Никола Николовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Nov 2022 22:35:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никола Николовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мизрахи: Вчерашното апсење на Николовски е доказ дека власта ги користи своите механизми за замолчување на неистомисленици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vcherashnoto-apsenje-na-nikolovski-e-dokaz-deka-vlasta-gi-koristi-svoite-mehanizmi-za-zamolchuvanje-na-neistomislenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vcherashnoto-apsenje-na-nikolovski-e-dokaz-deka-vlasta-gi-koristi-svoite-mehanizmi-za-zamolchuvanje-na-neistomislenici/#respond Thu, 03 Nov 2022 22:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=755448

На страна од моето мислење како се носат законите во оваа држава и колку закони се донесени и како истите се имплементираат, се почитуваат, дали селективно се почитуваат или не, мислам дека тоа е посебна тема за дискусија. Овој случај според она што дознаваме нели од медиумите е дека лицето е лишено од слобода во 5:30 напладне, за во 9:30 да има претрес на неговиот дом што значи дека обвинителството било вклучено. Меѓутоа дали станува збор бидејќи во тој меѓу период од 5:30 до 9:30 по социјалните медиуми се прошири информацијата дека ете најден е виновникот за мејловите, за заканите итн. Па така треба да повнимаваме дали станува всушност збор за злоупотреба на институционалната моќ против некој ете кој што бил гласноговорник преку одреден медиум Конзерватив.мк или како и да се вика, медиумот кој што ги критикува институциите, власта, па се користи овој механизам нели за предизвикување на еден вид на молк, истакна Рашела Мизрахи, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“, коментирајќи го вчерашното апсење на Никола Николовски. Мизрахи додаде дека власта апсењето го користи како алатка за замолчување на гласноговорниците и неистомислениците. „Ние се наоѓаме во држава во која што граѓаните немаат доверба кон општествените институции односно државните институции, нарушен е општествениот договор и заради тоа граѓанството буквално се брани од институциите како резултат на таа недоверба“, појасни таа. Пратеничката посочи дека довербата сама по себе не може да биде наметната. Не може власта да ви нареди да и се верува. Довербата кон власта се стекнува или се губи. „Значи сомнежот стои дека како резултат на контроверзните ставови или пак критичната настроеност на одреден сајт во кој што Николовски имал влијание, имаме злоупотреба на институционална моќ, власта ги користи своите механизми за замолчување“, рече Мизрахи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vcherashnoto-apsenje-na-nikolovski-e-dokaz-deka-vlasta-gi-koristi-svoite-mehanizmi-za-zamolchuvanje-na-neistomislenici/feed/ 0
Се огласи и обвинителството: Николовски кој го уапси МВР нема никаква поврзаност со заканите за бомби во неколку средни училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-obvinitelstvoto-nikolovski-koj-go-uapsi-mvr-nema-nikakva-povrzanost-so-zakanite-za-bombi-vo-nekolku-sredni-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-obvinitelstvoto-nikolovski-koj-go-uapsi-mvr-nema-nikakva-povrzanost-so-zakanite-za-bombi-vo-nekolku-sredni-uchilishta/#respond Thu, 03 Nov 2022 13:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=755222

Лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, е пуштено на слобода откако по извршениот распит и претрес во неговиот дом, првичните вештачења не покажале негова поврзаност со испратените пораки, потврдуваат за МИА од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Како што посочуваат од ЈОРМ, откако лицето од страна на СВР Скопје било лишено од слобода, известен е јавен обвинител кој во интерес на ефективно постапување, веднаш до судијата на претходна постапка доставил барање за претрес на домот на лицето и одземање на електронските уреди од кои потенцијално би можеле да бидат испратени пораките. -Во текот на измината вечер по напатствија на јавниот обвинител се извршени сите неопходни дејствија со цел да нема дополнително задржување на лицето. Со оглед дека првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по извршениот распит е пуштено на слобода, стои во изјавата за МИА на ЈОРМ.​ Од МВР, претходно, денеска, за МИА потврдија дека со лицето кое синоќа беше приведено во врска со случајот е извршен распит и претрес во неговиот дом. – Со лицето е извршен службен разговор, во координација со Јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија од МВР за МИА. Платформата именувана како Conservative.mk синоќа на нивниот фејсбук-профил објави дека приведеното лице за наводна поврзаност со заканите за поставени бомби кои ги добија неколку средни училишта во Скопје e нивен член и активист Никола Николовски, за кој тврдат дека е неправедно уапсен. -Одговорно тврдиме и демантираме дека нашиот член Никола има каква било поврзаност со овие настани. Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент, пишува на нивниот фејсбук статус. Според платформата, ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците, затоа ќе се погрижат настанот да биде целосно расветлен пред органите, а вистинските лица кои стојат позади, како што наведуваат, овој нарачан напад да понесат целосна одговорност. Главната цел на CONSERVATIVE.mk, како што стои на нивната веб страница е обединување на граѓаните кои веруваат во фундаменталните вредности на зголемување и подобрување на квалитетот на демократијата, здравата животна средина, слободниот пазар, класичниот либерализам, конзерватизмот и другите слични заложби и идеологии. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден доби пријави од девет училишта на територија на Скопје дека на нивните електронски адреси добиле порака со закана за поставена бомба, а по завршените антитерористички проверки соопшти оти е утврдено дека станува збор за лажни пријави. Повеќе училишта и минатата недела неколку дена по ред на нивните електронските адреси добиваа дојави за бомби, кои по проверката од страна на МВР се утврди дека се лажни пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-obvinitelstvoto-nikolovski-koj-go-uapsi-mvr-nema-nikakva-povrzanost-so-zakanite-za-bombi-vo-nekolku-sredni-uchilishta/feed/ 0
Се огласи Никола Николовски: Слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена, нема да ме замолчите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-nikola-nikolovski-slobodnata-misla-e-povredna-od-sekoja-zakana-pritisok-i-ucena-nema-da-me-zamolchite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-nikola-nikolovski-slobodnata-misla-e-povredna-od-sekoja-zakana-pritisok-i-ucena-nema-da-me-zamolchite/#respond Thu, 03 Nov 2022 11:16:08 +0000 https://kurir.mk/?p=755124

На Фејсбук профилот „Боемот“ денеска е објавен текст во кој Никола Николовски раскажува за вчерашниот немил настан кој ја згрози целата македонска јавност. „Слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена - нема да ме замолчите, само ме направивте посилен! Во текот на вчерашниот ден, среде бел ден и во време на вршење на моите работни обврски бев лишен од слобода, по што до доцните часови бев држен во полициска станица, без можност за контакт со моите пријатели, роднини и најтесното семејство. Јавен распит, претрес на мојот дом од страна на 10 полицајци, меѓу кои имаше и вооружени, мое спроведување од полициска станица до дома во придружба на вооружени службеници како најголем криминалец, товарење за дело кое не сум го направил и е АПСОЛУТНА НЕВИСТИНА! Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла. „Тоа што не те убива, те прави посилен“. Затоа продолжувам со засилено темпо јавно да го искажувам моето мислење, но овој пат наместо под псевдоним ќе го додадам и моето име: Никола Николовски. Ви благодарам на сите кои бевте моја поддршка и не се посомневавте ни за момент во мојата невиност и заеднички се боревте против дезинформациите чија цел беше да ме оцрнат, омаловажат и да ме деградираат мене и моето семејство. Јас ќе продолжам да го истакнувам својот став на сите општествени теми, бидејќи најважна ми е поддршката од младите кои бараат промени во општеството. А оние кои напишаа секакви невистини околу вчерашната случка ќе одговараат јавно пред лицето на правдата и ќе бидат преземени сите расположливи дејствија и мерки! Утре ова може да биде секој од вас, секој што размислува различно од она што го наметнуваат властите и живеењето во ова „модерно“ време. Затоа, еднаш засекогаш мора да ставиме крај на дезинформациите и вршењето притисок врз неистомислениците. Боемот 2.0 – Никола Николовски (или популарно кажано „Лицето Н.Н.“) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-nikola-nikolovski-slobodnata-misla-e-povredna-od-sekoja-zakana-pritisok-i-ucena-nema-da-me-zamolchite/feed/ 0
Муцунски: Утре Никола може да биде секој еден од нас, МВР да се извини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-utre-nikola-moze-da-bide-sekoj-eden-od-nas-mvr-da-se-izvini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-utre-nikola-moze-da-bide-sekoj-eden-od-nas-mvr-da-se-izvini/#respond Thu, 03 Nov 2022 09:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=755023

Градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, се огласи со став по вчерашното приведување на младиот Никола Николовски во врска со дојавите за бомби во средните училишта во Скопје. Неговиот став ви го пренесуваме во целост: -Синоќешното приведување на Никола Николовски уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас. Дополнително, приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен. Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести. Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице. И покрај наведеното, синоќа над 10 часа беше држано 23 годишно младо, невино и перспективно лице, беше извршен претрес на неговиот дом и се наруши достоинството и честа на еден наш граѓанин и едно македонско семејство. Утре Никола може да биде секој еден од нас и затоа ова треба да биде уште една научена лекција упатена да оние кои владеат, да престанат да конструираат случаи кои не постојат и кои се спротивставени со здравата логика. Правдата колку и споро да доаѓа во нашата татковина таа секогаш излегува на виделина. После овој немил настан очекувано е МВР да се извини на цела македонска јавност, истовремено да се фати со сериозна стручна работа и конечно да ги разоткрие вистинските сторители на ова дело кое создава немир кај учениците и сите наши граѓани.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-utre-nikola-moze-da-bide-sekoj-eden-od-nas-mvr-da-se-izvini/feed/ 0