Никол Пашинјан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 16:47:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никол Пашинјан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пашинјан: Азербејџан сака да ја вовлече Ерменија во воени операции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-azerbejdhan-saka-da-ja-vovleche-ermenija-vo-voeni-operatsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-azerbejdhan-saka-da-ja-vovleche-ermenija-vo-voeni-operatsii/#respond Thu, 21 Sep 2023 16:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=880424

Воспоставувањето на прекин на огнот во Нагорно Карабах не значи дека Азербејџан повеќе не сака да ја вклучува Ерменија во воени операции, предупреди денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан. Тој оцени дека една од целите на азербејџанскиот напад во Нагорно Карабах е да се вклучи Ерменија во воени операции, но и да се создаде хаос во Ерменија. -Фактот што е воспоставен прекин на огнот во Нагорно-Карабах не значи дека ова прашање повеќе не е на дневен ред на оние кои го ставија на дневен ред, рече Пашинјан, пренесе Арменпрес. Премиерот нагласи дека Ерменија не била вклучена и не учествувала во преговорите за условите за прекин на огнот. -Бевме свесни дека се одвива таков процес, но немавме учество. Јас, исто така, ја изразив мојата конфузија со овој процес и спомнувањето на повлекувањето на единиците на вооружените сили на Ерменија од Нагорно-Карабах, иако постојано сме кажале дека Ерменија нема војска во Нагорно-Карабах, посочи Пашинјан. Според него, единиците на одбранбената армија на Нагорно Карабах се распоредени на истите позиции каде што биле стационирани во моментот на стапување на сила на прекинот на огнот. -Според информациите што ги имаме во моментов, единиците на армијата се уште се на истите локации каде што беа позиционирани во моментот на прекинот на огнот. Истото важи и за азербејџанската армија, рече Пашинјан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-azerbejdhan-saka-da-ja-vovleche-ermenija-vo-voeni-operatsii/feed/ 0
Пашинјан се согласи да се сретне со Алиев во Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-se-soglasi-da-se-sretne-so-aliev-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-se-soglasi-da-se-sretne-so-aliev-vo-moskva/#respond Thu, 18 May 2023 14:10:51 +0000 https://kurir.mk/?p=835949

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека се согласил да се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 25 мај во Москва. Разговорите ќе се одржат со посредство на рускиот претседател Владимир Путин во услови на тензии меѓу двете кавкаски земји. „Добивме предлог од Русија да организираме трилатералеа состанок на највисоко ниво на 25 мај, со посредство на рускиот претседател. Го прифативме предлогот“, рече Пашинјан на седницата на Владата. Азербејџанскиот претседател се уште не го потврдил своето присуство. Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан утре треба да се сретнат во Москва во рамки на мировните преговори. Земјите имаат несогласување за контрола на Нагорно-Карабах,територија во која главно живеат Ерменци и која се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна која однесе 30.000 животи во 90-тите години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-se-soglasi-da-se-sretne-so-aliev-vo-moskva/feed/ 0
Ерменскиот премиер побара прошка поради грешките на власта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenskiot-premier-pobara-proshka-poradi-greshkite-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenskiot-premier-pobara-proshka-poradi-greshkite-na-vlasta/#respond Mon, 01 Mar 2021 19:17:12 +0000 https://kurir.mk/?p=475740

Ерменскиот премиер Никол Пашињан побара денеска, на собирот на своите приврзаници во центарот на Ереван, прошка за сите грешки на актуелната власт, додека истовремено во друг дел од градот е одржан и митинг на опозицијата. -За 30 години независност ги направивме сите можни грешки. Во последните две години и десет месеци, по револуцијата, исто така се направени сите можни грешки, истакна Пашињан, обраќајќи им се на учесниците на митингот. Собирот започнал со химната на Ерменија и со едноминутно молчење за загинатите во одбраната на Нагорно-Карабах. Тој ги обвини претходните власти, меѓу другото и поранешниот претседател Серж Саркисјан, за вршење влијание врз генералите. Како што нагласи, во март 2008 година извадена е војската против сопствениот народ, и сега се обидуваат да го направат истото. Пашињан изрази подготвеност за распишување вонредни парламентарни избори и референдум за нов Устав, со кој од парламентарен систем би се преминало на полупретседателски. Политичките тензии во Ерменија се зголемија откако Пашињан го отпушти заменик началникот на Генералштабот на армијата, кој се потсмевал на тврдењата на премиерот дека само 10 отсто од руските ракети „Искандер“, кои Ерменија ги користела во судирот, експлодирале при ударот. Минатата недела руското Министерство за одбрана му забележа на ерменскиот лидер поради критиките упатени за ракетите „Искандер“, кои војската ги фали како врвно оружје со висока прецизност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenskiot-premier-pobara-proshka-poradi-greshkite-na-vlasta/feed/ 0
Пашинјан подготвен за избори, но под одредени услови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-podgotven-za-izbori-no-pod-odredeni-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-podgotven-za-izbori-no-pod-odredeni-uslovi/#respond Mon, 01 Mar 2021 17:33:57 +0000 https://kurir.mk/?p=475684

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан денеска изјави дека е подготвен да распише вонредни парламентарни избори, доколку опозицијата се согласи на одредени услови.
Пашинјан предложи и одржување референдум за усвојување на новиот Устав во октомври оваа година, објави агенцијата РИА. Ерменскиот премиер се соочува со протести и политичка криза откако армијата побара негова оставка, што Пашинјан ја нарече обид за државен удар. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-podgotven-za-izbori-no-pod-odredeni-uslovi/feed/ 0
Претседателот на Ерменија повика на одржување вонредни предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-ermenija-povika-na-odrzuvanje-vonredni-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-ermenija-povika-na-odrzuvanje-vonredni-predvremeni-izbori/#respond Tue, 17 Nov 2020 06:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=430444

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан ги повика Владата и националното собрание да се подготват за одржување предвремени парламентарни избори. Според него, Ерменија изгубила во војната што и била наметната – и на бојното поле и на дипломатското по.ле. Тој истакна дека земјата повеќе не е иста како на 26 септември, па дури и на 8 ноември, односно ден пред крајот на војната, пренесува Танјуг. Сарксијан рече дека во изминатите денови имал повеќе состаноци со парламентарни и вонпарламентарни сили, јавни групи и поединци и дека разговарал со претставници на дијаспората. Тој истакна дека апсолутното мнозинство учесници на состаноците се согласуваат за една работа – дека е неопходна оставка на владата или укинување на нејзините овластувања, како и одржување на предвремени парламентарни избори. Протести се одржуваат во Ерменија од 10 ноември, откако премиерот Никол Пашињан потпиша декларација за прекин на огнот со Азербејџан и Русија во Нагорно Карабах, област во Азербејџан со мнозинско ерменско население. Демонстрантите сметаат дека договорот е предавство и бараат Пашињан да поднесе оставка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-ermenija-povika-na-odrzuvanje-vonredni-predvremeni-izbori/feed/ 0
Пашињан: Азербејџан има намера целосно да го окупира Нагорно Карабах https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pashinjan-azerbejdzan-ima-namera-celosno-da-go-okupira-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pashinjan-azerbejdzan-ima-namera-celosno-da-go-okupira-nagorno-karabah/#respond Wed, 14 Oct 2020 13:30:26 +0000 https://kurir.mk/?p=416361

Ерменскиот премиер Никол Пашињан денеска изјави дека Азербејџан има намера целосно да ја окупира територијата на Нагорно Карабах и ситуацијата во зоната на конфликтот ја опиша како многу тешка. Пашињан рече дека Азербејџан и Турција не сакаат да ја запрат агресијата. Нагорно Карабах е планинска област која е формално дел од Азербејџан, но е населена претежно со Ерменци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pashinjan-azerbejdzan-ima-namera-celosno-da-go-okupira-nagorno-karabah/feed/ 0
Лидерот на ерменската опозицијата: Подготвен сум да ја водам државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-ermenskata-opozicijata-podgotven-sum-da-ja-vodam-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-ermenskata-opozicijata-podgotven-sum-da-ja-vodam-drzavata/#respond Wed, 25 Apr 2018 08:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=45734

Лидерот на ерменската опозиција Никол Пашинјан (42) изрази подготвеност да ја води државата, ден по оставката на премиерот Серж Саргасјан по 11 дена протести на опозицијата. - Да, ние сме подготвени да ја водиме земјата. Ако народот ми довери одговорност, подготвен сум, изјави Пашинјан. Саргасјан вечера поденесе оставка од местото премиер по протестите против неговото именување за таа функција. Саргасјан, кој беше претседател на Ерменија од 2008 година до март оваа година, по истекувањето на претседателскиот мандат, неодамна беше именуван за премиер по новиот парламентарен систем, според кој, претседателските овластувања се ослабуваат во корист на владата, односно премиерот. Опозицијата тоа го сметаше како потег кој ќе му овозможи на поранешниот претседател да остане неограничено на власт. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-ermenskata-opozicijata-podgotven-sum-da-ja-vodam-drzavata/feed/ 0