никола шалваринов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Sep 2018 07:08:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола шалваринов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Адеми и Шалваринов во посета на Германија и Австрија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-i-shalvarinov-vo-poseta-na-germanija-i-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-i-shalvarinov-vo-poseta-na-germanija-i-avstrija/#respond Sat, 01 Sep 2018 07:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=94913

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, во придружба од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, од денеска до 5 септември ќе престојуваат на работна посета на Сојузна Република Германија и Република Австрија. Како што соопшти кабинетот на Адеми, по покана од претседателот на Сенатот и градоначалник на Бремен, Карстен Силинг, делегацијата на 2 и 3 септември ќе учествува на отворањето на манифестацијата „Недела на интеграција“, посветена на сите граѓани на Бремен кои се дојдени од други земји, а живеат и работат во Бремен, меѓу нив и наши сонародници по потекло од Република Македонија. Оваа манифестација се одржува под покровителство на градоначалникот на Бремен. За време на посета во Германија и Австрија, делегацијата од Република Македонија, предводена од министерот Едмонд Адеми, ќе се сретне и со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората по потекло од Република Македонија во Берлин, Бремен и Хамбург, СР Германија и во Виена, Австрија. Воедно, министерот Адеми со делегацијата, покрај средбите со претставниците на дијаспората, во Берлин, на 4-ти септември, ќе има средби и со група пратеници од германскиот Буденстаг. На 5-ти септември во Виена министерот Адеми ќе има средби со претставници на Македонската црковна заедница во Виена, како и со организации и здруженија на дијаспората по потекло од Република Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Адеми. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-i-shalvarinov-vo-poseta-na-germanija-i-avstrija/feed/ 0