Никола Тупанчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Feb 2023 11:34:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никола Тупанчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извршено примопредавање на функцијата министер за правда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheno-primopredavane-na-funktsijata-minister-za-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheno-primopredavane-na-funktsijata-minister-za-pravda/#respond Tue, 28 Feb 2023 11:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=806016

Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот вршител на оваа должност, Никола Тупанчески и Кренар Лога. Како што информираат од Министерството за правда, Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството. - Министерот Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот досегашен придонес и најави реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheno-primopredavane-na-funktsijata-minister-za-pravda/feed/ 0
Собранието ги констатира оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/#respond Mon, 13 Feb 2023 11:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=799833

Собранието на Република Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците. -Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите, истакна Џафери. Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија со едноминутно молчење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/feed/ 0
Тупанчески смета дека брзата промена на министри не е најдобро решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-smeta-deka-brzata-promena-na-ministri-ne-e-najdobro-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-smeta-deka-brzata-promena-na-ministri-ne-e-najdobro-reshenie/#respond Wed, 01 Feb 2023 13:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=794744

Министерот за правда Никола Тупанчески не стравува дека ќе ја изгуби министерската функција, и покрај тоа што информациите што деновиве се шират во јавноста сугерираат на тоа дека потенцијалниот влез на Алијанса за Албанците (АА) во владејачкото мнозинство би значел и отстапување на министерствата за правда и здравство од страна на СДСМ и Алтернатива, за сметка на кадри на АА. Прашан дали стравува дека ќе ја изгуби министерската функција, Тупанчески вели дека воопшто не се оптоварува со натамошниот развој на настаните во оваа насока. -Не, тамам работа. Ниту јас како министер ниту Министерството за правда не сме оптоварени од ваквиот развој. Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст, меѓутоа дефинитивно како Министерство и можеме да се пофалиме со остварените резултати и имаме одредена замисла како да ги заокружиме претходните наши замисли во однос на подобрување на состојбите во правосудството во нашата држава, истакна првиот човек на Правда. И покрај тоа што вели дека не стравува од негова потенцијална смена од чело на Министерството за правда, Тупанчески вели дека брзата промени на министри не претставува најдоброто решение. -Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно не сè зависи од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори што не се директно поврзани, за жал или можеби за среќа, со Министерството, додаде Тупанчески. Сепак, истакна дека тој и Министерството се подготвени да одговорат на сите предизвици. Според информации што се шират во јавноста, во понудата за влез на Алијанса за Албанците во Владата ќе бидат министерствата за правда и за здравство и во зависност од рокадата на ресори меѓу СДСМ и ДУИ меѓу министерствата за образование, екологија и за земјоделство, едно ќе биде за Алијанса. Сепак, ваквите информации се уште не се официјално потврдени ниту од Владата ниту од АА. По вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека ги усогласиле околу 90 отсто од програмските определби, но додаде дека за кадровските решенија воопшто не станало збор. На прашањето дали добиле некаква понуда од Владата за распределба на ресори, Таравари рече дека за тоа воопшто не разговарале, но сепак потврди дека како партија имаат најдобри кадри за Министерството за здравство.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-smeta-deka-brzata-promena-na-ministri-ne-e-najdobro-reshenie/feed/ 0
Мицкоски: Апелирам Тупанчевски наместо да дава недвосмислена поддршка на Ахмети и Груби, да се потруди и да воспостави европски вредности, да не се споредуваме и да сме задоволни во друштво со Суринам, Тунис и Индија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-apeliram-tupanchevski-namesto-da-dava-nedvosmislena-poddrshka-na-ahmeti-i-grubi-da-se-potrudi-i-da-vospostavi-evropski-vrednosti-da-ne-se-sporeduvame-i-da-sme-zadovolni-vo-drushtvo-so-surina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-apeliram-tupanchevski-namesto-da-dava-nedvosmislena-poddrshka-na-ahmeti-i-grubi-da-se-potrudi-i-da-vospostavi-evropski-vrednosti-da-ne-se-sporeduvame-i-da-sme-zadovolni-vo-drushtvo-so-surina/#respond Wed, 01 Feb 2023 12:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=794704

Ако министерот за правда и мој колега од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, редовен професор е мотивирачки да сме во друштвото на Суринам, Тунис и Индија наместо во Европската Унија, за мене тоа е девастирачки и понижувачки. Се надевам дека нашите студенти не ги воспитуваме и учиме на вредностите на Тунис, Суринам и Индија со сета почит кон тие држави, туку на вредностите кои што ги споделува Европската Унија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“. Мицкоски додаде дека уште еднаш власта покажува политичка незрелост. -Уште еднашка покажува политичка незрелост оваа Влада, и со тие позиции кои што ги рефлектира дополнително го обесхрабрува македонскиот народ. Ние сме држава со висока корупција, висок криминал за жал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој нагласи единствена светла точка во државата се општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Не сакам да бидам обвинет дека ете за тоа ги форсирам општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, но помина доволно време за да можат граѓаните да оценат како работат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, а како работи централната власт која што е практично раководена од Владата на ДУИ, а поддржана од СДСМ, истакна Мицкоски. -Така што јас би апелирал до мојот колега наместо да дава недвосмислена поддршка на Али Ахмети и Артан Груби, да се посвети малку и да ги воспитува студентите на европските вредности наместо да се споредуваме и да сме задоволни и да сме охрабрени со тоа што се наоѓаме во друштво на Суринам, Тунис и Индија, укажа Мицкоски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-apeliram-tupanchevski-namesto-da-dava-nedvosmislena-poddrshka-na-ahmeti-i-grubi-da-se-potrudi-i-da-vospostavi-evropski-vrednosti-da-ne-se-sporeduvame-i-da-sme-zadovolni-vo-drushtvo-so-surina/feed/ 0
Тупанчевски: Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-se-ushte-trae-istragata-za-izbeganiot-zatvorenik-od-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-se-ushte-trae-istragata-za-izbeganiot-zatvorenik-od-idrizovo/#respond Mon, 30 Jan 2023 13:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=793769

Министерот за правда Никола Тупанчевски денеска изјави дека се уште трае истрагата во врска со бегството од затворот Идризово., а не сакаше да ги коментира информациите дека Министерството за правда ќе биде предмет на преговори за влез на Алијансата за Албанците во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, рече и дека до него сè уште не стасале случаи поврзани со имињата на бугарските клубови и дека рокот за тоа се уште тече. -Знаете дека првиот човек на Управата за извршување на санкции е разрешен и при коментирањето и сугерирањето за тоа каков би требало да биде правниот епилог за сиве овие настани што ни се случуваат, би требало да се има комплементарен пристап, а тоа значи каква и да е одговорноста и за кого било, би требало да биде индивидуална, констатирана и потенцирана. Сè уште трае истрагата, се уште се констатираат дефектите, недостатоците што беа поврзани со последните настани. Јас верувам дека сето тоа ќе има и правен епилог, рече Тупанчевски. Тупанчевски не сакаше да ги коментира информациите дека ќе има негова смена од министерското место за сметка на влезот на Алијансата за Албанците во Владата. -Дефинитивно она што вие го слушате, го слушам и јас. Немам некоја поконкретна информација. Сведоци сме дека има некакви поместувања, дека тоа се во иницијални преговори и разговори итн. Она што сакам да потенцирам и посебно да подвлечам е дека ние како Министерство за правда до последен ден, ако има последен ден од мандатот, ќе ја завршуваме и ќе ја вршиме својата функција и своите обврски онака како што сме ги замислиле. Сепак, тоа станува збор за некој тип на политички контекст, не би сакал јас да го коментирам, рече Тупанчевски. Министерот за правда одговарајќи на новинарско прашање, изјави до него не се пристигнати случаи од Комисијата формирана со измените на Законот за здруженија и фондации, а кои се однесуваат на имињата на бугарските клубови. -Не затоа што има и рокови кои им даваат можност да ги анализираат предмети кои се стигнати до нив, рече Тупанчевски. Владата беше задолжена да формира Комисија, појасни тој, која треба да ги разгледува случаите што стигнале до неа и да предложи до Министерот за правда да преземе одредени дејствија кои што би значеле заокружување на таа правна целина. Тупанчевски исто така кажа и дека во Министерството за правда има работна група која работи на нов закон за здруженија и фондации.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-se-ushte-trae-istragata-za-izbeganiot-zatvorenik-od-idrizovo/feed/ 0
Тупанчевски: Разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции не значи дека работата е завршена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-razreshuvaneto-na-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii-ne-znachi-deka-rabotata-e-zavrshena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-razreshuvaneto-na-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii-ne-znachi-deka-rabotata-e-zavrshena/#respond Wed, 18 Jan 2023 19:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=789160

Министерот за правда Никола Тупанчевски вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири. -На вчерашната седница на Владата е разрешен директорот на Управата за извршување на санкции и се разгледуваа сите варијанти што всушност би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред три или четири месеци претходниот директор кој исто така беше директор на затворот „Идризово“ беше разрешен токму од страна на Владата. Не значи дека тука е завршена целата работа. Едноставно треба да се откријат, да се стигне до докази кој се’ е инволвиран во целава оваа работа дури и формациски. Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата, меѓутоа дефинитивно понекогаш треба да се поднесе одговорност и во формално правна смисла на зборот, односно формациски, нагласи Тупанчевски. На прашањето дали Владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчевски тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата. Прашан дали тоа значи дека може да биде разрешен и директорот на „Идризово“, вели дека тоа не е исклучено бидејќи се разгледуваат сите опции. -Досега е оваа фаза, треба да видиме навистина веројатно ретки се случаите кога имаме ваква реакција зборувам општествена кога станува збор за вакви настани. Колкава е одговорноста, дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го покаже истрагата. Се разбира во вакви ситуации понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт, вели тој. Според него, нема сомнеж дека бегството на Мемети било добро организирана акција, која побарува исто толку добро организирана реакција од страна на државните органи. -Станува збор за промптно реагирање од страна на Управата за извршување санкции, со спроведувањето на вонредниот стручен надзор. Тоа значеше суспендирање на сите, првично што изгледа дека се вклучени во однос на овој немил настан. Втора рабора која исто така треба да се подвлече е дека, во меѓувреме, за истите тие лица веќе е одредена мерка притвор и тие се суспендирани од своите работни места, вели министерот за правда. Трета работа или сегмент, додава Тупанчевски, што е комплементарен на претходните е дека е распишана меѓународна потерница од страна на МВР за лицето кое е во бегство. И четврта работа, треба да се посочи дека и органите на прогонот, вклучително и ОЈО за организиран криминал, учествуваат во откривањето на сите докази што се поврзани за овој настан. -Така што ако ги земете овие неколку сегменти, реакцијата е иницијална, меѓутоа тоа не значи дека тука ќе застане, во однос на оваа општетсвена реакција, затоа што очекувањата се дека овој кривично-правен настан има и одредени работи што допрва треба да се истражуваат, подвлече министерот Тупанчевски.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-razreshuvaneto-na-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii-ne-znachi-deka-rabotata-e-zavrshena/feed/ 0
Потребно е постапување во однос на нападот врз Бојан Јовановски во Идризово, смета Тупанчевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebno-e-postapuvanje-vo-odnos-na-napadot-vrz-bojan-jovanovski-vo-idrizovo-smeta-tupanchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebno-e-postapuvanje-vo-odnos-na-napadot-vrz-bojan-jovanovski-vo-idrizovo-smeta-tupanchevski/#respond Tue, 25 Oct 2022 12:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=750179

Министерот за правда Никола Тупанчевски рече дека треба да се постапи во однос на настаните што се случија во затворот „Идризово“ кога физички бил нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот, каде тој ја издржува затворската казна. –Значи апсолутно треба да се постапи во однос на настаните што пред некој ден што се случија во „Идризово“. Верувам дека ќе имаме завршница и доколку има елементи за кривично дело ќе постапи Јавното обвинителство, одговори Тупанчески на новинарско прашање денеска на маргините на конференцијата по повод Европскиот ден на правдата и одбележување на две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош.
Во однос на затворската управа, како што рече, ќе биде постапено доколку се утврди каква било одговорност. -Кога велам Обвинителството и полицијата односно надлежните органи до колку се утврди каква било одговорност зборувам и за припадниците на КПД Идризово, и во однос на другите сите субјекти коишто се инволвирани би требало да има одговорност. Дали ќе биде дисциплинска, кривична, да го оставиме тоа на органите коишто се надлежни и за постапување, истакна министерот. Три лица на 20 октомври физички го нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна. Од МВР информираа дека на 20 октомври во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15:40 часот во кругот на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде издржувал затворска казна, Јовановски бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebno-e-postapuvanje-vo-odnos-na-napadot-vrz-bojan-jovanovski-vo-idrizovo-smeta-tupanchevski/feed/ 0
Тупанчевски: Состојбите во судството се поместуваат во позитивна смисла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-sostojbite-vo-sudstvoto-se-pomestuvaat-vo-pozitivna-smisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-sostojbite-vo-sudstvoto-se-pomestuvaat-vo-pozitivna-smisla/#respond Fri, 30 Sep 2022 18:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=739755

Состојбите во судството, можеби бавно, но се поместуваат во позитивна смисла. Сведоци сме дека постои одговорност кај судиите и кај јавните обвинители, а регулаторните тела, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители покажуваат реактивирање или реализација на нивната надлежност, смета министерот за правда Никола Тупанчевски. Зборувајќи за довербата во правосудството, Тупанчевски, рече дека сме сведоци дека постои одговорност и за судии и за јавани обвинители. -Кога станува збор за Советот на јавни обвинители, можам да кажам дека веќе се пополнети две места. Беше избран виш јавен обвинител во Битола и виш јавен обвинител во Штип. Зборуваме за две сериозни функции и овој процес по некоја стагнација, значи поместување на позитивна смисла на зборот, рече Тупанчевски во вечерното гостување на дневникот на Сител. Тој додаде дека јавните обвинители се и на потег при избирање на нов јавен обвинител за организиран криминал. Како што рече, над 160 обвинители самите треба да одлучат кој ќе биде новиот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Во однос на случајот со Вилма Рускоска, Тупанчевски рече дека постапката се уште не е завршена, се има различни перцепции за тој не ја завршил работата, и напомена оти треба да ги почекаме институциите да се прознесат до крај. На прашање во врска со одлуката на Управен суд која се однесува на регистрацијата на Здружението „Млади за Македонија“, кое било оспорено со решение од претходниот министер бидејќи го содржи терминот „Македонија“ во својот назив, Тупанчевски рече оти треба да се почитува одлуката на Управниот суд, бидејќи неизвршување на судска одлука претставува кривично дело. -Неизвршување на судска одлука претставува кривично дело, така што без разлика дали е донесена од Управен суд или од друг суд, нејзиното неизвршување има инкриминирачки карактер. Во таа насока, секогаш треба да се почитува одлуката на судот, додаде министерот Тупанчевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-sostojbite-vo-sudstvoto-se-pomestuvaat-vo-pozitivna-smisla/feed/ 0
Тупанчевски: Да сум на местото на Џафери би постапил исто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-da-sum-na-mestoto-na-dzaferi-bi-postapil-isto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-da-sum-na-mestoto-na-dzaferi-bi-postapil-isto/#respond Thu, 15 Sep 2022 07:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=733055

Членот 118 од Уставот е прецизен и во него е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон, рече министерот за правда Никола Тупанчески во интервју за А1он осврнувајќи се на прашањето за поднесената иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за распишување задолжителен референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија. Меѓународното право мора да се почитува, во спротивно според Тупанчески ,тоа би довело до отворање на Пандорината кутија. - Дали еден меѓународен договор може да се суспендира со закон? Во однос на правната сигурност во една држава, Република Северна Македонија има потпишано многу билатерални и мултилатерлни договори.Тоа значи дека како држава можеме еднострано или врз основа на највисоката алатка на демократијата-референдум, да ги коригираме тие договори. Постои можност, нашата држава еднострано да не го прифати тој договор,но начинот на кој треба да го направи не треба да биде онаков како што сега се прави,рече Тупанчески Во интервјуто за А1он,министерот посочи дека рестриктивното толкување на Уставот е подобро, односно постапувањето на Џафери.,,Се согласувам дека во ингеренциите на претседателот на Собранието влегува оценката на уредноста. Дали претседателот треба мериторно да ја оценува самата иницијатива ,има две стојалишта. - Да сум на местото на Џафери,би постапил исто затоа што и да беше оставена таа иницијатива, дефинитивно ќе имаше луѓе кои ќе ја оспореа,потенцира министерот за правда Никола Тупанчески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-da-sum-na-mestoto-na-dzaferi-bi-postapil-isto/feed/ 0
Мицкоски: Одењето на Тупанчевски на фудбалската екскурзија заедно со судии и обвинители е сликата за македонското судство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-odenjeto-na-tupanchevski-na-fudbalskata-ekskurzija-zaedno-so-sudii-i-obviniteli-e-slikata-za-makedonskoto-sudstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-odenjeto-na-tupanchevski-na-fudbalskata-ekskurzija-zaedno-so-sudii-i-obviniteli-e-slikata-za-makedonskoto-sudstvo/#respond Thu, 07 Apr 2022 21:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=659965

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат истакна дека одењето на министерот за правда, Никола Тупанчевски заедно со обвинителка и судија во Палермо да го следат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација зборува за тоа во каква држава живееме и колку политички е заробено судството и обвинителството. „Беше срамно да се гледа како министерот се препелка неколку дена по враќањето од оваа мини-фудбалска турнеја, кој платил карти, кој не платил, па тука имаше и една поранешна специјална јавна обвинителка сега јавна обвинителка мислам дека е или виша, а исто така имаше и еден судија таму и тоа ви дава јасна слика на заробената држава и на општеството. Го имате министерот за правда во средината, лево од него обвинителката, а десно судијата. Тоа ви е јасно во каква држава живееме и колку е политички заробено и обвинителството и судството, а над сите нив е тој моќник кој што им го овозможува тоа“, потенцираше Мицкоски. На прашање за тоа дали ќе биде покрената интерпелација за ваквата постапка на министерот Тупанчевски, Мицкоски рече: „Не сме размислувале. Ќе имаме една таква дискусија на седниците на Извршниот комитет. Но, ние би покренале интерпелација на цела Влада да замине бидејќи целата Влада е неуспешна. Замислете вие каков премиер треба да сте сѐ уште да седите на состанок на влада со човекот кој што го гледаше целата македонска јавност“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-odenjeto-na-tupanchevski-na-fudbalskata-ekskurzija-zaedno-so-sudii-i-obviniteli-e-slikata-za-makedonskoto-sudstvo/feed/ 0