Никола Мицевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 13:48:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никола Мицевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицевски: СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава, Македонија е празна поради системските грешки кои ги прават изминатите 7 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-sds-i-dui-go-imaat-retseptot-za-unishtuvane-na-edna-drzhava-makedonija-e-prazna-poradi-sistemskite-greshki-koi-gi-pravat-izminatite-7-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-sds-i-dui-go-imaat-retseptot-za-unishtuvane-na-edna-drzhava-makedonija-e-prazna-poradi-sistemskite-greshki-koi-gi-pravat-izminatite-7-godini/#respond Sun, 22 Oct 2023 13:48:37 +0000 https://kurir.mk/?p=891938

„На влезот во Пехчево навистина не можевме да видиме луѓе. Го памтам овој крај, го памтам за викенди полна чаршија од луѓе, улиците по градот полни со деца кои играат разно разни игри. Денеска, за жал е една пустелија која се пресликува не само во Пехчево, туку во целата Малешевија, Пијанец па и Виница и Македонска Каменица како дел од овој регион“, истакна членот на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната трибина Дебати за Македонија – „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ во Општина Пехчево. Тој потенцираше дека мора да се констатира дека истокот е празен, меѓутоа истокот е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе 7 години. „Оваа власт влезе, ја доби власта со еден лажен слоган „За живот“ преку којшто ветуваше подобар живот за сите граѓани и затоа граѓаните поверуваа и влегоа во приказната на социјалдемократскиот сојуз и живот. Се наоѓаме во 7 година на власта која нема стратегија како да се движи. Во овие 7 години променети се 3 министри за финансии, во моментот кога дојдоа таму се и основите на промашувањата на оваа власт, рекоа дека ќе го тргнат рамниот данок, тој данок покажа резултати во Македонија затоа што со вложувањето на добивките на бизнисот во државата се правеа нови економски зголемени капацитети во коишто се запослуваа граѓани, за да по една година со промена на министер да се променуваат и економските политики на таа власт која на ден пред Нова Година и почеток на фискална година реши да го воведе прогресивниот данок. Нема стабилност за бизнисот, граѓаните, банките затоа што сериозни бизнис компании прават десет годишни, повеќе годишни планови за инвестирање, се донесовме во ситуација да сакаат да воведуваат прогресивен данок. Кога реагираше бизнисот тоа го ставија во мирување одреден временски период што значи дека не стојат на мерките планирани односно реагираат импулсивно по реакција од граѓани“, посочи тој. Мицевски констатираше дека денешните законски решенија кои власта ги нуди се само реакција од граѓаните. Кога одреден сектор ќе реагира и ќе застане, односно ќе каже дека има проблеми тогаш се власта измислува ад-хок мерки со кои моментално се купува мир, но тоа не е решение кое Македонија ќе ја води во правилна насока. „Еден од тие буџети го нарекоа инвестираме во човечкиот капитал. Човечкиот капитал не се само луѓето, човечкиот капитал се и условите во кои живеат и творат тие луѓе, за жал теоријата ја имаат затоа што донесоа и стратегија повеќегодишна за човечкиот капитал, за развојот на човечкиот капитал меѓутоа во пракса се случува сосема спротивно затоа што нема семејство во Малешевијата, Пијанец, но нема семејство ни во Македонија каде младото работоспособно население не размислува и не ја напуштило Македонија. Зошто? Затоа што младите луѓе се разочарани, затоа што возрасните знаат што се случува, затоа што не гледаат перспектива и иднина и тоа е тоа што и фали на оваа држава“, рече Мицевски. Тој додаде дека се уништени програмите и мерките за многудетни семејства. „Фалат стабилен човечки потенцијал и фалат мерки долгорочни кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ и фали судство во кое ќе веруваат граѓаните. Фали општество во кое граѓаните ќе веруваат. СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава. Тоа го гледаме на дневно ниво и во законите што се преточени во Собранието, а тоа е ад-хок реакции по реакција на одредена сфера, стопански субјект, одредена стопанска комора или одреден дел од општеството“, вели тој. Мицевски истакна дека на Македонија во наредниот период и е потребен ресет на секое ниво. „Приоритети во Собранието се друго само погледнете кои закони се носат со европско знаменце и ќе знаете каде се движи државата. Тоа е законот за игри на среќа, законот за до пред одреден временски период за отворање на фабрики на марихуани, тоа е размислувањето на ова власт. Тие гледаат како да дојдат до брзи пари, како одредени луѓе кои влегоа сиромашни во политиката за 7 годишен временски период излегоа милијардери и тоа ќе биде една од обврските на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период да направи ревизија и потекло на имотот на граѓаните во Република Македонија. Законско решение кое не само да го ветуваме, туку и во пракса да го преточиме затоа што граѓаните сакаат сигурна држава, правна држава која ќе нуди правна сигурност на секој еден граѓанин. Довербата во судството од минорни 1% во кои се доведовме е причина затоа што оние кои делат тендери и ја имаат политичката моќ во една држава се заедно затоа и судството ни е комплет на она кое што ни е“, кажа Мицевски. Тој додаде дека овие 7 години власта на СДС и ДУИ не донесоа на позиција на која сме. „Регионалниот рамномерен развој не се практикува секаде исто. Рамномерниот регионален развој го немаме во Источна Македонија, Малешевијата, односно го имаме селективно затоа што во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ помошта и она што законски е обврска на државата не се испраќа кон градоначалниците. Знам каква мака има градоначалникот кој се наоѓа во средина, а тоа е градоначалникот Александар Китански од Пехчево за добивање на редовни донации и редовни средства кои му следуваат за разлика од градоначалниците од Берово и Делчево. Истото е во Македонска Каменица и Виница и затоа изразувам голема благодарност до овие градоначалници кои смогнуваат сили и покрај опструкциите што ги имаат на дневно ниво од централната власта да успеваат да сработат нешто“, дециден е тој. Мицевски се надева дека со брзата промена на власта во краток временски период ќе успеат тие средства кои ги следуваат овие општини редовно да ги сервисираме за да можат истите малку покомотно да успеваат да ги реализираат сите оние активности кои требаат. „Регионалниот рамномерен развој не само во источна Македонија, се чувствува односно неработењето на оваа власт и во западна Македонија иселување за кое зборуваме тука и демографските показатели и индекси се случуваат насекаде низ Македонија. Факт на тоа е лошото менаџирање на оваа Влада и решение за целата таа работа е брза промена на оваа власт“, кажа тој. Мицевски изјави дека во Македонија еден од клучните ресурси е човекот и околу него треба да ги поставиме сите оние мерки кои следуваат. „Многу е комплексен целиот овој процес. Мораме да размислуваме прво граѓаните, младите луѓе да ги задржиме, дел од нив да успееме со подобрување на економијата да ги вратиме. Да воведеме нови мерки карактеристични за секој регион. Да ги подобриме земјоделските и ИПАРД проектите во Источна Македонија и Малешевијата. Да се размислува за планинскиот и еко туризам. Да се подобрат инфраструктурните состојби во Македонија, здравството затоа што оваа општина мака мачи со здравствени услуги. Да се подобри образовниот капитал затоа што последните 2 години учебници нема во цела држава, да се обрне внимание на социјалниот аспект и едноставно луѓето да почнат да живеат квалитетен живот“, заклучи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-sds-i-dui-go-imaat-retseptot-za-unishtuvane-na-edna-drzhava-makedonija-e-prazna-poradi-sistemskite-greshki-koi-gi-pravat-izminatite-7-godini/feed/ 0
„Денес се соочија суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-soochija-suverenitetot-i-integritetot-na-makedonija-od-edna-strana-i-inaetot-i-arogantsijata-na-vlasta-od-druga-strana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-soochija-suverenitetot-i-integritetot-na-makedonija-od-edna-strana-i-inaetot-i-arogantsijata-na-vlasta-od-druga-strana/#respond Fri, 18 Aug 2023 13:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=868458

После цела година сеење на магла од страна на власта, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, вели Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од неговата изјава: Денес се соочија суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна. Она што Владата го нарекува свршен чин кој мора да се земе или остави, народот го смета за распродажба на националните и државните интереси и одбива да го прифати. Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството и интегритетот на државата, но во исто време и погазување на суверенитетот, бидејќи народот е суверен, а тој во огромно мнозинство кажа НЕ. Власта целиот процес го правеше исклучувајќи ја јавноста и опозицијата, а кога уследи сугестијата дека грешат, уследи ароганција и игнорирање од нивна страна. Концесиите кои ги давале и ветувањата за уставни измени во Собранието се доказ дека со државата и со националните интереси се однесуваат како да им се оставени од татковци и дедовци. Изворот на проблемот датира од 2017-та кога потпишува Договор со Бугарија кој наместо пријателство донесе тензии и уцени. И тогаш беа предупредувани за последиците и сега ги предупредивме, ама Ковачевски и власта се тврдоглави или така сакаат да се прават. Прифатија услови за евроинтеграции кои ги немала ниту една земја пред нас, услови кои значат ИЛИ вечни преговори ИЛИ асимилација. Ја внесоа со својата кусогледост државата во ќорсокак. Сите рационални сили во Македонија, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да им пружат рака за да се излезе од овој ќорсокак, но тие тоа го одбија и да биде уште пострашно ги етикетираа сите кои размислуваат поинаку од нив како антиевропски. Ширеа хистерија и поделби, но колку повеќе покажуваат очај, толку народот повеќе ќе ги казни на следните избори кои неминовно треба да се случат. Оваа власт е развластена, не само заради тоа што уставните измени им удрија во ѕид, туку затоа што ја упропастија државата. Институциите се киднапирани, а СДС и ДУИ се фрлени на криминал и корупција која граѓаните ја плаќаат со своите пари, но и со своите животи. Ова власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија, оваа власт е инфлацијата која го изеде стандардот, оваа власт е апатијата која ги брка граѓаните. Оваа власт е проблемот, а решението се избори час поскоро и промена на власта. Уставни измени под диктат нема, ама затоа избори мора да има, бидејќи оваа власт е делегитимирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-soochija-suverenitetot-i-integritetot-na-makedonija-od-edna-strana-i-inaetot-i-arogantsijata-na-vlasta-od-druga-strana/feed/ 0
Мицевски по координација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Измени на Устав под бугарски диктат и ваков формат нема да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-po-koordinatsija-na-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-izmeni-na-ustav-pod-bugarski-diktat-i-vakov-format-nema-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-po-koordinatsija-na-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-izmeni-na-ustav-pod-bugarski-diktat-i-vakov-format-nema-da-ima/#respond Wed, 16 Aug 2023 12:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=867423

Денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ имаше редовна координација овој пат пред самата седница каде што е предложена точката за уставни измени. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме, рече на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. -Впрочем нашиот став е кажан и на Комисијата за уставни измени, каде аргументирано кажавме дека власта турка процес кој што не е поддржан од граѓаните. Истото ќе го повториме и на пленарната седница. Оваа седница ќе биде добра можност да се увери целокупната јавност дека власта цела една година лаже, манипулира и сее магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени. Тоа значи дека власта е разголена и нема друг адут освен лагите и манипулациите. Ова се случува секогаш кога народот ќе се потцени, и кога личните интереси ќе ги стават пред тие на државата. Тие цела година купуваа време со очекување и сега стануваат жртва на сопствените лаги. Дозволија државата да ја стават во подредена позиција и да ја донесат во слепа улица. После ова очекуваме одговорност, истакна Мицевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-po-koordinatsija-na-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-izmeni-na-ustav-pod-bugarski-diktat-i-vakov-format-nema-da-ima/feed/ 0
Мицевски: Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме, затоа што тоа е директно кршење на суверенитетот на една земја, ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со народот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ustavni-izmeni-pod-diktat-pritisok-i-nametnuvana-se-nevozmozhni-i-nikogash-nema-da-gi-poddrzhime-zatoa-shto-toa-e-direktno-krshene-na-suverenitetot-na-edna-zemja-vmro-dpmne-ostanuva-zaedno-s/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ustavni-izmeni-pod-diktat-pritisok-i-nametnuvana-se-nevozmozhni-i-nikogash-nema-da-gi-poddrzhime-zatoa-shto-toa-e-direktno-krshene-na-suverenitetot-na-edna-zemja-vmro-dpmne-ostanuva-zaedno-s/#respond Tue, 25 Jul 2023 09:57:18 +0000 https://kurir.mk/?p=859760

Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме, затоа што тоа е директно кршење на суверенитетот на една земја. Суверенитетот произлегува од народот, а огромно мнозинство од народот над 80% вели НЕ на ваков начин на насилство од страна на власта. За жал трагичната вистина видлива и денес пред целата македонска јавност е дека ние имаме глува и слепа власт, која за ден повеќе во фотелја, за тапшање по рамо, за комшијата да и поклонува луксузни коли, фарми за канабис, фотоволтаици или бесплатни трговски центри - е спремна да прави отстапка по отстапка до целосно обезличување и рушење на националните и државни интереси. Оваа влада има еден клучен проблем, а тоа е да води инат и со опозицијата и со народот и со експертите. Ни ал ни абер има од градење на консензус по виталните национални прашања, туку сите работи ги води до степен на свршен чин, презема обврски без да се бори за интересот на својот народ, презема штетни договори, кои после бара сите да ги прифатат. Тоа е недозволиво, тоа е лузерска политика која не носи никаков бенефит. Напротив носи штети и трајни катастрофални последици, ова денеска од собраниската говорница го истакна Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Како салама ги сецкаат и после тоа ни го прикажуваат како успех. Да потсетиме дека и во 2017-та и целото ова време како партија предупредувавме дека договорот за добрососедство е брзоплето решение кое носи отровни плодови кои сега ги гледаме. Но и тогаш оваа самобендисана власт на СДС и ДУИ и сега одбива да се соочи со реалноста. Тогаш тврдеа дека ги затвораат прашањата со соседите, а нивните политики донесоа ескалација на омразата и официјални државни документи од Бугарија во кои комплетно се негира самобитноста и историјата на Македонија и македонскиот народ пред 1945 година. Наместо добрососедство, донесоа омраза. Наместо соработка, донесоа понижувања. Наместо пријателство, донесоа уцени и закани. Наместо да послушаат што предупредувавме, без борба ја предадоа Македонија. И еве не тука денес, кога повторно говориме дека уставни измени во овие услови и под директен диктат на Софија се штетни и носат несогледливи последици. Ако меѓународните договори кои оваа власт ги потпиша даваа правен легитимитет на негаторските политики и ставови, уставни измени сега и под вакви околности ќе дадат правна рамка на истите тие негаторски политики но во внатрешниот правен сообраќај во Македонија и во македонските институции. Нека не ве замајуваат изјавите на Маричиќ, Османи и сличните дека ова е шанса која не смее да се пропушти. Дека ова било шанса да се направела разлика меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Секој еден кој без овие измени не умее да прави разлика меѓу двата народи и засебната различна илјадолетна историја, не смее да биде дел од овие клупи и овој Парламент, светиот дом на народната волја, права и достоинство. Не, господа, ова не е никаква шанса за напредок на целата држава. Ова е само шанса за нивно лично профитирање на грбот на македонскиот народ и Македонија. За уште некое АУДИ на поклон од комшијата, за уште неколку тони бифтеци платени од народот, за уште некој бизнис и цедење на македонската земја на која има се повеќе парцели кои тие ги продаваат како да се на пазар, а во неа има се помалку луѓе кои не можат да го трпат овој терор и современа тиранија под превезот на демократијата, вели Мицевски. Тој истакнува дека, но сега работите се поинакви. Народот виде дека од нивните големи ветувања не треба да се има големи очекувања, туку за жал само горчливи разочарувања. Не така одамна пред само 4-5 години истите овие ликови не убедуваа дека Македонија ги има затворено сите политички прашања со своите соседи, а вистината е дека само отворија големи апетити кои може да бидат погубни за нас како народ и како држава. Погледнете, зарем има некоја промена на подобро изминатите години и месеци во реториката или делата од страна на нашиот источен сосед. Одговорот е не. Гледаме само нови и нови омаловажувања, негации и барања за измени на учебници, историски настани и наративи. Барања за контрола на говорот и мислата, односно медиумите, пишаниот збор и создавањето културни дела. Обиди за цензура и на мислата и на историјата. Односно цензура на нашето постоење. Наместо за економија и инфраструктура испорачуваат декларации за “бугаризирање на илинденското востание“. Тоа е иднината која власта сака да ја катализира со овие уставни измени. „Почитувани, ние не зборуваме тука за некаква заблуденост на власта на Ковачевски. Тие се свесни и многу добро знаат што ова може да предизвика, но се решени својата предавничка агенда да ја тераат по секоја цена, се додека тие ја вршат наплатата на распродажбата на националните интереси, чест и достоинство на сите граѓани на Македонија. Зарем мислите дека не им беа јасни предлозите и добронамерните предупредувања кои ВМРО-ДПМНЕ ги даваше?! Беа свесни, но сепак ги одбиваа. Уставни измени на крајот на евроинтегративниот процес кои ние ги баравме ќе беа гаранција дека тој пат ќе се водеше без скриени намери за однародување на македонците, или како што велат некои кругови во Софија ‘убивање на македонизмот. Доколку на крајот на процесот се направат уставните измени ќе имавме некаква сигурност дека нема да бидеме блокирани за темите како историја, учебници, измислени и непостоечки говори на омраза и слични теми кои сега Софија сака да ги наметне, туку ќе се водеше процесот исклучиво според нивото на исполнување на Копенхашките критериуми. Господа од власта, Копенхашките критериуми се мерилото на една земја колку напреднала на патот кон Европа и тие се лесно мерливи, а не се подвижна цел. Тој пат го изоделе другите и ние баравме шанса и Македонија тоа да го направи. Како што рековме и кога се носеше тн Француски предлог, кој всушност беше бугарски предлог, овој пат под овие услови ќе се претвори во бескраен процес во кој на една маса ќе зборуваме за некое поглавје, а на другата поважна маса ќе се одлучува дали во учебникот за петто, четврто или седмо одделение треба да прифатиме бугарски историски наратив за Кирил и Методиј, Кресненското или илинденското востание. А кога е во прашање дискриминацијата, во Македонија денес единствено дискриминиран народ е македонскиот и единствена дискриминирана група е онаа на огромното мнозинство кое власта сака повторно, уште еден пат да го игнорира и да се претстави како некаква далековида власт која имала храброст да носи тешки одлуки. Ако одлуките се тешки, не може или не значи дека се добри. И сите кои се кријат зад некаква лажна храброст дека носеле тешки одлуки, треба да се засрамат и да ја наведнат главата пред секој граѓанин на Македонија. Бидејќи не е храброст да прифатиш беспоговорно се што ќе ти побара тој наспроти тебе, само затоа што чувствуваш дека твојата фотелја и комодитетот му го должиш нему, без оглед од кај доаѓа – од Атина, Софија или Брисел. Сите овие фотелји на кои седите ги платиле македонските граѓани и сите вашето присуство тука им го должите само на македонските граѓани и на никој друг. Секое друго гледање на работите и постапки не се демократија, туку се тиранија и национално предавство. Жално е што ве гледам вака со сведнати глави и претпоставувам дека во себе си викате дека овој човек има право. Жално е да ве гледа човек како прифаќате без борба дека Македонија е доведена пред свршен чин. А без борба е. Лажниот триумфализам кој лани го ширевте тука, дека сте кажале историско не, па сте добиле подобар предлог беше торпедиран и потопен од предлагачите на преговарачката рамка. Најдоа село без кучиња и удрија до максимум со нивните барања. Сменија три запирки во првиот предлог, го нарекоа втор и вие дојдовте тука насилнички да се фалите дека сте ги зачувале македонските национални интереси, додека ја распродавате државата преку вашите фирми и компании. Во Софија славеа, а и како не би славеле кога наспроти нив не наидоа на државници, туку на поданици. Но, лагите излегоа на површина и секој гледа како сте ги зачувале националните интереси. Пред некој ден во софискиот парламент се читаше декларација за наводен неточен и измислен бугарски карактер на најсветото македонско Илинденско востание. Еден од темелите на оваа држава. И тој го урнавте вие, заштитувачите на идентитетот. Вториот се викаше АСНОМ – и него го масакриравте во Уставот. Така вие делувате, божем штитејќи ги националните интереси истите ги распродавате, за да ги заштитите личните и интереси и бизниси и привилегии. И сега гледам, слушам и не ми се верува, СДСМ најавува дека ќе поднесела декларација за Илинденското востание! Истите оние кои лани-преклани одбиваа да усвоиме декларација за Гоце Делчев бидејќи немало потреба и ќе нанесела штета, сега ќе поднесела декларација за Илинденското востание?! Па зошто бе колеги, ако го заштитивте идентитетот? Сфаќате ли колку е ова нелогично? И додека сме тука кога е во прашање Илинден, вие единствен документ кој можете и треба да го поднесете е извинување до Илинденците за изневерувањето кое им го направивте на нивната борба, а веднаш потоа сите да заминете од ова Собрание и никогаш да не се вратите. Затоа што не го браните интересот на Македонците и сите граѓани на Македонија“, вели Мицевски. Тој потенцира дека ние ви понудивме и втора опција, од која бегате како ѓавол од темјан – или како бугарски историчар од докази и факти - а тоа е ДЕМОКРАТИЈАТА. Но, вие не сте навикнати на демократија. Стран поим ви е демократијата. А ви рековме, ајде да излеземе пред народот, да ги преставиме своите планови за државата, а потоа да изградиме заеднички консензус и заедно да се поддржуваме во евроинтегративниот пат во интерес на нашиот народ и нашата Македонија. Да побараме најсериозни и најголеми можни институционални гаранции од страна на европската унија за нашиот многувековен идентитет, јазик и историја е нешто кое што секој кој и мисли добро на Македонија би го направил. И тоа го одбивте. Зарем заборавивте дека ветувањето на еден политичар и неговите усмени изјави важат се додека тој е на позиција, а после тоа тој кој што го заменува нема ни обврска ни потреба истото да го продолжи? Или на тоа се надевате дека би се случило, па утре ден ќе се однесувате како вашите претходници и ќе се правите недоветни и зачудени од сето она што се родило како резултат на вашите предавства? -Ви кажуваме тука, пред очите на цела Македонија и во името на граѓаните на Република Македонија вака нема да може. Нема да може! Уставни измени под бугарски диктат нема да има. А оваа расправа е осудена на пропаст. Ниту имате пратеници, ниту имате народ позади себе. Затоа после ова мое излагање ние нема што повеќе да кажеме, и ајде во скратени рокови нека дојде на пленарна седница па да видите како пропаѓа ова ваше срамно насилие врз уставот и туркање на бугарски диктат. И не заборавајте. Одбивавте дами и господа од СДС се што значеше подадена рака и глас на разумот. Одбивавте било каква борба за националните интереси, следејќи ја насоката која ја постави вашиот идеолошки гуру Зоран Заев кој рече дека на СДСМ не му приличеле политиките на патриотизмот и така ја водеше партијата и државата, а истиот принцип го наследи и неговиот верен ученик Димитар Ковачевски. Спремни сте да се инаетете до бескрај, но тој инает ќе ви се удри од глава. Овие уставни измени кои денес ги предлагате ги водите и спротивно на законите и спротивно на здравиот разум. Затоа овие измени ќе удрат во ѕид. Бидејќи пред ѕидот е македонскиот народ. До таму го дотеравте, до ѕид. Но овој народ, граѓаните на Македонија имаат чест и достоинство, имаат самопочит која вие ја немате и нема да дозволат уште едно, ново раскрчмување на Македонија, нема да дозволат распродажба на светите идеали на Илинденците, Асномците и генерацијата на независноста. Нема да дозволат повеќе понижувања, уцени, закани и угнетувања на тиранијата која ја практикуваат недемократските власти како вашата. Затоа овие измени се осудени на пропаст. И не се обидувајте да правите нови поделби на тоа кој бил проевропски кој не, не се обидувајте да етикетирате и да делите на било каков начин, тоа веќе не поминува. Прочитана книга сте. Ова е само последниот чин на вашата трагедија, пред да ви се спушти завесата и да си одите кој дома, кој по затвори. Доста беше. Македонија не е на продажба. Ниту се на продажба Македонците во Бугарија, Грција, Албанија, Косово и насекаде низ светот. Сите тие ќе имаат татковина која ќе се грижи за нив, а не власт која ќе се грижи што уште може да украде и уништи за лична корист. Би ви рекол засрамете се, ама знам дека срам немате. Затоа и немате поддршка. Ниту за уставните измени, ниту да продолжите да владеете. Македонија вели: Готово е. Готови сте. Господине Ковачевски имам да ви кажам нешто, не вреди оваа фарса за ниту една работа која ја правите или која ви ја ветиле дека ќе ви прогледаат низ прсти. Ќе излезете од овој процес како губитник. Оставете ги бизнисите, оставете ги профитите, еднаш помислете и одиграјте за Македонија. Колку пати како премиер побаравте Софија да спроведе барем една пресуда од судот од Стразбур добиена од македонците против Бугарија, зарем ви е сеедно што тие се препуштени сами на себе додека во Македонија се карате со народот да ги исполните бугарските диктати. Јас не верувам дека ќе се ставите на страната на народот, но јас во име на народот ви кажувам каква грешка и срам си правите за себе и вашите најблиски. ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со народот, заедно до подобра иднина. Да живее Македонија, да живеат Македонците и сите граѓани на Република Македонија, вели Мицевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ustavni-izmeni-pod-diktat-pritisok-i-nametnuvana-se-nevozmozhni-i-nikogash-nema-da-gi-poddrzhime-zatoa-shto-toa-e-direktno-krshene-na-suverenitetot-na-edna-zemja-vmro-dpmne-ostanuva-zaedno-s/feed/ 0
Мицевски: Уставните измени не се приоритет за кое треба да зборуваме, бидејќи правосудниот систем во државата е дерогиран, а корупцијата е присутна во владините редови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ustavnite-izmeni-ne-se-prioritet-za-koe-treba-da-zboruvame-bidejki-pravosudniot-sistem-vo-drzhavata-e-derogiran-a-koruptsijata-e-prisutna-vo-vladinite-redovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ustavnite-izmeni-ne-se-prioritet-za-koe-treba-da-zboruvame-bidejki-pravosudniot-sistem-vo-drzhavata-e-derogiran-a-koruptsijata-e-prisutna-vo-vladinite-redovi/#respond Wed, 12 Jul 2023 17:26:53 +0000 https://kurir.mk/?p=855990

Недозволиво е во една демократија избраните претставници на народот кои најголем дел се избрани со повеќе од 10 илјади гласови некој да дојде и да разговара и прави притисоци некои кои не бил избран од народот кое е избрано и именувано лице после избори. Според Мицевски тоа е обид за спинување и бегањето од реалните теми и разговори за тоа дали Бујар Османи и Бојан Маричиќ разговарале и се јавувале на одредени пратеници и дефокусирање на јавноста како се купи Соравија, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа. Тој додаде дека ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и произлегува од граѓаните. Тој посочи дека уставните измени не се нешто приоритетно за кое треба да зборуваме. Имаме проблем со високата корупција која се јави во високите владини редови за која редовно дискутираме и за која бараат голем број амбасади и дипломати решение. „Ние пред некој период имавме американска администрација која ни укажа и ни стави на црна листа човек кој е од владејачкото мнозинство и актуелен функционер. Од друга страна имаме и најава дека во наредниот период ќе дојде и оценска мисија да ја оценува работата на судскиот совет и имаме најава дека нешто се случува таму. Комисијата која ја направи јавниот обвинител утврди дека 14 од тие 30 предмети кои се против дотичниот функционер ставен на црна листа биле застарени“, кажа Мицевски. Тој е дециден дека се руши судскиот систем и правосудниот систем во државата е дерогиран. „Разговараме со коалицоните партнери и други политички субјекти кои се дел од коалицијата за „Обнова на Македонија“ за организирање и здружување околу една платформа за борба против корупцијата , подобрување на економските перфоманси и враќање на достоинството на македонскиот граѓанин и македонската држава. Секој оној еден кој ќе се подобри во таа платформа е добредојден во опозицискиот блок за рушење на оваа ненародна туку деструктивна и самоуништувачка Влада која работи спротивно на интересите на своите граѓани“, посочи Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ustavnite-izmeni-ne-se-prioritet-za-koe-treba-da-zboruvame-bidejki-pravosudniot-sistem-vo-drzhavata-e-derogiran-a-koruptsijata-e-prisutna-vo-vladinite-redovi/feed/ 0
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избoри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-vmro-dpmne-gi-prekina-site-ofitsijalni-bilateralni-sredbi-so-vlasta-mozhe-da-se-razgovara-samo-za-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-vmro-dpmne-gi-prekina-site-ofitsijalni-bilateralni-sredbi-so-vlasta-mozhe-da-se-razgovara-samo-za-predvremeni-izbori/#respond Wed, 12 Jul 2023 16:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=855979

Власта тактизира, ги користи уставните измени како тема за која треба да се зборува, а во суштина во државата се случуваат други процеси и граѓаните точно знаат каде се дефектите во државата, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за „За или против“ на Алфа и посочи дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ реши прекине сите официјални билатерални средби со власта и дека единствено може да се разговара за избори. Мицевски посочи дека во моментов ниту пратениците од власта не знаат што содржат предлозите за уставни измени, а власта го одолговлекува процесот оти нема мнозинство. - Овој процес се одолговлекува од минатата година кога го донесоа Францускиот предлог. Владата тогаш најавуваше дека има 80 пратеници и дека брзо ќе влезат уставните измени во собраниска процедура. Потоа се кажа дека ќе се продолжи во декември, па дека ќе одат во февруари, па мај, дојдовме до јули и пак се спомнуваат термини, рече Мицески. Тој додаде дека згрешен е целиот процес од сам почеток и дека уште на почеток ВМРО-ДПМНЕ уште кога беше договорот со БУгарија укажуваше каде се проблемите и има замки кои Бугарија успеа да ги искористи - Бугарија успеа билатерален проблем да го наметне како европски проблем. Укажувавме, имавме забелешки а тие викаа дека тој е патот, дека ќе нема повторно проблеми. Потоа се појавија проблемите и барањата за Бугарите во Уставот и сите тие проблеми кои потоа следуваа и кои се наметнаа, а ги немаше назад 30 години. Викавме дека не е добар процесот без ВМРО-ДПМНЕ, понудивме да имаме работни групи со лица кои ќе помогнат во тој процес и дека ќе исправиме сите неправилни работи и бевме одбиени, изјави Мицевски. Мицевски истакна дека власта го даваше за пример хрватскиот модел, па кога ВМРО-ДПМНЕ рече може, тие избегаа како што избегаа од двата предлози на претседателот Мицкоски. - Го спомнува хрватскиот модел, кога го прифативме, бевме одбиени, се продолжи со тактизирање да дојдеме во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ на маса стави два предлога преодна вада без ДУИ и измени кои ќе стапат на сила по завршување на преговорите со членство на државата и вториот гаранции за идентитетот, економски пакет, заштита на Македонците во Бугарија и спроведување на дел од пресудите од ЕСЧП. Следеше спинување на предлозите. Се тактизираше 3-4 недели, за на крај излеговме со став дека преговори по ова прашање нема и единствена тема за која ќе разговараме следниот период се предвремени избори, изјави Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-vmro-dpmne-gi-prekina-site-ofitsijalni-bilateralni-sredbi-so-vlasta-mozhe-da-se-razgovara-samo-za-predvremeni-izbori/feed/ 0
Мицевски не очекува изненадување од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ при гласањето на уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ne-ochekuva-iznenaduvane-od-pratenitsite-na-vmro-dpmne-pri-glasaneto-na-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ne-ochekuva-iznenaduvane-od-pratenitsite-na-vmro-dpmne-pri-glasaneto-na-ustavnite-izmeni/#respond Sat, 08 Jul 2023 13:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=854334

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски не очекува изненадување од страна на нивните пратениците при гласањето на уставните измени, кои, според најавите, за две недели треба да се најдат во Собрание. -Апсолутно не. Ние стоиме на тоа. Редовни координации организираме и не е прашањето до пратениците затоа што сите тие пратеници имаат легитимитет од граѓаните, а граѓаните се тие коишто се противат на ваков тип на уставни измени, вели Мицевски. Тој посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е кохезивна, нема промена на ставот и остануваат на тоа дека нема промена на Устав под бугарски диктат и условите коишто се нудат. -Затоа што континуирано укажуваме на забелешки во Собранието на сите негативни процеси коишто ги прават од периодот кога се носеше Договорот за добресоседство и пријателство па преку францускиот предлог и еве и оваа година откако упорно пробуваат да ја убедат јавноста дека имаат 80 пратеници, дека има некое проевропско крило, рече Мицевски. Координаторот на пратеничката група уверува дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е проевропска и оти останува на ставот дека брзи избори се решение за потоа, како влада да ги решаваат сите проблеми во општеството. Мицевски денеска присуствуваше на два настани во организација на локалната самоуправа во Штип, каде беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-ne-ochekuva-iznenaduvane-od-pratenitsite-na-vmro-dpmne-pri-glasaneto-na-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Стојаноски и Мицевски со нов предлог за измени во Законот за ДДВ во македонското собрание со кој ќе се олесни животот на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-i-mitsevski-so-nov-predlog-za-izmeni-vo-zakonot-za-ddv-vo-makedonskoto-sobranie-so-koj-ke-se-olesni-zhivotot-na-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-i-mitsevski-so-nov-predlog-za-izmeni-vo-zakonot-za-ddv-vo-makedonskoto-sobranie-so-koj-ke-se-olesni-zhivotot-na-graganite/#respond Tue, 13 Jun 2023 10:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=845227

Денеска заедно со Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски во името на цела пратеничка група на ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ги поднесовме измените во Законот за ДДВ, објави на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Предложените измени предвидуваат: 1. Ослободување од ДДВ на производите за човечка исхрана. Со оваа мерка цените на прехранбените производи ќе се намалат веднаш за 5%. Сметаме дека ова решение е неопходно по завршувањето на мерките со кои беа ограничени цените на прехранбените производи. Со нашето предлог решение оставаме можност Владата сама да определи кои производи ќе бидат ослободени од ДДВ. 2. Враќање на стапката на ДДВ на струјата на 5%, наместо најавените 18%. Доколку не се ефектуира нашиот предлог, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат сметки за струја за најмалку 8% повеќе. Во моментов стапката на ДДВ е 10%, а од први јули ќе се зголеми на 18%. Нашето барање ќе ја стабилизира цената на струјата за домаќинствата, која ќе биде пониска за цели 13%. Ги охрабруваме пратениците на СДСМ и ДУИ да не ги слушаат своите раководства и час поскоро уште на утрешната седница да ги донесеме овие предлог измени во интерес на граѓаните, додава Стојаноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-i-mitsevski-so-nov-predlog-za-izmeni-vo-zakonot-za-ddv-vo-makedonskoto-sobranie-so-koj-ke-se-olesni-zhivotot-na-graganite/feed/ 0
Мицевски за двата предлози: СДС не прифаќа заштита на македонскиот национален интерес и брза интеграција на Македонија во ЕУ, бидејќи се спрема за ново национално предавство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-za-dvata-predlozi-sds-ne-prifaka-zashtita-na-makedonskiot-natsionalen-interes-i-brza-integratsija-na-makedonija-vo-eu-bidejki-se-sprema-za-novo-natsionalno-predavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-za-dvata-predlozi-sds-ne-prifaka-zashtita-na-makedonskiot-natsionalen-interes-i-brza-integratsija-na-makedonija-vo-eu-bidejki-se-sprema-za-novo-natsionalno-predavstvo/#respond Mon, 12 Jun 2023 14:28:52 +0000 https://kurir.mk/?p=844941

Владејачкото мнозинство се наоѓа во ќорсокак, смета координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во интервју во дневникот на ТВ Канал 5. Мицевски посочи дека Димитар Ковачевски се уште се нема изјаснето за двата предлози од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -ВМРО-ДПМНЕ даде два предлози за кои што сеуште нема одговор од страна на Ковачевски. Двата предлози се многу конкретни. Првиот предлог, преодна влада без ДУИ и измени кои што ќе стапат во сила со завршувањето на преговорите и членство на државата во ЕУ. И вториот предлог избори кои ќе бидат брзи, гаранции за националниот идентитет и јазик од Европската Унија, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права и влада без ДУИ повторно поддржана од опозицијата, рече тој. Мицевски спомена две можни сценарија како резултат на молчењето од страна на владејачкото мнозинство, а тоа е бидејќи СДС не сака да ја испрати ДУИ во опозиција или пак сака да направи уште едно тивко национално предавство. -Овде има две сценарија или СДС не сака да ги пушти или испрати ДУИ во опозиција, или пак СДС е решен повторно тивко да изврши национално предавство, затоа што гледаме дека конкретен одговор на двата предлози нема, изјави Мицевски. Мицевски додаде дека со предлозите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се заштитува македонскиот национален интерес, се става државата на брза трака за интеграција во ЕУ, како и се спречува понатамошно блокирање од страна на Бугарија. -Ние го заштитуваме македонскиот народ, обезбедуваме интеграција, заштитени се националните интереси, значи долговековната традиција, јазик, култура ќе бидат заштитени, односно дека нема да може Бугарија дополнително повторно да ја условува Македонија, заклучи Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-za-dvata-predlozi-sds-ne-prifaka-zashtita-na-makedonskiot-natsionalen-interes-i-brza-integratsija-na-makedonija-vo-eu-bidejki-se-sprema-za-novo-natsionalno-predavstvo/feed/ 0
Мицевски за Канал 5: На Ковачевски му е јасно дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, и тој самиот го кажа тоа на прес конференција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-za-kanal-5-na-kovachevski-mu-e-jasno-deka-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-nema-da-glasa-za-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-i-toj-samiot-go-kazha-toa-na-pres-konferentsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-za-kanal-5-na-kovachevski-mu-e-jasno-deka-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-nema-da-glasa-za-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-i-toj-samiot-go-kazha-toa-na-pres-konferentsija/#respond Mon, 12 Jun 2023 14:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=844927

Очигледно има какофонија после лидерската и тоа некој намерно го прави. И јас бев дел од прес конференциите на двајцата лидери после лидерската и двајцата констатираа дека нема договор, за потоа да се јават од СДС и ДУИ со неточни и селективни изјави по однос на целата работа, вели Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во вклучување во дневникот на Канал 5 телевизија. Мицевски вели дека СДС и ДУИ лажно ја пренесуваат изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прашувајќи доколку Мицкоски прифатил уставни измени тогаш зошто точката не ја стават на дневен ред па да виде јавноста како ќе поминат истите. Би прашал како координатор на најголемата пратеничка група во Собранието, доколку има договор за уставните измени, зошто уште утре не ги внесат па да видат како ќе поминат тие уставни измени, праша Мицевски. Мицевски уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група дека никој нема да прифати уставни измени под бугарски диктат. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени по бугарски диктат, дециден е тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsevski-za-kanal-5-na-kovachevski-mu-e-jasno-deka-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-nema-da-glasa-za-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-i-toj-samiot-go-kazha-toa-na-pres-konferentsija/feed/ 0