нигер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 15:24:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нигер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција го заврши повлекувањето на војниците од северната база во Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-go-zavrshi-povlekuvaneto-na-vojnitsite-od-severnata-baza-vo-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-go-zavrshi-povlekuvaneto-na-vojnitsite-od-severnata-baza-vo-niger/#respond Mon, 23 Oct 2023 15:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=892254

Франција денеска го заврши повлекувањето на војниците од северната база во Нигер како дел од планираното заминување од западноафриканската земја каде воената хунта изврши државен удар во јули. Речиси 200 војници, 28 камиони и дваесетина оклопни возила ја напуштија воената база Уалам, изјави портпаролот на хунтата. Повлекувањето на Франција се очекува да заврши до крајот на годината. Околу 1.500 француски војници оперираат во Нигер, кои ја обучуваат армијата и спроведуваат заеднички операции. Соопштението дојде неколку недели откако францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција ќе го прекине военото присуство во Нигер и ќе го повлече својот амбасадор од земјата како резултат на пучот со кој беше соборен демократски избраниот претседател Мохамед Базум. Базум речиси три месеци е во домашен притвор со сопругата и синот, а хунтата му ги исклучила струјата и водата. Адвокатот на Базум денеска изјави дека викендов еднаш успеал да разговара со затворениот претседател, кој му рекол дека е добро, но дека веќе нема редовен контакт со него. - Тој е дома, неговиот лекар можеше да го посети и тој е здрав. Но, ние веќе немаме директен контакт со него бидејќи нивните телефони се одземени", изјави Рид Броди, американски адвокат во тимот на Базум. Во месецот откако хунтата ја презеде власта, насилството поврзано со екстремистите се зголеми за повеќе од 40 отсто, според Проектот за податоци за локации и настани за вооружени конфликти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-go-zavrshi-povlekuvaneto-na-vojnitsite-od-severnata-baza-vo-niger/feed/ 0
Француските трупи ќе го напуштат Нигер до крајот на годината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskite-trupi-ke-go-napushtat-niger-do-krajot-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskite-trupi-ke-go-napushtat-niger-do-krajot-na-godinata/#respond Fri, 20 Oct 2023 13:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=891283

Командантот на француските сили во Сахел денеска изјави дека 1.500 француски војници ќе го напуштат Нигер до 31 декември, временска рамка што ја објави францускиот претседател Емануел Макрон кон крајот на минатиот месец. „Целта на претседателските најави за заминување до 31 декември ќе биде исполнета“, рече генералот Ерик Озан на заедничката прес-конференција со нигерскиот полковник Мамане Сани Киау во Ниамеј, главниот град на Нигер.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskite-trupi-ke-go-napushtat-niger-do-krajot-na-godinata/feed/ 0
Лидерот на воената хунта Брис Нгуема положи заклетва како привремен претседател на Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-voenata-hunta-bris-nguema-polozhi-zakletva-kako-privremen-pretsedatel-na-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-voenata-hunta-bris-nguema-polozhi-zakletva-kako-privremen-pretsedatel-na-niger/#respond Mon, 04 Sep 2023 15:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=874449

Лидерот на воената хунта во Габон, Брис Нгуема денеска положи заклетва како привремен претседател на земјата. Генералот Нгуема го предводеше државниот удар минатата среда против претседателот Али Бонго, соборувајќи го кусо време откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори. Нгуема има одредена поддршка од народот, а на неговата инаугурација присуствуваа многу цивили, јави Би-Би-Си. Аналитичарите сепак изразија загриженост дека владеењето на Нгуема ќе биде продолжение на 55-годишното владеење на династијата Бонго, бидејќи тој го поминал најголемиот дел од својата кариера во најтесниот круг на Бонго и дури се верува дека е роднина на Али Бонго. Таткото на Али Бонг, Омар, беше на власт 41 година пред да почине во 2009 година кога неговиот син го наследи. Габон е шестата франкофонска земја што потпадна под воена власт во изминатите три години додека поранешната колонијална сила Франција се бори да го задржи влијанието во Африка. Габон беше суспендиран од Африканската унија по државниот удар, што беше осуден од ОН и Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-voenata-hunta-bris-nguema-polozhi-zakletva-kako-privremen-pretsedatel-na-niger/feed/ 0
Повторно отворен воздушниот простор над Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-otvoren-vozdushniot-prostor-nad-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-otvoren-vozdushniot-prostor-nad-niger/#respond Mon, 04 Sep 2023 13:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=874424

Воената хунта во Нигер повторно го отвори воздушниот простор на земјата за сите комерцијални летови, откако беше затворен од 6 август, соопшти денеска портпаролот на Министерството за транспорт. Исклучувањето ги принуди Ер Франс и другите европски авиопревозници да прекинат некои летови и да летаат подолги рути низ африканскиот континент. Хунтата првично го затвори воздушниот простор на Нигер, наведувајќи дека постои можност за воена интервенција од земјите-членки на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-otvoren-vozdushniot-prostor-nad-niger/feed/ 0
Хунтата ја обвини Франција за „понатамошно бесрамно мешање“ во Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-ja-obvini-frantsija-za-ponatamoshno-besramno-meshane-vo-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-ja-obvini-frantsija-za-ponatamoshno-besramno-meshane-vo-niger/#respond Fri, 01 Sep 2023 18:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=873524

Новата воена управа на Нигер денеска ја обвинија Франција за „понатамошно бесрамно мешање“ откако претседателот Емануел Макрон ја повтори својата поддршка за соборениот лидер Мохамед Базум. -Коментарите на Макрон, дадени на 28 август, „претставуваат дополнително бесрамно мешање во внатрешните работи на Нигер“, истакна портпаролот на хунтата полковник Амаду Абдрамане. Макрон во понеделникот и покрај пучот го поддржа соборениот претседател на Нигер, Базум и изјави дека Франција нема да го повлече својот амбасадор. Пред пучот во Нигер, Франција активно ја поддржуваше борбата на Владата на претседателот Базум против џихадистичките милиции. Во Нигер уште се стационирани околу 1500 француски војници. Воена хунта ја презеде власта во Нигер со воениот пуч изведен на 26 јули, а на 4 август соопшти дека ги раскинува воените договори со Франција, нејзиниот поранешен колонијален владетел. Хунтата ги смени амбасадорите на Нигер во САД, Франција, Того и Нигерија, кои беа именувани од соборената цивилна влада.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-ja-obvini-frantsija-za-ponatamoshno-besramno-meshane-vo-niger/feed/ 0
Хунтата во Нигер и нареди на полицијата да го протера францускиот амбасадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voeniot-rezhim-na-niger-naredi-proteruvane-na-frantsuskiot-ambasador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voeniot-rezhim-na-niger-naredi-proteruvane-na-frantsuskiot-ambasador/#respond Thu, 31 Aug 2023 16:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=873119

Воената хунта на Нигер и нареди на полицијата да го протера францускиот амбасадор, потег што дополнително ќе ги заостри односите меѓу двете земји и за кој властите во Париз велат дека воените офицери кои ја презедоа власта минатиот месец не се овластени тоа да го прават. Лидерите на воениот удар ја следат стратегијата на хунтата во соседните Мали и Буркина Фасо. Визите на францускиот амбасадор Силвен Ите и неговото семејство се укинати, а полицијата доби инструкции да ги протера, соопшти хунтата, наведувајќи дека потезите на Франција биле против интересите на Нигер. Франција повика соборениот претседател Мохамед Базум да биде вратен на функцијата и најави дека ќе ги поддржи напорите на блокот на западноафриканските држави ЕКОВАС да ја обнови ситуацијата пред пучот. Нигер е клучна земја за Франција во борбата против исламистичките бунтовници и има 1.500 свои војници во таа земја. По воените удари, Париз повлече илјадници припадници на вооружените сили од Мали и Буркина Фасо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voeniot-rezhim-na-niger-naredi-proteruvane-na-frantsuskiot-ambasador/feed/ 0
Алжир предлага план за шестмесечна транзиција на власта во Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzhir-predlaga-plan-za-shestmesechna-tranzitsija-na-vlasta-vo-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzhir-predlaga-plan-za-shestmesechna-tranzitsija-na-vlasta-vo-niger/#respond Wed, 30 Aug 2023 07:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=872292

Шефот на алжирската дипломатија, Ахмед Атаф, предложи шестмесечен транзициски план за соседен Нигер, каде пучистите бараат подолга временска рамка за враќање на демократијата. Министерот вчера  предложи шестмесечна преодна фаза за да му даде шанса на Нигер да го врати „уставниот и демократскиот поредок“. Лидерот на пучистите во Нигер, генералот Абдурахман Тијани, од друга страна, побара тригодишен преоден период. Шефот на алжирската дипломатија повтори дека Алжир се противи на воена интервенција во Нигер, додавајќи дека воздушниот простор на неговата земја нема да се користи за таква акција, пренесува „Франс 24“. Атаф го претстави својот предлог по минатонеделната посета на три соседни земји на Нигер, членки на Економската организација на западноафриканските држави –ЕКОВАС. ЕКОВАС претходно соопшти дека се подготвени воено да интервенираат во Нигер доколку, како што наведоа, не се врати демократијата во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzhir-predlaga-plan-za-shestmesechna-tranzitsija-na-vlasta-vo-niger/feed/ 0
Воената хунта во Нигер се откажа од протерување други западни дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voenata-hunta-vo-niger-se-otkazha-od-proteruvane-drugi-zapadni-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voenata-hunta-vo-niger-se-otkazha-od-proteruvane-drugi-zapadni-diplomati/#respond Sun, 27 Aug 2023 18:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=871580

Пучистите и членовите на воената хунта во Нигер, плашејќи се од меѓународна изолација, се откажаа од протерување дипломати од другите западни амбасади, освен францускиот амбасадор, кому му беше наредено да ја напушти земјата до понеделник, јави денеска  француското радио РФИ. Министерството за надворешни работи на Нигер не ги испрати веќе напишаните писма до амбасадите на Германија, САД, Брегот на Слоновата Коска и Нигерија, поради несогласувања во врвот на хунтата. Агенциите дознаваат дека откако ја признаа потребата „да се дистанцираат од Франција, некои членови на хунтата се повикани да не се прекинуваат односи со другите западни земји, бидејќи тие имаат интереси во Нигер, а на Нигер токму тие му се потребни“. Националниот совет на Нигер за заштита на татковината, предводен од генералот Абдурахман Чиани, пред два дена побара од францускиот амбасадор во Нигер, Силвен Ите, да ја напушти земјата во рок од 48 часа, а како што пренесе телевизискиот канал „Ал Хадат“, францускиот дипломат не се појави во Министерството за надворешни работи кое го контролираат пучистите кога тој беше повикан и одби да се сретне со нив. Француското Министерство за надворешни работи нагласи дека пучистите немаат право да го протераат францускиот амбасадор, бидејќи акредитивните писма на амбасадорот му ги издаваат легитимните власти на Нигер.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voenata-hunta-vo-niger-se-otkazha-od-proteruvane-drugi-zapadni-diplomati/feed/ 0
Хунтата во Нигер му нареди на францускиот амбасадор да ја напушти земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-vo-niger-mu-naredi-na-frantsuskiot-ambasador-da-ja-napushti-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-vo-niger-mu-naredi-na-frantsuskiot-ambasador-da-ja-napushti-zemjata/#respond Fri, 25 Aug 2023 20:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=871055

Воената хунта во Нигер, која ја презеде власта со државен удар на 26 јули, денеска му нареди на францускиот амбасадор Силвен Ито да ја напушти земјата во рок од 48 часа, соопшти Министерството за надворешни работи. Одлуката за протерување на францускиот амбасадор е делумно донесена поради неговото одбивање да одговори на поканата за средба со министерот за надворешни работи на Нигер, се вели во соопштението на Министерството. Се додава дека и други дејствија на француската Влада се во судир со интересите на Нигер, но не се дадени дополнителни детали. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huntata-vo-niger-mu-naredi-na-frantsuskiot-ambasador-da-ja-napushti-zemjata/feed/ 0
Западноафрикански блок: Подготвени сме воено да интервенираме во Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadnoafrikanski-blok-podgotveni-sme-voeno-da-intervenirame-vo-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadnoafrikanski-blok-podgotveni-sme-voeno-da-intervenirame-vo-niger/#respond Thu, 17 Aug 2023 13:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=867905

Западноафриканскиот блок ЕКОВАС е подготвен воено да интервенира во Нигер доколку не успеат дипломатските напори за поништување на воениот удар во земјата, им рече висок функционер на воените команданти кои се собраа денеска во Гана за да разговараат за воените сили „во готовност“. Комесарот за политички прашања, мир и безбедност на ЕКОВАС, Абдел-Фатау Мусах ја обвини хунтата што го собори претседателот Мохамед Базум на 26 јули дека си игра „мачка и глушец“ со блокот со тоа што одбива да се сретне со пратеници и бара оправдување за преземање на власта. „Воените и цивилните сили на Западна Африка се подготвени да одговорат на повикот за должност“, им рече Мусах на собраните началници на одбранбените штабови од земјите-членки. Тој ги наброја минатите распоредувања на ЕКОВАС во Гамбија, Либерија и други земји како примери на подготвеност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadnoafrikanski-blok-podgotveni-sme-voeno-da-intervenirame-vo-niger/feed/ 0