никола србов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Apr 2022 18:03:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола србов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србов: Културен клуб со името на „Ванчо Михајлов“ е чиста провокација, тој е човек кој водел држава во држава и е негативна личност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-kulturen-klub-so-imeto-na-vancho-mihajlov-e-chista-provokacija-toj-e-chovek-koj-vodel-drzava-vo-drzava-i-e-negativna-lichnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-kulturen-klub-so-imeto-na-vancho-mihajlov-e-chista-provokacija-toj-e-chovek-koj-vodel-drzava-vo-drzava-i-e-negativna-lichnost/#respond Tue, 19 Apr 2022 17:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=665568

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, гостуваше Никола Србов, каде во однос на отворањето на Културниот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ истакна дека тоа е чиста провокација и е многу чувствително за Македонците. „Прашањето со отворањето на клубот во Битола со име „Ванчо Михајлов“ е многу чувствително за македонските граѓани, особено за Македонците. Бугарија со ова од политички аспект ги затвори сите врати за било каков нормален дијалог помеѓу Македонија и Бугарија“, рече Михајлов. Тој посочи дека културен клуб со името на „Ванчо Михајлов“ е чиста провокација, бидејќи тој е човек кој водел држава во држава и е негативна личност. -Со отворањето на културниот клуб со името „Ванчо Михајлов“ не знам дали е возможно да се разговара со Република Бугарија на еден пристоен тон, а уште помалку да се разговара за историјата помеѓу двете земји. Србов потенцираше дека сето ова води во насока на минирање на преговорите, а со тоа се минира и напредокот на Македонија кон ЕУ. „За каков пораз или победа станува тука збор кога на нас во државата ни влегува делегација од цел државен врв од соседна држава каде отвора културен клуб кои за нас е крајно негативно име и при тоа од власта кажуваат дека не се поканети па затоа не сте отишле, зарем во сопствена држава вас некој треба да ве покани?“ кажа Србов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-kulturen-klub-so-imeto-na-vancho-mihajlov-e-chista-provokacija-toj-e-chovek-koj-vodel-drzava-vo-drzava-i-e-negativna-lichnost/feed/ 0
Србов: Шеќеринска го најави расколот во СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-shekjerinska-go-najavi-raskolot-vo-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-shekjerinska-go-najavi-raskolot-vo-sdsm/#respond Fri, 17 Dec 2021 18:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=609961

Повлекувањето на Шеќеринска од сите позиции е најсилен сигнал до сега дека во СДСМ се случуваат многу поголеми потреси од она што јавноста го мисли. До сега се покажа дека Шеќеринска има исклучителен инстинкт за "преживување" во политиката. Не сака да биде дел од дебаклот кој ќе и' се случи на таа партија па си остава можност утре повторно да биде дел од некое идно раководство во СДСМ, или во најмала рака да не биде дел од пропаста. Најмалку е мое да зборувам за приликите во СДСМ, но од она што со години ги следам случувањата во таа партија мислам дека им следат десет години опозиција и крупни внатрешни прераспределби и поделби, напиша на Фејсбук, Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-shekjerinska-go-najavi-raskolot-vo-sdsm/feed/ 0
Србов: Потребно е да има парламентарни избори и состав на нова влада која ќе се зафати со решавање на економската и енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-potrebno-e-da-ima-parlamentarni-izbori-i-sostav-na-nova-vlada-koja-kje-se-zafati-so-reshavanje-na-ekonomskata-i-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-potrebno-e-da-ima-parlamentarni-izbori-i-sostav-na-nova-vlada-koja-kje-se-zafati-so-reshavanje-na-ekonomskata-i-energetskata-kriza/#respond Wed, 03 Nov 2021 18:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=590508

Значи народот многу јасно и гласно ја делегитимираа ова владејачката коалиција и единствен излезе од економската криза, енергетската криза, ковид кризата може да се разреши само што побрзо да има нови парламентарни избори и да се состави нова влада и таа нова да се зафати со решавање на овие прашања, вели аналитичарот Никола Србов во вечерашното гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија. Во однос на барањето на лидерот на опозицијата Мицкоски, Србов посочи дека таквото барање е логично и полезно за државата, укажувајќи дека во спротивно државата може да влезе во политичка криза. Сметам дека барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е апсолутно логично и полезно за државата бидејќи во спротивно би требало човекот да седи на страна и немо да гледа како се повеќе и повеќе тонеме во државата, рече Србов. Доколку не се влезе во такво разрешување, можеме да влеземе во една политичка криза, додаде тој. Тој додаде дека со поразот на локалните избори на СДСМ и Зоран Заев не се делегитимирала само работата на локалните власти, туку се делегитимирале и политиките на централната власт. На овие избори не е делегитимирана само локалната власт, на овие избори се делегитимирани сите политики на централната власт, ковид кризата, криминогеноста, изјави Србов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-potrebno-e-da-ima-parlamentarni-izbori-i-sostav-na-nova-vlada-koja-kje-se-zafati-so-reshavanje-na-ekonomskata-i-energetskata-kriza/feed/ 0
Србов: Денешните рестриктивни мерки покажуваат дека власта исклучително лошо се справувала со целокупната ситуација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-deneshnite-restriktivni-merki-pokazuvaat-deka-vlasta-iskluchitelno-losho-se-spravuvala-so-celokupnata-situacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-deneshnite-restriktivni-merki-pokazuvaat-deka-vlasta-iskluchitelno-losho-se-spravuvala-so-celokupnata-situacija/#respond Mon, 05 Apr 2021 18:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=492772

Овие мерки кои ги кажавте се апсолутно задоцнети со тоа што можеме само да ја видиме контрадикторноста во политиките на власта која до пред недела дена не убедуваше дека ние треба да правиме теренски попис, за денеска премиерот Зоран Заев да излезе и да каже дека состојбата е алармантна, дека граѓаните мора да се де придржуваат до мерките, дека мора да има рестрикции, а само до пред пет дена не убедуваше дека е во ред вас дома да ви влезат луѓе за да ве попишуваат кои притоа ќе поминат уште 40, 50 домови, вели колумнистот Никола Србов во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на телевизија Канал 5. -Втора работа, Македонија е земја меѓу десетте држави со најголема смртност. Тоа не говори дека владата добро се справува со ситуацијата, туку напротив тоа говори дека владата исклучиво лошо се снаоѓа со ситуацијата. Понатаму, Македонија до сега нема набавено ниту една вакцина, се што сме добиле сме добиле како донација, пред се од Република Србија, додаде тој. Србов посочи дека постојано кога владата ќе влезе во политичка криза вината ја префрла на граѓаните, односно како што рече тој притоа не прашувајќи се самите себеси кој тоа го воведува системот, бидејќи знаете дека народот во една држава се движи во рамките на системот кој е создаден. -Четврта работа, постојано некој од власта и а и некои јавни личности кои се блиски до власта, истакнува како тоа народот бил неписмен, извинете на израз глупав, дека не знаел да се придржува до мерките а притоа не земајќи во предвид и не прашувајќи се самите себеси кој тоа го воведува системот, бидејќи знаете дека народот во една држава без разлика за која држава или народ станува збор, се движи во рамките на системот кој е создаден, нагласи Србов. Власта постојано кога ќе влезе во некаква политичка криза вината ја фрла во народот, смета Србов. Србов смета дека наместо влста пред шест месеци парите да ги троши на предизборен поткуп со делење на ваучери можела да ги сочува тие пари и да ги искористи за соодветни потреби на граѓаните, прашувајќи како ќе им се надомести штетата на луѓето кои работат во угостителските објекти кои денеска со новите рестриктивни мерки владата одлучи да ги затвори. -Сега се затвораат ресторани и кафулиња а ние имаме стотици илјади граѓани кои живеат од тие бизнис, како ќе им се надомести штетата на тие луѓе. Ние не зборуваме за екстра профит туку за тие луѓе да можат да го преживеат тоа затворање. Наместо парите пред шест, седум месеца да се трошеа на предизборни поткупи и делење ваучери на митинзи истите пари можеа да се чуваат и да се користат за соодветни потреби, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-deneshnite-restriktivni-merki-pokazuvaat-deka-vlasta-iskluchitelno-losho-se-spravuvala-so-celokupnata-situacija/feed/ 0
Србов: Членството на СДСМ не го чувствува како свое ова раководство и не сака да биде користено како жив штит пред семејството Заеви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-chlenstvoto-na-sdsm-ne-go-chuvstvuva-kako-svoe-ova-rakovodstvo-i-ne-saka-da-bide-koristeno-kako-ziv-shtit-pred-semejstvoto-zaevi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-chlenstvoto-na-sdsm-ne-go-chuvstvuva-kako-svoe-ova-rakovodstvo-i-ne-saka-da-bide-koristeno-kako-ziv-shtit-pred-semejstvoto-zaevi/#respond Sun, 05 Jul 2020 17:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=369468

Ни преостануваат точно 10 дена пред да ја донесеме одлуката во кој правец ќе се движи Македонија. Знам, во Македонија речиси сите парламентарни избори имаат историска тежина во дадениот момент, и тоа е така бидејќи се наоѓаме во навистина турбулентен регион во кој речиси секоја година се отвораат или затвораат крупни прашања. Но покрај регионалните прашања во Македонија ние имаме и внатрешните прилики кои по својата тежина се еднакви со регионалните, анализира Никола Србов. Во продолжение следува неговиот статус: Граѓаните навистина имаат избор, дали да го дадат својот глас за компромитирани политичари кои се многу лесен „плен“ за силите кои посакуваат хаос во пресрет на региналните разврски или политичари кои овие сили немаат со што да ги уценат. Владејачката СДСМ и нејзините моментални функционери во последните неколку години толку многу се искомпромитираа што ги прави ранливи и лесни за уцена. Во внатрешната политика овие компромитирани политичари го убедуваат народот дека „сите се исти“ (тоа е краен стадиум кога веќе си соочен со поразот), но реално, како може да се исти еден Зоран Заев кој бил градоначалник на Струмица три мандати и кој има еден куп афери за време на неговото претседателствување со Владата, или една Радмила Шеќеринска која е во самиот врв на партијата скоро 25 години, со еден Христијан Мицкоски кој нема никакви црни петна зад себе и нема оставено никаков криминал во своето работење? Како овие две нешта можат да бидат исти? На крајот, кога на Мицкоски не можеа да му пронајдат ништо со кое би го искомпромитирале, започнаа да поставуваат билборди со луѓе кои веќе 4 години не се присутни на политичката и општествената сцена во Македонија. Билбордите преку кои им сугерираат на граѓаните да излезат на гласање укажуваат на неколку сериозни нешта со кои моментално се соочува СДСМ. 1. Ги загубија активистите на „шарената револуција“, оние активисти кои протестираа заради убедување и благодарение на кои во 2016 година се приближија со гласови до ВМРО ДПМНЕ. 2. Членството на СДСМ не го чувствува како свое изворно ова раководство на партијата. 3. Ги губат албанските гласови. - На парламентарните избори во 2016 година доколку не излезеше оној квантум на гласачи кои претходно не излегувале на гласање резултатот ќе беше ист како на изборите во 2014 година. Тие гласачи излегоа благодарение на кампањата која се водеше преку „шарената револуција“ и сакаа промена на власта. Со катастрофалната политика која ја водеше СДСМ изминативе 3 години дефинитивно ги изгуби овие гласови. Видете, многу е тешко некој граѓанин од првата изборна единица, кој во 2016 година гласал очекувајќи некаква промена на дотогашната политика сега да го натерате да излезе и да гласа за спас на семејните бизниси на Заеви во Струмица. Дополнително, онаа снимка во која Зоран Заев зборува со најдолен и вулгарен речник за членовите на „шарената револуција“ само ја потврди злоупотребата која ја направил манипулирајќи со незадоволството кај тие луѓе. Паролата која беше фундамент на тие активисти - „нема правда нема мир“ заврши со рекет спроведуван од институцијата која требаше да ја донесе таа правда и на која секој ден „во 18 пред СЈО“ ѝ даваа поддршка. - Членството на СДСМ не го чувствува како свое ова раководство и не сака да биде користено како жив штит пред семејството Заеви. Со оној билборд раководството на СДСМ цели да ги натера незадоволните членови да излезат на гласање како последна шанса да се спаси од одговорност. Но членството знае дека ќе одговараат носителите на власта кои извршиле криминал, а за самите членови утрото на 16 јули ќе биде исто како сите утра до сега. Впрочем и снимката која излезе а во која Заев укажува дека расчистил со Бранко Црвенковски и „бранковистите“ во партијата го потврдува длабокиот јаз. До сега СДСМ важеше за партија која своите внатрешни несогласувања и судири помеѓу разни крила или стари и нови раководства секогаш ги чувала исклучиво помеѓу ѕидовите на Бихаќска, но сега веќе не е така, Заев отворено ги елиминира сите оние кои не припаѓаат на „подобните кланови“ во партијата и ги понижува. - После изборите во 2016 година Албанците сфатија дека, не само што Заев ги рачуна како обична бројка, туку ги третира и како т.н. „Албанци по професија“ што е исклучително навредливо за секој Албанец во Македонија. Секојдневното потенцирање на Албанците од страна на СДСМ оддава впечаток дека ги користи како бројка за поткрепа на неговото партиско „Едно општетсво за сите“. Многу е навредливо кога некој ви кажува дека единственото нешто заради кое сте се нашле на некаква позиција е вашата етничка припадност, тоа се граничи со расизам. И за разлика од 2016 година сега Албанците имаат доста поголем избор на политичката сцена. Кога само вака површно ќе ги согледате сите овие работи, кои се само еден мал дел од сето она кое може да се каже, заклучокот е дека победата на ВМРО ДПМНЕ на овие избори е бетонирана, оттаму произлегува нервозата кај СДСМ и кампањата која ја водат. Оној билборд кажува многу, тој зборува за стравот кој владее во раководството на СДСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-chlenstvoto-na-sdsm-ne-go-chuvstvuva-kako-svoe-ova-rakovodstvo-i-ne-saka-da-bide-koristeno-kako-ziv-shtit-pred-semejstvoto-zaevi/feed/ 0
Србов: Видеото на кое Дончев зема рекет е прво на кое политичар зема кеш на рака и го става во чанта, верувам за Вилма и ова не претставува некаков доказ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-videoto-na-koe-donchev-zema-reket-e-prvo-na-koe-politichar-zema-kesh-na-raka-i-go-stava-vo-chanta-veruvam-za-vilma-i-ova-ne-pretstavuva-nekakov-dokaz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-videoto-na-koe-donchev-zema-reket-e-prvo-na-koe-politichar-zema-kesh-na-raka-i-go-stava-vo-chanta-veruvam-za-vilma-i-ova-ne-pretstavuva-nekakov-dokaz/#respond Mon, 22 Jun 2020 15:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=361029

Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека видеото на кое Ден Дончев зема рекет е прво видео на кое политичар зема кеш на рака и го става во чанта. -Видеото на кое Дончев зема рекет е прво видео на кое политичар зема кеш на рака и го става во чанта. Но се мислам дека нема да биде ни последно. Тоа е и за очекување за територија која власта ја претвори во мафијашки картел. Верувам за Вилма и ова не претставува некаков доказ, стои во неговиот пост на Фејсбук. https://www.facebook.com/srbov/posts/4499477116759331  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-videoto-na-koe-donchev-zema-reket-e-prvo-na-koe-politichar-zema-kesh-na-raka-i-go-stava-vo-chanta-veruvam-za-vilma-i-ova-ne-pretstavuva-nekakov-dokaz/feed/ 0
Србов: Приврзаници на власта како да подготвуваат терен за одлагање на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-privrzanici-na-vlasta-kako-da-podgotvuvaat-teren-za-odlaganje-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-privrzanici-na-vlasta-kako-da-podgotvuvaat-teren-za-odlaganje-na-izborite/#respond Thu, 05 Dec 2019 18:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=273906

Тоа што се случи вчера во Лондон и што допрва треба да се случи е заслуга на граѓаните и на сите влади. Но, има еден друга заврзлама, а тоа е што кај народот не гледаме прослава. Членството за ЕУ и НАТО секогаш има огромна поддршка во Македонија, но ова што се случува сега и околностите под кои се случи и Договорот од Преспа говорат нешто друго. Оваа држава градеше некаква позиција во однос на спорот со Грција, имавме двојна формула и некава позиција за неотстапување од некои правила, а сега за неколку месеци се урна нешто што се градеше 25 години. Затоа можеше на поинаков мачин да се одигра. Ова го истакна аналитичарот Никола Србов на гостувањето на телевизија Канал 5. Според него, се создаде една перцепција од страна на премиерот Заев и Владата, односно ја врзаа промената на името со ЕУ и НАТО. -Но, не. Европските метрополи само ни велеа - вие имате проблем со наша членка, а ваш сосед и решете го спорот. А сега се создава перцепција дека ЕУ и НАТО не натерале да го смениме името, посочи Србов. Тој укажа дека по ова што се случи нормално е да има еуфорија оти Македонија и граѓаните долго го чекаа членството во НАТО. -Последниве две недели приврзаници на власта говорат дека народот не бил прашан за избори, а не знам како се прашува, нели пратениците се народни избраници. Се добива впечаток за подготовка на терен да се одложат изборите. Се говори за слаб одзив на изборите нели голема излезност не и одгоавара на ниту една влада. Кога имате опција Владата да ги одложи избори, а како изговор да ја гледа ратификацијата на Протоколот за НАТО не гледам зошто веднаш да не се направи тоа, а тоа да има одложено важење. Оттука не гледам зошто да е политикантство иницијативата Собранието да гласа веднаш за Протоколот, рече Србов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-privrzanici-na-vlasta-kako-da-podgotvuvaat-teren-za-odlaganje-na-izborite/feed/ 0
Србов: Сфаќате ли дека сменивте име за едно големо НИШТО? Знам дека сфаќате, сменивте име за да крадете, точно знаевте што правите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-sfakjate-li-deka-smenivte-ime-za-edno-golemo-nishto-znam-deka-sfakjate-smenivte-ime-za-da-kradete-tochno-znaevte-shto-pravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-sfakjate-li-deka-smenivte-ime-za-edno-golemo-nishto-znam-deka-sfakjate-smenivte-ime-za-da-kradete-tochno-znaevte-shto-pravite/#respond Thu, 10 Oct 2019 18:09:44 +0000 https://kurir.mk/?p=250302

Сега Заев, Димитров и Бујар ќе ги обвинат Ројтерс и дипломатските извори за фејк њуз, научна фантастика и дискриминаторски однос кон една држава и народ. Тоа ќе го сторат со истиот вокабулар со кој ни го кажаа нам кога реагиравме на темава, пишува историчарот и колумнист Никола Србов на својот Фејсбук профил. -Туку, кој ќе сноси одговорност за врзувањето во група на Македонија со Албанија? Сфаќате ли дека сменивте име за едно големо НИШТО? Знам дека сфаќате, сменивте име за да крадете, точно знаевте што правите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-sfakjate-li-deka-smenivte-ime-za-edno-golemo-nishto-znam-deka-sfakjate-smenivte-ime-za-da-kradete-tochno-znaevte-shto-pravite/feed/ 0
Србов: Кој ја стави Македонија во група со Албанија? Жртва ќе биде само нашата држава која скапо ќе ги плаќа погрешните политики и договори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-koj-ja-stavi-makedonija-vo-grupa-so-albanija-zrtva-kje-bide-samo-nashata-drzava-koja-skapo-kje-gi-plakja-pogreshnite-politiki-i-dogovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-koj-ja-stavi-makedonija-vo-grupa-so-albanija-zrtva-kje-bide-samo-nashata-drzava-koja-skapo-kje-gi-plakja-pogreshnite-politiki-i-dogovori/#respond Wed, 09 Oct 2019 17:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=249784

Пристигнуваат информации дека постои можност да биде блокиран датумот за преговори за Република Македонија со Европската Унија, односно, да не ни биде дозволено да се одделиме од групата со Албанија во која се наоѓаме. Италија, која со Албанија има стратешки односи, односи за кои може да се каже дека се и историски, инсистира и Албанија да добие датум за преговори. И тој однос е сосема легитимен. Од друга страна, останатите земји членки се речиси едногласни дека за Албанија нема датум. И така се влегува во ќорсокак во кој ние сме жртвата. Прашањето е, кој ја стави Македонија во група со Албанија? Кој ја врза земјава на неприроден начин со западниот сосед знаејќи дека Албанија заостанува далеку зад нас во овие процеси?, пишува историчарот и колумнист Никола Србов на својот Фејсбук профил. -За потсетување, ВМРО ДПМНЕ со време алармираше за овој катастрофален чекор на македонските власти, но тогаш бевме обвинети дека зборуваме за научна фантастика и дека со таа реакција некого "дискриминираме". Што би се рекло, нашата желба за интеграција во ЕУ за некој била дискриминаторска и... да не употребам потежог збор кој ни беше упатен, вели Србов и додава: „Кој го кочи сега прогресот на Република Македонија кон Европската Унија, дали е тоа ВМРО ДПМНЕ која алармираше со време за последиците од вештачкото групирање со Албанија или власта која, од само нејзе познати причини, го става на коцка напредокот на еден цел народ? Во оваа борба за своите стратешки позиции и пријатели жртва ќе биде само Македонија која скапо ќе ги плаќа погрешните политики и договори“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-koj-ja-stavi-makedonija-vo-grupa-so-albanija-zrtva-kje-bide-samo-nashata-drzava-koja-skapo-kje-gi-plakja-pogreshnite-politiki-i-dogovori/feed/ 0
Никола Србов: Се надевам дека ќе добиеме датум за преговори, затоа што граѓаните не смеат да бидат заложник на катастрофалните политики што ги води власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-srbov-se-nadevam-deka-kje-dobieme-datum-za-pregovori-zatoa-shto-gragjanite-ne-smeat-da-bidat-zaloznik-na-katastrofalnite-politiki-shto-gi-vodi-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-srbov-se-nadevam-deka-kje-dobieme-datum-za-pregovori-zatoa-shto-gragjanite-ne-smeat-da-bidat-zaloznik-na-katastrofalnite-politiki-shto-gi-vodi-vlasta/#respond Tue, 01 Oct 2019 18:25:35 +0000 https://kurir.mk/?p=246750

Историчарот и колумнист Никола Србов на гостување на Канал 5 телевизија во Само вистина, истакна дека се надева дека ќе добиеме датум за преговори и смета дека македонските граѓани не смеат да бидат заложник на катастрофалните политики кои што ги води СДСМ и владата. Тој вели исто така дека е среќен сум и горд на тоа што ВМРО-ДПМНЕ дава огромен придонес за добивањето на датумот и приближувањето на кон преговорите за членство кон Европската унија. -Ние добро се сеќаваме како Социјалдемократскиот сојуз кога беше во опозиција ја претставуваше државата надвор, апсолутно и тоа што чини и тоа што не чини го претставуваше во најцрно светло, и на тој начин се кочеше државата во процесот кон ЕУ, од дтуга страна ВМРО-ДПМНЕ и помага на власта, односно дава допринос за да добиеме датум за преговори, вели Србов. Во однос на аферата „Рекет“ која што ја нарече афера број еден од поновата историја на оваа држава, вели дека не очекува разрешница, дека се ќе застане на неколкумината уапсени, а сите се свесни дека истите не би можеле тоа да го прават без поддршка од власта. Тој смета дека скандал од вакви размери мора да биде расветлен, но има индиции дека раководството на државата е замешано во овој случај, се оди на тоа да не се расчисти овој случај, затоа што СДСМ влегува во преговори за закон за јавно обвинителство со персонални решенија со кое што ја кочат истрагата и решавањето на овој случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-srbov-se-nadevam-deka-kje-dobieme-datum-za-pregovori-zatoa-shto-gragjanite-ne-smeat-da-bidat-zaloznik-na-katastrofalnite-politiki-shto-gi-vodi-vlasta/feed/ 0