грозје која функционира во негови рамки, но и посебно внимание да посвети на подобрување и одржување на земјоделската инфраструктура – патишта, наводнување, одводнување и справување со климатските промени кои посебно влијаат на квалитетот на сите земјоделски производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nff-otkupot-na-grozjeto-e-so-manipulacii-smederevkata-da-bide-16-denari-a-vranecot-17/feed/ 0
Лозарите имаат најава за драстично намалување на откупната цена на грозјето: Бараат 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 за „вранец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lozarite-imaat-najava-za-drastichno-namaluvanje-na-otkupnata-cena-na-grozjeto-baraat-16-den-po-kilogram-za-smederevka-i-17-za-vranec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lozarite-imaat-najava-za-drastichno-namaluvanje-na-otkupnata-cena-na-grozjeto-baraat-16-den-po-kilogram-za-smederevka-i-17-za-vranec/#respond Tue, 25 Aug 2020 10:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=395081

Националната федерација на фармери (НФФ) ги следи состојбите во лозарскиот сектор и она што го согледува како проблем се откупните цени, негативното влијание на климатските промени, како и застарените системи за наводнување на лозовите насади. – Со години наназад „смедеревката“ се откупува за 11 денари по килограм, а „вранецот“ по 13 денари. Оваа година, според најавите од одделни винарии, таа е уште пониска, 4-6 ден по килограм. Ова создаде голем страв и неизвесност кај лозарите. Секоја година преку НФФ одделение за лобирање и застапување правиме пресметка за производната цена на грозјето, која излегува дека е 15 ден по килограм. Оваа година овие статистички податоци се потврдени и од страна на релевантни институции, велат од НФФ. На барање на Националната федерација на фармери од Земјоделскиот институт е доставена пресметаната единечна производна цена на грозјето која изнесува 11 ден по килограм, а производната цена на винското грозјето со амортизација (во амортизација влегува и работниот труд) изнесува 15 ден по килограм. – Со ваквите ниски откупни цени само се уназадува лозарството, кој е еден од значајните сектори во земјоделството, посебно за производство на вино кое е извозно ориентирано и значајно за БДП на државата, потенцира Васка Мојсовска, претседателка на НФФ. Од површините под лозови насади наменети за производство на винско грозје, 70 отсто се обработуваат од страна на индивидуални земјоделски стопанства. – Токму овој податок покажува дека индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење. Со години наназад препознатлив е трендот на должење и неисплата на винарии кон лозари. Добро познатиот случај со „Повардарие“ тоа го потврдува, каде што сè уште лозарите ги немаат добиено своите пари за предадено грозје. Најзначајно во целата приказна е тоа што лозарството е повторно неорганизирано, дури стихијно, вели Мојсовска. Од НФФ сметаат дека трудот на земјоделците не е вреднуван, а од друга страна винариите се убедени дека се значајно име на глобалниот пазар и не наоѓаат модалитет како да одговорат на потребите на лозарите со цел сите да го добијат својот дел од колачот. Од Националната федерација на фармери потенцираат дека со години наназад бараат да се создадат вистински партнерски односи помеѓу лозарите и винариите и сметаат дека откупната цена на грозјето треба да изнесува колку 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 ден по килограм за „вранец“. НФФ бара Инспекторатот за земјоделство да врши зачестени контроли за време на откупот и Министерството за земјоделство и рурален развој да овозможи услови за свикување на потсекторската група за вино и грозје која функционира во рамките на Министерството и согласно Законот за земјоделство и рурален развој ја разгледува состојбата во лозарството и претстојниот откуп на грозјето. Ова барање е доставено до ресорното министерство од страна на НФФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lozarite-imaat-najava-za-drastichno-namaluvanje-na-otkupnata-cena-na-grozjeto-baraat-16-den-po-kilogram-za-smederevka-i-17-za-vranec/feed/ 0