Нико Ковач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 21:09:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нико Ковач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нико Ковач го презема Волзбург https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-go-prezema-volzburg/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-go-prezema-volzburg/#respond Thu, 19 May 2022 21:09:46 +0000 https://kurir.mk/?p=679249

Хрватскиот фудбалски тренер Нико Ковач е на добар пат да договори нов клупски ангажман и тоа на познато место. Имено како што пренесуваат германските медиуми Ковач ќе го преземе бундеслигашот Волфзбург кој се раздели со тренерот по завршувањето на оваа сезона. Нико одлично го водеше Ајнтрахт Франкфурт, потоа имаше епизода и во Баерн Минхен, плус долги години како играч настапуваше во Германија, па одлично го познава фудбалот и состојбите во истиот. Последен клуб на Хрватот беше Монако, претходно освен во Ајнтрахт и Баерн беше селектор на „коцкестите“ на надежите до 21 година и сениорите, плус работеше во академијата на РБ Салцбург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-go-prezema-volzburg/feed/ 0
Нико Ковач прв кандидат за тренер на Херта https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-prv-kandidat-za-trener-na-herta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-prv-kandidat-za-trener-na-herta/#respond Sun, 13 Mar 2022 18:37:31 +0000 https://kurir.mk/?p=646483

Берлинска Херта го раскина договорот со тренерот Тајфун Коркут по петтиoт последовен пораз во Бундеслигата. Коркут ја презеде функцијата во ноември, кога го наследи Пал Дардаи, но не успеа да направи резултатски пресврт за Херта, која по саботниот пораз од Борусија Менхенгладбах со 0:2 падна на 17. место на табелата со 23 бода. Хрватскиот стратег Нико Ковач е прв кандидат за преземање на кормилото на Херта. Спортскиот директор на клубот Фреди Бобиќ сакал да го врати Ковач во клубот и во декември минатата година, кога беше тренер на Монако. Нико Ковач изрази желба да се врати во германската лига каде ги предводеше предводеше Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-prv-kandidat-za-trener-na-herta/feed/ 0
Монако му врачи отказ на тренерот Ковач https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/monako-mu-vrachi-otkaz-na-trenerot-kovach/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/monako-mu-vrachi-otkaz-na-trenerot-kovach/#respond Thu, 30 Dec 2021 21:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=615110

Францускиот фудбалски прволигаш објави вечерва дека ја раскина соработката со тренерот Нико Ковач. Хрватскиот стратег седна на клупата на Монако минатото лето кога дојде од редовите на Баерн Минхен. Ковач го остава Монако шестопласиран во тековната сезона во француското првенство со 29 бодови, 17 помалку од водечкиот ПСЖ, но само четири помалку од второпласираната Ница. По елиминацијата во квалификациите во Лигата на шампиони, Монако продолжи во Лига Европа и со ефект од три победи и три нерешени ја мина групната фаза и избори пласман во осминафиналето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/monako-mu-vrachi-otkaz-na-trenerot-kovach/feed/ 0
Ковач пред отказ во Монако https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-pred-otkaz-vo-monako/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-pred-otkaz-vo-monako/#respond Wed, 29 Dec 2021 08:38:55 +0000 https://kurir.mk/?p=614368

Хрватскиот фудбалски стручњак, Нико Ковач може да го напушти Монако оваа зима. Според „Л’Екип“, причина за евентуалниот отказ може да биде недостатокот на напредок во тимот, како и се позаладениот однос помеѓу тренерот и играчите. Сепак, одлуката може да биде одложена до крајот на сезоната. Оваа сезона Монако има постигнато 29 поени на 19 првенствени натпревари во Франција, а исто така се пласираше во плејофот во Лига Европа како првопласиран во својата група. Да потсетиме дека Ковач стана тренер на АС Монако летото 2020 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-pred-otkaz-vo-monako/feed/ 0
Ковач: Го добивме натпреварот против расизмот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-go-dobivme-natprevarot-protiv-rasizmot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-go-dobivme-natprevarot-protiv-rasizmot/#respond Wed, 04 Aug 2021 06:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=545903

Тренерот на Монако, Нико Ковач, го осуди расистичкиот инцидент на квалификацискиот натпревар од Лигата на шампионите против Спарта (2:0). Навивачите на чешкиот клуб упатија мајмунски крици кон средниот бек на гостите Аурелиен Тшуамени. Поради ова, играта беше прекината. – Го добивме натпреварот, но овој инцидент неизбежно привлекува внимание. Разочарани сме што вакви работи се случуваат во 21 век на фудбалскиот терен и во општеството. Сите сме еднакви, тука сме да играме фудбал. Морам да кажам дека сум горд на моите играчи, бидејќи реагираа правилно. Моите играчи беа многу тажни поради ова, но јас им реков: „Тука сте да играте фудбал. Знам дека сте вознемирени и разбирам дека е многу тешко да се разбере како е можно ова, но мора да продолжиме“. Го добивме нашиот натпревар на теренот и натпреварот против расизмот. Мислам дека тоа беше најважната порака вечерва. Важно е да се потенцира дека ова е мал дел од навивачите, малцинство, кое е виновно за она што се случи, истакна Ковач. Првиот гол за Монако го постигна токму Тшуамени. Реваншот ќе се одигра на 10 август во Монако.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-go-dobivme-natprevarot-protiv-rasizmot/feed/ 0
Нико Ковач: Одбраната освојува титули https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-odbranata-osvojuva-tituli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-odbranata-osvojuva-tituli/#respond Sun, 02 Aug 2020 13:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=385210

Новиот тренер на Монако ги објасни принципите врз кои ќе работи во клубот. Тој беше назначен на 19 јули, потпишувајќи 3-годишен договор со францускиот тим. 48-годишниот Хрват помина повеќе од половина година без работа, откако беше отпуштен од Баерн по лошиот старт на сезоната. – Верувам во едно правило: напаѓачите освојуваат натпревари, одбраната освојува титулите. Видов дека Монако минатата сезона примил 44 голови, и тоа на 28 натпревари. Ремс, кој заврши на шестото место, прими само 21 гол. Тоа е важен елемент и зависи од сите играчи. Покрај тоа, сакаме да играме офанзивно, со агресија и брзина. Јас не сум тренер што стои настрана и гледа. Фудбалот е мојата страст и без страст не се постигнува ништо. Јас се обидувам да бидам близу до играчите, не сакам да се плашат од мене. Не сме пријатели, но мора да имаме добри односи, вели тој во интервју за „Екип“. Хрватот призна дека ќе му треба време да ја наметне својата филозофија. – Потпишав за три години, спортскиот директор Пол Мичел на четири. Ова го демонстрира процесот. Не можете да направите сè за еден ден. Знам дека не добивате време во фудбалот, но во нашиот случај го имаме и ќе покажеме дека ова е вистинскиот начин, посочи Хрватот. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-odbranata-osvojuva-tituli/feed/ 0
Ковач по ремито со Ливерпул: Одигравме одлично во одбраната https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-po-remito-so-liverpul-odigravme-odlichno-vo-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-po-remito-so-liverpul-odigravme-odlichno-vo-odbranata/#respond Wed, 20 Feb 2019 07:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=165854

Тренерот на Баерн Минхен забележа дека неговиот тим одиграл добро технички и тактички синоќа против Ливерпул во првиот дуел од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите која заврши без голови 0:0. – Нема многу екипи кои тука не примиле гол и не изгубиле. Ние му дозволивме на противникот да создаде ограничен број шанси поени, што покажува дека ние игравме многу добро тактички и технички, изјави Ковач. На ова ниво, најмалите детали одлучуваат сè, па мора да почекате реванш. Неопходно е да продолжиме да работиме напорно и да се подготвите со концентрација за средбата на наш терен. Игравме одлично во одбраната, иако во одредени ситуации можевме да дејствуваме ефикасно. Знаевме дека нема да ја поседуваме топката 80 отсто од времето тука, но во нападот имавме шанса да играме попродуктивно, нагласи тренерот на Баварците. Реваншот е закажан за 13 март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-po-remito-so-liverpul-odigravme-odlichno-vo-odbranata/feed/ 0
Ковач: Го добивме најтешкиот противник https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-go-dobivme-najteshkiot-protivnik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-go-dobivme-najteshkiot-protivnik/#respond Tue, 18 Dec 2018 06:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=141546

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, по добивањето на Ливерпул за ривал во осминафиналето од Лигата на шампионите, рече дека го добиле најтешкиот можен противник. – Најтежок противник. Водечки во Премиер лигата и минатогодишни финалисти во ЛШ. Не очекуваат два исклучително тешки натпревари. Тие се еден од фаворитите за трофејот. Сепак ние сме Баерн. Реваншот е кај нас. Шансите за пласман понатаму ги оценувам со 50:50. Се надевам дека ние ќе поминеме, изјави Ковач. Првиот дуел од осминафиналната пресметка меѓу Ливерпул и Баерн е закажан за 19 февруари на „Енфилд“, реваншот е на 13 март. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-go-dobivme-najteshkiot-protivnik/feed/ 0
Ковач: Да се предадам?! Тој збор го нема во мојот речник https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-da-se-predadam-toj-zbor-go-nema-vo-mojot-rechnik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-da-se-predadam-toj-zbor-go-nema-vo-mojot-rechnik/#respond Mon, 26 Nov 2018 17:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=132246

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач воопшто не размислува за оставка и покрај тоа што во текот на викендот тимот забележа нов неуспех, играјќи 3:3 против претпоследниот во Бундеслигата, Фортуна Дизелдорф. – Не се плашам од разрешување. И јас никогаш не се предавам. Зборот „се предавам“ не е во мојот речник. Кој ме познава, знае дека сум борец, без разлика што се случува, изјави хрватскиот стратег. Во саботата неговата екипа претрпе еден куп критики од претседателот Ули Хенес, а средбата со Бенфика од Лигата на Шампионите утре може да биде последна за Ковач, откако управата веќе објави дека по неа ќе се решава неговата иднина. – Се согласувам со мислењето на Хенес за прикажаното од нас во овој натпревар. Вистина е дека дозволивме голови на начин на кој не требаше. Таквите грешки не треба да се случуваат. Во принцип најтешкиот дел во фудбалот е нападот, додека одбраната е релативно најлесната работа. Во Дортмунд ја изгубивме борбата во центарот, а Фортуна не „фати“ на контранапад, иако ние водевме во резултатот, рече уште Ковач.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovach-da-se-predadam-toj-zbor-go-nema-vo-mojot-rechnik/feed/ 0
Сериозни проблеми за Ковач пред мечот со АЕК во ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seriozni-problemi-za-kovach-pred-mechot-so-aek-vo-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seriozni-problemi-za-kovach-pred-mechot-so-aek-vo-lsh/#respond Tue, 06 Nov 2018 18:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=124389

Баерн Минхен ќе игра без ветеранот Арјен Робен во натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против АЕК, изјави тренерот на баварците, Нико Ковач. – Робен нема да биде на линија за утрешниот натпревар, додека Хамес Родригез има проблем со мускулот на ногата и треба да почекаме за да дознаеме дали ќе биде во составот, прокоментира Ковач пред медиумите денеска. Робен има проблем во коленото и се приклучи на соиграчите Кингсли Коман и Корентен Толисо, кои исто така го пропуштаат дуелот на „Алијанц Арена“. Баерн ќе се пласира во осминафиналето на турнирот, ако го победи АЕК и во другиот натпревар од истата група, Ајакс победи против Бенфика. – Се чувствуваме уверени, атмосферата во тимот е добра, најважно е што ќе се случи на натпреварот утре, рече уште Нико Ковач.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seriozni-problemi-za-kovach-pred-mechot-so-aek-vo-lsh/feed/ 0