Никола Селаковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 19:38:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никола Селаковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Селаковиќ на одбележување на Кумановската битка: Никој меѓусебно не се разбира како Србите и Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selakovik-na-odbelezhuvane-na-kumanovskata-bitka-nikoj-megusebno-ne-se-razbira-kako-srbite-i-makedontsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selakovik-na-odbelezhuvane-na-kumanovskata-bitka-nikoj-megusebno-ne-se-razbira-kako-srbite-i-makedontsite/#respond Sun, 22 Oct 2023 19:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=892011

Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања Никола Селаковиќ денеска крај Куманово, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло, јави дописникот на МИА од Белград. Селаковиќ се заблагодари на Владата на Северна Македонија, на градот Куманово, на општина Старо Нагоричане и на сите што овозможија да се одбележи овој голем настан од заедничкото минато. -Слободно може да се каже дека исто како пред 111 години, така и денес, никој не ги разбира Македонците како што тоа ги разбираат Србите, ниту пак некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа и сестри Македонци, рече Селаковиќ. Како што рече, на 6 октомври 1912 година војската влегла во Скопје првпат по 520 години. -Тогаш првпат биеја камбаните во црквите, а за тоа сведочи и камбаната во селото Довезенац, недалеку од тука во Куманово, што беше вест за слободата, истакна Селаковиќ. Тој нагласи дека нашите предци дошле овде да ги ослободат своите браќа и сестри со крв и вера кои со векови страдале под отоманското ропство. -Во таа добра волја, денеска дојдовме овде да им се заблагодариме на оние кои го чуваат вечниот спомен и овој вечен дом на нашите предци кои загинаа во Кумановската битка, да кажеме дека денес заедно се бориме за мир, дека заедно се бориме за просперитет на нашиот народ, нашите сопруги, деца, старите луѓе, сите оние кои живеат заедно со нас и го делат нашиот животен простор, рече Селаковиќ. Тој додаде дека „во борбата за мир и просперитет, се бориме за секое ново работно место, дека се бориме преку Отворен Балкан со заеднички настап на трети пазари и во трети земји да ги зајакнеме нашите економии и заеднички да видиме иднина во европското семејство и заедница на народи на кои и припаѓавме пред 111 години, на кои припаѓаме и денес и на кои културно и цивилизациски ќе припаѓаме и во иднина“. Претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и се заблагодари на Северна Македонија и на „браќата Македонци што имаме можност заедно со раководството на Србија и заедницата на Србите во Македонија и нивните здруженија да ги посетиме сите места на нашите успеси“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selakovik-na-odbelezhuvane-na-kumanovskata-bitka-nikoj-megusebno-ne-se-razbira-kako-srbite-i-makedontsite/feed/ 0
Селаковиќ од Прохор Пчински: Србија е за јакнење на политиката на добрососедство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/selakovikj-od-prohor-pchinski-srbija-e-za-jaknenje-na-politikata-na-dobrososedstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/selakovikj-od-prohor-pchinski-srbija-e-za-jaknenje-na-politikata-na-dobrososedstvo/#respond Tue, 02 Aug 2022 13:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=713059

Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, кој ја предводеше српската делегација на одбележувањето на Илинден во манастирот Прохор Пчински, денеска изјави дека Србија е за јакнење на политиката на добрососедство, јави дописникот на МИА од Белград. -За тоа сведочи политиката на Србија, која е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите. Така, како што е и во рамки на иницијативата Отворен Балкан, која претседателот Вучиќ ја иницираше со премиерите на Македонија и Албанија, се обидуваме да покажеме колку духот на толеранција и пријателство е нешто што секогаш ќе го надмине духот на нетолеранција и непријателства, рече Селаковиќ за РТС. Државнo-црковна делегација предводена од претседателот на Република  Македонија, Стево Пендаровски и српска делегација предводена од министерот Никола Селаковиќ денеска во манастирот „Св. Прохор Пчински“, положија венци и оддадоа почит кон Илинден и местото каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Во параклисот на манастирот Прохор Пчински поставена е и спомен плоча за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, пред која се одржа и чествувањето на Илинден. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/selakovikj-od-prohor-pchinski-srbija-e-za-jaknenje-na-politikata-na-dobrososedstvo/feed/ 0
Шефот на српската дипломатија во официјална посета на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-srpskata-diplomatija-vo-oficijalna-poseta-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-srpskata-diplomatija-vo-oficijalna-poseta-na-skopje/#respond Fri, 25 Feb 2022 06:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=636343

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата. Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка. Во рамки на посетата се очекува да биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-srpskata-diplomatija-vo-oficijalna-poseta-na-skopje/feed/ 0
Селаковиќ во Скопје на Светосавската академија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selakovikj-vo-skopje-na-svetosavskata-akademija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selakovikj-vo-skopje-na-svetosavskata-akademija/#respond Thu, 27 Jan 2022 07:01:53 +0000 https://kurir.mk/?p=623396

Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од српското МНР, предвидено е обраќање на министерот Селаковиќ на свечената Светосавска академија во Македонскиот народен театар. На свеченоста ќе се обрати и висок претставник од земјава, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ. Ова е 15-ти пат како српската заедница во земјава го одбележува националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selakovikj-vo-skopje-na-svetosavskata-akademija/feed/ 0
Српскиот министер за надворешни работи изрази сочувство за загинатите во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-bugarija/#respond Tue, 23 Nov 2021 21:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=599076

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ му изрази сочувство на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи за загинатите 46 граѓани на Македонија во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Бугарија. – Длабоко не вознемири веста за тешката сообраќајна несреќа, која се случи на територијата на Бугарија, во која трагично се загубени човечки животи. Во име на Министерството за надворешни работи на Србија и во мое лично име, Ви упатувам најдлабоко сочувство, наведе Селаковиќ. Тој порача дека Србија е подготвена да даде неопходна поддршка, а со своето срце и мисли е со семејствата на загинатите, и ја дели тагата и болката со граѓаните на Северна Македонија. – Ве молиме на семејствата на жртвите да им ги пренесете изразите на нашето искрено сочувство, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Селаковиќ во телеграмата со сочувство до Османи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-bugarija/feed/ 0