никола минчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jun 2022 12:05:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола минчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сменет од функција претседателот на бугарскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/#respond Thu, 16 Jun 2022 11:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=691660

Никола Минчев веќе не е претседател на бугарскиот Парламент откако денеска пратениците гласаа за негово разрешување со 125 гласа „за“. Против беа 113 пратеници. Еден пратеник беше воздржан. Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“. Меѓу причините се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола. -Во пленарната сала има ново мнозинство, порача Минчев од собраниската говорница на дебатите за неговото отповикување. Никола Минчев од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“ беше избран за претседател на 47. Народно собрание на 3 декември минатата година. Неговата кандидатура ја предложи актуелниот премиер Кирил Петков. -Му се заблагодарувам на Никола Минчев за добро завршената работа. Тој успеа да го води овој парламент на најдијалошки, најпрофесионален начин што можеше. Тој навистина стана жртва не на својата работа, не на неговите постапки, туку на коалиција која сега се формира меѓу ГЕРБ, Преродба СДС и останатите луѓе во „Има таков народ“ кој реши дека без разлика на професионалните квалитети ќе гласа против“. Ова го порача Кирил Петков од собраниската говорница, неколку минути откако беше разрешен Никола Минчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/feed/ 0
Бугарија: Поднесено барање за смена на претседателот на собранието https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-podneseno-baranje-za-smena-na-pretsedatelot-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-podneseno-baranje-za-smena-na-pretsedatelot-na-sobranieto/#respond Wed, 15 Jun 2022 15:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=691319

По жестоката расправа во Собранието на Бугарија околу излагањето на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и нејзините обвинувања на сметка на премиерот Кирил Петков, денеска попладне опозицијата поднесе барање за смена на претседателот на парламентот, Никола Минчев. На тоа барање се потпишани 120 пратеници од Има таков народ, ГЕРБ, ДПС и Преродба. Нивното барање е за „предвремено ослободување“ на Минчев од функцијата, според извештајот што е објавен на веб-страницата на собранието. Според деловникот на бугарското собрание предлогот се става на гласање на првата седница по денот на приемот, а на лицето му се дава право да биде сослушано. Тоа значи дека гласањето ќе се одржи одржи утре. Лидерот на партијата на Турците, ДПС, Мустафа Карадај, објасни дека нивните мотиви не се поврзани со излагањето на министерката во оставка Теодора Генчовска. „Причината е во прекршувањето на правилата. Тоа се случуваше и многу пати претходно“, рече Карадај. Христо Иванов изјави дека Демократска Бугарија стои зад претседателот на Народното собрание Никола Минчев. Со овој чекор Бугарија влегува во нова повжештена фаза на политичката криза за која никој не знае како ќе заврши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-podneseno-baranje-za-smena-na-pretsedatelot-na-sobranieto/feed/ 0
Минчев за БНР: Бугарија нема да го крене ветото за Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/minchev-za-bnr-bugarija-nema-da-go-krene-vetoto-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/minchev-za-bnr-bugarija-nema-da-go-krene-vetoto-za-makedonija/#respond Sun, 22 May 2022 17:51:58 +0000 https://kurir.mk/?p=680193

Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Северна Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија. Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Северна Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели. – Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече тој. Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/minchev-za-bnr-bugarija-nema-da-go-krene-vetoto-za-makedonija/feed/ 0