никарагва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Mar 2023 07:35:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никарагва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доселеници запалија село на староседелци во северниот дел на Никарагва, загинаа пет лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doselenitsi-zapalija-selo-na-starosedeltsi-vo-severniot-del-na-nikaragva-zaginaa-pet-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doselenitsi-zapalija-selo-na-starosedeltsi-vo-severniot-del-na-nikaragva-zaginaa-pet-litsa/#respond Tue, 14 Mar 2023 07:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=811654

Најмалку пет членови на домородното племе беа убиени, а тројца други беа ранети во северниот дел на Никарагва, во напад што очигледно го извршиле добро вооружени доселеници со намера да ја заземат нивната земја, соопштија локалните власти. Жртвите се членови на племето Мајања, а цел на нападот било нивното село Вилу, во кое беа запалени 16 куќи, изјави директорката на фондацијата Дел Рио, Амару Руиз, која она што се случило таму во саботата го опиша како „уште едно масакр“ и додаде дека телата на некои жртви биле осакатени. Ова е еден од серијата напади врз домородните племиња во северна Никарагва, кои вообичаено ги извршуваат доселеници. Ваквите злосторства обично минуваат неказнети, а многу од доселениците се поранешни војници. Локалните домородни власти на областа Сауни Ас соопштија дека „сите куќи во селото Вилу се изгорени“ и оти тамошните семејства останале „без засолниште, вода и облека“. Според шумските ренџери од областа Сауни Ас, нападот го извршиле „70 тешко вооружени доселеници“. Домородните активисти ја обвинуваат левичарската влада на претседателот Даниел Ортега дека не прави доволно за да ги реши проблемите со кои се соочуваат племињата во џунглите во Никарагва. Владата ги негира обвинувањата. Фондацијата „Дел Рио“ проценува дека од 2015 година на племето Мајања му е одземено околу 60 отсто од нивната територија, и оти таму се населиле околу 5.000 доселеници, додека околу 3.000 староседелци се протерани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doselenitsi-zapalija-selo-na-starosedeltsi-vo-severniot-del-na-nikaragva-zaginaa-pet-litsa/feed/ 0
Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-stigna-do-nikaragva-oshteteni-stotici-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-stigna-do-nikaragva-oshteteni-stotici-kukji/#respond Mon, 10 Oct 2022 07:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=743310

Тропската бура „Џулија“ синоќа пристигна над источниот дел на Тихиот Океан, откако ја зафати Никарагва со дожд и ветрови што оштетија стотици станбени објекти. Локалните власти во соседен Хондурас претходно известија за три смртни случаи во невремето, вклучувајќи жена и четиригодишно момче кои се удавиле откако нивниот брод се превртел во близина на границата со Никарагва. Третата жртва е 22-годишна девојка која била однесена од порој. Бурата вчера изутрината ја погоди карипската страна на Никарагва, областа во близина на Лагуна де Перлас со центарот на невремето на околу 220 километри југоисточно од градот Салвадор. Според американскиот Национален центар за урагани, се очекува „Џулија“ да се поместува кон север долж крајбрежјето на Хондурас, Ел Салвадор и на Гватемала. Околу милион жители на крајбрежниот дел на Никарагва останаа без струја и Интернет поради соборените далноводи, како и одлуката на Владата да го исклучи напојувањето со електрична енергија во одредени области од безбедносни причини, изјави потпретседателот на Никарагва Розарио Муриљо. Националниот систем за катастрофи на Никарагва вчера соопшти дека целата земја е во црвена тревога откако обилните врнежи предизвикаа излевање на неколку реки. Директорот на системот за справување со елементарни непогоди Гилјермо Гонзалес пред медиумите изјави дека нема смртни случаи во земјата, но оти повеќе од 13 илјади семејства се евакуирани, а повеќе од 800 куќи поплавени. „Оваа ситуација сè уште не е завршена“, предупреди Гонзалес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-dzulija-stigna-do-nikaragva-oshteteni-stotici-kukji/feed/ 0
Синот на Даниел Ортега се обидува да го обнови дијалогот меѓу Никарагва и САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-daniel-ortega-se-obiduva-da-go-obnovi-dijalogot-megju-nikaragva-i-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-daniel-ortega-se-obiduva-da-go-obnovi-dijalogot-megju-nikaragva-i-sad/#respond Fri, 06 May 2022 06:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=672663

Синот на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега во изминатите месеци се обидува да ги обнови контактите на високо ниво меѓу Републиката и САД. Според извори во Вашингтон, Лауреано Ортега, инвестициски и трговски советник на неговиот татко, ја информирал доверливо американската администрација преку трета земја за подготвеноста на Манагва „да го обнови дијалогот на високо ниво со САД“. Ортега очекува олеснување на американските санкции и се вели дека е подготвен да разговара за „ослободување на политичките затвореници“ како реципрочен чекор. Медиуми во САД тврдат дека американски функционер, чие име и позиција не се прецизирани, ја посетил Манагва минатиот месец, но Даниел Ортега и неговиот син одлучиле да не преговараат. Сепак, американската администрација смета дека властите во Никарагва „можеби во одреден момент ќе бидат подготвени за вистински дијалог“. Според изворите, новата позиција на Никарагва може да биде поттикната од воведувањето на остри санкции против Русија. Американските власти ги информирале претставниците на Никарагва дека Републиката нема да биде поканета на деветтиот самит на Северна и Јужна Америка, што ќе се одржи во јуни во Лос Анџелес, Калифорнија. Средбите на шефовите на држави и на влади од Западната хемисфера се одржуваат на секои неколку години под покровителство на Организацијата на американските држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-daniel-ortega-se-obiduva-da-go-obnovi-dijalogot-megju-nikaragva-i-sad/feed/ 0
Земјотрес од 6,7 степени во близина на Никарагва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-7-stepeni-vo-blizina-na-nikaragva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-7-stepeni-vo-blizina-na-nikaragva/#respond Thu, 21 Apr 2022 08:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=666387

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер забележан е во близина на брегот на средноамериканска држава Никарагва. Земјотресот бил на длабочина од 42 километри, а епицентарот од брегот бил оддалечен само десетина километри. Потресот се почувствувал и во соседните држави Костарика, Салвадор и Хондурас, како и во Манаггва, главниот град на Никарагва. Уште нема информации во врска со опасност од цунами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-7-stepeni-vo-blizina-na-nikaragva/feed/ 0
Никарагва ги прекинува дипломатските односи со Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-tajvan/#respond Fri, 10 Dec 2021 07:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=606392

Никарагва вчера ги прекина своите долгогодишни дипломатски врски со Тајван, префрлајќи ја верноста кон Пекинг како признавање на политиката на кинеската Комунистичка партија „Една Кина“. „Владата на Република Никарагва денеска ги прекинува дипломатските односи со Тајван и престанува да има какви било контакти или официјални односи. Народна Република Кина е единствената легитимна влада што ја претставува цела Кина, а Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија“, се вели во соопштението на тамошното МНР. Тајван брзо реагираше, изразувајќи „болка и жалење“ поради одлуката и рече дека претседателот на таа централноамериканска земја, Даниел Ортега, го запоставил пријателството меѓу народот на Тајван и Никарагва. Потегот на Никарагва го остава Тајван со само 14 формални дипломатски сојузници, главно во Латинска Америка и Карибите, заедно со неколку мали држави. Раскинувањето со Тајван е удар и за САД, по неколкумесечните влошени односи меѓу Ортега и Вашингтон, а дојде на ден кога американскиот Стејт департмент соопшти дека вовел санкции за советникот за национална безбедност на Ортега, Нестор Монкади Лау, велејќи дека тој управува увозна шема и царинска измама за збогатување на членовите на владата на Ортега. Минатиот месец американскиот претседател Џо Бајден го критикуваше Ортега, нарекувајќи ги претседателските избори во Никарагва „пантомима“ затоа што поранешната марксистичка герилец и противник на САД од Студената војна победи на изборите и го освои четвртиот мандат по ред, пренесува Хина. Потегот на Никарагва, исто така, следи по заканите од новите лидери на Хондурас дека ќе ги прекинат односите со Тајпеј. Сепак, по минатомесечните избори во Хондурас, тимот на идниот претседател Ксиомар Кастро донекаде се повлече од таа позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-tajvan/feed/ 0
Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ortega-obezbedi-reizbor-za-chetvrti-mandat-na-izborite-vo-nikaragva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ortega-obezbedi-reizbor-za-chetvrti-mandat-na-izborite-vo-nikaragva/#respond Mon, 08 Nov 2021 07:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=592452

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега обезбеди реизбор за четврти петгодишен мандат на изборите, кои Вашингтон ги опиша како „комедија“. Избирачките места се затворија синоќа во 18.00 часот по локално време, а првите официјални резултати се очекуваат во текот на денот. Како што пренесуваат странските медиуми, стапката на излезност може да ја покажевистинската слика за тоа колку граѓаните на Никарагва биле за 76-годишниот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо (70), потпретседателка од 2017 година, кои заедно се кандидираа за претседател и за потпретседател. Соединетите Американски Држави остро ги осудија изборите. „Она што денеска го организираа претседателот на Никарагва и неговата сопруга Муриљо беше пантомима на избори кои не беа ниту слободни, ниту фер и секако не беа демократски“, рече американскиот претседател Џо Бајден во изјавата објавена од Белата куќа за изборите кои ги окарактеризираа како „комедија“. Опозицијата, чии лидери се или во притвор или во егзил, организираше демонстрации од околу илјада луѓе во Сан Хозе, главниот град на Костарика, каде што се засолниле повеќе од 100.000 Никарагванци. Опозицијата имаше само еден повик до гласачите – да останат дома. Според анкетата на Сид-Галуп, доколку имале избор, 65 отсто од регистрираните 4,4 милиони гласачи би гласале за кандидатот на опозицијата наспроти 19 отсто за претседателот во заминување. Од јуни досега се уапсени 39 политички личности, бизнисмени, студенти и новинари, вклучително и седум кандидати кои би можеле да претставуваат закана за Ортега на изборите. На 2 јуни прва беше уапсена фаворитката на опозицијата во анкетите, Кристијана Чаморо (67), ќерка на поранешната претседателка Виолета Чаморо (1990-1997). На 2 јуни ѝ беше одреден домашен притвор. Актуелниот 76-годишен претседател Даниел Ортега досега победи на претседателските избори во 1984, 2006, 2011 и 2016. Сопругата Муриљо се кандидираше за втор мандат. Главен ривал на овие избори беше Уставно-либералната партија ПЛЦ и нејзиниот кандидат Валтер Еспиноза, актуелен пратеник во Парламентот. Оваа партија имаше широка поддршка пред победата на Ортега на изборите во 2006 година, но изгуби дел од својата популарност поради корупциски скандали и сомнителни политички сојузи на следните избори. На парламентарните избори учествуваа 10 национални и шест регионални партии. Во земјата имаше 3.106 гласачки центри и 13.459 избирачки места. Логистиката за нив ја обезбедуваа армијата и Националната полиција, а безбедноста на избирачките места – специјално ангажирани службеници на Изборната полиција. Околу 250 меѓународни набљудувачи и 40 странски новинари од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка, вклучително и делегации од Русија и Абхазија, ги набљудуваа изборите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ortega-obezbedi-reizbor-za-chetvrti-mandat-na-izborite-vo-nikaragva/feed/ 0
Никарагва избира претседател и парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-izbira-pretsedatel-i-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-izbira-pretsedatel-i-parlament/#respond Sun, 07 Nov 2021 14:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=592241

Избирачките места во Никарагва ги отворија вратите за гласање, а повеќе од четири милиони граѓани избираат претседател и парламент на земјата за иден петгодишен мандат. Во земјата има 3.106 гласачки центри и 13.459 избирачки места. Логистиката за нив ја обезбедуваат армијата и Националната полиција, а безбедноста на избирачките места – специјално ангажирани службеници на Изборната полиција. Актуелниот 76-годишен претседател Даниел Ортега ќе се обиде да биде реизбран четврти пат по ред и петти во целата негова политичка кариера – победи на претседателските избори во 1984, 2006, 2011 и 2016. Сопругата на претседателот, Росарио Муриљо, која е потпретседател на Никарагва, ќе се кандидира за втор мандат. Главен ривал на овие избори е Уставно-либералната партија ПЛЦ и нејзиниот кандидат Валтер Еспиноза, актуелен пратеник во Парламентот. Оваа партија имаше широка поддршка пред победата на Ортега на изборите во 2006 година, но изгуби дел од својата популарност поради корупциски скандали и сомнителни политички сојузи на следните избори. На парламентарните избори учествуваат 10 национални и шест регионални партии. Околу 250 меѓународни набљудувачи и 40 странски новинари од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка, вклучително и делегации од Русија и Абхазија, ќе ги набљудуваат изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-izbira-pretsedatel-i-parlament/feed/ 0
Најмалку две жртви во несреќата во рудник за злато во Никарагва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-nesrekjata-vo-rudnik-za-zlato-vo-nikaragva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-nesrekjata-vo-rudnik-za-zlato-vo-nikaragva/#respond Sun, 06 Dec 2020 09:26:49 +0000 https://kurir.mk/?p=439461

Спасувачки екипи извлекоа тела на двајца рудари од рудник за злато во Никарагва, во близина на границата со Костарика, а потрагата продолжува по уште 13 рудари кои се водат како исчезнати. Спасувачките екипи извлекоа тела на двајца рудари на возраст од 20 и 28 години, а потрагата продолжува по останатите 10 до 15 рудари кои биле затрупани кога врз нив се урнал свод на тунел во нерегистриран рудник за злато. Според локалниот функционер Џони Гутјереш, во операцијата за спасување учествуваат селани, војници, полицајци и пожарникари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-nesrekjata-vo-rudnik-za-zlato-vo-nikaragva/feed/ 0
Конгресот на Никарагва го изгласа спорниот закон против лажни вести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-nikaragva-go-izglasa-sporniot-zakon-protiv-lazni-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-nikaragva-go-izglasa-sporniot-zakon-protiv-lazni-vesti/#respond Wed, 28 Oct 2020 07:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=421488

Конгресот на Никарагва вчера со големо мнозинство го усвои законот, со кој се регулира тоа што може да се објави на социјалните мрежи и во вестите, а критичарите го осудија како дрзок обид на претседателот Даниел Ортега за задушување на опозицијата. Според така наречениот закон за киберкриминал можат да се изречат затворски казни до четири години за сите кои би биле прогласени за виновни за објавување на лажни вести на социјалните мрежи или во вестите. Лицата кои би откриле податоци неодобрени од Владата се соочуваат со затворска казна од четири до шест години, додека за луѓето кои ќе откријата информации што ја загрозува националната безбедност предвидена е казна затвор и до осум години. Се очекува Ортега да го потврди законот. за кој гласаа 70 од 91 претставник во Конгресот. Изгласувањето на законот предизвика критики од опозицијата и медиумските организации, оценувајќи дека со таков закон се криминализира новинарството. Додека приврзаниците на Ортега во Конгресот сметаат дека со законот се регулираат кибер, сексуалните и финансиските злосторства, како и ширењето на лажни информации. Тие тврдат дека слободата на изразување е регулирана со Уставот на Никарагва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-nikaragva-go-izglasa-sporniot-zakon-protiv-lazni-vesti/feed/ 0
ФОТО: Нова бубачка го доби името Лејди Гага https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-nova-bubachka-go-dobi-imeto-lejdi-gaga/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-nova-bubachka-go-dobi-imeto-lejdi-gaga/#respond Wed, 11 Mar 2020 08:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=314918

Необичниот, „шарен“ и разнолик стил на поп-пејачката Лејди Гага ги поттикна научниците еден новооткриен вид инсекти да го именуваат по неа. Се работи за бубачката kaikaia gaga, којашто беше откриена на тихоокеанскиот брег на Никарагва. Истражувачката мисија ја предводеле проф. Брендан Морис од Универзитеот на Илиноис и ентомологот Кристофер Дитрих од Природонаучниот центар за истражувања на оваа американска сојузна држава. – Ако треба да има и „Лејди Гага“ бубачка, тоа ќе биде необичен мембрацид, меѓу другото и поради „урнебесните“ рокчиња. Тие имаат свој специфичен стил околу нив… И тоа ги прави уникатни, изјави проф. Морис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-nova-bubachka-go-dobi-imeto-lejdi-gaga/feed/ 0