никола поповски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Sep 2022 07:50:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола поповски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Професор Поповски: Промените во монетарната политика се оправдани и неопходни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/profesor-popovski-promenite-vo-monetarnata-politika-se-opravdani-i-neophodni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/profesor-popovski-promenite-vo-monetarnata-politika-se-opravdani-i-neophodni/#respond Mon, 19 Sep 2022 07:50:58 +0000 https://kurir.mk/?p=734665

Професорот Никола Поповски во интервју за МТВ објаснува дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата. Тој нагласува дека овие мерки позитивно ќе делуваат и на домашното штедење.

Ја истакнува и важноста на мерката на Народната банка за поддршка на компаниите за инвестиции во обновливи извори на енергија, преку пониски каматни стапки на овие кредити.

„Народните банки, централните банки, секаде во светот, како и нашата Народна банка, преземаат мерки колку е можно за да се контролира инфлацијата. Ако не за да ја намалиме, тогаш барем за да го оневозможиме натамошниот раст. Од тие причини, во неколку наврати, се зголемува базичната стапка на благајничките записи, односно референтната стапка, којашто стигна до 3%. Таа сè уште не е висока“, вели професорот Поповски.

Во однос на натамошната динамика на инфлацијата, Никола Поповски рече:

„Добрата вест е што нивото на раст на инфлацијата забавува и од неколку проценти месечно, сега се намалува на 2, па на 1% месечно, со тенденција, веројатно, во текот на зимава уште малку да се задржи заради војната и снабдувањето со енергентите, а веќе од наредната година (март, април, кога и почна ценовното ниво да оди нагоре), да се намалува, односно да стагнира.“

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/profesor-popovski-promenite-vo-monetarnata-politika-se-opravdani-i-neophodni/feed/ 0
Поповски: На Владата и недостига макроекономско менаџирање на кризата, се надевам дека пандемијата нема да трае долго https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-na-vladata-i-nedostiga-makroekonomsko-menadziranje-na-krizata-se-nadeva-deka-pandemijata-nema-da-trae-dolgo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-na-vladata-i-nedostiga-makroekonomsko-menadziranje-na-krizata-se-nadeva-deka-pandemijata-nema-da-trae-dolgo/#respond Thu, 16 Apr 2020 08:35:06 +0000 https://kurir.mk/?p=333004

Владата води некаква си фискална и социјална политика, но недостасува вкупното макроекономско менаџирање на економската криза која најстана како последица на пандемијата со новиот корона вирус, смета универзитетскиот професор и поранешен министер на финансии, Никола Поповски. Владата доцни со превземање многу мерки и креирање економски политики, се надева дека пандемијата нема да биде предолга, но мислам дека со тоа многу и ризикува, додаде тој. - Треба контроли на поголем број на индикатори кои што ќе се случуваат во економијата. Навистина и фали повисокото ниво на макроекономско управување со економијата со сите овие аспекти кои што можат да и зададат силен удар, затоа што тие удари можат да бидат многу големи, рече Поповски во дебатната емисија “Економски магазин“ на Алсат телевизија. Тој истакна дека покрај тоа што Владата треба да се грижи и да ја помогне сегашната економија, таа мора да размислува во правец на поставување на целокупната економска политика во насока на нејзино обновување после кризата. - На пример, јас не мислам дека ние ќе поминеме со иста невработеност како и до сега. Сите западни земји каде што пазарните механизми подобро функционираат од нашите, веќе предвидуваат дека невработеноста ќе се врати некаде на 8, 10, 11 проценти. Америка веќе загуби 15 милиони работни места до денес, тоа е стравичен удар. Ќе изгубиме и ние, што значи дека можно е да ни се врати невработеноста над 20 проценти, а обновата на економијата во периодот после Ковид-19 да биде многу спор. Затоа што изгубените работни места тешко дека ќе се компензираат. Мора Владата да размислува на тоа. Овие сектори што затвараат многу тешко ќе можат брзо да го обноват своето производство. Ако ударот со заболените е поголем, некои сектори кои што сега не се наудар може да дојдат на удар. Мора да мисли Владата на сите работи одеднаш. За жал состојбата е таква, економската политика не е едноставна работа, но Владата мора да води сметка за сите аспекти, образложи професорот Поповски. На ова се надоврза и новинарот Теменугов кој истакна дека тие постојано бараат ставови од Владата за тоа како планира да ја обнови економијата откако ќе помине сето ова, но до ден денеска од Владата не добиле одговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-na-vladata-i-nedostiga-makroekonomsko-menadziranje-na-krizata-se-nadeva-deka-pandemijata-nema-da-trae-dolgo/feed/ 0
И Никола Димитров се сложува со Бојко Борисов: Потребно е „зреење на македонскиот народ“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-nikola-dimitrov-se-slozuva-so-bojko-borisov-potrebno-e-zreenje-na-makedonskiot-narod-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-nikola-dimitrov-se-slozuva-so-bojko-borisov-potrebno-e-zreenje-na-makedonskiot-narod-video/#respond Wed, 26 Jun 2019 18:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=213125

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во целост се сложува со мислењето на бугарскиот премиер Бојко Борисов, дека е потребно „зреење на македонскиот народ“. Борисов ваква изјава даде пред неколку дена во Брисел, каде посочи дека Македонците треба уште да зреат за да добијат датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, јавија бугарските медиуми. На новинарско прашање за одлагањето на датумот тој одговорил: -Тие имаат уште многу работи да поправат. Да не ме разберат погрешно, но додека се споро дали Гоце Делчев е Бугарин, дали е Бугарин-таа малопродажба на едни херои, кои реално се бореле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите песни се поврзани со нив…И опозицијата постајно ќе ме потпрашува што прави комисијата…Нека созреат. Не можам тоа да го дозволам. Бугарија стори се и тие се вивнаа кон небото. Сега тие требало да прават компромиси во комисијата и антибугарска реторика! Истото мислење за зреење на нашиот народ дели и Поповски. Според него, работата на комисиите за историја се корисни за „зреење на македонскиот народ“. -Дури и без ЕУ и НАТО, овие процеси да ги изодиме, за нашето зреење како народ, рече Поповски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-nikola-dimitrov-se-slozuva-so-bojko-borisov-potrebno-e-zreenje-na-makedonskiot-narod-video/feed/ 0
Поповски со критика кон Царовска: Пензиите не можат да растат со раст на 4% на економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-kritika-kon-carovska-penziite-ne-mozat-da-rastat-so-rast-na-4-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-kritika-kon-carovska-penziite-ne-mozat-da-rastat-so-rast-na-4-na-ekonomijata/#respond Thu, 24 Jan 2019 13:31:51 +0000 https://kurir.mk/?p=156111

Во вчерашната емисија „Печат на неделата“ на 1ТВ, Никола Поповски поранешен министер за финансии во поранешната влада на СДСМ ја критикуваше политиката на власта и МТСП каде е министерка Царовска кои преку законот за изменување и дополнување на законот за пензиско инвалидско осигурување го кратат досегашното покачување на пензиите и вградуваат нови модалитети кои што нема да можат да генерираат раст на пензиите. „Денеска слушнавме од министерството за труд и социјална политика која по мене како ресор се бави со трудот 80%, со социјалата 20% од работното време, а треба да се бават обратно. Ни кажа дека сега ќе се реформира начинот на исплата на пензиите на начин на кој јас ви гарантирам од толку проучувања и професионална позадина што ја имам во државните органи едно време не сум го сретнал во светот. Можда има негде, пензиите секаде во светот кога веќе сме на фондови како нашиот кој не се фондови туку се „Pay as you go“ системи во кој не се оплодуваат парите како во вториот столб, туку нашите придонеси одат директно на пензија. Зависат од два индикатора, од нивото на животните трошоци 50,60,80% и 20% од нивото на реалните плати во стопанството“ – образложи Поповски. Поповски посочи дека со раст од 4% на нашата економија, ниту платите нема многу да се покачат, богатите ќе ги соберат 20% од трудот, и врз основа на сето тоа не може пензиите да се зголемат. „Денеска се промовираше мерка дека ќе зависат само од CPI од индексот на животни трошоци, но ако економијата надмине 4% развој во една година ќе се вгради. Извинете прво растот во Македонија мерен е, се дистрибуира 80% на капиталот, 20% на трудот. Значи ако економијата пораснала 100 милиони идната година во наши услови тоа е еден отсто, 80 милиони отишле во профити и дивиденди, а само 20% на плати, нашата економија има недостаток на капитал. И сега ако 4% се развие платите нема многу да се покачат, богатите ќе го соберат тоа односно 20%. И како врз основа на тоа вие ќе ги зголемувате пензиите“?- запраша Поповски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-kritika-kon-carovska-penziite-ne-mozat-da-rastat-so-rast-na-4-na-ekonomijata/feed/ 0
Поповски со критика кон власта, економијата ја водат кон погрешен правец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-kritika-kon-vlasta-ekonomijata-ja-vodat-kon-pogreshen-pravec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-kritika-kon-vlasta-ekonomijata-ja-vodat-kon-pogreshen-pravec/#respond Thu, 24 Jan 2019 11:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=156054

Во вчерашното гостување на 1ТВ Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии од редовите на владата предводена од СДСМ ја критикуваше сегашната влада на СДСМ за начинот на водење на економските политики. Поповски објасни дека прво многу е важно какви цели ќе поставите и какви целни индикатори. Што е целта, целта може да биде погрешна, и вие да сте убедени дека е добра и да мислите дека ги водите задачите на економската политика, инструментите и мерките, да ги расчлениме сега кон зацртаната цел. И можеби да сте успешни во тоа но целта да е погрешно поставена. И тогаш доаѓате за 2-3 години во сериозно отрезнување дека трчате во погрешен правец и ја влошувате состојбата. При образложување на погрешни цели и задачи во економската политика Поповски посочи пример. „На пример сега владата, општите цели ги преточува во задачи, побрз развој, повисока стапка на животен стандард, помала невработеност итн. Затоа воспоставува задачи и една од задачите што има воспоставено за подобар раст на Македонија и унапредување на економија е обилна државна помош на приватниот сектор, тоа и е задача. Имате фонд за иновации, имате потпора на градежништвото преку пренатрупани градежни и јавни работи непотребни. После имате ова што е фондот за законот за развој за инвестиции ги помагате, нови вработувања, нови инвестиции. Сега за нив целта е тоа да се оствари и таа задача. Но можеби и задачата е погрешна и сега они ќе речат успеваме но индикаторите покажуваат дека успевате можеби во погрешна насока“ - појасни Поповски. Поповски дури рече – „Ако ние сакаме функционална пазарна економија тогаш не можеме ние да ја социјализираме економијата со јавни пари. Да ги помагаме инвестициите, вработувањата пренагласено“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-kritika-kon-vlasta-ekonomijata-ja-vodat-kon-pogreshen-pravec/feed/ 0
Поповски: Владата нема концепција за економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-vladata-nema-koncepcija-za-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-vladata-nema-koncepcija-za-ekonomijata/#respond Thu, 06 Sep 2018 08:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=96978

Во својата колумна за Независен, поранешниот министер за финансии од СДСМ и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија, Никола Поповски, детално анализирајќи ја економската состојба во државата и финансиските показатели во изминатиот период, потенцира дека Владата нема концепција за економијата во државата. Според Поповски, работењето на Владата во оваа област изминатиот период е концепциски погрешно и стратешки недоволно обмислено. „Клучните промени треба да се случат од луѓе кои, со многу мали исклучоци, и немаат некоја чиста концепција за тоа што треба да прават, туку само мислат дека треба да го продолжат истото, но да се подобри во тоа. Стратешки недоволно обмислено, а концепциски погрешно.” заклучува поранешниот министер за финансии. Во однос на податоците за БДП и најавите од Владата на почетокот на годината за раст на БДП, Поповски го повторува ставот и на други експерти од оваа област дека владините најави за раст од 3 отсто се недостижни истакнувајќи дека БДП стагнира цели 15 месеци. „Да се вратиме на сигналите што се емитуваат од официјалните податоци. Прво, на сите ни е познато дека движењето на БДП е многу проблематично и дека тој веќе пет квартали по ред (I-II-III-IV 2017 и I во 2018) покажува знаци на целосна стагнација со негово движење во маргините од -1,3 отсто до +1,2 отсто. Кумулативно, реалниот БДП стагнира на границата од 0 отсто цели 15 месеци. Проекциите за раст од над 3 отсто годишно барем сега се чинат недостижни. Факт е дека во последно време многумина од надлежните во земјава ни соопштуваат дека имаат реални очекувања дека во „преостанатите три квартали од 2018 година“ растот ќе се зголеми значително и на годишно ниво ќе го достигнеме проектираниот раст. Добро би било тоа да е така, но не е лошо да се потсети дека од тие „преостанати три квартали од 2018 година“ вториот веќе заврши во јуни, а третиот завршува на крајот на септември и дека ние веќе нема што да правиме освен да ги чекаме податоците и да се надеваме за нешто што веќе поминало. Во моментов, четвртиот последен квартал треба да е предизвик.” - анализира Поповски во својата колумна во која анализира и за невработеноста, стапката на инфлација, пазарот на капитал и странските инвестиции. Според Никола Поповски и покрај фактот што приходите на Владата се задоволителни во рамки на проекциите, нивното трошење, како што вели, е драматично надвор од проекциите, а капиталните трошоци се остваруваат со многу ниска динамика и создаваат преголема, но неизвесна ликвидност на буџетот. На крај, поранешниот министер за финансии од СДСМ заклучува дека сите економски движења кои ги разработува во колумната како и други за кои нема простор да ги елаборира во истата, покажуваат голема неизвесност, нелогичности и флуктуации. Овие анализи на Поповски, претставуваат продолжение на забелешките од стручната јавност за економските состојби во државата и отсуството од активни политики и мерки во економско-финансиската област. За познавачите, овие состојби се загрижувачки и создаваат лутање без концепт и визија. Пример за такво однесување беа и изјавите кои во еден ден ги дадоа премиерот Заев и министерот за финансии Тевдовски. На тема дали ќе има или ќе нема ребаланс на буџетот, премиерот Зоран Заев рече дека ребаланс ќе има во октомври, а министерот Тевдовски категорично вели дека нема потреба од ребаланс. Ова разногласие за јавноста претставува пример за недостатокот од концепт и визија во Владата за економијата и финансиите, област во  која оваа гарнитура ветуваше голем број на проекти и мерки кои досега не се видливи за јавноста и граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-vladata-nema-koncepcija-za-ekonomijata/feed/ 0
Поповски: Со потпишување и ратификација на договорот, Македонија нема да добие ниту милиметар напредок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-potpishuvanje-i-ratifikacija-na-dogovorot-makedonija-nema-da-dobie-nitu-milimetar-napredok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-potpishuvanje-i-ratifikacija-na-dogovorot-makedonija-nema-da-dobie-nitu-milimetar-napredok/#respond Tue, 26 Jun 2018 13:41:51 +0000 https://kurir.mk/?p=69939

Никола Поповски, поранешен министер за финансии во владата на СДСМ и универзитетски професор во вчерашното гостување во телевизија „Анализа“ на 24 вести истакна дека Република Македонија влегла во замка. Според него нон пејперот на кој се повикува Франција, Холандија и Данска имаат сериозни забелешки со реформите во Македонија, бидејќи актуелната власт се фокусирала на еден проблем, а ги запоставила другите. Поповски смета дека Република Македонија е се подалеку од добивање на препорака. -Објективно гледано ние сме поблиску до немање препорака и тоа ќе биде еден ладен туш за жал за Македонија. Знаеме кои три, четири држави кажуваат да и даваат сила да бидеме дел, знаеме кои три четири држави даваат сериозен отпор и не знаеме други 20 држави што мислат, вели Поповски. Поповски потенцираше дека со потпишување и ратификацијата на договорот со Република Грција, де факто Македонија нема да добие ниту милиметар напредок. -Мислам дека државните институции не беа свесни или пак беа свесни но нас не ни кажуваа дека после потпишување и ратификација на договорот  со Европската Унија де факто ние нема да добиеме ниту еден милиметар напредок. А тоа е опасноста да не добиеме која мене сега ми изгледа за жал се поголема, додаде Поповски.   Поповски кажа дека ќе треба многу вештина, дури повеќе вештина од склучување на договор, бидејќи можна е ситуацијата да Република Македонија исполни се, додека другата страна да не исполни ништо. -Само да не ни се случи најлошото и тоа ќе треба да го избегнеме ние да исполниме се а кон нас да не исполни никој ништо, истакна Поповски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/popovski-so-potpishuvanje-i-ratifikacija-na-dogovorot-makedonija-nema-da-dobie-nitu-milimetar-napredok/feed/ 0
Поповски: Или прекинете го исмејувањето на татковината или повлечете се од процесот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popovski-ili-prekinete-go-ismejuvanjeto-na-tatkovinata-ili-povlechete-se-od-procesot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popovski-ili-prekinete-go-ismejuvanjeto-na-tatkovinata-ili-povlechete-se-od-procesot/#respond Tue, 26 Jun 2018 12:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=69899

Престанете со понижувањето на земјата со преговорите, кои се водат на несериозна основа, за што ни се подбиваат функционери од источниот сосед, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот министер за финансии и пратеник од СДСМ, Никола Поповски. За да сфатиме на која несериозна основа се водат државните преговори со Бугарија и Грција, требаше да дојде до денешната катарза, во која имаме срамни лицитации и одобрување на подбивни имиња за сопствената татковина и најнепријателски изјави на високи бугарски функционери, кои се ситат на нашата целосна политичка изгубеност и си тераат свои агенди. Им дозволија заеднички да се сликаат, смеат и прегрнуваат истовремено додека тие се подбиваат со нас и секојдневно нѐ навредуваат. Или прекинете го натамошното понижување и исмејување на татковината или повлечете се од тој процес, напиша Никола Поповски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popovski-ili-prekinete-go-ismejuvanjeto-na-tatkovinata-ili-povlechete-se-od-procesot/feed/ 0
Поранешниот сдсмовски министер за финансии: 0,1% раст на БДП значи стагнација на економијата, односно на граница на рецесија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poraneshniot-sdsmovski-minister-za-finansii-0-1-rast-na-bdp-znachi-stagnacija-na-ekonomijata-odnosno-na-granica-na-recesija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poraneshniot-sdsmovski-minister-za-finansii-0-1-rast-na-bdp-znachi-stagnacija-na-ekonomijata-odnosno-na-granica-na-recesija/#respond Sat, 09 Jun 2018 08:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=63887

Вчера на емисијата „360“ на Алсат телевизија гостуваше Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии. Коментирајќи ги актуелните податоци кои беа објавени на страната на Државниот завод за статистика во врска со растот на БДП во првиот квартал кој изнесува поразителни 0,1%, Поповски кажа дека ваквиот раст бил изненадувачки за сите посебно поради фактот дека растот е многу низок односно фактички е 0 и значи стагнација.  Според него, македонската економија е на граница на рецесија. Поповски потенцираше дека  многу позагрижувачки е фактот што споредбено со првото тромесечје во 2017 кое исто така беше нула во сите  останати 3 тромесечја имаше стагнација на  економија која се движеше околку нулата. – Тоа значи дека втора година имаме 0 % стапка на раст или ако се врзат по тромесечија ова е 5 тромесечије во кое имаме 0 % на раст што е алармантно, изјави Поповски. Исто така тој  истакна дека никој не очекувал  ваквата предизвикувачка болна стагнација која се случуваше во цела 2017 година дека  ќе се продолжи и во првото тромесечје од 2018. –  Уште поопасно  е тоа дека ние сега не знаеме што ќе се случи во кварталот кој сега за 20 дена завршува кажа Поповски. Поповски во емисијата објасни дека владата води премногу интервенционистичка политика во економијата и дека пазарите се замрзнати. Тој изрази загриженост поради фактот што сите економии во светот и развиени, неразвиени и зејмите во развој растат во економска смисла додека Македонија стагнира веќе втора година по ред. Поповски кажа дека владата не се снашла најдобро во поволното економско окружување посебно поради фактот дека Европската Унија растеше со 2,5 % а Македонија е најмногу извозно ориентирана кој овој регион. Тој додаде дека проектираниот  раст од 3,2 % за 2018 во реалноста тешко дека ќе се постине со овие резултати од првото тромесечје. Имено, како што кажа поранешниот министер и професор за да има раст од 3,2 % на крај на 2018 тогаш останатите 3 квартали ќе треба да растат по 4, 2 % што никогаш досега не се случило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poraneshniot-sdsmovski-minister-za-finansii-0-1-rast-na-bdp-znachi-stagnacija-na-ekonomijata-odnosno-na-granica-na-recesija/feed/ 0
Димитров за АНА-МПА: Преговорите се во крајната фаза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-ana-mpa-pregovorite-se-vo-krajnata-faza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-ana-mpa-pregovorite-se-vo-krajnata-faza/#respond Mon, 28 May 2018 10:28:00 +0000 https://kurir.mk/?p=59197

Проценка дека преговорите се наоѓаат во крајната фаза, изразува шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА по завршувањето на состанокот во Брисел. Димитров за АНА-МПА вели дека се надева дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение и додава дека вчера имал „добра средба“ со неговиот грчки колега. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на македонската дипломатија во изјавата рекол дека консултациите продолжуваат на техничко ниво со правни експерти од двете земји и оценил дека во текот на неделава се очекува телефонски разговор на двајцата премиери. - Во врска со средбата што денес ја имаше со министрите за надворешни работи на ЕУ, Димитров рече дека ги информирал за текот на преговорите, за напорите што се прават на билатерално ниво за изнаоѓање решение во прашањето за името, како и за тоа колку би било важно решавањето на ова прашање за целиот регион на Балканот, објави грчката новинска агенција, пренесувајќи ги ставовите на шефот на македонската дипломатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-ana-mpa-pregovorite-se-vo-krajnata-faza/feed/ 0