никола тасев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 14:47:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола тасев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СДСМ и Ковачевски добија шанса од Мицкоски да си ги поправат катастрофалните грешки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-i-kovachevski-dobija-shansa-od-mitskoski-da-si-gi-popravat-katastrofalnite-greshki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-i-kovachevski-dobija-shansa-od-mitskoski-da-si-gi-popravat-katastrofalnite-greshki/#respond Fri, 09 Jun 2023 14:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=844104

Колумна на Никола Тасев за Скопско Ехо: Втор ден од лидерската средба Мицкоски – Ковачевски. Втор ден силно ехо од тој разговор се шири низ Македонија. Му напишав во колумна на премиерот, пред два дена, неколку часа пред одржувањето на неговата средба со Мицкоски, што јавноста очекува од него. Тој како да не ја подразбрал ситуацијата во која е заедно со неговиот СДСМ. Затоа денес ќе дадам (ќе пренесам што мисли и голем дел од јавноста) уште неколку препораки, сега многу подиректно. Прво, Ковачевски да си ја заузда пропагандната машинерија на неговата партија, која веќе почна да слави дека ВМРО-ДПМНЕ го сменило ставот и се согласило сите заедно да ги изгласаат уставните измени. Така ќе си ја упропасти можноста која му ја даде претседателот на опозициската партија, со која Македонија ќе излезе од ќорсокакот во кој тој ја турна. Мицкоски, му даде подарок нему и на СДСМ- шанса преку која ќе може да ги исправи катастрофалните грешки што самите ги направија при слепото прифаќање на француско – бугарскиот предлог минатата година, иако околу 80 отсто од Македонците не се согласуваа со тоа. Второ, арогантноста, дрскоста и победничката еуфоријата Ковачевски да си ја чува за други времиња. Сега не е прилика за тоа. Напротив сега како да доаѓа време и да си даде оставка оти не врви неговата замисла и единствениот проект – да се смени уставот по неговите замисли. Тешки бремиња се надвиснати над Македонија, битни одлуки треба да се носат, иднината на државата се решава. Добро е што за денес е закажан состанок на ЦО на СДСМ и добро ќе е ако врвот на оваа партија внимателно го разгледа секој збор од понудата на ВМРО-ДПМНЕ. Но нема да биде добро ако пак и вечерва и утре и задутре, победнички воскликнуваат: „готово е, ВМРО омекна, Мицкоски го смени ставот, извесно е дека уставните измени ќе се случат“… Тоа ќе ме потсети на еуфоријата од минатите десет месеци кога дузина владини претставници најавуваа дека лесно ќе се обезбеди двотретинско мнозинство. На крај спласна таа цела еуфорија, за да се вратиме на вистината: владата нема поддршка од 80 пратеници за уставни измени, ниту пак има идеја како да ги обезбеди. Еве ја шансата за тоа, со корекциите и предлозите од Мицкоски. Трето, нека размислува повеќе како Македонец, отколку како подисплашен политичар што ли ќе му кажат странските дипломати оти друго им вети. Нели му се сечело нешто во стомакот кога го прифаќал „францускиот предлог“ – еве му шанса таа рана да не го боли, заедно со ВМРО-ДПМНЕ може да се залечи. А воедно СДСМ нека покаже дека ги штити интересите на Македонија и барем малку го уважува мислењето на народот. Македонија мора да постави црвени линии, а за тоа е потребно единство на власта и опозицијата. Четврто, нека сфати и тој и СДСМ дека одложената примена на уставните измени е добро и за Македонија па и за ЕУ. И заедно со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кај нивните европски пријатели треба да го објаснуваат и заедно таа отстапка на Брисел да ја овозможат. Ако се вратиме 3-4 години наназад, кога се смени името и Уставот на Македонија. Ако тогаш Заев успееше (aко воопшто пробал) да избоксува додавката Северна за меѓународна употреба да се користи веднаш, а за внатрешна, заедно со промената на Уставот и имињата на државните институции по влезот на државата во ЕУ, Грција ќе беше нашиот најголем промотор за што побрз влез во Унијата. Сега на секој кочничар на нашиот европски пат, Грција ќе се спротиставуваше. Но, еве шанса и таа грешка да не се повтори: преку изгласување на промените во Уставот, но со одложена примена – на Бугарија ќе и се брза да влеземе во ЕУ, а и ќе знае дека други барања веќе нема да и пројдат. И петто, ако СДСМ и Ковачевски не се подготвени на отстапки – тогаш веднаш да распишат предвремени избори. Да не ја кочат европската иднина на државата. Оти вака уште една година ќе слушаме најави „само што не се обезбедени 80 пратеници“. Нека дозволи некоја друга влада да го отплеткува јазолот што тој и го врза на Македонија. И на крај најдиректно: Ковачевски, не очекувам дека ќе дадеш оставка (ДУИ пак нема да ти дозволи) затоа знај – очигледно е дека проблемот што го кочи ЕУ патот на Македонија си ти, затоа др’ж се сега до Мицкоски. Иако ти е политички противник, тој во моментот ти е единствената сламка на спасот за да не останеш запишан во историјата заедно со СДСМ како групација која и зададе многу, многу страшни удари на Македонија со својата многу, многу погрешна политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-i-kovachevski-dobija-shansa-od-mitskoski-da-si-gi-popravat-katastrofalnite-greshki/feed/ 0
Никола Тасев и ТОТАЛ ТВ денеска не се појавија на судењето во Кривичниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-tasev-i-total-tv-deneska-ne-se-pojavija-na-sudeneto-vo-krivichniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-tasev-i-total-tv-deneska-ne-se-pojavija-na-sudeneto-vo-krivichniot-sud/#respond Mon, 22 May 2023 15:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=837532

Управителот на ТОТАЛ ТВ Никола Тасев, кого обвинителството го гони за Злоупотреба на службената положба и овластувања, по членот 353 од Кривичниот законик, не се појави на првото рочиште во скопскиот Кривичен суд, пренесе Канал 5. Тој е обвинет дека во периодот од 2015 до 2017 година спротивно на Законот за трговските друштва без да свика Собир на содружници склучувал договори, со што нанел штета на правното лице од над 500 илјади евра. На рочиштето беше присутен еден од неговите адвокати, кој тврдеше дека Тасев не бил уредно поканет па заминал на службено патување. Судијката Љубинка Башеска на ова одговори дека поканата била испратена и дека ова е прв и последен пат да дозволи одлагање на судењето поради службени обврски на обвинетиот и дека на следното рочиште Тасев ќе мора да се појави. На судењето беше присутен и малцинскиот содружник, Тони Илијовски, кој е оштетен во постапката. Тој вели дека кривичната пријава ја поднел во 2018-тата година и дека очекува фер постапка. „Разочаран сум зошто обвинетиот не беше присутен и не достави некаков доказ оправдување од адвокатот, но сепак се надевам дека на следното рочиште ќе биде присутен,“- Тони Илијовски – Оштетен. „ Јас сум изненаден на нереакцијата на мнозинскиот сопственик на оваа фирма Тотал ТВ за Македонија кој не пријавил оштетување бидејќи во самото обвинение сумата на штета изнесува 503 илјади евра, од која малцинскиот сопственик, оштетениот би требало да добие доколку се докаже вина 25 отсто од таа сума, остатокот е на мнозинскиот сопственик, зошто тоа не се прави не ми е познато, “ рече Кирил Мирчески – полномошник на оштетениот, пренесе Канал 5. Адвокатот на обвинетиот Тасев не сакаше да даде изјава за медиумите, а обвинителката Лидија Раичевиќ по рочиштето кажа дека очекува да се докаже кривичното дело и Тасев да биде осуден, и посочи доколку се откријат и други дела во текот на постапката истите ќе бидат процесурани. -Во овој предмет кој јас го застапувам не дојдов до елементи кои се потребни за да го предадам предметот на обвинителството за гонење на орагнизиран криминал и корупцијата, тшо се случува со другите телевизии и постапки не знам, но доколку се појави било каков момент во постапката такви сознанија ќе бидат јавнообвинителски опсервирнаи и по нив ќче биде постпакено согласно законот.- Лидија Раичевиќ – Јавен обвинител. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 28 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-tasev-i-total-tv-deneska-ne-se-pojavija-na-sudeneto-vo-krivichniot-sud/feed/ 0
Аналитичарот Тасев: Граѓаните на есен ќе немаат пари леб да си купат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharot-tasev-gragjanite-na-esen-kje-nemaat-pari-leb-da-si-kupat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharot-tasev-gragjanite-na-esen-kje-nemaat-pari-leb-da-si-kupat/#respond Sat, 27 Jun 2020 08:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=363905

Аналитичарот и бизнисмен Никола Тасев прогнозира тешка економска криза на есен кој што ќе следи после здравствената криза со корона вирусот. -Ние во овие неколку месеци од корона кризава не осетивме многу економска криза. Назад ни е Октомври, ноември. Зошто? Заради тоа што техничката влада во овој период си играше со уредбите со законска сила. Повеќе размислуваше да направи еден изборен финансиски пакет кој што ќе им донесе некакви гласови, а не размислуваше да направи некоја убава основа да го подготви стопанството за она што ќе се случува октомври, ноември и декември. Ние ќе имаме економска бомба во државата во октомври, ноември и декември. Кој и да направи влада, ќе му биде многу тешко, рече Тасев. Неговите проценки се дека до крајот на годината ќе треба да се задолжи Македонија за околу 2 милијарди евра. -Со економските мерки ние не постигнавме ништо. Оваа година Македонија ќе се задолжи за 2 милијарди евра. Знаете дека веќе во јануари од старите задолжувања треба Македонија да врати околу 700 милиони евра. Од каде пари. Сега ќе ги испотрошиме за избори, фрли таму, фрли таму, дај на овој, дај на тој, па утре ќе бараме преку јавен повик граѓаните да уплаќаат во фондот на државата затоа што ги потрошиле парите за една вечер, дополни Тасев. Според него кон крајот на годината тешката економска криза ќе се одрази и на стопанството и на граѓаните особено. Ќе следи период на отпуштања, а може да се случи граѓаните да не можат леб и основните потреби да ги купат. Тој не се согласува дека економијата блеска и посочува примери дека споредено со регионот ние сме издале еврообврзница со висока камата. -Еве еден податок колку блеска економијата. Да споредиме колку нашата економија вреди пред европските банкарски институции. Македонија еврообврзницата што ја издаде ја зеде со речиси 3,7% камата. Србија ја зеде со 3,2%, Хрватска еврообврзницата ја зеде со 1,2% камата, а е задолжена со јавен долг 80%, Бугарија со 0,6%. Епа ако ти блеска економијата ќе ти дадат евтини пари- посочи аналитичарот и бизнисмен Никола Тасев во емисијата Заспиј ако можеш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharot-tasev-gragjanite-na-esen-kje-nemaat-pari-leb-da-si-kupat/feed/ 0
По пет победи на пет натпревари: Хокеарската репрезентација бара хокеј арена во Македонија! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pet-pobedi-na-pet-natprevari-hokearskata-reprezentacija-bara-hokej-arena-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pet-pobedi-na-pet-natprevari-hokearskata-reprezentacija-bara-hokej-arena-vo-makedonija/#respond Thu, 22 Nov 2018 10:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=130741

Македонската хокеарска репрезентација вчера постигна огромен успех, откако го освои „Девелопмент Купот“ што се одржа Фисен, Германија со победа против Португалија од 9-3. Македонија запиша пет победи на пет натпревари и покажа дека има талент и треба да се вложува во овој спорт. Па, по освојувањето на неофицијалното Светско првенство за држави без затворени хокеј арени, се јави претседателот на хокеарската федерација на Македонија, Никола Тасев, кој порача дека ни треба хокеј арена. Тој апелираше: НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА!!! Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup. ГО ОСВОИВМЕ!!! Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови. Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!! 15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена! НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка. Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!! Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот....овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас. ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА - НИ ТРЕБА АРЕНА!!! Веднаш по него се огласија и македонските херои, кои ја израдуваа јавноста со златниот медал, па испратија јасна порака - „НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА!!!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pet-pobedi-na-pet-natprevari-hokearskata-reprezentacija-bara-hokej-arena-vo-makedonija/feed/ 0