Никола Старџен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Jan 2021 10:07:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никола Старџен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Старџен: Шкотска наскоро ќе се вратат во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-shkotska-naskoro-kje-se-vratat-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-shkotska-naskoro-kje-se-vratat-vo-eu/#respond Fri, 01 Jan 2021 10:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=450969

Шкотска наскоро ќе се врати во составот на Европската унија, изјави премиерката на Шкотска, Никола Старџен, во момент кога Велика Британија конечно ја напушти заедницата. – Европо, Шкотска наскоро ќе се врати. Не исклучувајте го светлото, напиша синоќа Старџен на Твитер. На референдумот, Шкотска гласаше против Брегзит и планираше да го напушти Обединетото Кралство, каде шкотските бродови ловат до 60 проценти од рибата, која се доставува во британските пристаништа. Претходно, Старџен изјави дека договорот со ЕУ не може да ги надомести загубите на Шкотска поради Брегзит. Велика Британија конечно ја напушти Европската унија, завршувајќи го излезот од единствениот пазар и царинската унија на ЕУ на полноќ по средноевропско време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-shkotska-naskoro-kje-se-vratat-vo-eu/feed/ 0
Старџен: Можен е референдум за независност на Шкотска есента 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-mozen-e-referendum-za-nezavisnost-na-shkotska-esenta-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-mozen-e-referendum-za-nezavisnost-na-shkotska-esenta-2021-godina/#respond Mon, 30 Nov 2020 10:34:34 +0000 https://kurir.mk/?p=436231

Шкотската премиерка Никола Старџен денеска не ја исклучи можноста за нов референдум за независност следната година, велејќи дека би сакала да ги види граѓаните како гласаат на почетокот на мандатот на новиот парламент, есента 2021 година. Како што пренесуваат странските агенции, Шкотите не сакаа независност на референдумот во 2014 година, но Брегзит и начинот на кој британската Влада се бори против коронавирусот ги поддржа силите во прилог на отцепување од Велика Британија. Прелиминарните анкети сега покажуваат дека повеќето Шкотланѓани сега се за независност. Изборите во Шкотска треба да се одржат во мај, а Шкотската национална партија (СНП) на премиерката ќе учествува во кампањата за освојување мандат за уште еден референдум за независност. – Сакам да одлучиме за независност на почетокот на новиот парламентарен мандат. Јас не одбивам ништо, не гарантирам ништо, но можно е гласањето да се одржи есента 2021 година, рече Старџен. Според неа, „јасно е дека од сите причини наведени од Шкотска, таа ќе има независност за да може да си ја направи својата иднина и тоа ќе биде подобро за сите Шкотланѓани“. – Мислам дека навистина е важно да ги имаме на располагање сите опции додека се опоравуваме од коронавирусот и моќта да го сториме тоа на вистински начин, и држава што ја обновуваме е нешто што повеќето Шкотланѓани сакаат да го видат, а не сликата на Борис Џонсон и неговите брегзитери, рече Старџен. Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон рече дека референдумот во 2014 година, на кој Шкотланѓаните гласаа 55:45 против независноста, бил одлучувачки и дека станува збор за настан „еден во генерација“ и затоа таа одлука треба да се почитува. Владата на Џонсон смета дека не треба да има нов референдум во блиска иднина. При гласањето за Брегзит, во цела Велика Британија резултатот беше 52:48 во корист на напуштање на ЕУ, но Шкотите беа главно за останување во Унијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-mozen-e-referendum-za-nezavisnost-na-shkotska-esenta-2021-godina/feed/ 0
Старџен: Џонсон не може да ја задржи Шкотска против нејзината волја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-dzonson-ne-moze-da-ja-zadrzi-shkotska-protiv-nejzinata-volja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-dzonson-ne-moze-da-ja-zadrzi-shkotska-protiv-nejzinata-volja/#respond Sun, 15 Dec 2019 10:32:25 +0000 https://kurir.mk/?p=277745

Шкотската премиерка, Никола Старџен го предупреди британскиот премиер Борис Џонсон дека не може да ја задржи Шкотска во Обединетото кралство против волјата на земјата, пренесоа британските медиуми. Џонсон и неговата влада повеќепати кажуваа дека нема да дозволат втор референдум за независност на Шкотска, но откако Шкотската национална партија освои 48 од 59-те места за Шкотска во парламентот на Обединетото кралство, Старџен изјави дека нејзината партија доби мандат за нов референдум. -Ако тој си мисли…, дека со тоа што кажа „не“ е крајот на дискусијата, тогаш тој греши, рече Старџен во емисијата на Ендрју Мар на Би-Би-Си. „Не можете да ја држите Шкотска против нејзината волја…Доколку Обединетото кралство продолжи да постои тоа може да биде само со согласност. И доколку Борис Џонсон е уверен во однос на обединувањето тогаш тој треба да биде доволно уверен за да го направи тоа и да им дозволи на луѓето да одлучат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-dzonson-ne-moze-da-ja-zadrzi-shkotska-protiv-nejzinata-volja/feed/ 0
Страџeн бара одржување нов референдум за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stradzen-bara-odrzuvanje-nov-referendum-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stradzen-bara-odrzuvanje-nov-referendum-za-bregzit/#respond Wed, 16 Jan 2019 07:47:39 +0000 https://kurir.mk/?p=152752

Шкотската прва министерка Никола Старџен синоќа побара проширување на членот 50 од Договорот за ЕУ, со што би се одредил рок од две години за излез на Велика Британија од Унијата, како и одржување нов референдум за Брегзит. – Повеќе не можеме да губиме време. Време е да го запреме одбројувањето на часовиникот и да го спречиме секој ризик за истапување на Велика Британија (од ЕУ) без договор на 29 март, изјави Старџен, откако синоќа британскиот Праламент не го усвои Договорот за Брегзит постигнат меѓу Владата во Лондон и Брисел. Како што јави Би-Би-Си, Страџен оцени дека Парламентот во Лондон имал две и пол години по референдумот за Брегзит, но сепак не успеал да постигне „употреблив“ договор за истапување на Велика Британија од ЕУ. – Време е за тоа граѓаните да решат на нов референдум, истакна Старџен, нагласувајќи дека британската премиерка Тереза Меј не смее да се однесува „како ништо да не се случило“. Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за истапувањето на Велика Британија од ЕУ. По ваквата одлука на Парламентот, Меј изјави дека го слушнала мислењето на Парламентот, но дека е битно да се слуша и волјата на британскиот народ. – Јасно е дека Парламентот не го поддржува овој договор. Но, гласањето не ни кажува што поддржува. Тоа не ни кажува како или дали воопшто (Парламентот) има намера да ја почитува одлуката што бритинскиот народ ја донесе на референдумот (за Брегзит), нагласи Меј. Британските медиуми оценуваат дека сега Владата на Меј има време до понеделник да пронајде „план Б“ за Брегзитот, предвиден за 29 март. Доколку не биде пронајдено друго решение, можно е Велика Британија да ја напушти Унијата без договор за идните односи меѓу двете страни, што предизвукува неизвесност и стравувања од можен хаос. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stradzen-bara-odrzuvanje-nov-referendum-za-bregzit/feed/ 0