никола јанкуловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 22:00:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола јанкуловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-nikola-jankulovski-odlikuvan-so-prestizhnoto-frantsusko-priznanie-vitez-od-redot-na-zaslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-nikola-jankulovski-odlikuvan-so-prestizhnoto-frantsusko-priznanie-vitez-od-redot-na-zaslugi/#respond Tue, 31 Jan 2023 22:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=794438

На ректорот УКИМ, еминентен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од најпознатите абдоминални хирурзи Никола Јанкуловски вечерва во француската резиденција за значајниот придонес во фарнцуско – македонската универзитетска соработка му беше врачено престижното признание „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција. Во присуство на блиските, соработници, пријатели, министрите за здравство и за образование Беким Сали и Јетон Шаќири, гувернерката на НБ Анита Ангеловска Бежовска, на поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и монсињор Киро Стојанов католички бискуп на Скопската бискупија, како и Струмичко-скопски епарх на Католичката црква, и бројни гости од политичкиот, економскиот и културниот живот во земјават одликувањето му го врачи францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. -Покажавте голема отвореност за различни форми на соработка со Франција. Од вашето именување за декан на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 2009-та, благодарение на добрата соработка Францускиот институт успеа да реализира повеќе настани во амфитеатарот на Деканатот како „Празникот на науката“ и бројни конференции од областа на физиката, медицината и радиофармацијата. Од вашиот избор за ректор на УКИМ во 2016 година оваа соработка вклучува и нова димензија. Тука мислам на потпишувањето на Договорот со Универзитетската агенција за франкофонија кој овозможи отворање на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот – проект кој се чекаше со години а се реализираше благодарени на вас, рече меѓу другото францускиот амбасадор, нарекувајќи го Јанкуловски пријател на Франција. Бомгартнер се освна на силната поддршка од ректорот Јанкуловски и за издавањето двојна диплома по применети странски јазици помеѓу УКИМ и Универзитетот во Кајен, а особено го подвлече деблокирањето на средствата од Константин Стојанов во рамки на Фондацијата што го носи името на овој богат македонски покровител и можноста тие да се користат за универзитетската мобилност со Франција, особено на студентите од Катедрата по фарнцуски јазик и книжевност. Ректорот Јанкуловски нагласи дека ова одликување го смета за голема привилегија и чест, но и голем мотив да продолжи по патот кој го одбрал – да и служи на својата земја, но и да придонесува за пријателството и соработката меѓу двете земји.
-Целокупниот личен и професионален капацитет ќе го насочам за продолабочување на соработката меѓу нашите две земји нашата земја Република Македонија и Република Франција, посебно во делот на академската соработка која отвора многу предизвици, идеи, многу можности и многу хоризонти за нас, и создава дополнителни вредности како што се слободната мисла, демократијата, просперитетот и благосостопјбата на граѓаните од нашата земја, рече меѓу другото Јанкуловски. Тој се согласи со амбасадорот дека настан кој означува пресврт во нивната соработка е токму успехот по повеќегодишни заеднички напори отворањето на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот УКИМ, и пристапот до средствата на Фондацијата на Константин Стојанов, Македонец кој долги години живеел и работел во Франција, а која била формирана во далечната 1973 година на УКИМ. Во овие активности во кои биле вклучени повеќе институции, првата транша била реализиарана во 2021 година согласно статутот на Фондацијата, а досега од страна на УКИМ се распишани два конкурса за студентите по француски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. -Со оваа Фондација ние направивме еден голем исчекор, со што се овозможени стипендии за прв, втор и трет циклус на студии за студентите кои студираат на програмата за француски јазик и литература…Искрено посакувам, очекувам, се надевам и сум убеден дека ваквата успешна соработка ќе продолжи и понатаму и ќе се интензивира и со нови форми и модалитети, рече Јанкуловски посочувајќи на голем универзитетски проект со кој Универзитетот во Кајен аплицира за европски средства, а во кој учествуваат повеќе земји меѓу кои и нашата земја. Одликувањето „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција, е воведено 1963 година од францускиот претседател Шарл Де Гол и едно од најпрестижните одличја што Франција го дава на лица за особени заслуги за Републиката.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-nikola-jankulovski-odlikuvan-so-prestizhnoto-frantsusko-priznanie-vitez-od-redot-na-zaslugi/feed/ 0
Јанкуловски: Со отворањето на вакциналниот пункт на УКИМ ќе се забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-otvoranjeto-na-vakcinalniot-punkt-na-ukim-kje-se-zabrza-procesot-na-vakcinacija-na-studentite-i-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-otvoranjeto-na-vakcinalniot-punkt-na-ukim-kje-se-zabrza-procesot-na-vakcinacija-na-studentite-i-vrabotenite/#respond Tue, 07 Sep 2021 11:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=560523

Да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е целта новиот пункт за вакцинација што ќе биде отворен до крајот на оваа недела во кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет. Веќе е обезбеден простор и соодветна опрема за таа намена. Ова денеска го соопшти ректорот на Универзитетот, проф.д-р Никола Јанкуловски, кој истакнува дека вакциналниот пунк ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот и во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од поликлиниката на Универзитетот. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.  Согласно актуелната епидемиолошка состојба во државата и согласно заклучокот на Ректорската управа на Универзитетот донесен на вонредната сеница одржана на 23 август, УКИМ побара од Министерството за здравство да овозможи отворање на вакцинален пункт на Универзитетот заради омасовување на вакцинацијата во академската средина. Вакцините и друга стручна помош ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство, информира проф.д-р Јанкуловски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-otvoranjeto-na-vakcinalniot-punkt-na-ukim-kje-se-zabrza-procesot-na-vakcinacija-na-studentite-i-vrabotenite/feed/ 0
Никола Јанкуловски реизбран за ректор на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-jankulovski-reizbran-za-rektor-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-jankulovski-reizbran-za-rektor-na-ukim/#respond Fri, 26 Jun 2020 18:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=363726

Универзитетската изборна комисија ја објави Одлуката за утврдување избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според која за ректор на УКИМ е избран досегашниот и актуелен – проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет. Во Одлуката УИК наведува дека таа е врз основа на сумираните резултати од тајното гласање што денеска беше спороведено на единиците во состав на УКИМ. Составен дел од Одлуката е и Записник на УИК од сумираните резултати од гласањето, потпишан од седумте члена на Комисијата, а според кој Јанкуловски освоил 3.604.454 поени. Најмалку од седумте кандидати за ректор на УКИМ освоил кандидатот Јане Ацевски (89.902 поени). Денеска од 12 до 14 часот се гласаше на 22 од 23-те факултети на УКИМ и на пет институти во состав на Универзитетот.. Гласање немаше на Факултетот за драмски уметности зашто оттаму не прифатија нивни професори да бидат во состав на изборна комисија на нивниот факултет, а УИК не им назначи друга комисија. Наставно-научниот и уметнички совет на ФДУ на 23 јуни одлучи да не учествува на изборите со став дека тие треба да бидат одложени поради бројни законски прекршувања на целокупната постапка за избор на ректор, како и со оглед на отпочнувањето на парламентарните избори во државата. УИК наведува дека според доставените записници од изборните комисии, гласањето поминало без проблеми и неправилнсти. Како што е наведено во Записникот во прилог кон Одлукат, според избирачките списоци на единиците, запишани се вкупно 1450 гласачи, од кои 30 гласачки ливчиња за ФДУ, поради одлуката на нивниот Наставно-научен и уметнички совет за неучество, останале во архивата на УИК. Комисијата соопштува дека гласале 942 члена на Наставно-научните/Научните совети. По извршеното гласање, 478 гласачки ливчиња се неискористени и 106 се неважечки. Во Записникот се доставени резултатите од гласањето изразени во број на поени што ги освоил секој кандидат на секоја единица. На листата се седум кандидати кои се кандидираа за ректор по огласот од 30 мај 2020: актуелниот ректор Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет; Јане Ацевски и Коле Василевски од Шумарскиот факултет, Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, Петар Атанасов од Институтот за социолошко-правни истражувања, Вујица Живковиќ од Факултетот за физичко образование и Драги Димитриевски од Земјоделскиот факултет. Нивните програми за работа УКИМ ги објави на веб-страницата, но тројца кандидати, Атанасов, Живковиќ и Димитриевски, вчера соопштија дека нема да учествуваат на овие избори зашто ги сметаат недемократски и нетранспарентни, а и поради ставот на Антикорупциската комисија дека избори за ректор не треба да има зашто се распишани Парламентарни избори. Соопштија дека кандидатурите ги ставаат во мирување, но нивните имиња беа денеска на гласачките ливчиња запто не ги повлекле кандидатурите. -Мандатот на избраниот ректор трае три години, почнувајќи од 15 септември кога стапува на должност. Правата и обврските на ректорот се утврдени со Законот за високото образование, Статутот и со други акти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето, пишува во Одлуката на Универзитетската изборна комисија под претседателство на проф. д-р Гордана Лажетиќ, која вечерва беше објавена на веб-страницата на УКИМ. Наведено е и дека врз основа на член 182 од Статутот на УКИМ, до Комисијата може да се поднесе приговор на Одлуката во рок од три работни дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-jankulovski-reizbran-za-rektor-na-ukim/feed/ 0
Јанкуловски: Независниот академски синдикат и СОНК не направија ништо за покачување на платите на професорите во високото образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-nezavisniot-akademski-sindikat-i-sonk-ne-napravija-nishto-za-pokachuvanje-na-platite-na-profesorite-vo-visokoto-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-nezavisniot-akademski-sindikat-i-sonk-ne-napravija-nishto-za-pokachuvanje-na-platite-na-profesorite-vo-visokoto-obrazovanie/#respond Wed, 10 Jun 2020 18:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=356321

Ректорот на УКИМ професор д-р Никола Јанкуловски во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма вели дека Независниот академски синдиката во целокупното постоење од 5 години како и Синдикатот за образование, наука и култура не направиле ништо во однос на покачување на платите на професорите во високото образование. -Независниот академски синдикат за целокупното време од своето постоење околу 5 години фактички ништо не направи за стандардот на вработените односно на професорите. Не постигна дури ни репрезентативност. Слична е ситуацијата и со СОНК. СОНК направи за основното и средното образование, меѓутоа за високото и професорите воопшто ништо не направи во контекст на покачување на платата на професорите, изјави Јанкуловски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-nezavisniot-akademski-sindikat-i-sonk-ne-napravija-nishto-za-pokachuvanje-na-platite-na-profesorite-vo-visokoto-obrazovanie/feed/ 0
Јанкуловски: Власта врши упад во автономијата на Универзитетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-vlasta-vrshi-upad-vo-avtonomijata-na-univerzitetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-vlasta-vrshi-upad-vo-avtonomijata-na-univerzitetot/#respond Wed, 10 Jun 2020 18:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=356311

Откако Универзитетската изборна комисија по консултација со Правната служба ја замрзна постапката за избор на нов ректор на Универзитетот Кирил и Методиј, согласно новата Уредба на владата за продолжување на мандатите на тела и органи, во вонредна состојба, ректорот на УКИМ професор д-р Никола Јанкуловски во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма вели дека со ваквата измена на Уредбата на 5 јуни, власта врши директен упад во автономијата на Универзитетот. Вели дека во државата немаме генерален акт кој што го спречува овие избори во време на вонредна состојба така што ова дополнување на уредбата буквално доведе до тоа да се замрзнат овие избори. -Но, во денешно време еве гледаме дека работат трговските центри, кафаните, пазарите, дозволи се изборите за сенатори, претседател на Сенат, значи не гледам причина зошто требаше да се замрзне само изборот на раководното лице ректор, вели Јанкуловски. -Не би сакал да размислувам во таа смисла, но секако со дејствие што беше преземено од страна на Владата на 5-ти јуни што се направи промената на уредбата секако дека претставува упад во автономијата на Универзитетот и мислам дека треба да се преземат некои чекори кои што на некој начин ќе го избалансираат овој момент, посочи Јанкуловски. Уставот на Република Македонија ја гарантира автономијата на Универзитетот. Но, симптоматично е ваквото однесување од страна на власта бидејќи отвора сериозен сомнеж дека целта на ова е да се постави целосна контрола над Универзитетот и над општеството што може само дополнително да нанесе штета на високото образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-vlasta-vrshi-upad-vo-avtonomijata-na-univerzitetot/feed/ 0