Нико Пелеши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 09:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нико Пелеши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пелеши: Сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ испорачуваат слики четири пати неделно https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-satelitite-albanija-1-i-albanija-2-isporachuvaat-sliki-chetiri-pati-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-satelitite-albanija-1-i-albanija-2-isporachuvaat-sliki-chetiri-pati-nedelno/#respond Mon, 27 Mar 2023 09:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=816844

По лансирањето на сателитите „Албанија 1" и „Албанија 2" најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, изјави албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши. Додаде дека тие може да дадат информации и за приватни компании кои ќе покажат интерес. - Откако ќе ја изградиме процедурата, можеме да сателитите да ги отвориме за користење на заинтересирани приватни инвеститори. Најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, посочи тој Пелеши. Сателити кои Албанија ја чинеа шест милиони долари беа лансирани на 3 јануари годинава од базата Кејп Канаверал на Флорида како дел од мисијата „Транспортер-6“ на американската компанија Спејс Икс. -Албанија сега има повеќе високотехнолошки способности за контрола, заштита и управување со својата територија, обезбедувајќи витални податоци во реално време за голем број клучни аспекти за одржлив развој, оцени премиерот Еди Рама соопштувајќи ја веста. „Сателитите се ставени на располагање на институциите кои вршат задачи поврзани со територија, вода, шуми, пожари, урбан отпад или земјоделско производство. Имаме специјализирана екипа која ги обработува добиените слики. Ќе биде зголемен бројот на вработени, но и нивните месечни примања“, нагласи Пелеши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-satelitite-albanija-1-i-albanija-2-isporachuvaat-sliki-chetiri-pati-nedelno/feed/ 0
Пелеши: Албанија го охрабрува дијалогот за решавање на проблемите во северниот дел на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-albanija-go-ohrabruva-dijalogot-za-reshavanje-na-problemite-vo-severniot-del-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-albanija-go-ohrabruva-dijalogot-za-reshavanje-na-problemite-vo-severniot-del-na-kosovo/#respond Tue, 15 Nov 2022 19:27:00 +0000 https://kurir.mk/?p=761254

Албанија охрабрува дијалог за решавање на проблемот во северниот дел на Косово, изјави денеска министерот за одбрана Нико Пелеши. Според него Косово е целосно во  право кога бара реципроцитет со Србија. -Мојот коментар е на албанската Влада, премиерот јавно го соопшти. Ние сме за решение преку дијалог, затоа го поттикнуваме дијалогот. Се разбира, Косово е во рамките на своето право да бара реципроцитет, да бара спроведување на законитоста на целата своја територија. Косово е независна држава, има свој неприкосновен суверенитет, очигледно, но само дијалогот е тој што ќе ги реши сите прашања меѓу нашите земји кон единствената дестинација на Западен Балкан, а тоа е интеграцијата во евроатлантските структури, рече Пелеши. Тој исто така додаде дека интеграцијата во ЕУ е аспирација на шесте земји од Западен Балкан. – Ние сме три од шесте земји од Западен Балкан кои завршија половина пат, така што сме членки на НАТО, но сè уште сме на нашиот пат кон ЕУ. Србија има различна агенда од нас во однос на интеграцијата во НАТО, но сите други земји на патот кон НАТО имаат своја дестинација и три од нив пристигнаа. Затоа го охрабруваме дијалогот, седнувањето на маса. Дијалогот трае веќе неколку години. Добро е сите достигнувања да се чуваат и се надградуваат, оценува тој. Зборувајќи за ситуацијата во Украина и случувањата во Г20, Пелеши нагласи дека утре се состанува Контакт групата под раководство на американскиот секретар за одбрана, каде што учествуваат 55 земји кои се за мир и против војната на Русија. -Оваа војна не требаше да почне, но сега мора да заврши што е можно поскоро, бидејќи тоа е војна која е опасност и ја наруши и геополитичката рамнотежи. Го доведе светот во нова геополитика. Ја потресе светската економија. Инфлација има и кај нас, иако пониска во споредба со другите земји, истакна Пелеши за време на посетата на Корча. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-albanija-go-ohrabruva-dijalogot-za-reshavanje-na-problemite-vo-severniot-del-na-kosovo/feed/ 0
Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши во официјална посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-minister-za-odbrana-niko-peleshi-vo-oficijalna-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-minister-za-odbrana-niko-peleshi-vo-oficijalna-poseta-na-makedonija/#respond Fri, 05 Nov 2021 06:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=591119

Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Пелеши ќе биде пречекан од министерката Радмила Шекеринска, а по официјалната церемонија со највисоки воени почести, ќе се реализира тет-а-тет средба на двајцата министри и средба на двете делегации. Двајцата соговорници ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, за улогата на двете земји-членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност, како и за унапредување на колективната одбрана во рамки на Алијансата. Северна Македонија и Албанија, како што наведуваат од Министерството за одбрана, имаат одлични билатерални одбранбени односи, соработуваат на регионално ниво и се сојузници во рамки на НАТО – Алијансата. Албанската делегација ќе биде примена и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на државата Стево Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-minister-za-odbrana-niko-peleshi-vo-oficijalna-poseta-na-makedonija/feed/ 0