никола глигоров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Apr 2022 15:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола глигоров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тренерот на „Вардар“ поднесе оставка по поразот од „Гостивар“, ФФМ ги суспендираше прилепските судии https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-vardar-podnese-ostavka-po-porazot-od-gostivar-ffm-gi-suspendirashe-prilepskite-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-vardar-podnese-ostavka-po-porazot-od-gostivar-ffm-gi-suspendirashe-prilepskite-sudii/#respond Sun, 10 Apr 2022 15:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=660930

Тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ од денеска е испразнето, откако шефот на стручниот штаб Никола Глигоров поднесе оставка по вчерашниот контроверзен пораз од „Гостивар“ (1-2) во рамки на Втората лига – Запад. – Поднесов оставка од најпосакуваната позиција во македонскиот фудбал. Оставката ја поднесов од лични и морални причини, а никако како последица од неуспехот „Вардар“ да се врати во Првата лига, објави Глигоров, ден по поразот, кој „црвено-црните“ истакнаа дека е последица на скандалозни и тенденциозни грешки на судиите. Според Глигоров, натпреварот со „Гостивар“ ја прелил чашата со незадоволство. – Цела Македонија го виде срамот на прилепските судии кои за жал го оцрнија македонскиот фудбал на сметка на најголемиот „Вардар“. Никој, никогаш не бил оштетен вака во историјата. 22 кола правеа сценарио во кое беше невозможно да се работи и човек да се надева дека на крај правдата ќе победи. Не знам дали спијат мирно луѓето што делегираат и се креатори на оваа срамна местенка и обезвреднување на најголемиот македонски бренд, посочи Глигоров. Паралелно со реакцијата на Глигоров и „Вардар“ за вчерашното судење на дуелот во Гостивар, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека по анализирање на натпреварот, главниот судија Влатко Илиоски и вториот помошник Марјан Смилкоски „се суспендираат до крајот на сезоната и нема да бидат делегирани на натпреварите во Првата и Втората лига“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-vardar-podnese-ostavka-po-porazot-od-gostivar-ffm-gi-suspendirashe-prilepskite-sudii/feed/ 0
Глигоров најави подобри денови: За брзо време Вардар пак ќе освојува трофеи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gligorov-najavi-podobri-denovi-za-brzo-vreme-vardar-pak-kje-osvojuva-trofei/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gligorov-najavi-podobri-denovi-za-brzo-vreme-vardar-pak-kje-osvojuva-trofei/#respond Mon, 20 Sep 2021 20:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=566100

Вршителот на должноста шеф на стручниот штаб на Вардар, Никола Глигоров, најави подобри денови за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој сезонава за прв пат во својата историја се натпреварува во второлигашко друштво. – Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи, изјави Глигоров за официјалниот клупски сајт. Поранешниот вардаров играч и капитен денеска беше назначен за в.д тренер на „црвено – црните“, откако клупското раководство му врачи отказ на Горан Симов по лошите резултати на стартот на сезоната во Втората македонска лига – Запад. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gligorov-najavi-podobri-denovi-za-brzo-vreme-vardar-pak-kje-osvojuva-trofei/feed/ 0