никола димитров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 18:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола димитров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димитров: Ни се случува башибозук, чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ni-se-sluchuva-bashibozuk-chuvstvuvam-odgovornost-shto-bev-del-od-taa-ekipa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ni-se-sluchuva-bashibozuk-chuvstvuvam-odgovornost-shto-bev-del-od-taa-ekipa/#respond Mon, 14 Aug 2023 18:17:12 +0000 https://kurir.mk/?p=866705

Ни се случува башибозук, рече вечерва поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој во „Вести плус“ на Канал 5 зборуваше за состојбата во Македонија. Според него, проблемите се огромни, лекови нема, учебници нема, правда нема, а власта зборува само за уставните амандмани. -Системот ни е таков што не сака способни луѓе, се пожали Димитров. „Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа, тоа не е истата екипа од онаа влада во којашто бев, но јас бев на избори, давав изборни ветувања кои се многу далеку од реалност“, рече Димитров. Димитров во однос на ЕУ, рече дека никогаш нема да бидеме зад другите ако си ја работиме работата, ако законот важи за сите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ni-se-sluchuva-bashibozuk-chuvstvuvam-odgovornost-shto-bev-del-od-taa-ekipa/feed/ 0
Димитров: Системот ни се распаѓа пред очи, власта ја оддалечува земјата од европските стандарди и принципи! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-sistemot-ni-se-raspaga-pred-ochi-vlasta-ja-oddalechuva-zemjata-od-evropskite-standardi-i-printsipi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-sistemot-ni-se-raspaga-pred-ochi-vlasta-ja-oddalechuva-zemjata-od-evropskite-standardi-i-printsipi/#respond Mon, 20 Feb 2023 18:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=802855

„Внатрешното владеење до таа мера ни отиде на погрешна страна што ние немаме безбедност да се возиме во автобус, бидејќи нема одговорност. Проструија некои информации во однос со случајот со „Беса Турс“ дали имал лиценца за меѓународен сообраќај, дали бил на технички преглед, каде бил на технички преглед. А, овие прегазувања на пешаци на пешачки премини, е затоа што нема доволно сообраќајна полиција, нема едноставно казнивост. Неказнивоста е присутна“, истакна Никола Димитров во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Димитров посочи дека долгодишната партизација доведе до едно дереџе каде што системот се распаѓа пред очи. И тоа од сообраќај со работење во бизнис, до барање права и услуги од државата, до праќање на деца во училиште, до Фондот и податоци на Фондот. „Ни треба еден поприлично крупен рестарт“, нагласи Димитров. Тој додаде дека во реалноста власта ја оддалечува земјата од Европа, европските стандарди и принципи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-sistemot-ni-se-raspaga-pred-ochi-vlasta-ja-oddalechuva-zemjata-od-evropskite-standardi-i-printsipi/feed/ 0
Димитров: Не е доволно Владата да каже „бараме транспарентност“, мора да испорачаат транспарентност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ne-e-dovolno-vladata-da-kazhe-barame-transparentnost-mora-da-isporachaat-transparentnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ne-e-dovolno-vladata-da-kazhe-barame-transparentnost-mora-da-isporachaat-transparentnost/#respond Mon, 20 Feb 2023 18:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=802852

„Основната функција на Фондот за здравство е загрозена. Да не се излезе во јавност, и да се објасни каде е проблемот, зошто настанал и имало ли грешка можеби, немало ли грешка, кои се обидите сега, како да се справи со ова за да луѓето можат да си добијат рецепти, да си набават лекови, здравствените работници да си добијат плати, тоа е неверојатна брука“, истакна Никола Димитров во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Димитров додаде дека мора да излезе директорот на Фондот за здравство да објасни на јавноста што се случува. „Не е доволно Владата да каже бараме транспарентност, мора да испорачаат транспарентност. Мора да престанеме да зборуваме во идно време, во „ќе“. Туку веднаш на идната владина седница мора да побараат одговорност на директорот. Е, сега каде е тука проблемот? Се нарушува колачот, дали вицепремиерката има поддршка во партијата и кај своите пратеници, и кај коалицијата за овој тип на одговорност. Имаше и некој друг пример, со службени возила искористени во партиски цели. Државни ресурси, одвоеноста на партијата и државата беше проблем. А, тоа се случи во МНР. А, крајниот епилог беше да најдовме, имало таква злоупотреба ама немаме инструмент како да санкционираме. Мора поприлично голем сатар за тоа што се нарекува партиско политички колач“, нагласи Димитров. Тој посочи дека носителите на функции треба да бидат одговорни и отчетни пред граѓаните и порача дека на злоупотребите треба да се стави крај.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ne-e-dovolno-vladata-da-kazhe-barame-transparentnost-mora-da-isporachaat-transparentnost/feed/ 0
Димитров: Бугарија го негира македонскиот идентитет и јазик, уставните измени нека се врзат со влегување на Македонија во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-bugarija-go-negira-makedonskiot-identitet-i-jazik-ustavnite-izmeni-neka-se-vrzat-so-vleguvane-na-makedonija-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-bugarija-go-negira-makedonskiot-identitet-i-jazik-ustavnite-izmeni-neka-se-vrzat-so-vleguvane-na-makedonija-vo-eu/#respond Tue, 31 Jan 2023 19:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=794412

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ Никола Димитров, во вечерашното гостување во Тема на денот на ТВ Сител говорејќи за македонско бугарските односи вели дека во Бугарија има консензус околу негирање на македонскиот јазик и идентитет, додека пак владата на СДСМ е многу мека на овие негирања, односно како што рече има автоцензура и внимава што ќе каже и кој чекор ќе го преземе. Има консензус во Бугарија околу негирањето на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, и ние сме навредени и со право. Но, не беше тоа доволно па уште со вакви имиња на бугарските клубови во Битола и Охрид. А ние сме со автоцензура и внимаваме што ќе кажеме каков чекор ќе направиме, изјави Димитров. Димитров смета дека уставните измени треба да бидат врзани со членство во Европската унија доколку како што рече тој се однесуваме како држава, а не како нечија провинција, истакнувајќи дека недозволиво е од земја членка на ЕУ да изјавува дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Јас уште тогаш кажав, за жал и времето целосно ме потврди дека тоа што ќе се случи ќе биде притисокот врз македонската страна и ние ќе бидеме обвинувани бидејќи владата најави и вети нешто кое што не може да го испорача, нема двотретинско мнозинство во собранието. Притоа тоа го направи без да направи определени консултации, потенцираше Димитров. Ако се однесуваме како држава, а не како нечија провинција би било тие уставни измени влегувањето во сила да се врзат со членството во ЕУ за да има и бугарската страна некаков интерес ние навистина да влеземе во ЕУ, а и другите членки и институции во Брисел. Второ ако историската комисија се испреплете со европските процеси и ако билатералното прашање стана европска тема, мора и формата да стане европски. Тогаш во комисијата нека влезат европски олеснувачи за малку да се рационализира атмосферата. И конечно трето, оваа навреда од една земја членка дека јазикот ние посиромашен и вештачки и дијалект на нивниот јазик, нека излезат поголемите земји членки па и сите други и нека кажат дека македонскиот јазик е дел од богатството на европски јазици и дека се радуваат на денот кога тој ќе стане еден од официјалните јазици на ЕУ по нашето зачленување, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-bugarija-go-negira-makedonskiot-identitet-i-jazik-ustavnite-izmeni-neka-se-vrzat-so-vleguvane-na-makedonija-vo-eu/feed/ 0
Димитров за зголемување на владиното мнозинство: СДСМ во немоќ на обезбедување на вистински реформи го зголемува мнозинството и бега од избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-zgolemuvane-na-vladinoto-mnozinstvo-sdsm-vo-nemok-na-obezbeduvane-na-vistinski-reformi-go-zgolemuva-mnozinstvoto-i-bega-od-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-zgolemuvane-na-vladinoto-mnozinstvo-sdsm-vo-nemok-na-obezbeduvane-na-vistinski-reformi-go-zgolemuva-mnozinstvoto-i-bega-od-izbori/#respond Tue, 31 Jan 2023 19:32:10 +0000 https://kurir.mk/?p=794408

Алијанса на Албанците и без влегувањето најавува дека би гласала за уставните амандмани, што значи дека доколку овој чекор се случи не прави разлика во таа смисла, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во Тема на денот во дневникот на телевизија Сител говорејќи како гледа на најавеното влегување на Алијанса на Албанците во владата на СДСМ и ДУИ. Димитров смета дека владата во немоќ да испорача вистински реформски чекори се обидува да избега од одржување на предвремени парламентарни избори со оглед на бројките и анкетите кои се многу лоши. Мислам дека повеќе се работи за крпење и лепење на една дупка која што станува се поочигледна и поширока, а што анкетите ја покажуваат а тоа е дека за жал се изневерија надежите и вредностите на Шарената револуција. Имаме еден многу лош исход од овој проблем и маките со Бугарија, и има една немоќ да се испорачаат вистински реформски чекори дома. И затоа ова не може да биде ништо друго, освен обезбедување на уште некое време за да не се оди на избори брзо, туку да се оди на избори идната пролет за да се зголеми мнозинството бидејќи бројките и анкетите се многу лоши, да се купи уште некое време, за жал за поприлично спорно владеење и тоа го гледаме, истакна Димитров.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-zgolemuvane-na-vladinoto-mnozinstvo-sdsm-vo-nemok-na-obezbeduvane-na-vistinski-reformi-go-zgolemuva-mnozinstvoto-i-bega-od-izbori/feed/ 0
Димитров: ЕУ перспективата на Западен Балкан е недоволно опиплива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-eu-perspektivata-na-zapaden-balkan-e-nedovolno-opipliva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-eu-perspektivata-na-zapaden-balkan-e-nedovolno-opipliva/#respond Mon, 05 Dec 2022 14:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=771295

Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, денеска на 22. Белградски економски форум изјави дека на регионот мора да му се даде опиплива перспектива за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. На панелот за влијанието на војната во Украина врз Западен Балкан, тој предупреди дека за време на кризата се зголемува економската разлика меѓу земјите-членки на ЕУ и државите од Западен Балкан, бидејќи регионот е поранлив од остатокот на континентот зашто има повеќе луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија. Тој додаде дека тоа ќе доведе до незадоволство на граѓаните во регионот од евроинтеграциите и оцени дека следната година ќе биде исклучително тешка. -Сите сме во европскиот економски брод, бидејќи најголем дел од инвестициите доаѓаат од земјите членки на ЕУ, но економската разлика се зголемува, бидејќи надворешнотрговскиот дефицит на регионот е околу девет милијарди евра, а регионот ги добива истите изоноси од ЕУ, но за период од седум години. Грција добива десет пати повеќе од земјите од Западен Балкан и затоа разликата се зголемува, рече Димитров, говорејќи на собирот организиран од Делфи економскиот форум. Тој оцени дека ЕУ не направила ништо опипливо од приемот на Хрватска во 2013 година и нагласи дека војната во Украина покажува дека, доколку ЕУ сака да има улога и тежина во новиот свет што се појавува, овој регион мора да стане дел од неа. Димитров заклучи дека ЕУ ќе треба да создаде ситуација во која членството е можно и опипливо на хоризонтот и со одредување на датумот кога земјите ќе влезат во ЕУ. Тој потсети дека Србија преговара осум години, но дека нема многу затворени преговарачки поглавја и посочи дека тоа значи дека нешто не е во ред со самиот пристапен процес. Генералниот секретар на Бледскиот економски форум, Петер Грк, даде слични забелешки за тоа како процесот на приклучување на земјите од Западен Балкан е неефикасен и изјави дека многумина мислеле дека по 24 февруари тој ќе биде забрзан. -Некои мислеа дека процесот на пристапување ќе биде забрзан по почетокот на војната во Украина и дека ЕУ ќе одлучи дека е геостратешки поважно Западен Балкан да биде внатре во ЕУ отколку надвор од неа. Во ЕУ дојде до отрезнување, бидејќи разбравме дека сме ранливи ако не го обединиме континентот, рече Грк. Тој оцени дека тоа нема да се случи брзо, туку дека ќе оди „малку побрзо“. Грк истакна дека ЕУ минува низ низа кризи, од кои една е процесот на одлучување и истакна дека случајот со Северна Македонија покажал дека една земја може да го блокира почетокот на преговорите. Тој оцени дека економската соработка не може да реши се, бидејќи не се работи само за неа, туку и за заедничките вредности.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-eu-perspektivata-na-zapaden-balkan-e-nedovolno-opipliva/feed/ 0
Димитров: Употребата на терминот „северномакедонци“ е навреда за Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-upotrebata-na-terminot-severnomakedonci-e-navreda-za-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-upotrebata-na-terminot-severnomakedonci-e-navreda-za-makedoncite/#respond Sat, 06 Aug 2022 18:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=715156

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров преку социјалните мрежи упати критики дека користењето на терминот „северномакедонци“ е навреда за сите жители на Македонија. „Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин „северномакедонци“ од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор. Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира. Со други зборови „Северна Македонија“ е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува. -Затоа секоја употреба на терминот „северномакедонци“ освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор. Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи. Тоа е недозволиво. Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик. Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-upotrebata-na-terminot-severnomakedonci-e-navreda-za-makedoncite/feed/ 0
Димитров со порака до власта: Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме. https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-so-poraka-do-vlasta-nie-bugari-nema-da-staneme-ama-nema-ni-vo-eu-da-se-zachlenime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-so-poraka-do-vlasta-nie-bugari-nema-da-staneme-ama-nema-ni-vo-eu-da-se-zachlenime/#respond Fri, 15 Jul 2022 17:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=705917

Интегрален текст од Фејсбук статусот на Никола Димитров. Земјата сепак се врти Фарса, меѓу другото, се дефинира како настан или ситуација што е апсурдна. Деновиве во Собранието се одвива токму фарса, за две суштински важни прашања за македонските граѓани - нивната европска иднина - и за Македонците - нивниот македонски идентитет и јазик. Собранието имено расправа за тоа дали да усвои заклучоци со што ќе ја задолжи Владата да ја усвои преговарачката рамка, но и да не преговара за историски и идентитетски прашања, што е спротивно на самата рамка и заклучоците на советот и воведната изјава на ЕУ. Апсурд! Притоа, за соседна Бугарија протоколот е најбитниот елемент од пакетот и затоа впрочем им беше поделен на пратениците кога тие расправаа за пакетот. Па Дојче Веле го објави протоколот што поминал низ нивната собраниска Комисија, најофицијален документ, не беа тоа некои спинови или полувистини. Најофицијален документ за кој расправаа бугарските пратеници, а овде де го немаат видено, де не постои, де постои ама не е потпишан, де е билатерален (Стево Пендаровски) де не е... Кај нас дрскоста оди дотаму што овој клучен документ (да повторам - што ги помина сите филтри на бугарската демократија и институции) се сведува на форма (записник од втората меѓувладина Скопје - Софија) иако неговата содржина е всушност договор за точките 5+1 (односно 4+1 по едностраната концесија на владата). Да немате дилема - од исполнувањето на задачите во протоколот ќе зависи дали воопшто ќе го отвориме првиот кластер (Фундаменти - најважниот, каде се и владеење на право и борба со корупција) и како и дали ќе се движиме напред или назад во процесот. Самиот Претседател тоа го кажа во последното интервју, каде во збирот на тези и антитези ако убаво го следевте јасно кажува дека од билатералните прашања ќе зависи напредокот. Затоа да се крие овој текст е голема измама. Како што впрочем беше измама и целото салто мортале од она историско НЕ во ова ДА, за предлог што е апсолутно суштински идентичен со одбиениот. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Собранието ни кажа убави работи. Убави, до душа малку и невешто изведени, и во најавата и денот потоа. Што е за право, целиот процес нема да зависи само од комисијата. Абер стигна и од Париз и од Берлин. Но, дури и овие убави зборови ги немаат напишано во документите. Немаме право на наивност по сите убави пораки пред референдумот за Преспанскиот договор. Тоа што е битно се документите. А во документите јасно стои дека Протоколот (овој вториов) е суштински дел од пристапниот процес, дека за неговата содржина и имплементација ќе известува самата Европска комисија и дека и од тие наоди, покрај оценките за реформите, ќе зависат следните чекори за поглавјата и кластерите. Затоа што требаше? Прво отворено да се презентира вистинската ситуација пред граѓаните и да се бара чаре за како понатаму. Со овој лош предлог. Наместо со загриженост да ги отвориме сите дупки и опасности пред нас и да зборуваме како да се обезбедиме како нација од сите опасности што неминовно ќе ни бидат на патот, дебатата се сведе на вербален линч на критичарите. Целата стручна јавност, и дома и надвор има негативен став за Предлогот. Кому помагаат лагите? Па минимум одговорност во вакви историски моменти каде се крои иднината на следните децении налага да се зборува искрено и да се впрегнат сите општествени сили во изнаоѓањето на решенија и планови - како понатаму? Знаете веќе сите дека преговорите нема вистински ниту да ги почнеме пред да го смениме Уставот. Да вметнеме Бугари, при што Бугарија на целиот глас кажува дека не го признава постоењето на македонскиот јазик, а со тоа и нашето мнозинство - македонскиот народ. Тие кои се против ова понижување утре ќе бидат прогласени за виновници што не одиме кон ЕУ. Притоа, без никакви гаранции дека нема да има нови барања (една од црвените линии што се стопи). Без никаква мотивација да заврши процесот, напротив (без уште една црвена линија - отворањето на Уставот да биде на крај). Колку подолго ќе трае пристапниот процес, толку повеќе време за етничкиот инжинеринг како нескриена амбиција на официјална Софија. Ги слушам тезите дека никој не може да ви го земе идентитетот. Тоа е точно. Но, бидејќи амбицијата на Софија сега е легитимирана и вградена во пристапниот процес, таа невозможност го прави и процесот на зачленување во ЕУ невозможен. Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме. Ќе биде многу тешко, можеби и невозможно да се поправи оваа историска грешка. За неколку месеци се’ ќе стане јасно и на тие на кои сега не им е докрај јасно што зборувам. Посебно ако се смени Уставот. Отворањето на првиот кластер ќе зависи од исполнувањето на задачите од протоколот. И тогаш кога од историчарите, наместо од реформите ќе ни зависи европската иднина и кога ќе имаме вечна и отровна политичка криза, нема да ни биде никаква утеха кога многумина ќе имаме легитимно право да ви посочиме: "Ама нели ви рековме". Галилеј соочен со апсурдот и бруталноста на инквизицијата кажал: "сепак се врти" - реченица што останува низ вековите да одекнува за единствената вистина дека фактите се факти и дека нив можете да ги покривате, криете, разубавувате, спинувате - ама од нив бегање нема. Белким ќе бидеме доблесни конечно да зборуваме за нив со отворени карти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-so-poraka-do-vlasta-nie-bugari-nema-da-staneme-ama-nema-ni-vo-eu-da-se-zachlenime/feed/ 0
Димитров: Пендаровски греши во клучен историски момент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-pendarovski-greshi-vo-kluchen-istoriski-moment/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-pendarovski-greshi-vo-kluchen-istoriski-moment/#respond Sun, 03 Jul 2022 16:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=699260

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров повторно се огласи преку Фејсбук истакнуваќи дека претседателот на државата Стево Пендаровски греши клучен историски момент. -Еве зошто, теза по теза: ▪︎Бугарија и досега и со и без предлогот ќе можела да не’ блокира. Едвард Џозев: “Ќе ви ја кажам разликата. Ова е многу важно прашање и ќе бидам многу јасен во одговорот. Кога Бугарија сега блокира, вака, тие се изолирани. Изолирана е. Во ЕУ. Можат да продолжат да блокираат, ама се изолирани. Со францускиот предлог - тие веќе не се изолирани, Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана и Бугарија ќе си продолжи да блокира. Што е подобро за вас? Да ве блокираат изолирани или неизолирани? Одговорот е многу јасен.” Немам што да додадам кон одговорот на Едвард. ▪︎ Да донесеме дома документ каде ќе се обврземе дека ако Бугарија или било која друга земја членка повторно го оспорува македонскиот јазик и идентитет ќе ги прекинеме преговорите. Бугарија преку Собранието и болдирано: “… ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” (во наводници) од страна на Бугарија.” Во воведната изјава на ЕУ, значи на ЕУ како европска позиција ќе стои ОВА: “Во однос на преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ги забележи унилатералните декларации на Бугарија и на Северна Македонија за македонскиот јазик.” Е сега, дали овие реченици можеби ги разбирате како откажување од негирањето на македонскиот јазик? Па Бугарија и СЕГА го негира постоењето на македонскиот јазик и ни го пишува во наводници. Па токму согласно тезата на Пендаровски, треба и сега да ги прекинеме преговорите, односно воопшто да не ги почнуваме под овие длабоко антиевропски услови. ▪︎ Предлогот е нов бидејќи така кажал Макрон Ова беше клучниот аргумент зошто и тој го смета предлогот за нов. Оти така кажал Макрон (кој не кажа баш така). Подобро би било чесно да се анализираат корекциите во текстот, бидејќи веќе ги имаме. Имено, се работи за две “разлики” во текстот: 1) иако првата политичка меѓувладина конференција ќе почне да ги отвара преговорите (претходно не беше така) фазата на отворање ќе заврши по внесувањето на Бугарите во Уставот (како и претходно); 2) зборовите “билатерални протоколи” по член 12 сега се “годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација” по член 12 (една иста работа сега има поинаков назив, бидејќи токму протоколите од член 12 содржат годишни извештаи и мерки). ▪︎Најголемата мана на предлогот е што ќе дојдеме до нова блокада но сега домашна, бидејќи нема 2/3 мнозинство за промена на Уставот Дали можеби ќе беше помудро да обезбедиме услови за 2/3 мнозинство, ако веќе преземаме таква обврска, преку вклучување на опозицијата и обид да се обезбедат условите за нивна поддршка? Можеби тоа ќе беше барање Софија да го повлече негирањето на македонскиот јазик, односно да го прифати мнозинскиот македонски народ ако веќе бара измени на Преамбулата и влегување во сила на амандманот на крајот на процесот. Вака свесно правиме непоправливи концесии, знаејќи дека ќе запреме веднаш на следниот чекор. ▪︎Нема обврска за историските прашања и тие не влијаат на пристапниот процес. Од предлог рамката, точки 55 и 56 ЦРНО НА БЕЛО: “ЕК редовно ќе го информира Советот за напредокот на Северна Македонија во сите области во текот на преговорите, а посебно при презентирање на нацрт заедничките позиции на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во параграфот 5 (ќе погодите, овој параграф ги содржи двата договара и другиот назив на билатералните протоколи) и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивна имплементација. Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучувањето за следните чекори во преговорите за односните поглавја или кластери.“ Што значи сето ова? Софија е незадоволна од работата на комисијата на историчарите. Затоа и бара протоколи. Бидејќи сега работата на комисијата (и многу други барања на Бугарија, споменици и слично) е директно поврзана со напредокот во преговорите, дали и како ќе се движиме кон ЕУ апсолутно ќе зависи од прашањето дали Софија е задоволна од работата на историчарите. Може ли да се договориме на минимум пристојност во оваа јавна дебата и демек консултации да не манипулираме барем за пишани работи? ▪︎ Подобро да не’ оценува Европската комисија и сите земји членки, одколку само Бугарија. Бугарија не си ги прикрива намерите. Како дополнителна точка кога го усвои предлогот, бугарското Собрание порача: “Да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум преку целиот пристапен процес на Северна Македонија и за нивната имплементација ќе известува Европската комисија (прво) до Советот (читај до земјите членки и пред се’ Бугарија) пред секоја меѓувладина конференција (каде седиме и ние). Со други зборови, Бугарија нема никаква намера да го разлабави менгемето. Напротив. Сака да го види извештајот прво таа. А која земја членка ќе се интересира повеќе од Бугарија што се случува во комисијата на историчарите, Ирска? Да се тврди дека надградувањето на бугарските барања во европски некако ни одговара е наивно и крајно неодговорно. Инаку, надлежниот еврокомесар за извештаите е Оливер Вархеји. И конечно: ▪︎ Добрососедските односи отсекогаш биле дел од Копенхашките критериуми. Ова е елементарно незнаење. Добрососедските односи се дел од друг процес, Процесот за стабилизација и асоцијација. Токму затоа, во португалскиот предлог овие прашања беа ставени во тој процес, а не во пристапниот и меѓувладините конференции, стои во Фејсбук објавата на Димитров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-pendarovski-greshi-vo-kluchen-istoriski-moment/feed/ 0
Димитров за Н1: Францускиот предлог е опасен преседан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-n1-francuskiot-predlog-e-opasen-presedan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-n1-francuskiot-predlog-e-opasen-presedan/#respond Thu, 30 Jun 2022 05:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=697539

Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за ТВ Н1 од Белград изјави дека францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е опасен преседан и отвора можност Софија да го блокира и уценува Скопје во текот на целиот преговарачки процес, јави допсиникот на МИА од Белград. Според Димитров, Париз дозволил билатералните прашања со Бугарија да влезат во преговарачка рамка, а спорот со Софија се однесува на македонскиот јазик, идентитет и историја. -Мислам дека тоа само не оддалечува од она што процесот треба да биде – демократски и економски реформи, копенхашки критериуми. Ова што го имаме е ќорсокак, изјави Димитров за Н1. Според него, Европската унија треба да се убеди да го промени процесот што не функционира, бидејќи таквиот процес на проширување не носи резултати, односно не ги наградува земјите што одат напред, не ги казнува земјите што одат назад и дозволува една членка на ЕУ да се „изживува“ над земја кандидат. Како што рече Димитров, однесувањето на Бугарија е во спротивност со суштинските европски принципи, кои вклучуваат почитување на јазичната и културната различност на континентот. Запрашан како го гледа падот на бугарската влада, тој кажа дека целото прашање за Северна Македонија во Бугарија служи за одвлекување на вниманието од главните прашања на бугарското општество, како што се корупцијата и другите системски проблеми. -Ова прашање, бидејќи е емотивно, се користи како одвраќање и мислам дека на некој начин и на нив им штети, рече Димитров. Според него неопходно е да се „ресетира“ политиката кон Софија, а ЕУ треба да ja казнува наместо да ја наградува Бугарија за ветото. Тој го опиша процесот на приклучување на земјите од регионот, велејќи дека сите на Балканот седат во еден автобус, и сите се трудат да седат што е можно поблиску до возачот. -Но, проблемот е што автобусот не се движи, рече Димитров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-n1-francuskiot-predlog-e-opasen-presedan/feed/ 0