никола попоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Dec 2019 12:07:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола попоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поповски: Не сум оптимист за датум на пролет и воопшто во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/popovski-ne-sum-optimist-za-datum-na-prolet-i-voopshto-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/popovski-ne-sum-optimist-za-datum-na-prolet-i-voopshto-vo-2020-godina/#respond Thu, 19 Dec 2019 12:07:21 +0000 https://kurir.mk/?p=279708

Професорот и поранешен министер за финансии, Никола Поповски не е оптимист дека државава на пролет ќе добие зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, Поповски оценува дека, иако во македонските институции владее оптимизам за почеток на преговори со ЕУ на пролет, како оној од пред месец два, можно е не само на пролет туку и во текот на цела 2020 година да не добиеме датум за преговори. - Во институциите на Македонија владее еден, прилично добар оптимизам, како впрочем што владееше и до пред месец два. Но, околностите не упатуваат објективно, независно ако се гледа на можноста за лесен оптимизам. Затоа што пролетва и во Европската Унија и во Македонија ќе се случуваат состојби кои нема да се поддудара една со друга толку лесно и брзо за да добиеме преговори. Имаме неколку политички и економски предизвици пред кои се наоѓаат и Македонија и ЕУ, за толку лесно да бидеме оптимисти. Мораме да признаеме дека нема да не изненади ако 2020 воопшто, ни на пролет ни на доцна есен не добиеме преговори. Јас не би бил изненаден, рече Поповски Актуелната власт во Франција, вели професорот, нема расположение за проширување на Унијата бидејќи, меѓу другото, власта во Париз не би сакала влез на уште неколку држави во Блокот коишто би се стекнале со правото на вето при донесувањето на одлуките. Како што вели Поповски, Франција долго време ќе го развива пристапниот механизам и ќе измислува разни причини за одложување на почетокот на преговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/popovski-ne-sum-optimist-za-datum-na-prolet-i-voopshto-vo-2020-godina/feed/ 0
Попоски: Пораките од ЕУ за Македонија се да за членство, но не сега и не вака https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-porakite-od-eu-za-makedonija-se-da-za-chlenstvo-no-ne-sega-i-ne-vaka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-porakite-od-eu-za-makedonija-se-da-za-chlenstvo-no-ne-sega-i-ne-vaka/#respond Thu, 20 Jun 2019 14:34:38 +0000 https://kurir.mk/?p=211212

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции изјави дека Македонија во изминативе години нема мрднато во капацитетот на за преземање на одговорност ниту во постигнување на напредок за приближување во Европската Унија, а пораките од ЕУ за членство се не сега и не вака. - Ако го погледнеме реалниот капацитет за преземање на обврски, во овој дел табела има изработено од наша администрација со еден преглед на сите формулации кои се користеле од 2015 до 2019, од истите извештаи во 33 поглавја за преземање на одговорност. Ако ги погледнеме тие табели, од македонска администрација, која квалификација која оценка би и дале од 1 до 5, нашата подготвеност од 2015 до 2019 била некаде на ниво 3, а уште поважно од тоа е колку напредок сме постигнале во тој меѓупериод и таму оценката е 3. Значи 3 во 2015 и 3 во 2019, потенцираше Попоски. Тој додаде дека покрај нашата недоволна подготвеност, ЕУ во финансиската рамка за 2021-2028 нема предвидено пари за проширување на земјите од Балканот затоа што моментално имаат многу поприоритетни работи внатре во унијата, како потенцијална трговска војна, преструктуирање и кампањата за Британија и фамозните 350 милиони евра, и бидејќи не нема на таа листа на приоритети единствено може да се надеваме на 2028-2034 година. - Следниот план е 2028 до 2034, чесно е да се надеваме и тоа е една рамка. Дали ќе биде 2028 или 2034, ако го гледаме составот не Европскиот парламент, ако ги гледаме предизвиците со кои се соочуваат, гледаме две пораки, едната во Берлин која вели да членство, но не сега туку подоцна и другата од Париз која ни вели да членство но не вака, истакна Попоски. Тој нагласи дека за тоа да се случи мора во државава работите да ги согледаме реално и да се посветиме на тоа што зависи од нас, да се прилагодиме на европската реалност и да не дозволиме нашите граѓаните да ја изгубат довербата во европската кауза .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-porakite-od-eu-za-makedonija-se-da-za-chlenstvo-no-ne-sega-i-ne-vaka/feed/ 0
Ефтов ексклузивно открива: Никола Димитров и Никола Попоски спремаат нова партија со работен наслов Конзервативна партија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftov-ekskluzivno-otkriva-nikola-dimitrov-i-nikola-poposki-spremaat-nova-partija-so-raboten-naslov-konzervativna-partija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftov-ekskluzivno-otkriva-nikola-dimitrov-i-nikola-poposki-spremaat-nova-partija-so-raboten-naslov-konzervativna-partija/#respond Mon, 04 Feb 2019 10:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=159925

Никола Димитров и Никола Попоски. Зошто овие две имиња не се споменуваат многу покатегорично во трката за претседател на Република Македонија или во внатрепартиски премрежја во рамки на ВМРО-ДПМНЕ? На ова прашање одговара новинарот Васко Ефтов во својата најнова емисија „Во центар“. -Бидејќи и едниот и другиот во моментов се потенцијални кандидати да застанат на чело на една партија која би можела да биде формирана со некаков работен наслов или работно име Конзервативна партија. Никола Попоски не гласаше ниту во првиот круг на уставни измени, ниту во вториот круг. Многумина сметаа дека човекот не сакал да гласа, но има одредени анализи дека му било речено да не гласа, дека му било речено да биде заштитен бидејќи ќе можат да поминат и без неговото гласање. Дали тој или Никола Димитров, еден од нив двајца се потенцијални кандидати да застанат на чело на тој работен проект Конзервативна партија, откри Ефтов. Ако ВМРО-ДПМНЕ не може да биде скршена од внатре, рече новинарот, тогаш ќе биде направена една нова политичка структура, десноориентирана и на нејзино чело можат да застанат Поповски или Димитров. -Дали тоа ќе се оствари, ќе видиме, се ќе зависи од резултатот на претседателските избори или првиот круг на тие претседателски избори, порача Ефтов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftov-ekskluzivno-otkriva-nikola-dimitrov-i-nikola-poposki-spremaat-nova-partija-so-raboten-naslov-konzervativna-partija/feed/ 0
Попоски: Буџетот не е насочен кон динамичен раст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-budzetot-ne-e-nasochen-kon-dinamichen-rast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-budzetot-ne-e-nasochen-kon-dinamichen-rast/#respond Mon, 19 Nov 2018 20:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=129777

Во вечерашната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа “ гостуваа поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, универзитетскиот професор Никола Попоски и актуелниот советник во премиерскиот кабинет Фатмир Бетиќи каде се дискутираше за новиот буџет кој е историски најголемиот буџет проектиран некогаш во Македонија . Имено, Универзитетскиот професор Никола Попоски кажа дека во буџетот е пренагласена социјалната функција но дека буџетот воопшто не е развоен што преставува проблем за македонската економија . „Овој буџет се разликува затоа што има социјална функција , социјалната функција е пренагласена односно е понагласена и можеме да се чудиме на тоа но ако внимателно следиме што оваа политичка позиција говореше минатите години јасно е дека постојано ни навестуваше дека ќе удри по социјалните позиции во буџетот во позитивна смисла. Имаме во овој дел наплив на средства но пак кај една друга функција развојната имаме потфрлање “ – кажа Попоски. Попоски истакна дека буџетот треба да обезбеди развојна функција што овој буџет ја нема посебно ако се земе фактот дека растот е проектиран на 3,2 % што сепак е недоволен раст за македонската економија да има динамичен раст. Тој потенцираше дека потребно е растот да биде најмалку 4 или 5 %.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-budzetot-ne-e-nasochen-kon-dinamichen-rast/feed/ 0
Владата ја почести ќерката на министерот Димитров со 40.000 долари стипендија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-pochesti-kjerkata-na-ministerot-dimitrov-so-40-000-dolari-stipendija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-pochesti-kjerkata-na-ministerot-dimitrov-so-40-000-dolari-stipendija/#respond Thu, 06 Sep 2018 07:28:07 +0000 https://kurir.mk/?p=96940

На итна седница на штотуку формирана комисија во Минситерството за образование било одлучено Јана Димитрова, ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, да добие стипендија од 40.000 долари за додипломски студии во Холандија, открива Магазин. Порталот дознава дека на 4 август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори, министерка за образование Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт. Министерството за образование и министерот Димитров треба да одговорат дали исплатата на овие 40.000 долари или други средства поврзани со студиите на ќерката на министерот за надворешни работи биле исплатени на или во име на Јана Димитрова додека траела забраната за исплата? За буџетски исплати во овој забранет рок, за потсетување, кривично се одговара. Магазин“ нагласува дека се работи за скандалозна злоупотреба на службената положба и буџетските средства во интерес на членовите од потесното семејство на министерот Никола Димитров. И тоа се е одлучено во само еден ден. Навистина, ваква ефикасност на државната администрација нема ниту во Холандија, коментира порталот. Но, во ЕУ има принципи кои се дефинирани како непотизам, судир на интереси, сомневање за изигрување на законите и корупција. Порталот поставува неколку прашања кои произлегуваат од фактите во овој случај.
  1. Дали во овој случај има судир на интереси и непотизам? Многу студенти бараат стипендии за странство, но не секој може да добие. Студентката во случајов е ќерка на министер, кој министер пак е колега со министерката за образование, која по брза постапка, во само еден ден формира комисија и одобрува стипендија од 40.000 долари.
  2. Колешката на Димитров, Дескоска, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, која тогаш била министер за образование, а денес актуелен министер за правда, најверојатно знаела дека не смее да врши исплати според Изборниот законик, но сепак го направила тоа.
  3. Со комисијата претседавала Маринела Маричиќ Тушева, поранешна пратеничка од СДСМ, и сопруга на првиот советник на Заев за надворешна политика, Бојан Маричиќ, кој има многу блиска соработка со министерот Димитров по однос на состаувањето и склучувањето на Договорот со Грција потпишан во Нивици/Псаридес.
  4. И министерката за образование Дескоска и претседавачот со комисијата Маричиќ Тушева знаеле за кого станува збор, односно според приложените документи увиделе дека Јана Димитрова е ќерка на членот на владата Никола Димитров. Комисијата не работела во полн состав, односно отсуствувал претседателот на комисијата Бардуљ Туши. Дали е злоупотребено неговото отуство и дали претседателот на комисијата свесно отсуствувал за да не биде соучесник во овој случај и дали заради тоа не бил присутен кога се носела одлуката за стипендијата од 40.000 долари на Јана Димитрова?
Јана Димитрова има 18 години и е најстарото од трите деца на Димитров. Во нејзините намери не се суди, но за можните злоупотреби на функцијата ќе мора да одговараат сите кои и обезбедиле „европски” начин на студирање во земјата која ѝ е дом. Според Анкетниот лист на министерот Никола Димитров, тој во Холандија, во Хаг, поседува стан од 132 квадратни метри. Хаг е оддалечен од Утрехт 69 километри, односно 40 минути возење со воз. Дали министерот Димитров ја заобиколил транспарентноста и намерно ги сокрил овие 40.000 долари стипендија за неговата ќерка, па ги нема пријавено како дел од приходот на неговото семејство во Антикорупциската комисија, иако од анкетниот лист се гледа дека еден од неговите три стана му е пријавен токму како имот во сопственост на неговите деца? На крајот наместо заклучок, порталот прави паралела со принципите во ЕУ. Замислете што ќе се случи доколку детето на холандскиот министер за надворешни работи Блок, по ургенција кај колешката министерка за образование, во рок од еден ден добие стипендија од 40.000 долари за студии во странство, на факултет во чиј радиус од 70 километри нејзиниот татко има комотен стан? Во истиот момент кога јавноста ќе го дознаеше тоа, министерот за надворешни и министерката за образование под притисок на демократската јавност во Холандија ќе поднесеа оставки од владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-pochesti-kjerkata-na-ministerot-dimitrov-so-40-000-dolari-stipendija/feed/ 0
„Aлфа ТВ“: Црвенковски не сака да зборува за промена на името, Милошоски вели некои прашања не залужуваат одговор, Попоски недостапен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-tv-crvenkovski-ne-saka-da-zboruva-za-promena-na-imeto-miloshoski-veli-nekoi-prashanja-ne-zaluzuvaat-odgovor-poposki-nedostapen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-tv-crvenkovski-ne-saka-da-zboruva-za-promena-na-imeto-miloshoski-veli-nekoi-prashanja-ne-zaluzuvaat-odgovor-poposki-nedostapen/#respond Fri, 13 Jul 2018 18:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=76574

Каде е поранешниот претседател на Македонија Бранко, Црвенковски? Зошто молчи во овие клучни моменти за државата? Алфа ТВ јавува дека вака одговорило неговото обезбедување изутрината, пред вратата на претседателската канцеларија, откако без малку два часа го чекале Црвенковски да пристигне со намера да добијат одговори: Зошто не зборува? Дали ги оправдува промената на името, манипулацијата со референдумот, и претходно контроверзниот преспански договор? Ќе го бојкотира ли референдумот? Пред вратата на влезот ги забрза чекорите и не ги слушна нашите прашања. По неколку минутното убедување со обезбедувањето,  им беше речено дека има протокол: писмено поставување прашања. Истите прашања ги поставивме електронски: не чувствува ли Црвенковски одговорност и должност како 13 години поддржуван од граѓаните, во период на транзицијата, како премиер и претседател, да им каже што мисли во овие решавачки моменти? Добивме само кус одговор: останува на став да не дава изјави за медиумите. -Во врска со вашето барање ве известуваме дека претседателот Црвенковски останува на ставот да не дава изјави за медиуми, ниту пак да име медиумски настапи на било која тема, соопштија од кабинетот на поранешниот претседател на Р.Македонија. Во минатото, Црвенковски не бегаше од одговори, беше јасен - изнаоѓање на решение на спорот со името, но со користење на двојна формула и без уставни измени, бидејќи тие носеле голем ризик. Црвенковски неколку пати додека беше присутен на политиката сцена истакна дека името на неговата држава е Македонија и само Македонија. „Некои прашања не заслужуваат одговор“ легендарната антиреферендумска реченица на владата на Црвенковски во 2004, е сега одговорот на екс-министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Алфа побара одговор и од него. Во неговите зборови се надзира бојкот: Тој е првиот во редовите на најголемата опозиција со вака директна порака. Истото прашање му го поставивме и на неговиот колега, сопартиец и поранешен МНР Никола Попоски. Одговор до овие вести не добивме. Од сегашната структура на најголемата опозициска партија, се уште не соопштуваат дали ќе го бојкотираат референдумот, но посочија дека за евентуално гласање целокупната процедура мора да биде фер и демократска и мора да бидат запазени двата кумулативни услови: излезеноста, минимум 50 % + 1, и оние кои што ќе изгласаат „за“ да бидат минимум 50 % + 1. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-tv-crvenkovski-ne-saka-da-zboruva-za-promena-na-imeto-miloshoski-veli-nekoi-prashanja-ne-zaluzuvaat-odgovor-poposki-nedostapen/feed/ 0
Попоски: Како влада треба да се погледнете во огледало и да кажете одличен е извештајот, а каде ни се резултатите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-kako-vlada-treba-da-se-poglednete-vo-ogledalo-i-da-kazete-odlichen-e-izveshtajot-a-kade-ni-se-rezultatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-kako-vlada-treba-da-se-poglednete-vo-ogledalo-i-da-kazete-odlichen-e-izveshtajot-a-kade-ni-se-rezultatite/#respond Sat, 28 Apr 2018 11:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=47381

Пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи во Собранието се осврна на препораката која Македонија ја доби, истакнувајќи дека Македонија веќе е искусен кандидат. -После 8 препораки можеме да заклучиме дека Македонија е еден многу искусен кандидат. Убаво е да се веселиме, да играме чочеци, сето тоа е во ред - дел од нашиот дух и култура, но многу побитно од тоа е да се насочиме и да видиме што во извештајот е критички напишано за да го подобриме. Ако не сме подготвени за објективна критика подобро да не славиме. Треба да слушате што кажува опозицијата, уште помалку треба да верувате на владата, а единствен фактор што треба да го послушате е препораката на Могерини - дека славење повеќе од пола ден не е добро. Не е добро не само по вашето здравје, туку не е добро и за реформите кои граѓаните ги очекуваат од нас. Затоа дајте, наместо да славиме, да ја искористиме оваа можност за вртење на една нова страница посветена на примена на вистински дијалог и конечно да прифатиме објективна критичност кога некој нешто ни кажува и навистина гледаме дека не чини. Не сум за критика поради критика, туку таа мора да биде објективна, издржана и пред се треба да нуди решение, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски во неговото обраќање во Собранието. Според него, позитивна работа во оваа околност, е дека Македонија е на “меден месец” со ЕУ. Она што треба да обединува е интересот на граѓаните и само тоа ќе ја води Македонија на вистинскиот пат, на патот за интегрирање во Европа. -Имаме добар вординг, убаво се оценува политичката клима и не би ја потценил во таа позитивна политичка клима улогата што ја има опозицијата, бидејќи денес опозицијата не можете да ја обвините за било кој неуспех или неиспорачан резултат на владата. Исто така не можете да ја обвините опозицијата за слабите економски резултати. Знаете дека политичка нестабилност се одразува на слаби економски резултати и доаѓате до еден парадокс во кој некоја друга опозиција во минатото имала деструктивни дејствија, а економијата растела, а денес имате опозиција која не дава никаков изговор за политичка нестабилност, а имате слаби економски перформанси. Како владејачка гарнитура треба да се погледнете во огледало и да кажете одличен е извештајот и се е супер, а каде ни се резултатите? Единаесет месеци!, рече Попоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-kako-vlada-treba-da-se-poglednete-vo-ogledalo-i-da-kazete-odlichen-e-izveshtajot-a-kade-ni-se-rezultatite/feed/ 0
Попоски: Спорот со името може да се реши само доколку е во интерес на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-sporot-so-imeto-moze-da-se-reshi-samo-dokolku-e-vo-interes-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-sporot-so-imeto-moze-da-se-reshi-samo-dokolku-e-vo-interes-na-makedonija/#respond Fri, 23 Mar 2018 08:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=32399

Поранешниот шеф на македонската дипломатија и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски, во вчерашното гостување во емисијата Топ Тема на Ваша страна потенцираше дека спорот со името може да се решава само доколку е во интерес на Македонија, а не треба да се реши за некоj да се прави среќен.

Попоски смета дека доколку владата на СДСМ не ги известила претседателот на државата и опозицијата за разговорите кои ги води со Грција докажува само дека оваа влада нема никаква стратегија за да го реши спорот со името.

-Доколку сме согласни дека ЕУ е инструмент за наш напредок каде што ќе имаме систем, ред, поредок, правна држава дајте да ги поправаме тие работи и да напредува. А, да не дозволиме ситуација во која ветуваме дека тоа ќе го испорачаме а првата жртва на реконструкција во владата ви е министерот за правда или ветувате дека ќе направите системски промени во тој дел, а веќе 10 месеци немате испорачано конкретен резултат. Не е време за политиканство, кажа Попоски.

Екс министерот за надворешни работи посочи дека сега има влада која што 10 месеци ветува живот, а нема испорачано ниту еден од оние параметри кој што ги ветуваше, како што кажа тој тоа го велат сите сериозни аналитичари кои се провладино настроени.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poposki-sporot-so-imeto-moze-da-se-reshi-samo-dokolku-e-vo-interes-na-makedonija/feed/ 0