Никола Саздовски – Саздо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Apr 2021 15:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никола Саздовски – Саздо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заврши протестот за осудените за убиството на Никола Саздовски: Бараат прeквалификација на предметот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/#respond Fri, 09 Apr 2021 15:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=494943

Мирно заврши протестот организиран од роднините на осудените за случајот „Саздовски”. Роднините со разни пароли и вртени со грб кон комплексот судови побараа преквалификација на кривичното дело од “свирепо убиство” во “насилство со смртни последици”. – Осудените не сакаа да му го одземат животот. Тие никогаш не мислеле за убиство и уште помалку за свирепо убиство. Има разни докази, но јасно е дека не сакаат да ги земат предвид. Свирепо убиство беше случајот на Алмир, но велат дека беше собраќајка со смртни последици, изјави Бесар Бела, брат на осудениот Бесир Бела. Тој додаде дека оваа одлука нема да ја прифатат. Барањето за превкафиликација на кривичното дело демонстрантите му ја упатија на Врховниот суд на Република Македонија. Изминатиот период Апелацискиот суд Скопје, ја објави одлуката за случајот ,,Саздо”, со кој на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, се намали казната затвор од 19 на 16 години затвор (поединечно).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/feed/ 0
ВИДЕО: Почна протестот против пресудите за убиството на Никола Саздовски – Саздо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pochna-protestot-protiv-presudite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pochna-protestot-protiv-presudite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/#respond Fri, 09 Apr 2021 13:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=494864

Семејствата на обвинетите за убиството на Никола Саздовски - Саздо, заедно со навивачката група „Шверцери“ денеска од паркот во Чаир го започнаа протетестот ротив судските пресуди од 16 години затвор за убиството на младиот Никола. Семејствата бараат делата на обвинетите да се преквалификуваат од „убиство“ во „насилство со смртни последици“. Како што велат, пресудите се со двојни стандарди и се носат на етничка основа. Организаторите на овој протест велат дека и тие се жртви на политички монтирани случаи. Видео: Телевизија Сител]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pochna-protestot-protiv-presudite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/feed/ 0
ВИДЕО: Се бара построга казна за убијците на Саздо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-se-bara-postroga-kazna-za-ubijcite-na-sazdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-se-bara-postroga-kazna-za-ubijcite-na-sazdo/#respond Thu, 08 Apr 2021 16:35:13 +0000 https://kurir.mk/?p=494446

Се бара построга казна за убијците. Иако, ништо нема да го врати Саздо, но немањето правда ќе доведе до нови вакви трагични случаи. Денеска таткото на убиениот Никола Саздовски – Саздо, Тони Саздовски, неговиот адвокат Ванчо Шехтански и претставници на Комити дадоа изјава пред Јавното Обвинителство во врска со барањето за зголемување на казната, коe е поднесено во Обвинителството.   – Максималната казна за ова дело е доживотен затвор, но за лица помали од 21 година, односно доколку извршителите немаат 21 година во време на извршување на делото неможат да бидат осудени повеќе од 20 години. Зарем тоа не е доволно олеснителен момент за овие лица. Биле млади, зарем Никола беше стар. Зарем се двоиме во Република Македонија на млади и стари. Не, тоа не би требало да биде така. Затоа ние овдека дојдовме да изразиме еден мирен протест и револт. Доставивме на јавниот обвинител едно барање да го продолжи процесот да бара максимална казна од третостепениот суд, односно од Врховниот суд и се надеваме дека Врховниот суд тоа ќе го усвои, односно да ја потврди онаа 19-годишна казна што ја изрече првостепениот суд, изјави таткото на Никола, Тони Саздовски по поднесувањето на жалбата. Никола Саздовски, припадник на навивачката група „Комити“ почина по бруталното претепување на 29 јуни 2018 година. За свирепо убиство на Саздовски беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири на по 19 години затвор. Во моментот на кривично дело немале наполнето 21 година, поради што не им била досудена доживотна казна затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-se-bara-postroga-kazna-za-ubijcite-na-sazdo/feed/ 0
Го претепаа Саздо до смрт: Осомничениот конечно екстрадиран во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-pretepaa-sazdo-do-smrt-osomnicheniot-konechno-ekstradiran-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-pretepaa-sazdo-do-smrt-osomnicheniot-konechno-ekstradiran-vo-makedonija/#respond Mon, 21 Sep 2020 09:24:57 +0000 https://kurir.mk/?p=406092

Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17:35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје. -Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Македонија, информираат од МВР.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-pretepaa-sazdo-do-smrt-osomnicheniot-konechno-ekstradiran-vo-makedonija/feed/ 0
Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Никола Саздовски – Саздо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstradiran-tretiot-obvinet-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstradiran-tretiot-obvinet-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/#respond Mon, 21 Sep 2020 08:42:47 +0000 https://kurir.mk/?p=406073

Јетон Јужа, третообвинетиот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо член на навивачката група „Комити“, е екстрадиран од Германија. Јужа избега во Германија, а МВР веднаш го лоцираше, по што ги извести тамошните власти дека тој се наоѓа во Хамбург, а тие постапија по меѓународната потерница која беше распишана, објави А1ОН. Саздовски беше убиен на 29 јуни 2018 година на автобуска постојка во Автокоманда. Две лица, Бесир Беља и Скендер Демири, во април минатата година беа осудени на по 19 години затвор. Целата вест прочитајте ја на А1ОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstradiran-tretiot-obvinet-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/feed/ 0
Комитите се сеќаваат на Никола Саздо: Ќе наздравиме за твое име, виното повторно ќе го има горчливиот вкус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komitite-se-sekjavaat-na-nikola-sazdo-kje-nazdravime-za-tvoe-ime-vinoto-povtorno-kje-go-ima-gorchliviot-vkus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komitite-se-sekjavaat-na-nikola-sazdo-kje-nazdravime-za-tvoe-ime-vinoto-povtorno-kje-go-ima-gorchliviot-vkus/#respond Wed, 18 Dec 2019 10:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=279116

Навивачката група Комити Скопје денес преку социјалните мрежи повторно се сети и му одаде почит на Никола Саздовски - Саздо. -Јунаците имаат само датум на раѓање, а денес е твојот ! Ќе наздравиме повторно во твоја чест, за твоето име и во твоја слава, на Свети Никола. И виното повторно ќе го има горчливиот вкус. Почивај во мир Саздо, брату наш..., напишаа Комитите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komitite-se-sekjavaat-na-nikola-sazdo-kje-nazdravime-za-tvoe-ime-vinoto-povtorno-kje-go-ima-gorchliviot-vkus/feed/ 0
По пресудата, се огласи таткото на Никола Саздовски- Саздо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-presudata-se-oglasi-tatkoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-presudata-se-oglasi-tatkoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/#respond Tue, 23 Apr 2019 10:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=190206

Ниедна мајка не треба да го закопа својот син. Казната, за жал, е толкава колку што ја предвидел законот. Во Македонија нема поголема казна за лица до 20 години. Меѓутоа, за нас како родители и за мене лично и илјада години да беше казната, односно нема земски суд што би определил вистинска казна за ова дело, истакна таткото на убиениот Никола Саздовски, Тони Саздовски по пресудата во Кривичниот суд на обвинетите за убиството на неговиот син. -Не можам да кажам дека не сум задоволен како што има шпекулации во јавноста дека во Македонија воопшто нема правда. Од ова видовме дека колку толку правдата може да биде задоволена и се надевам дека некој повисок суд нема да ја преиначи, туку ќе ја остави истата, истакна Саздовски. Тој на родителите на обвинетите им порача да го кажат третиот сторител осомничен кој е во бегство, бидејќи, како што рече, сигурен е дека тие знаат кај се наоѓа, да го кажат и да не дозволат нивните деца сами да останат во затвор, туку како нивни соучесник и тој да сноси дел од вината за делото што го направил. -За Никола веќе нема враќање. Тие сите што го знаеја, а го знаеја многу луѓе, знаеја дека тој не беше насилник, сакаше да другарува со сите, рече Саздовски. Тој појасни дека материјалната штета доколку некогаш се наплати во која било форма ќе биде донирана во хуманитарни цели, односно како што рече, тие ќе бидат донирани за турнирот во фудбал во село Ракотинци кој се организира во чест на Никола Саздовски, како и за други хуманитарни цели. Братот на обвинетиот Бесир Беља, Бесар Беља рече дека не се задоволни од одлуката и дека ќе се жалат на апелација. -Видовме дека се уште нема правда во Македонија, ова е премногу и е еднострана пресуда, истакна Бесар Беља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-presudata-se-oglasi-tatkoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/feed/ 0
Во Кривичен денеска пресуда за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-deneska-presuda-za-ubistvoto-na-dvaesetgodishniot-nikola-sazdovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-deneska-presuda-za-ubistvoto-na-dvaesetgodishniot-nikola-sazdovski/#respond Tue, 23 Apr 2019 05:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=190085

Во Кривичниот суд денеска треба да биде соопштена пресудата за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски, случај во кој обвинети се Бесир Беља, Скендер Демири и уште едно лице кое е во бегство. Случајот почна на 9 ноември минатата година и го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска. На 7 февруари годинава беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица на автобуската постројка во Автокоманда. Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда. Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Двајца од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за трето осомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница. Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“. Ваквата одлука ОЈО, ја образложи со тоа што во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-deneska-presuda-za-ubistvoto-na-dvaesetgodishniot-nikola-sazdovski/feed/ 0
Трпел огромна болка, па брзо изгубил свест: Стручни лица ги објаснуваат последните моменти од животот на младиот Саздо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trpel-ogromna-bolka-pa-brzo-izgubil-svest-struchni-lica-gi-objasnuvaat-poslednite-momenti-od-zivotot-na-mladiot-sazdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trpel-ogromna-bolka-pa-brzo-izgubil-svest-struchni-lica-gi-objasnuvaat-poslednite-momenti-od-zivotot-na-mladiot-sazdo/#respond Fri, 12 Apr 2019 11:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=185506

Со изведување на психијатриско вештачење од доктор специјалист, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, за кое се обвинети Бесир Беља, Скендер Демири и уште едно лице кое е во бегство. На денешното рочиште беа сослушани и вештите лица-доктор специјалисти, кои го изработиле изведеното како доказ психијатриско вештачење за интензитетот и времетраењето на повредите нанесени на сега покојниот Никола Саздовски. Лекарот специјалист, на прашање од јавниот обвинител во исказот пред Судот рече дека, мислењето е извршено врз основа на вештиот наод и мислење од судска медицина за видот и повредите. -Иако се траело кратко, интензитетот бил силен во трпењето на физичка болка, бидејќи сите наведени повреди се извор на физичка болка која е непријатна телесна и душевна сензација, која во случајот настанала поради директна трауматизација на меки ткивни тела. Како што е наведено, болки кај повредениот имало во пределот на лицето, градниот кош и интензивни главоболки, изјави медицинското лице. Во однос на стравот, посочи вештото лице, оштетениот бил ненадејно нападнат и неминовно е да заклучиме дека таа ситуација, како кај секое лице, предизвикала чувство на загрозеност и страв. -По губитокот на свеста немал можност да чувствува страв и немаме податок дека по ударите бил свесен и можел да чувствува страв, поради што туку станува збор за постоење на интензивен страв за својот живот во времетраење од една до три минути, изјави медицинското лице. Лекарот специјалист, на прашања од одбраната, за тоа дали во физичка пресметка може да се зборува за свирепост рече дека тоа е психолошки и општествен, а не психијатриски феномен. -Доколку свирепост подразбира правење дејствија со кои кај некого нанесуваме физичка и душевна повреда и притоа да не се грижиме за видот и болката со нашето дејство, иако нашето ментално ниво дозволува да бидеме свесни за последиците на нашите дејствија. Мислам дека е прашање на судот да цени дали е свирепост или не, рече вештото лице. Прашана од каде заклучува дека интензитетот бил силен, медицинското лице рече дека сето тоа го објаснила врз основа на тоа што го учеле од медицинската литература. Во судница присутни се медицински лица и технички советник ангажиран од одбраната. На прашање од техничкиот советник, медицинско лице повикано од одбраната, дали кога станува збор за починато лице врз основа на повреди може да се валоризираат претрпените физички и душевни болки, вештото лице рече дека и претходно одговорила. -Да, постои и може врз основа на нанесените повреди кои ги знаеме да се утврди и интензитетот на болката, рече вештото лице. Техничкиот советник на одбраната, пред Судот изнесе забелешка за меродавноста на изработеното вештачење. Судот на почетокот на денешното рочиште информира дека барањето на одбраната за изземање на ЈО се отфрла како неосновано. Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда. Од здобиените повреди, Саздовски на 9-ти јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trpel-ogromna-bolka-pa-brzo-izgubil-svest-struchni-lica-gi-objasnuvaat-poslednite-momenti-od-zivotot-na-mladiot-sazdo/feed/ 0
Продолжува судењето за убиството на Саздовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-sazdovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-sazdovski/#respond Tue, 02 Apr 2019 06:27:23 +0000 https://kurir.mk/?p=181338

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски. Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска. На 7 февруари беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица на автобуската постројка во Автокоманда. Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда. Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за трето осомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-sazdovski/feed/ 0