ник кирјос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 09:37:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ник кирјос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кирјос го откажа настапот и на ЈуЕс Опен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-go-otkazha-nastapot-i-na-jues-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-go-otkazha-nastapot-i-na-jues-open/#respond Fri, 11 Aug 2023 09:37:09 +0000 https://kurir.mk/?p=865793

Австралискиот тенисер Ник Кирјос оваа сезона нема да одигра ниту еден натпревар на грен – слем турнирите, откако донесе одлука да го откаже настапот и на ЈуЕс Опен. Ланскиот финалист на Вимблдон оваа година има бројни проблеми со повредите и од почетокот на сезоната одигра само еден меч. Кирјос во јануари го пропушти настапот на Австралија опен поради повреда на коленото која мораше да ја санира со операција. Потоа ја пропушти целата сезона на турнири на земјена подлога за да се подготви за настапите на трева, но само еднаш се појави на теренот кога во Штутгарт загуби од Кинезот Ву Џибинг. Поради нова повреда го откажа настапот на Вимблдон, а сега објави дека се повлекува и од ЈуЕс Опен, кој почнува на 28 август. Кирјос во моментов е рангиран на 92 место на АТП листата, но на најновата листа која ќе биде објавена в понеделник ќе биде надвор од Топ 100.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-go-otkazha-nastapot-i-na-jues-open/feed/ 0
Ник Кирјос нема да настапи на УС Опен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nik-kirjos-nema-da-nastapi-na-us-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nik-kirjos-nema-da-nastapi-na-us-open/#respond Fri, 11 Aug 2023 04:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=865660

Австралиескиот тенисер Ник Кирјос се повлече од УС Опен откако претходно се повлече од Мастерсот во Синсинати. Од почетокот на оваа година одигра само еден натпревар и очигледно повредата на зглобот нема да му се санира. Потсетуваме, во понеделник започнува Мастерсот во Синсинати, а таму ќе игра и Новак Ѓоковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nik-kirjos-nema-da-nastapi-na-us-open/feed/ 0
Кирјос се повлече од Вимблдон поради повреда на зглобот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-se-povleche-od-vimbldon-poradi-povreda-na-zglobot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-se-povleche-od-vimbldon-poradi-povreda-na-zglobot/#respond Mon, 03 Jul 2023 08:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=851973

Ник Кирјос нема да се бори за трофејот на Грен слемот во Лондон. Финалистот од минатата години го откажа настапот поради повреда. - Тажен сум оваа година морам да се повлечам од Вимблдон. Се трудев да се подготвам по операцијата и повторно да одам на терените на Вимблдон. Пред една недела во Мајорка ме болеше зглобот. За секој случај, направив снимка која истегнување на лигаментите на зглобот. Дадов максимум за да играм и жал ми е што можам да кажам дека едноставно немав време да се опоравам пред Вимблдон. Австралиецот во јануари имаше операција на коленото. Оваа сезона тој се уште нема одиграно ниту еден официјален турнир. Кирјос во првото коло требаше да игра со Давид Гофин. Вимблдон почнува денес и ќе с еигра до 16 јули. Бранител на трофејот е Новак Ѓоковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-se-povleche-od-vimbldon-poradi-povreda-na-zglobot/feed/ 0
Кирјос се повлече од Ролан Гарос поради повреда https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-se-povleche-od-rolan-garos-poradi-povreda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-se-povleche-od-rolan-garos-poradi-povreda/#respond Tue, 16 May 2023 16:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=834915

Австралискиот тенисер Ник Кирјос објави денеска дека се повлекува од настап на претстојниот Ролан Гарос поради повреда на коленото. Кирјос во јануари го оперираше коленото и поради тоа не настапи на Австралија опен и трите мастерс турнири пред Ролан Гарос. Австралискиот тенисер последен пат се појави на грен – слем турнирот во француската престолнина во 2017 година. Претходно поради здравствени проблеми и Шпанецот Рафаел Надал најави дека нема да настапи на Ролан Гарос, кој е на програмата од 28 мај до 11 јуни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-se-povleche-od-rolan-garos-poradi-povreda/feed/ 0
Кирјос ја одби понудата од Ѓоковиќ да му биде тренер https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-ja-odbi-ponudata-od-gokovik-da-mu-bide-trener/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-ja-odbi-ponudata-od-gokovik-da-mu-bide-trener/#respond Fri, 21 Apr 2023 16:23:29 +0000 https://kurir.mk/?p=826231

Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја одби понудата од Србинот, Новак Ѓоковиќ за тренерски ангажман и место тоа му предложи на најдобриот светски тенисер да вечераат заедно. Ѓоковиќ во средата на шега рече дека би сакал да му биде тренер на Кирјос и оти за време на нивната соработка австралискиот тенисер би освоил пет грен – слем титули, но наведе дека тоа „нема да биде евтино“. Кирјос на понудата одговори преку социјалните мрежи, „Хаха, место тоа одиме на вечера и пијалак“, наведе 27-годишниот Кирјос. Двајцата тенисери во последно време имаат пријателски однос за разлика од минатото кога Кирјос честопати говореше за Ѓоковиќ во негативен контекст и во една прилика рече дека „не може да го поднесе“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-ja-odbi-ponudata-od-gokovik-da-mu-bide-trener/feed/ 0
Кирјос ослободен од обвинението за семејно насилство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-osloboden-od-obvinenieto-za-semejno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-osloboden-od-obvinenieto-za-semejno-nasilstvo/#respond Fri, 03 Feb 2023 09:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=795603

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска во судот во Канбера е ослободен од обвинението за семејно насилство, иако претходно во текот на процесот призна вина за инцидентот што се случи во 2021 година кога ја нападна својата поранешна девојка Кјара Пасари. Обвинението против Кирјос е отфрлено откако судот процени дека станува збор за „помал инцидент“. Кирјос му се заблагодари на судот за ослободителната пресуда и најави дека планира да продолжи со процесот на рехабилитација по повредата поради која се повлече од настап на неодамнешното издание на Австралија опен.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-osloboden-od-obvinenieto-za-semejno-nasilstvo/feed/ 0
Кирјос воодушевен од играта на Ѓоковиќ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-voodusheven-od-igrata-na-gokovik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-voodusheven-od-igrata-na-gokovik/#respond Mon, 23 Jan 2023 12:03:18 +0000 https://kurir.mk/?p=790692

Ник Кирјос беше импресиониран од играта на Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на Австралија опен. Ѓоковиќ го порази сонародникот на Кирјос, Алекс де Минор с 6:2, 6:1, 6:2. Ѓоковиќ доминираше од почетокот на мечот, на противникот му препушти само пет гема. Кирјиос, мечот го следел од болница, каде се наоѓа по операцијата на коленото. Вднаш се огласи на социјалните мрежи. „Она што го видов вечерва ме натера да се чувствувам добро кога станува збор за мојот тенис. Како јас воопшто успеав да го победам овој човек“, напиша Кирјос. Инаку, Новак и Кирјос досега имаат одиграно три дуели, а Кирјиос води со 2-1. Новак го доби нивниот најважен дуел, финалето на Вимблдон во 2022 година.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-voodusheven-od-igrata-na-gokovik/feed/ 0
ШОК: Кирјос се повлече од Австралија Опен https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shok-kirjos-se-povleche-od-avstralija-open/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shok-kirjos-se-povleche-od-avstralija-open/#respond Mon, 16 Jan 2023 06:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=787703

Тенисерот Ник Кирјос ненадејно се повлече од Австралија Опен. Како што соопшти на вонредната прес-конференција која ја свика, причина за повлекувањето е повреда на коленото. проблемот со коленото се јавил по хуманитарниот натпревар кој го одигра со Новак Ѓоковиќ. -Разочаран сум и знам дека ќе сакате да знаете што се случува. Уморен сум од се’, беше брутално по мене, ова е еден од најважните турнири во мојата кариера и не ми беше лесно, изјави Кирјос. Како што е објаснето, тенисерот има „благо кинење“ на менискусот и по препорака на докторите се повлекува и заминува на операција, а од терените ќе отсуствува најмалку еден месец.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shok-kirjos-se-povleche-od-avstralija-open/feed/ 0
Кирјос: Подготвен сум да освојам грен – слем https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-podgotven-sum-da-osvojam-gren-slem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-podgotven-sum-da-osvojam-gren-slem/#respond Sat, 10 Dec 2022 15:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=773633

Австралискиот тенисер Ник Кирјос најави оти е подготвен да триумфира на Австралија опен и со тоа да го освои својот прв грен – слем турнир во кариерата, иако призна дека чувствува голем притисок од домашната јавност. „Се чувствувам како да сум го прифатил притисок и тој предизвик. Не е лесно, навистина напорно работев за да го канализирам и искористам како гориво. Имам шанса да освојам грен – слем“, изјави Кирјос. Австралискиот тенисер додаде оти се радува поради одлуката на организаторите да му дозволат настап на грен-слем турнирот во Мелбурн на Србинот Новак Ѓоковиќ. „Новак е здрав и подготвен да игра и да понуди одлична забава за навивачите и нашата земја. Среќни сме што го имаме во спортот. Ѓоковиќ е најдобриот играч во светот и ниту еден турнир не е вистинскиот ако тој не е тука“, рече Кирјос.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-podgotven-sum-da-osvojam-gren-slem/feed/ 0
Кирјос бара отфрлање на обвиненијата за напад на поранешната девојка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-bara-otfrlanje-na-obvinenijata-za-napad-na-poraneshnata-devojka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-bara-otfrlanje-na-obvinenijata-za-napad-na-poraneshnata-devojka/#respond Tue, 04 Oct 2022 09:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=740790

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, бара отфрлање на обвиненијата за напад на поранешната девојка Кјара Пасари. Адвокатите на 20. светски рекет рекоа дека причината за ова се неговите проблеми со менталното здравје. Побараа да се одложи разгледувањето на случајот за да се изготви лекарски извештај. Веќе е поднесено барање, откако била прегледана медицинската историја на Кирјос од 2015 година, вклучително и јавни изјави за неговите проблеми со менталното здравје. Предлогот за отфрлање на кривичното дело ќе биде разгледан на 3 февруари – една недела по Грен слемот Австралија Опен. Според адвокатот, Кириос сака лично да присуствува на рочиштето. Досега не се бараше тенисерот да присуствува на рочиштата во судот во Канбера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kirjos-bara-otfrlanje-na-obvinenijata-za-napad-na-poraneshnata-devojka/feed/ 0