никола тесла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 09:38:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола тесла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детали за несреќата над белградското небо, познато е што се случило со патничката која почина во авион https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-nesrekata-nad-belgradskoto-nebo-poznato-e-shto-se-sluchilo-so-patnichkata-koja-pochina-vo-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-nesrekata-nad-belgradskoto-nebo-poznato-e-shto-se-sluchilo-so-patnichkata-koja-pochina-vo-avion/#respond Wed, 01 Feb 2023 09:38:52 +0000 https://kurir.mk/?p=794577

Една патничка починала откако и се слошило во авион кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, изјавија утрово од службата за Брза помош. Авиот од Келн принудно слетал во Белград во 22:24. Авионот летал за Ниш. Како што дознаваат српските медиуми, се работи за 68-годишна патничка. -Беше започната реанимација. Нашата екипа дојде, учествуваше во реанимација, но на крајот само констатиравме смрт, изјави за РТС, Ивана Стефановиќ од Брзата помош.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-nesrekata-nad-belgradskoto-nebo-poznato-e-shto-se-sluchilo-so-patnichkata-koja-pochina-vo-avion/feed/ 0
Јадел месо само два пати годишно: Тесла имал ист појадок секој ден бидејќи верувал дека му дава сила, а еве што велел за спиењето https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jadel-meso-samo-dva-pati-godishno-tesla-imal-ist-pojadok-sekoj-den-bidejki-veruval-deka-mu-dava-sila-a-eve-shto-velel-za-spieneto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jadel-meso-samo-dva-pati-godishno-tesla-imal-ist-pojadok-sekoj-den-bidejki-veruval-deka-mu-dava-sila-a-eve-shto-velel-za-spieneto/#respond Wed, 18 Jan 2023 21:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=789032

Никола Тесла многу внимавал на тоа што јаде бидејќи сметал дека тоа е важно за што подолго да остане активен. Во својата книга „My Inventions: The Autobiography of Nikola Tesla“ навел дека обично појадува млеко и јајца, ручекот го прескокнувал, а особено обожувал чорба од зеленчук. „Најважниот елемент на мојата животна шема е мојата исхрана. Не можете да очекувате машина добро да функционира ако не ѝ обезбедите соодветно гориво“, говорел Тесла, но и истакнувал дека со текот на времето сфатил дека два оброци дневно се сосема доволни. „Консумирањето два оброци на ден ми го подобрија здравјето и ми го изострија апетитот и вкусот. Не знаев што е живот додека не го исфрлив ручекот од исхраната. Денес на 78 години уживам во своите два оброци во иста мера како кога бев дете на 16 години и немам никакви проблеми со варењето“, се наведува на сајтот „Tesla Universe“. Обожувал чорба од зеленчук Како што велел и самиот Тесла, обожувал да пие млеко за појадок бидејќи изобилува со протеини, и јадел јајца особено белки бидејќи се исто така богати со протеини. „Зеленчукот е неопходен, иако не содржи многу протеини. Не дава многу енергија, но го регулира варењето и му дава витамини на телото. Сакам да јадам фина чорба од кромид и сечкан целер, подготвена на путер. Оваа комбинација лесно се вари и ја јадам со години наназад“. Тесла го фалел и овошјето, а за шеќерот зборувал дека не е опасен во мали количини со тоа што не смееме да заборавиме дека го има многу во овошјето. Само двапати годишно јадел месо На прашањето дали е вегетаријанец, Тесла зборувал вака: „Месо јадам многу ретко, еднаш или двапати годишно. Богато е со протеини, но и рибата е речиси подеднакво богата со протеини и масти, а многу полесно се вари. Фосфорот кој го содржи е одличен за нервниот систем, но иако го храни мозокот, тој предизвикува киселост во организмот. И месото и рибата нѝ даваат брза енергија. Овие намирници за луѓето со одредени професии се неопходни, но поради својот состав нѝ го скратуваат животот. Сепак, додека сме живи, нѝ даваат многу енергија“. А еве што велел за спиењето: „Спиење? Речиси никогаш не спијам. Потекнувам од семејство на долговечни луѓе кои се познати по тоа што не спиеле многу. Се надевам дека ќе го достигнам рекордот на моите предци и ќе живеам барем 100 години. Недостатокот на сон не ме загрижува. Понекогаш спијам по еден час. Меѓутоа, повремено, на секои неколку месеци, спијам од 4 до 5 часа. Потоа се будам целосно наполнет со енергија, како батерија. По таква ноќ ништо не може да ме спречи. Тогаш чувствувам огромна сила. Не постои сомнеж дека спиењето е закрепнувачко, дека ја зголемува енергијата. Од друга страна, не верувам дека тоа е неопходно за нечие здравје, особено ако се работи за некој кој по навика малку спие“.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jadel-meso-samo-dva-pati-godishno-tesla-imal-ist-pojadok-sekoj-den-bidejki-veruval-deka-mu-dava-sila-a-eve-shto-velel-za-spieneto/feed/ 0
Како се хранел Никола Тесла https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-se-hranel-nikola-tesla/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-se-hranel-nikola-tesla/#respond Wed, 19 Oct 2022 11:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=747696

„Денес сум во иста кондиција како кога имав 20 години“, рекол Никола Тесла во едно интервју на 78-годишна возраст, а сличен впечаток оставил и на новинарот – висок, виток и со исправено држење. Брз од, малку проседена коса и особено остар поглед со бистри сини очи оддавале човек на кој текот на времето не му може ништо. Дотогаш Никола Тесла му дал на светот пет илјади пронајдоци. На крајот на осмата деценија тој сè уште работел во три лаборатории, а многумина ги интересирало како ги „полни батериите“ на сопственото тело. Познато е дека чувал дел од својата енергија со аскетски, асексуален и повлечен начин на живот, но истот така внимавал и на исхраната. И денес се восхитуваме на острината на духот на генијалниот научник дури и во неговата старост. „Нема тајни во мојата исхрана, тоа е прашање на здрав разум“, објаснил Тесла. „На човечкото тело гледам како на машина и го третирам со почит каква што заслужува една машина, добро го подмачкувам и чистам и гледам да не се најде во опасност да биде нападнато од ‘рѓа“. Дел од одговорот на прашањата за состојбата на умот и телото кои достигнале натчовечко ниво на способност и свежина може да се најде во интервјуто на 77-годишниот Никола Тесла во 1933 година. Најважните навики се стекнуваат на млада возраст Тесла верувал дека во животот е најважен почетокот, во смисла дека е најбитно навиките да се стекнат во раната младост. „Состојбата на нашето тело и дух во староста во потполност е сведоштво за тоа како сме ја поминале нашата младост. Тајната на мојата денешна сила и виталност лежи во фактот дека во мојата младост, може да се каже, живеев живот без пороци“, рекол тогаш Никола. Тој живот полн со доблести бил нужност за некој што уште од раната малдост си поставувал големи цели и кој знаел дека само со контрола на другите страсти и апетити може да ги оствари своите соништа и да работи во длабока старост. „Не сакам никаков одмор, никаков прекин на напорната работа. Кога луѓето би ја бирале работата според нивниот темперамент, вкупната количина на среќа на земјата би била немерливо поголема“, сметал генијот. Како Тесла планирал долговечност? „Многумина се тажни и депресивни поради тоа што животот трае кратко. Која е поентата да се трудиме да постигнеме нешто, се прашуваат тие. Животот е премногу краток, не можеме да живееме доволно долго за да ги довршиме нашите потфати. Луѓето би можеле многу да го продолжат својот живот доколку се потрудат. Луѓето прават толку многу нешта што им го поплочува патот до прераната смрт“, истакнал Тесла. Тесла размислувал за исхраната: „Пред се, јадеме премногу, но тоа веќе сме го слушнале многу пати. И јадеме погрешен вид храна и пиеме погрешен вид течности. Најмогу штета нанесува прејадувањето и недостаток на вежбање, што создава токсична состојба во телото и го оневозможува ослободувањето од насобраните отрови“, сметал тој. Тесла пиел многу вода и млеко и се грижел за својот стомак.
„Зошто да се преоптоварува телото што ни служи? Јадам два пати на ден и ги избегнувам сите намирници што произведуваат киселина. Повеќето луѓе јадат премногу мешункаст зеленчук кој содржи уринска киселина и други отрови. Јадам свеж зеленчук, риба и месо, ретко и умерено. Иако рибибата е добра за мозокот, создава многу силна киселинска реакција поради високата количина на фосфор. Киселоста на телото е нашиот најголем непријател во староста“. Верувал дека секој оброк треба да содржи протеини и масти – првите за изградба на ткивото, а вторите за согорување, односно енергија. Утринскиот оброк треба да содржи повеќе масти, а вечерниот треба да содржи повеќе протеини. Верувал во, како што велел, во „чудото на млекото“, поради големата количина на протеини. Препорачувал и јајца, особено белки, како и ориз, грав, грашок и леќа. Јадел месо исклучително ретко, можеби само неколку пати годишно. Избегнувал месо Дека избегнува месо, Тесла потврдил во друго интервју од 1935 година: „Ги избегнувам сите стимуланси. Речиси целосно го избегнувам месото. Убеден сум дека за помалку од еден век кафето, чајот и цигарите ќе излезат од мода. Алкохолот, сепак, сè уште ќе биде во употреба, бидејќи не е стимуланс, туку вистински еликсир на животот“, предвидувал Тесла. Тесла би познат по тоа дека речиси секој ден пиел виски. Исто така, Тесла бил голем поддржувач на компирот. „Компирот е одличен и треба да се јаде секојдневно. Содржи вредни минерални соли и има неутрализирачко дејство“. Верувам во многу вежбање Исто така, Тесла е познат како голем поддржувач на вежбањето. „Верувам во многу вежбање. Секој ден пешачам од осум до 10 милји и никогаш не се возам со такси или друго превозно средство кога имам време да ја искористам силата на нозете. Вежбам и со капење секој ден, бидејќи мислам дека тоа е многу важно. Јас користам топла купка по која долго се туширам со ладна вода“. Неспиење не ме загрижува Строгата дневна рутина на Тесла кулминира со навиката за спиење што е спротивна на предупредувањата на лекарите и здравствените организации за неопходноста од осум часа сон секој ден. „Спиење? Речиси никогаш не спијам. Потекнувам од семејство на долговечни луѓе, кои се познати по тоа што не спијат многу. Се надевам дека ќе го достигнам рекордот на моите предци и ќе живеам најмалку 100 години. Моето неспиење не ме загрижува. Понекогаш одспивам по еден час. Сепак повремено, на секои два месеци, спијам од 4 до 5 часа. Потоа се будам потполно наполнет со енергија, како батерија. По таква ноќ, ништо не може да ме запре. Тогаш чувствувам огромна сила. Нема сомнеж дека сонот е обновувач, давател на живот, дека ја зголемува енергијата. Од друга страна, не верувам дека е неопходен за нечие здравје, особено ако е тој некој кој вообичаено малку спие“, објаснил познатиот научник.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-se-hranel-nikola-tesla/feed/ 0
Драма на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, авион принудно слетал, еве ја причината https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-na-aerodromot-nikola-tesla-vo-belgrad-avion-prinudno-sletal-eve-ja-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-na-aerodromot-nikola-tesla-vo-belgrad-avion-prinudno-sletal-eve-ja-prichinata/#respond Sun, 16 Oct 2022 11:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=745996

Авион принудно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, меѓу чии патници имало и десетгодишно дете, кое, е во несвест. Како што пренесуваат медиумите, на лице место бил згрижен од екипи на итната помош, како и од медицински персонал кој работи во амбулантата во Аеродром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-na-aerodromot-nikola-tesla-vo-belgrad-avion-prinudno-sletal-eve-ja-prichinata/feed/ 0
Три златни правила на Никола Тесла – следете ги и вие за да бидете успешни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tri-zlatni-pravila-na-nikola-tesla-sledete-gi-i-vie-za-da-bidete-uspeshni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tri-zlatni-pravila-na-nikola-tesla-sledete-gi-i-vie-za-da-bidete-uspeshni/#respond Fri, 02 Sep 2022 17:24:12 +0000 https://kurir.mk/?p=727868

Никола Тесла бил еден од најголемите генијалци, а што придонело за тоа? Постојат ли трикови кои овој иноватор ги применувал и можеме ли и ние да ги применуваме за да бидеме поуспешни? Тој е познат затоа што го измислил електричниот состав на наизменична струја, а неговото име стои на 300 изуми. Тесла цел живот работел на проекти и ги реализирал до крај. *Тој спиел само по 2 часа. *Тесла ги визуелизирал работите пред да ги осмисли и да ги конструира. За креативно размислување потребно е да се опуштите и да поработите на проблемот во својата глава. *Тесла самиот објаснувал дека не брза кога работи. Ако шетате тоа ќе влијае на вашата креативност. Во 1881 година тој се преселил во Будимпешта по една животна промена и додека шетал во парк и рецитирал поезија, му текнало за струјата. Како и многу други иноватори, и Тесла вели дека треба да се осамите кога сакате да творите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tri-zlatni-pravila-na-nikola-tesla-sledete-gi-i-vie-za-da-bidete-uspeshni/feed/ 0
Големата тајна на Никола Тесла: Еве како да се наспиете за само 2 часа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/golemata-tajna-na-nikola-tesla-eve-kako-da-se-naspiete-za-samo-2-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/golemata-tajna-na-nikola-tesla-eve-kako-da-se-naspiete-za-samo-2-chasa/#respond Mon, 25 Jul 2022 20:20:54 +0000 https://kurir.mk/?p=710132

Сон од повеќе фази најчесто се врзуваа за едно од најгенијалните имиња во светот на уметноста и пронаоѓачот на ренесансата –Леонрдо да Винчи. Му требало многу време да ги развие своите идеи – време кое често го немал. Со оглед дека сакал да искористи максимално време за работа, а минимум за спиење, морал да направи план на спиење за да неговото тело, а особено умот, можеле нормално да функционира. По тоа што малку спиел, бил познат и Никола Тесла. Тој план подразбирал да го разбие нормалниот период од ноќниот одмор на неколку делови – односно на повеќе фази, што донело до тоа да спие неколку пати во текот на денот – така што Да Винчи спиел 15 минути на секој четири часа, односно само час и пол дневно. Времето кое го штедел на одморање го користел за креативна работа и тоа со години, а никогаш не почувствувал умор. Познато е дека, физиолошки, најпродуктивно време за работа и креативност го следи периодот на сон. Тоа е времето кога умните и работните капацитети на една личност се на максимум. Кога будната состојба се прекинува на секој четири часа со краток период на сон, доаѓа до зголемување на капацитетот за работа, што е директна последица на опишаниот одмор. Примерот на Да Винчи го следеле бројни големи умови на светот, кој со години вежбале и експериментирале со спиењето, а еден од тие умови е и Никола Тесла. Денес постојат неколку варијации на повеќе фазно спиење: -ноќе 2 часа и еднаш попладне 20 минути – методата на Тесла -30 минути на секој 6 час -20 минути на секој 4 часа -ноќе 1,5 – 3 часа и тогаш три пати во текот на денот по 20 минути -ноќе 5 часа и 1,5 часа попладне – сиеста метода. Сепак, треба да се има на ум дека сечиј организам е различен, како и дека ист тип или дури различни методи на повеќефазно спиење не се за секој. Експертите предупредуваат дека доколку планирате да преминете на вакво одмор – спиење распоред, не треба да возите автомобил и не носите важни одлуки додека не биде апсолутно сигурни дека недостаток на сон нема некакви негативни ефекти на функционирање на вашиот организам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/golemata-tajna-na-nikola-tesla-eve-kako-da-se-naspiete-za-samo-2-chasa/feed/ 0
Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград доби нова фотонапонска електрана од 1MW https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/aerodromot-nikola-tesla-vo-belgrad-dobi-nova-fotonaponska-elektrana-od-1mw/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/aerodromot-nikola-tesla-vo-belgrad-dobi-nova-fotonaponska-elektrana-od-1mw/#respond Thu, 21 Jul 2022 06:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=708164

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, ќе се снабдува со електрична енергија произведена од својата фотонапонска електрана со инсталирана моќност од 1 MW. Постројката се наоѓа во близина на аеродромскиот комплекс, на патот кон Сурчин. Се состои од речиси 3.000 фотонапонски панели распоредени на површина од 15.900 квадратни метри. Годишно ќе произведува околу 1.130.000 kWh електрична енергија. Компанијата Vinci Airports која управува со овој аеродром, уште од 2018 година инвестира во проекти кои ја намалуваат емсиијата на стакленички гасови, а крајната цел е јаглеродна неутралност до 2050 година. Во ноември 2020, аеродромот „Никола Тесла“ се придружи на Програмата за управување со емисиите на јаглерод диоксид на аеродромите (Airport Carbon Accreditation program – ACA), и има добиено сертивикат за „ниво 1“, додека сертификацијата за „ниво 2“ е во тек. Исто така, во тек е и имплементацијата на стандардот ISO 50001 за управување со енергија. На почетокот на оваа година, Аеродромот ја пушти во работа енергетската постројка со моќност од 44 MW, за производство на топлинска, електрична енергија и енергија за ладење, кое користи природен гас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/aerodromot-nikola-tesla-vo-belgrad-dobi-nova-fotonaponska-elektrana-od-1mw/feed/ 0
ОВИЕ намирници никогаш не ги јадел Никола Тесла – дознајте кои и ЗОШТО https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-namirnici-nikogash-ne-gi-jadel-nikola-tesla-doznajte-koi-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-namirnici-nikogash-ne-gi-jadel-nikola-tesla-doznajte-koi-i-zoshto/#respond Fri, 27 May 2022 16:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=682628

Сите се согласуваат дека Никола Тесла е еден од најплодните и најкреативните личности во човештвото.  До крајот на својот живот, со голема енергија работел на своите проекти. Во едно интервју од 1933 година, тој ги открива навиките поврзани со исхраната „Пред се, ние јадеме премногу. Јадеме погрешна храна и пиеме погрешни течности. Најмногу штети придонесува предјадењето и недостатокот на вежби, што предизвикува токсична состојба во телото и оневозможува отфрлање на акумулираните отрови, вели Никола во интервјуто. Тесла пиел многу вода и млеко, се грижел за својот стомак. „Зошто да го преоптерувате телото кое ви служи? Јадам два пати дневно и ги избегнувам сите намирници кои создаваат киселина. Многу ретко јадам овошје, риба и месо. Иако рибите се добри за мозокот, тие предизвикуваат киселина поради големото количество на фосфор. Киселината е најголем непријател на нашиот организам, вели Тесла. Според него, треба да се избегнува месо и храна која создава киселина, а да се пие по една чаша алкохол. Тој е познат по тоа што секој ден пиел виски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-namirnici-nikogash-ne-gi-jadel-nikola-tesla-doznajte-koi-i-zoshto/feed/ 0
Ликот на Никола Тесла се најде на хрватска монета од 20 центи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/likot-na-nikola-tesla-se-najde-na-hrvatska-moneta-od-20-centi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/likot-na-nikola-tesla-se-najde-na-hrvatska-moneta-od-20-centi/#respond Fri, 04 Feb 2022 11:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=626988

На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент. - Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска, рече Пленковиќ на почетокот на седницата. - Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица, рече тој. На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро куна, за 50, 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата. Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр. Гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, ќе им додели награди на авторите на најуспешните решенија за дизајн на хрватските евро-монети. За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата што ги издала и на задната страна ги покажуваат националните симболи на таа земја]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/likot-na-nikola-tesla-se-najde-na-hrvatska-moneta-od-20-centi/feed/ 0
ВИДЕО: Никола Тесла е Бугар?! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-nikola-tesla-e-bugar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-nikola-tesla-e-bugar/#respond Fri, 07 Jan 2022 19:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=616811

“Истражување” поставено на Јутјуб каналот „Bulgaria ON AIR“ каде има повеќе од 50.000 претплатници ги „открива“ бугарските корени на Тесла. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-nikola-tesla-e-bugar/feed/ 0