Никола Илиевски Џиџи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 Feb 2021 08:38:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никола Илиевски Џиџи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Никола Илиевски-Џиџи: Шкендија е фаворит,но Вардар нема да крене бело знаме предвреме https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nikola-ilievski-dzidzi-shkendija-e-favorit-no-vardar-nema-da-krene-belo-zname-predvreme/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nikola-ilievski-dzidzi-shkendija-e-favorit-no-vardar-nema-da-krene-belo-zname-predvreme/#respond Sun, 28 Feb 2021 08:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=474953

Македонскиот фудбалски шампион Вардар денес гостува во Тетово кај лидерот Шкендија. Покрај сите проблеми и лоша актуелна ситуација поради заминување на играчите, тренерот Никола Илиевски - Џиџи изјави дека тимот нема предвреме да се предаде и на овој меч. Популарниот Џиџи изјави дека Шкендија е најквалитетната екипа во домашното првенство во моментов, ама Вардар ќе се бори за позитивен резултат. „Гостуваме кај лидерот на табелата е во еден незгоден момент, Шкендија е најквалитетен тим во македонскиот фудбал во моментов. Познати се причините кај нас зошто сме во лоша ситуација, ни заминаа многу првотимски играчи, а имавме и малку тренинзи, па така влегуваме во овој дуел. Секако дека Шкендија е фаворит, меѓутоа Вардар нема да крене бело знаме предвреме и ќе се обидеме да направиме позитивен резултат за нас“, ни изјави Илиевски. .]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nikola-ilievski-dzidzi-shkendija-e-favorit-no-vardar-nema-da-krene-belo-zname-predvreme/feed/ 0
Никола Илиевски- Џиџи ќе биде тренер на ФК Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nikola-ilievski-dzidzi-nov-trener-na-fk-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nikola-ilievski-dzidzi-nov-trener-na-fk-vardar/#respond Sun, 07 Feb 2021 20:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=465574

Поранешниот македонски селектор Никола Илиевски – Џиџи ќе биде назначен за нов тренер на најтрофејниот македонски клуб и актуелен шампион  Вардар. Илиевски, кој беше македонски селектор во периодот од 2002 до 2003 година седнува на клупата на Вардар после осум години, откако во 2013 година имаше кратка авантура на кормилото на црвено-црните, кога град Скопје го раководеше клубот. На Џиџи помошници во овој период на спас на клубот ќе му бидат вардаровите „деца“ Бобан Грнчаров, Никола Глигоров и Златко Таневски, сите фудбалери на црвено-црните во златниот период на македонската гордост од 2014 до 2017 година. Кондициски тренер се очекува да му биде Михајло Шејкероски – Шани, кој есеноска беше дел од Работнички, додека Саша Илиќ останува тренер на голманите. Последен клуб во кој работеше популарниот Џиџи е второлигашот Кадино, а во кариерата беше тренер на Работнички, Куманово, Металург, Саса, Беласица, Љуботен, Скопје, Рудар, Победа, Ренова, Металург, додека во странство беше кормилар на словенечки Целје, романска Валчеа, албански Билис, индонезиска Персиџап Џепара. Едно време беше и селектор на Бангладеш. Вардар се најде во тежок проблем поради финансискиот колапс, па клубот е единствен од прволигашите кој не ни почна со подготовки, а според последните информации, фудбалерите задутре или в среда би требало да се вратат во погон и со три тренинзи буквално да излезат на мегдан на Пелистер во македонското „Ел класико“ кое треба да се игра на 14 февруари на Националната Арена „Тодор Проески“. За утре е закажан состанок во Академијата на Вардар, по кој ќе излезат почисти информации околу иднината на клубот, кој во пролетниот дел, ќе бид засилена и со низа млади фудбалери од младинскиот погон. Во Вардар останаа низа поискусни фудбалери како што се Дејан Блажевски, Филип Петковски, Бојан Најденов, потоа тука се Стефан Лазаревиќ, Мартин Мирчевски, Виктор Велковски, првиот голман Филип Илиќ, како и младинските репрезентативци од дефанзивата Величковиќ-Радуловиќ, Крстевски, Ѓурковски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nikola-ilievski-dzidzi-nov-trener-na-fk-vardar/feed/ 0