Нико Беќаровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Aug 2023 11:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нико Беќаровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доктор Беќаровски: Немам дежурство на Токсиколигоја без пациенти на кокаин и вијагра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekarovski-nemam-dezhurstvo-na-toksikoligoja-bez-patsienti-na-kokain-i-vijagra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekarovski-nemam-dezhurstvo-na-toksikoligoja-bez-patsienti-na-kokain-i-vijagra/#respond Sun, 06 Aug 2023 11:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=863879

Докторот Нико Беќаровски на својот фејсбук профил сподели искуства од ноќните дежурства на Универзитетската клиника за токсикологија. -Ако злоупотребата на кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму. Последните 12 месеци немам дежурство без вакви пациенти, најчесто околу 30 години, со црни џипови и секогаш со уште 5-6 испиени најскапи вискија, често зачинети и со вијагра. Грам кока, зависно од квалитетот, е меѓу едно обично и викенд дежурство на лекар. По секое дежурство патот кон дома ме води покрај децата кои питачат на крстосниците и нивните родители кои собираат пластика од контејнерите, напиша Беќаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekarovski-nemam-dezhurstvo-na-toksikoligoja-bez-patsienti-na-kokain-i-vijagra/feed/ 0
Беќаровски: Клинички со директор избран од Влада, а раководители на клиники да бидат вработени со 20 години искуство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekarovski-klinichki-so-direktor-izbran-od-vlada-a-rakovoditeli-na-kliniki-da-bidat-vraboteni-so-20-godini-iskustvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekarovski-klinichki-so-direktor-izbran-od-vlada-a-rakovoditeli-na-kliniki-da-bidat-vraboteni-so-20-godini-iskustvo/#respond Thu, 03 Aug 2023 13:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=863031

Директорот на Клинички центар да го бира Владата, но раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство, истакна денеска на прес-конференција доктор Нико Беќаровски, член на Иницијативниот одбор за формирање синдикат, кој денеска се спои со синдикатот на Клиничкиот центар во докторски одбор „Хипократ“. - Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клинички центар, да, може, нека го бира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се бираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите коишто се на таа клиника. Ние направивме една груба проценка дека само по основ на втор директор којшто постои моментално во клиниките и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување на кадри, нагласи Беќаровски. Според Беќаровски, од „вечерни школи“, резултатот е неквалитетен кадар. - Секој најдобро знае каков персонал му фали. Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, смета Беќаровски. Тој додаде дека огромен е револтот на докторите, затоа што цела одговорност ја носат самите тие. - Во сите овие случаи што беа актуелни, никој не праша дали сестрите дале соодветна терапија, дали болничарот ја однел крвта како што треба и така натаму. Ако нема професионализација, вакви грешки ќе се повторуваат и понатаму, појасни тој, додавајќи дека има клиники што доколку волонтерите се одлучат да ги напуштат, нема да функционираат. Нивниот краен рок за спојување на Клиничкиот центар е 31 декември. Претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски рече дека се согласиле јавно да дадат поддршка на министерот за здравство, Фатмир Меџити, за што побрзо да се врати институцијата Клинички центар со еден директор и еден управен одбор. Во вторникот на прес-конференција, Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за укинувањето на организациските директори во клиниките, потсети дека врши притисок, тоа да биде реалност од 1 јануари 2024 година, доколку може да се постигне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekarovski-klinichki-so-direktor-izbran-od-vlada-a-rakovoditeli-na-kliniki-da-bidat-vraboteni-so-20-godini-iskustvo/feed/ 0
Д-р Беќаровски со реакција за зголемување на платите на функционерите за 78 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekarovski-so-reaktsija-za-zgolemuvane-na-platite-na-funktsionerite-za-78-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekarovski-so-reaktsija-za-zgolemuvane-na-platite-na-funktsionerite-za-78-otsto/#respond Fri, 31 Mar 2023 07:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=818380

Уставниот суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Ова предизвика бројни реакции и незадоволство во јавноста, откако претходно здравствените работници добија ветување за зголемување на платите од 2.000 до 3.000 денари. Со своја реакција се јави и д-р Нико Беќаровска од Клиниката за токсикологија. -Со новото покачување од 78% на сите ФУНКЦИОНЕРСКИ ПЛАТИ, оваа „професија“ дефинитивно станува атрактивна и за луѓето кои навистина ПОШТЕНО би ја работеле. Со новото епохално зголемување на платите на докторите од цели 1,7-2,2 % оваа професија дефинитивно останува атрактивна само за луѓето кои НЕЧЕСНО би ја работеле, напиша д-р Беќаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekarovski-so-reaktsija-za-zgolemuvane-na-platite-na-funktsionerite-za-78-otsto/feed/ 0
Доктор Беќаровски: Бројките на ковид случаи рапидно ќе растат во следните недели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-brojkite-na-kovid-sluchai-rapidno-kje-rastat-vo-slednite-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-brojkite-na-kovid-sluchai-rapidno-kje-rastat-vo-slednite-nedeli/#respond Wed, 29 Jun 2022 06:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=697074

Докторот од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет, Нико Беќаровски објави дека бројките на новозаразени со Ковид-19 ќе се зголемуваат во наредниот период. -Бројките во дневната статистика за Ковид-19 ќе започнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што сепак болниците ќе ни останат полупразни, напиша на Фејсбук доктор Нико Беќаровски. Министерството за здравство вчера информираше дека од направени 1.101 тест,  регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9, Прилеп – 5, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Гостивар, Струга, Ресен и Крушево – по 2, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Дебар – по 1. Од вкупниот број на позитивни (168), регистрирани се 28 реинфекции. Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од: Скопје – 59, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 5, Кавадарци и Штип – по 3, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево и Ресен– по 1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-brojkite-na-kovid-sluchai-rapidno-kje-rastat-vo-slednite-nedeli/feed/ 0
Д-р Нико Беќаровски: Новиот сој на Ковид-19, до 1 јануари ќе се претвори во микронче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-niko-bekjarovski-noviot-soj-na-kovid-19-do-1-januari-kje-se-pretvori-vo-mikronche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-niko-bekjarovski-noviot-soj-na-kovid-19-do-1-januari-kje-se-pretvori-vo-mikronche/#respond Thu, 02 Dec 2021 12:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=603055

По појавата на супермутантот Омикрон кој светот го крена на нозе, д-р Нико Беќаровски смета дека до крајот на годинава, новата варијанта нема да претставува голема опасност, одноно дека вирусот ќе слабее. -ОМИКРОНчето кое деновиве прави МАКРО паника, до 1 јануари да/ЌЕ се претвори во вистинско микронче. (позаразно, ама О или МИКРО летално), стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-niko-bekjarovski-noviot-soj-na-kovid-19-do-1-januari-kje-se-pretvori-vo-mikronche/feed/ 0
Беќаровски: За некои работи навистина се однесуваме како стадо, прегоревме во овој бран со делта сојот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-za-nekoi-raboti-navistina-se-odnesuvame-kako-stado-pregorevme-vo-ovoj-bran-so-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-za-nekoi-raboti-navistina-se-odnesuvame-kako-stado-pregorevme-vo-ovoj-bran-so-delta-sojot/#respond Tue, 09 Nov 2021 10:03:40 +0000 https://kurir.mk/?p=593049

„Уште во јуни апелирав да се вакцинираат, а тие слободно влегуваа, не се вакцинираа, правеа свадби во затворено. И веќе прегоревме во овој бран со делта сојот“ - изјави д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во гостувањето во „Утрински брифинг“. Тој, набројувајќи ги земјите од региот како Хрватска и Србија, и објаснувајќи го нивниот начин на внимателно избирање на мерките за заштита од Ковид-19 за време на летната сезона, се обиде да ги наброи нашите грешки, кои резултираат со голем раст на новозаболени овој период, иако предвидувањата на експертите се дека, не очекуваат уште потешки ковид-сценарија во Македонија. „Човек кој има пиљара кашла, се тестира позитивен и целата неговата фамилија е позитивна. Но не може да ја затвори пиљарата, зошто му е извор на егзистенција. Оди на лекар и не кажува дека е болен. Тоа се луѓе кои системот не ги регистрира како ковид позитивни“, вели д-р Беќаровски. Докторот во своето гостување, говорејќи за пандемијата, голем дел посвети објаснувајќи ги причините зошто сме далеку од имунитет на стадо, или познато како колективен имунитет. „За некои работи навистина се однесуваме како стадо. Сабота недела гледаме шпанско, италијанско, англиско превенство, преполни стадиони, а таму смртноста е помала поради добро спроведена вакцинација. Кај нас е поголема, а причината е многу едноставна, прво кога дојдоа вакцините сите прашувавме за нејзината ефикасност“ - изјави д-р Беќаровски. Дополнително, во своето гостување предвиде и тој, исто како и другите експерти дека бројките на новозаразени ќе растат, а кластерите од политичките митинзи ќе резултираат за 15 денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-za-nekoi-raboti-navistina-se-odnesuvame-kako-stado-pregorevme-vo-ovoj-bran-so-delta-sojot/feed/ 0
Беќаровски: Македонија и по година ипол нема протокол за лекување на Ковид пациенти за матичните лекари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-makedonija-i-po-godina-ipol-nema-protokol-za-lekuvanje-na-kovid-pacienti-za-matichnite-lekari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-makedonija-i-po-godina-ipol-nema-protokol-za-lekuvanje-na-kovid-pacienti-za-matichnite-lekari/#respond Fri, 24 Sep 2021 18:37:39 +0000 https://kurir.mk/?p=567881

Македонија и по година ипол нема донесено протокол за лекување на Ковид пациенти за матичните лекари. Таков протокол има само за болниците, рече вечерва при своето гостување на Канал 5 телевизија доктор Нико Беќаровски. -Јасно им е кажано на матичните лекари дека во првите пет дена од заразувањето, не смее да си играат со Сумамед и дупли дози. Кај нас секој матичен лекар води своја политика. Некој дава антибиотик, некој ги тера на енормни токсични дози на витамини. А, првите пет дена ни се клучни. Понтаму, требаше да се направи Ковид центар во секој здравствен дом каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка. А, не да одат во болниците на преглед. Проблемот е што ние не направиме протокол за матичните лекари. А, и нив ќе им биде полесно ако имаат точни насоки. И тие ќе беа заштитени. Лутаат и тие и пациентите им вршат притисок. Ќе слушне дека комшијата испил шест Сумамеди и му било подобро и инсистира да му биде и него препишано, вели Беќаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-makedonija-i-po-godina-ipol-nema-protokol-za-lekuvanje-na-kovid-pacienti-za-matichnite-lekari/feed/ 0
Доктор Беќаровски: Со толку доктори во советничките листи, ќе може да се направи мини општинска поликлиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-so-tolku-doktori-vo-sovetnichkite-listi-kje-moze-da-se-napravi-mini-opshtinska-poliklinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-so-tolku-doktori-vo-sovetnichkite-listi-kje-moze-da-se-napravi-mini-opshtinska-poliklinika/#respond Wed, 15 Sep 2021 07:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=563809

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски со најновиот пост на неговиот Фејсбук профил даде предлог до сите негови колеги доктори кои се на советничките листи. „Со толку многу мои колеги доктори во сите советнички листи, во секој општински совет ќе може да направите МИНИ ОПШТИНСКА ПОЛИКЛИНИКА. Барем воведете и ден кога во општинските згради ќе има бесплатен консултативен преглед за граѓаните од Општината. Да имаат некаков бенефит и тие“, напиша д-р Беќаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-so-tolku-doktori-vo-sovetnichkite-listi-kje-moze-da-se-napravi-mini-opshtinska-poliklinika/feed/ 0
Доктор Беќаровски: Присуството на цивилни невработени лица во ковид-центрите е злодело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-prisustvoto-na-civilni-nevraboteni-lica-vo-kovid-centrite-e-zlodelo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-prisustvoto-na-civilni-nevraboteni-lica-vo-kovid-centrite-e-zlodelo/#respond Fri, 10 Sep 2021 07:19:37 +0000 https://kurir.mk/?p=561834

Доктор Нико Беќаровски преку неговиот Фејсбук профил порача дека казната за присуство на цивилни лица во ковид-центар не може да биде само разрешување на надлежните. „Континуирано присуство на цивилни невработени внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница“, напиша Беќаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-prisustvoto-na-civilni-nevraboteni-lica-vo-kovid-centrite-e-zlodelo/feed/ 0
Беќаровски: До 2000 новозаразени лица ќе имаме на дневно ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-do-2000-novozarazeni-lica-kje-imame-na-dnevno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-do-2000-novozarazeni-lica-kje-imame-na-dnevno-nivo/#respond Tue, 24 Aug 2021 20:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=554688

Тоа што ни се случува денес во смисла на починати е одраз на тоа што ни се случува во изминатите денови. Ни се случува голема смртност, тука нема збор, ја надминуваме горната граница, вели доктор Нико Беќаровски во Тема на денот на ТВ Сител. Според него, овој сој почесто започнува како пролив и течна столица. -И тука веднаш почнуваат со антибиотици, а нападнат е дигестивниот систем од вирусот. Наместо пробиотици, ние даваме антибиотици. Кога ќе се качи температурата на 37,1, сите веднаш даваат парацетамоли, аспирини, кетонали. Треба да оставиме малку организмот сам да се бори. Сепак одиме со погрешна стратегија. Луѓето не се виновни, тие се исплашени, се зема се што треба и не треба. Мора да имаме јасни протоколи, појаснува Беќаровски. Тој информира дека стануваме земја со се повеќе коморбидитети, кои се поизразени од другите земји. -Ако прошетавте летово по охридските плажи, ретко ќе видевте некој со нормална тежина, ако зборуваме за коморбидитет дебелина. Таа со себе носи дијабетис и хипертензија, додава Беќаровски. За овој четврт бран на корона, докторот вели дека ќе биде побурен, но помалку ќе трае. -Ќе имаме до кај 2000 новозаразени на дневно ниво, но ако имаме толку детектирани, вистинските бројки се 6000 заразени, појаснува Беќаровски, заклучувајќи дека доколку се укаже потреба, би примил и трета доза на вакцина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekjarovski-do-2000-novozarazeni-lica-kje-imame-na-dnevno-nivo/feed/ 0