Никола Дујовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Nov 2022 07:49:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никола Дујовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дујовски: Целта на дојавите за бомби во училиштата е да се создаде страв и паника меѓу населението https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dujovski-celta-na-dojavite-za-bombi-vo-uchilishtata-e-da-se-sozdade-strav-i-panika-megju-naselenieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dujovski-celta-na-dojavite-za-bombi-vo-uchilishtata-e-da-se-sozdade-strav-i-panika-megju-naselenieto/#respond Thu, 10 Nov 2022 07:49:37 +0000 https://kurir.mk/?p=758335

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски денеска изјави дека целта на лажните дојави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и оти не случајно се избираат училиштата. Ова, вели тој, е токму „како по книга“ како се прави хибридна закана. – Овој тренд почна пред неколку месеци прво во Србија, Белград, Нови Сад потоа и Сараево. Еве сега и кај нас. Да, тоа е дел од закани коишто засега остануваат само во фаза на погрешно испратени пораки, меѓутоа полицијата има обврски и добро е што се постапува на тој начин. Децата и наставниците и сите присутни во училиштата мора веднаш да бидат евакуирани и однесени на безбедно и полицијата да ја провери секоја дојава за поставена бомба или каква било закана. Тоа се прави и ќе се прави во наредниот период. Министерството за внатрешни ги гради капацитетите да може да одговори на ваквите закани, да ги пресретне ваквите пораки, да ги анализира и да ги спречи едноставно, изјави професорот Дујовски за утринската програма на Македонската телевизија. Намерите на луѓето кои ги праќаат овие пораки, истакнува деканот на Факултетот за безбедност, да предизвикуваат страв и паника кај населението се повеќе од евидентни. -Веројатно не е можно да се случи некаква поголема штета освен напишаната порака, но ние секако мора да бидеме претпазливи затоа што едноставно светот, а особено овој регион е многу чуствителен на таквите хибридни закани и на се друго што може да предизвика вознемиреност. Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно. Затоа што таму децата патуваат самостојно, родителите вообичаено не знаат каков е процесот додека децата се таму и ова е токму онака како по книга како се прави хибридна закана, вели Дујовски. Според него, добро е што разменуваме информации во мрежата на НАТО бидејќи овие прашања не се само за Македонија, ниту пак сме ние единствена земја изложена на вакви притисоци и добро е да ги градиме нашите капацитети и натаму. -Се надевам дека овој тренд ќе се смири и се надевам дека институциите ќе се посветат на ниво на задачата, впрочем како и досега, рече деканот на Факултетот за безбедност. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера најави дека најголем дел од заканите за поставени бомби во средните училишта се лоцирани од каде доаѓаат и оти Министерството работи на заштита. Вчера во Скопје во девет средни училишта имаше лажни дојави за поставени бомби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dujovski-celta-na-dojavite-za-bombi-vo-uchilishtata-e-da-se-sozdade-strav-i-panika-megju-naselenieto/feed/ 0
Дујовски: Превозникот вршел превоз на диво можеби со денови, а можеби со месеци – во автобусот не смеело да се чува друго гориво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dujovski-prevoznikot-vrshel-prevoz-na-divo-mozebi-so-denovi-a-mozebi-so-meseci-vo-avtobusot-ne-smeelo-da-se-chuva-drugo-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dujovski-prevoznikot-vrshel-prevoz-na-divo-mozebi-so-denovi-a-mozebi-so-meseci-vo-avtobusot-ne-smeelo-da-se-chuva-drugo-gorivo/#respond Wed, 24 Nov 2021 12:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=599294

Се врши редовен или вонреден инспекциски надзор, тој надзор, особено вонредниот надзор нам многу ни недостига. Не само во јавниот превоз со автобуси, туку и во сите други. И возачите на такси возила се соочуваат со силна нелојална конкуренција, дури не можат да си ги вршат основните дејности согласно законите, затоа што другите кои апсолутно нерегулирани учествуваат во сообраќајот и ние преку сето тоа поминуваме, префрлајќи ја одговорноста од министерство на министерство, од инспекторат до инспекторат. Надвор од државата, нелиценциран превоз на патници вршат огромен број на возачи на возила кои имаат до 8 патници, со Б категорија, ова вчера во емисијата „Топ Тема“, го истакна професорот Никола Дујовски кој е декан на Факултетот за безбедност во Скопје. -Имаме ситуации во кои легалниот јавен превоз во Македонија зазема едвај една третина од вкупниот превоз. По помалите населени места, особено во северозападниот и северниот дел на државата има толку нерегистрирани возила за јавен превоз на патници, што оние регистрираните дури не се забележуваат и ги нема, линиите повеќе и да не постојат. Затоа мора веднаш да ја научиме оваа лекција и конечно да преземеме нешто. Превозот на патници е сериозна гранка, таа овозможува и развој на индустријата и се друго но, кај нас за жал е нерегулирана. Дали е проблем во законите? Веројатно да. Дали проблем во координацијата помеѓу службите? И тоа да, вели Дујовски. Тој додава дека не може МВР да се изземе затоа што тоа е овластување на Државниот инспекторат за транспорт. - Кога премиерот Заев кажа дека корупцијата не е само кај министрите, ние сите го премолчевме тоа, или со неверување кажавме дека не е точно дека во пониските ешалони има корупција. Треба да се запрашаме, навистина, кој и под кои услови работи во безбедноста во сообраќајот, затоа што еве гледаме вакви настани ни се случуваат на секои 2 до 3 години и ние имаме тешки, сериозни катастрофи кои оставаат последици, а немаме одговор на ниту едно прашање. Премногу сме оптеретени со политика и политички теми, премалку простор посветуваме на професионализацијата на општеството. Ова се суштински дејности во државата и мислам дека и медиумските куќи мора попосветено со овие прашања да не ни се случува да зборуваме токму два-три дена кога ќе се случат вакви катастрофи, особено затоа што ретко кој знае за Државниот инспекторат за транспорт – не ги знаеме ни овластувањата, ни што работат ни како работат, вели Дујовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dujovski-prevoznikot-vrshel-prevoz-na-divo-mozebi-so-denovi-a-mozebi-so-meseci-vo-avtobusot-ne-smeelo-da-se-chuva-drugo-gorivo/feed/ 0
Блискиот соработник на Спасовски со критики за Владата: Од Прибе не сме се ни поместиле, актуелната власт нема ни план ни стратегија како да ги подобри состојбите во правосудството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bliskiot-sorabotnik-na-spasovski-so-kritiki-za-vladata-od-pribe-ne-sme-se-ni-pomestile-aktuelnata-vlast-nema-ni-plan-ni-strategija-kako-da-gi-podobri-sostojbite-vo-pravosudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bliskiot-sorabotnik-na-spasovski-so-kritiki-za-vladata-od-pribe-ne-sme-se-ni-pomestile-aktuelnata-vlast-nema-ni-plan-ni-strategija-kako-da-gi-podobri-sostojbite-vo-pravosudstvoto/#respond Tue, 03 Dec 2019 20:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=272927

Во своето гостување во емисијата „Само вистина“ првиот човек на Комисијата за ветинг во МВР, Никола Дујовски и функционер на актуелна власт зборуваше за состојбата во правосудството. Тој истакна дека актуелната власт нема ниту план, ниту стратегија како да ги подобри состојбите во правосудството. Според него, ниту почетокот за преговорите за членство со ЕУ, ниту применувањето на европските практики ќе ни помогнат бидејќи го имавме извештајот на Прибе, а оттогаш не сме се ни поместиле. -Доколку судиите се издигнат над злоупотребите кои што се случуваат и во јавното обвинителство и во судството, тоа е еден систем и те како потребно да се реформира. Потребни ни се луѓе со интегритет, луѓе кои што ќе знаат да кажат да кога треба да се каже да, и да кажат не тогаш кога е очигледно дека треба да се каже не, и на сето тоа мислам дека ние ниту имаме план, ниту имаме стратегија, ниту пак можеме во релативно кус временски период да ги поправиме работите, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bliskiot-sorabotnik-na-spasovski-so-kritiki-za-vladata-od-pribe-ne-sme-se-ni-pomestile-aktuelnata-vlast-nema-ni-plan-ni-strategija-kako-da-gi-podobri-sostojbite-vo-pravosudstvoto/feed/ 0
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за одбрана и Факултетот за безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-megju-ministerstvoto-za-odbrana-i-fakultetot-za-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-megju-ministerstvoto-za-odbrana-i-fakultetot-za-bezbednost/#respond Mon, 26 Feb 2018 10:41:03 +0000 http://kurir.mk/?p=24923

Меморандум за соработка меѓу Министерството за одбрана и Факултетот за безбедност во Скопје денеска потпишаа министерката Радмила Шекеринска и деканот Никола Дујовски. Министерката Шекеринска по потпишувањето на Меморандумот рече дека работат инклузивно и на вклучување на сите различни институции кои можат да бидат од полза на одбраната и даваат реална шанса на младите. - Во мала држава најголемата работа е да водите сметка за своите ресурси. Најголемите ресурси во Македонија се луѓето, нивното знаење и нивните компетенции. Не може да очекуваме дека сето знаење е внатре во институциите и треба да најдеме начин за подобро искористување на капацитетите на академската заедница, изјави Шекеринска. Посочи дека целта на Меморандумот е зголемување на тековната соработка и можност студентите од Факултетот за безбедност да се стекнат со практично знаење работејќи во Министерството. Деканот Дујовски рече дека сите во Македонија треба да дадеме придонес за подобрување на безбедноста и добро е што Владата и Министерството го имаат предвид значењето на Факултетот. Министерката Шекеринска пред студентите од Факултетот за безбедност ќе одржи академски час за иднината на трансатланските односи и кризата во меѓународната безбедносна архитектура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-megju-ministerstvoto-za-odbrana-i-fakultetot-za-bezbednost/feed/ 0