никола бадев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Sep 2023 10:51:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола бадев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Тивко пееше, далеку се слушаше”, ден посветен на Никола Бадев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tivko-peeshe-daleku-se-slushashe-den-posveten-na-nikola-badev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tivko-peeshe-daleku-se-slushashe-den-posveten-na-nikola-badev/#respond Sat, 09 Sep 2023 10:51:26 +0000 https://kurir.mk/?p=876291

Ден посветен на Никола Бадев се одржа во Кавадарци, во рамки на традиционалната стопанско - културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер". „Тивко пееше, далеку се слушаше", беше речено за Бадев на настанот што го организира кавадаречката „куќа на мирис и вкус". Томе Крстевски, виш кустос етнолог во Музеј галеријата, се осврна на животот и делото на Бадев. - Песната е мојот живот, живеам за неа и преку неа". Ова се зборовите на големиот народен уметник, легендата на македонската изворна народна песна, Бадев. Иако физички веќе не е меѓу нас, Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна, рече Крстевски. Роден бил на 26 октомври 1918 година во кавадаречкото село Глишиќ, место каде што луѓето, како што додаде Крстевски, ги красат питомост, ведрина и надареност за песна и свирка. - Во таа прекрасна средина озарена од сонце и топлина, во милје од бавчанџилак, тутун, гроздобер, афион, свадби, ора, серенади, песнопојни родители, стрини, вујковци, песната ја богатела неговата детска душа, зреел и се формирал уметникот во него, нагласи Крстевски. Во 1948 година, веднаш по аудицијата за млади таленти, Бадев дебитирал на програмата на Радио Скопје, со што започнала неговата блескава кариера како уметник и станал една од легендите меѓу интерпретаторите и афирматорите на македонската народна песна. - Репертоарот на Бадев е обемен и разновиден. За музичката продукција на Радио Скопје, односно МРТВ има снимено над 200 песни со најразлични содржини и околу 100 грамофонски плочи за дискографските куќи од поранешна СФРЈ, како и во земјите во кои живеат македонски иселеници. Со исклучителен сензибилитет ги испеа македонските најлирски песни, не водеше по сокаци, на чардаци, ни пееше за копнежот на вљубените, оживуваше ликови, војводи и народни херои, продре меѓу народот со својот кадифен глас, нагласи Крстевски. Ја обиколил земјата и светот многу пати. - Беше вистински народен пејач, национално име, ја имаше таа сила да возбуди и расплаче со интерпретацијата на македонските песни, вистински мали химни од мерак, љубов, елегија и носталгија. Бадев е исклучитена личност, интерпретатор кој високо ја крена и ја прослави македонската народна песна и со тоа, остави неизбришливи траги во македонското културно наследство. Испеаните песни се молитва и огледало на неговата душа, рече Крстевски. Бадев починал во Скопје на 25 септември 1976 година, на 58-годишна возраст. Крстевски потсети дека на 26 октомври 2018 година, кога се навршија 100 години од раѓањето на Бадев, во Музејот на мирис и вкус беше свечено отворена спомен соба посветена на овој великан. Во собата се експонирани лични предмети на Бадев, фотографии од неговите турнеи низ целиот свет, плочи, народни инструменти, награди и негова биста во природна големина, изработена од неговата внука Елена Рафајловска. - На овој начин нашиот град и нашиот музеј му оддаваат почит на овој великан и неговото дело. Истовремено ја извршуваме нашата морална и професионална обврска, а тоа е заштита, промоција и афирмација на нашето културно, уметничко, историско и духовно наследство, подвлече етнологот. А Бадев, додаде тој, е несомнено нераскинлив дел од нашето огромно материјално и нематеријално културно богатство, амбасадор на нашата прекрасна македонска народна музика низ целиот свет. - Продолжуваме и понатаму со афирмација на нашиот великан и неговото дело пред посетители од сите страни на светот, но и пренесување континуирано на нашата историја на помладите генерации. Од мое лично име и од името на нашиот музеј, сакам да ја искористам оваа прилика и јавно да се заблагодарам на ќерките на Бадев, Роска и Сузана, кои несебично ги донираа личните предмети на својот татко, на нашиот град и музеј, нагласи Крстевски. Настанот беше збогатен и со музички дел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tivko-peeshe-daleku-se-slushashe-den-posveten-na-nikola-badev/feed/ 0
Концерт во чест на Никола Бадев се одржа во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/koncert-vo-chest-na-nikola-badev-se-odrza-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/koncert-vo-chest-na-nikola-badev-se-odrza-vo-kavadarci/#respond Thu, 27 Oct 2022 08:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=751062

Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци синоќа се одржаа концерт и свечена академија во чест на истакнатиот пејач на македонски народни песни Никола Бадев. Организатор на настанот беше Здружението на пензионери, во чиј состав делува и пејачката група, што го носи името на овој пејач. – Ние групата „Никола Бадев”, гордо го носиме името на еден од најистакнатите македонски пејачи, рече Маријана Пешиќ, новинар иводител на настанот, член на групата. Претседателот на Здружението на пензионери, Бранко Шемов појасни дека на овој начин се одбележуваат 104 години од раѓањето на Бадев, бард и доајен на македонската изворна народна песна. Директорот на Музеј галерија Кавадарци, Томе Крстевски нагласи дека иако од 1976 година физички веќе не е меѓу нас, Никола Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна. – На 26 октомври 2018 година кога се навршија 100 години од раѓањето на Никола Бадев, во Музејот на мирис и вкус беше свечено отворена спомен соба посветена на овој великан, потсети Крстевски. Пред присутните се обратија и ќерките на Бадев, Роска и Сузана. Тие рекоа дека се почестени од еден ваков концерт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/koncert-vo-chest-na-nikola-badev-se-odrza-vo-kavadarci/feed/ 0
СЕЌАВАЊЕ: 46 години од смртта на Никола Бадев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-46-godini-od-smrtta-na-nikola-badev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-46-godini-od-smrtta-na-nikola-badev/#respond Sun, 25 Sep 2022 09:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=737117

Денеска се навршуваат 46 години од смртта на Никола Бадев, потсетува историчарот Петре Камчевски, нагласувајќи дека според многумина, станува збор за бардот на македонската народна песна. Камчевски информира дека во текот на долгата и успешна музичка кариера, Бадев имал снимено повеќе од 400 песни и голем број грамофонски плочи, а реализирал и голем број на концерти и турнеи во поранешна Југославија, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд итн. – Никола Бадев е исклучителна појава помеѓу големиот број на исполнители на македонски народни песни, но никој како него не го долови вистинскиот дух и мелос на македонската изворна народна песна. Со неговото вклучување во ансамблот на Радио Скопје, му се овозможи на овој народен пејач да го изгради и култивира неговиот исклучителен глас. Во ова нешто многу му помогнале етномузикологот Васил Хаџи Манов и Живко Фирфов, со што успеа да ја афирмира и издигне до највисок степен, изворната македонска народна песна и мелос, вели Камчевски. Додава дека Бадев на 10-годишна возраст започнал скришум да свири виолина и дека на почетокот во неговата музичка наобразба му помогнал вујко му. – Никола Бадев бил роден во 1918 година во село Глишиќ, денес приградска населба на Кавадарци. На 10 годишна возраст започнал скришум да свири виолина. Во неговата почетна музичка наобразба многу ми помогнал неговиот вујко Васил Неделков, кој пак самоуко свирел неколку музички инструменти. Уште како млад го сакал спортот, особено фудбалот, а во ФК „Југославија“ играл десно крило. Никола се оженил многу млад, а во бракот со сопругата Милка имал три деца. Веднаш потоа заминал на отслужување на воениот рок каде го затекнала Втората светска војна, раскажува Камчевски. Во септември 1944 година се вклучил во редовите на НО војска, во Втората македонска ударна бригада. По војната завршил курс за медицински техничари и работел во Кавадарци како санитарен инспектор-хигиеничар. – Со својот пријатен мелозвучен глас Никола веќе бил познат во Кавадарци и многумина барале да им пее на многу свадби и веселби. Во 1948 година Никола Бадев победил на Фолклорниот фестивал во Скопје и по препорака на многу негови другари заминал во Скопје. Во почетокот на неговата музичка кариера многу му помогнал Васил Хаџи Манов кој во тоа време работел како музички уредник во Радио Скопје. Својата прва грамофонска плоча Бадев ја снимил во 1952 година за „Југотон“, тоа била песната „Тешка беше нашата разделба, потсетува Камчевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-46-godini-od-smrtta-na-nikola-badev/feed/ 0
Кавадарци одбележува сто и три години од раѓањето на Никола Бадев https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-odbelezuva-sto-i-tri-godini-od-ragjanjeto-na-nikola-badev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-odbelezuva-sto-i-tri-godini-od-ragjanjeto-na-nikola-badev/#respond Tue, 26 Oct 2021 12:19:30 +0000 https://kurir.mk/?p=585821

Кавадарци одбележува сто и три години од раѓањето на Никола Бадев, од Музеј галеријата денеска потсетија на неговата изјава, „Песната е мојот живот, живеам за неа и преку неа“. – Ова се зборовите на големиот народен уметник, легендата на македонската изворна народна песна-Никола Бадев. Иако од 1976 година физички веќе не е меѓу нас, Никола Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна, истакнаа од кавадаречкиот Музеј. Роден бил на денешен ден 1918 година во село Глишиќ – Кавадарци. – Место каде што луѓето ги красат питомост, ведрина и надареност за песна и свирка. Во оваа прекрасна средина од сонце и топлина, бавчанџилак, тутун, гроздобер, афион, свадби, ора, серенади, песнопојни родители, стрини, вујковци, песната ја богатела неговата детска душа, зреел и се оформувал уметникот во него, потсетија од Музеј галеријата. Во 1948 година, веднаш по аудицијата за млади таленти, Бадев дебитирал на програмата на Радио Скопје, со што започнала неговата блескава кариера како уметник и станал една од легендите на интерпретаторите и афирматорите на македонската народна песна. Репертоарот на Никола Бадев е обемен и разновиден. За музичката продукција на Радио Скопје, односно МРТВ има снимено над 200 песни со најразлични содржини и околу 100 грамофонски плочи за дискографските куќи од поранешна СФРЈ, како и во земјите во кои живеат македонски иселеници. – Со исклучителен сензибилитет ги испеа македонските најлирски песни, не водеше по сокаци, на чардаци, ни пееше за копнежот на вљубените, оживуваше ликови, војводи и народни херои, продре меѓу народот со својот кадифен глас. Ја обиколи земјата и светот многу пати, беше вистински народен пејач, национално име, ја имаше таа сила да возбуди и расплаче со интерпретацијата на македонските песни, вистински мали химни од мерак, љубов, елегија и носталгија. Никола Бадев е исклучитена личност, интерпретатор кој високо ја крена и ja прослави македонската народна песна и со тоа остави неизбришливи траги во македонското културно наследство. Испеаните песни се молитва и огледало на неговата душа, рекоа од Музеј галерија Кавадарци. Никола Бадев почина во Скопје на 25 септември 1976 година, на 58 годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-odbelezuva-sto-i-tri-godini-od-ragjanjeto-na-nikola-badev/feed/ 0
Концерт за Никола Бадев во Македонската опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-nikola-badev-vo-makedonskata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-nikola-badev-vo-makedonskata-opera-i-balet/#respond Thu, 15 Nov 2018 08:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=128012

„Есенските музички свечености“, кои презентираат класична музика и, главно, од камерни состави, годинава на програмата имаат и концерт на народна музика. Посветен е на доајенот на изворната песна Никола Бадев и ќе се одржи вечер од 20 часот во Македонската опера и балет. На концертот, насловен „Никола Бадев – 100 години од раѓањето, 70 години во етерот“, ќе настапат: Гоце Цоневски; Круме Спасовски; Ванчо Тарабунов; Душко Георгиевски; Зуица Лазова; Наум Петрески; Виолета Томовска; Александар Тарабунов; Сузана Спасовска; Благоја Грујовски; Добрила Ивановска-Чабриќ; Бубо Каров; Трио „Гранде“; Елена Андонова и Мишко Крстевски, Оркестарот на Ансамблот за народни игри и песни  „Танец“ под раководство на Милан Завков и Изворниот оркестар на „Танец“ под раководство на Бајса Арифовска. Никола Бадев (1918-1976) е меѓу најпознатите пејачи на изворни македонски песни, а бил и собирач на народни песни. Во 1948 година го освоил првото место на Фолклорниот фестивал во Скопје, оставајќи голем впечаток кај етномузикологот Васил Хаџиманов по чија препорака во 1950 година ја почнал професионалната кариера како пејач и инструменталист на тамбура. Набргу станал член на Народниот оркестар, а подоцна бил и негов раководител. Забележан од истакнатите етномузиколози, Бадев за кусо време станал член на Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. За потребите на Радио Скопје, Бадев снимил над 500 песни, меѓу кои најпознати се: „Збогум, мајко, јас отидов“, „Ој, Јано, Јано“, „Параходот ми пристигна“, „Тешка беше нашата разделба“, „Билјана платно белеше“, „До три ми пушки пукнаа“, „Ферман дојде џанам од Стамбола“ итн. За своите 58 години живот станал вистински народен уметник, кој самиот рекол „Песната е мојот живот“ МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-nikola-badev-vo-makedonskata-opera-i-balet/feed/ 0
Спомен соба за Никола Бадев во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spomen-soba-za-nikola-badev-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spomen-soba-za-nikola-badev-vo-kavadarci/#respond Fri, 26 Oct 2018 17:35:08 +0000 https://kurir.mk/?p=119991

Спомен соба за доајенот на македонската народна песна, Никола Бадев, беше отворена вечерва во рамките на новиот музеј во Кавадарци, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Директорката на музеј галеријата, Весна Ѓорѓиева за Бадев рече дека е бардот на македонската изворна народна музика, доајен и легенда, амбасадор на македонската изворна народна песна.

-Никола Бадев е исклучителна личност, интерпретатор кој високо ја крена и ја прослави македонската народна песна и со тоа остави неизбришливи траги во македонското културно наследство. Ја обиколи земјата и светот многу пати, беше вистински народен пејач, национално име, имаше сила да возбуди и расплаче со интерпретацијата на македонските песни, вистински мали химни од мерак, љубов, елегија и носталгија, нагласи Ѓорѓиева.

Таа додаде дека чествувањето е реализирано на иницијатива и во соработка на музејот со градоначалникот Митко Јанчев, локалната самоуправа, Домот на културата, пензионерското здружение, најблиските на Бадев.

-Во Спомен собата се презентирани голем број предмети. Педесет фотографии (семејни, од настапи, гостувања и патувања), лични предмети (бројаници, часовник, копчиња за манжетни и слично), инструменти (гитара, примче), лични документи, постери, плочи (сребрена и златна, награди и признанија) видео ленти, касети, камери, фотоапарати, статуи и бисти, народна носија и слично, кои долги години се грижливо чувани и негувани од страна на неговите ќерки Роска и Сузана Бадеви и се донација на Музеј галеријата и нашиот град за што искрено  им благодариме, рече Ѓорѓиева, упатувајќи благодарност до сите кои дадоа придонес за отворањето на спомен собата, за која нагласи дека е огледало на неговата душа.

-Горди сме што бил дел од нас и ќе остане и во иднина со нас. Тивко пееше-но далеку се слушаше, додаде таа.

Пред присутните се обратија и Сања Крстиќ како претставник на локална самоуправа, како и ќерката на Бадев, Роска.

Песната е мојот живот, живеам за неа и преку неа, се зборовите на Бадев. Иако од 1976 година физички веќе не е меѓу нас, Никола Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна, беше кажано при отворањето на спомен собата. 

Роден бил на 26  октомври 1918 година во селото Глишиќ- Кавадарци. Во 1948 година, веднаш по аудицијата за млади таленти, Бадев дебитирал на програмата на Радио Скопје, со што започнала неговата блескава кариера како уметник и станал една од легендите на интерпретаторите и афирматорите на македонската народна песна.

Репертоарот на Никола Бадев е обемен и разновиден. За музичката продукција на Радио Скопје, односно МРТВ има снимено над 200 песни со најразлични содржини и околу 100 грамофонски плочи за дискографските куќи од поранешна СФРЈ, како и во земјите во кои живеат македонски иселеници.

Со исклучителен сензибилитет ги испеал македонските најлирски песни, пеел по сокаци, на чардаци, пеел за копнежот на вљубените, оживувал ликови, војводи и народни херои, продрел меѓу народот со својот кадифен глас.

Починал во Скопје на 58 годишна возраст.

МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spomen-soba-za-nikola-badev-vo-kavadarci/feed/ 0