„Никола Вапцаров“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Feb 2023 09:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Никола Вапцаров“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарија одби да го регистрира македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, најавена жалба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/#respond Sun, 12 Feb 2023 09:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=799483

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение. „Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот“, се вели во пораката дистрибуирана до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев. „Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“, се вели во пораката. „На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката. „Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација“, додаваат од таму.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/feed/ 0
Вербален инцидент по отворањето на македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Sun, 30 Oct 2022 12:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=752658

Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни. Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев. Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“. Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Отворен македонскиот културен клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-makedonskiot-kulturen-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-makedonskiot-kulturen-klub-vo-blagoevgrad/#respond Sun, 30 Oct 2022 11:10:36 +0000 https://kurir.mk/?p=752645

Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите. – Ова е клуб којшто ќе помогне во Бугарија да ја препознаат македонската култура, а со неа и македонскиот народ. Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите и да ги надмине разликите, беше речено на отворањето на клубот. На отворањето присуствуваа генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев. Отворањето на клубот го следат голем број новинарски екипи, а има и засилено полициско обезбедување. Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-makedonskiot-kulturen-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Мицкоски од Благоевград: Ние сме Македонци кои говорат на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-blagoevgrad-nie-sme-makedonci-koi-govorat-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-blagoevgrad-nie-sme-makedonci-koi-govorat-na-makedonski-jazik/#respond Sun, 30 Oct 2022 10:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=752636

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Благоевград изјави дека се таму за да дадат поддршка на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Вели дека пораката е дека сме Македонци, кои говорат на македонски јазик. - Во 21 век нити треба некој да има дилема, ниту воопшто да разговара, треба да се почитува правото на самоопределување, рече Мицкоски. Тој кажа дека во Македонија на сите малцинства им се загарантирани правата. Вели дека се горди што денес се со Македонците од Бугарија. Македонците од Бугарија се собраа пред клубот. Има и силно полициско обезбедување во градот, затоа што партијата ВМРО-БНД најави протест, но во друг дел на градот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-blagoevgrad-nie-sme-makedonci-koi-govorat-na-makedonski-jazik/feed/ 0
ФОТО: Голем број граѓани се собираат пред македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-broj-gragjani-se-sobiraat-pred-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-broj-gragjani-se-sobiraat-pred-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov/#respond Sun, 30 Oct 2022 10:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=752623

Како што беше и најавено, денеска во Благоевград, Бугарија се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Голем број граѓани се собираат пред просторот на овој македонски клуб. Очекувано, екипа од локалната полициска управа од раните утрински часови дежура пред клубот. Во меѓувреме се очекува и протест на ВМРО пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот. Атанас Мазнов од македонскиот културен клуб во изјава за медиумите рече дека клубот го отвараат заради зближување на двата народа. Мазнов се надева дека како што Бугарите ќе влезат во Уставот на Северна Македонија, така и македонското малцинство во Бугарија да ги добие своите права. Во просториите на клубот веќе се пристигнати претставници од ОМО Илинден-Пирин, а од македонските официјални претставници пристигна генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски. Присутни се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев. На отворањето на клубот присуствува и грчкиот отец Никодим Царкњас, кој порача дека Бугарија не треба да се плаши од отворањето на клубот, туку напротив со ова треба да покаже дека е вистинска, демократска и европска држава. – Во Грција направивме друштво со името на Крсте Мисирков и денес работиме слободно, нема никој против. Кога отидовме во судот, не ни рекоа што име е ова – Крсте Мисирков. Три години работиме. Затоа и Бугарија не треба да се плаши од овој клуб што денеска се отвара, истакна Царкњас во изјава за медиумите. Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест. рт/бак/

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-broj-gragjani-se-sobiraat-pred-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov/feed/ 0
Денеска во Благоевград се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-blagoevgrad-se-otvora-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-blagoevgrad-se-otvora-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov/#respond Sun, 30 Oct 2022 08:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=752556

Во Благоевград за денеска е закажано отворањето на македонскиот културен центар со името „Никола Вапцаров“. Од македонските претставници во име на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува генералниот секретар Миле Бошњаковски, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува. На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, а ќе замине и делегација од Демократскиот сојуз. Од Кабинетот на претседателот Пендаровски во петокот информираа дека тој добил покана да присуствува на отворањето на клубот, но дека поради претходно закажани обврски нема да присуствува. -Со оглед на претходно преземените обврски, претседателот не е во можност лично да биде присутен во Благоевград, но, во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, информираа од Кабинетот на претседателот. Премиерот Димитар Ковачевски во четвртокот изјави дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, но повтори дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат клубови кои имаат цел да ги зближуваат државите и народите. – И претходно кажав дека како држава во Благоевград ќе отвориме македонски културен центар, каков што имаме во Софија. Министерството за култура веќе ги има подготвено потребните документи, треба да се стапи во контакт со бугарската Влада. Писмото за отворање на државниот културен центар ќе биде испратено пред Нова година и врз основа на процедурите, ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каде што ќе присуствува и македонската Влада, рече Ковачевски. И вчера во изјава за медиумите Ковачевски го повтори својот став и додаде дека на бугарските институции е да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб во Благоевград. -Во однос на тоа на кој начин е регистриран, останува на институциите на Бугарија да проценат, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции, рече Ковачевски, порачувајќи дека меѓу двете држави треба да се формираат организации и настани што ги зближуваат државите. На иста линија со Ковачевски е и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој рече дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, ниту, пак, дека ќе има владина делегација и делегација од СДСМ. – Ова е приватна иницијатива. Секој чекор во таа насока треба да придонесе за намалување на тензиите и отворање на можностите за соработка. Ќе видиме дали овој клуб ќе има таков ефект. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива, рече Маричиќ за „Студио 10“ на ТВ24. Тој појасни дека се уште немаат информација кој стои зад иницијативата во Благоевград и што е нејзината цел и додаде дека подобро е институционално да се водат работите. И министерот за надворешни работи Бујар Османи во петокот на брифинг со новинарите во Скопје потврди дека нема да оди на отворањето на клубот, бидејќи смета дека ниту тој клуб, ниту пак бугарските што се отвораат тука им одат во корист на македонската заедница во Бугарија или на бугарската заедница во земјава. Османи смета дека како што отворањето на клубовите во Охрид и Битола, така и отворањето на клубот во Благоевград, не е во функција на добрососедските односи меѓу двете држави. Додаде дека ова негово мислење, било поткрепено и со податокот, кој го финансира клубот во Благоевград и дека тој факт го доведува до заклучок дека тој процес не може да биде во функција на промовирање на македонската заедница, на интересите на граѓаните Македонци таму, на односите меѓу двете држави, на добрососедството. -Кога дознав кој го финансира клубот ми беше јасно. Тоа е фондација од Канада, која има и своја веб-страница и доколку ги гледате позициите кон државата, кон стратешките интереси на државата ќе видите дека не е во функција на тие стратешки интетреси и не очекувам дека ќе биде во функција на граѓаните и на односите меѓу двете земји. Фактот што финансиер на тој клуб е тоа здружение за мене е доволен факт дека оваа иницијатива нема добра намера, рече Османи. На изјавата на Османи реагираше ОМО Илинден Пирин, посочувајќи дека никој не крие кој стои зад културниот центар. Во објавата насловена „Отворена порака до Османи“, ОМО „Илинден“ – ПИРИН наведува дека било познато кој стои зад отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ и дека тоа никој не го крие. – Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија, наведува организацијата во реакцијата на изјавата на Османи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе оди на отворањето во Благоевград за, како што вели, да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да ги охрабри дека нивната матична земја стои зад нив и дека партијата ќе ги штити нивните интереси. – Ние немаме антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата, рече Мицкоски во четвртокот. Коментирајќи ја одлуката на државниот врв да не присуствува на отварањето на македонскиот клуб во Бугарија, Мицкоски оцени дека нивното присуство би било одлична можност да се покаже национално единство. – Ова беше одлична можност државниот врв да дојде, за да покажеме национално единство. Да дојдат сите таму и да им дадеме поддршка на нашинците од пиринскиот дел на Македонија од Бугарија. Жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси наместо на интерсите на својот народ. ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград, рече Мицкоски. Заменик-министерот за надворешни работи и портпарол на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев, на редовниот брифинг во петокот изјави дека е очигледен обидот на опозициските македонски партии да провоцираат тензии во Софија и Скопје со отворање приватен клуб со името на Никола Вапцаров. Според Коџабашев, јасно е дека станува збор за оттргнување на вниманието на јавноста од борбата на Бугарите за права во Северна Македонија. – Физичко лице, кое се претставува како дел од непостоечка невладина организација, изнајмил приватен простор од друго физичко лице. Семејството на Никола Вапцаров е револтирано од употребата на името на поетот во ваквите провокации, не дало дозвола и го нагласува бугарското самоопределување на поетот, рече Коџабашев. Во пресрет на отворањето на македонскиот клуб, ВМРО – Бугарско национално движење најави протест. Советот на Општина Благоевград неодамна излезе со декларација со која се изразува противење на отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во овој град, со оценка дека таквиот чин претставува провокација. – Категорично се спротивставуваме на антибугарската провокација за отворањето на т.н. Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ на територијата на Општина Благоевград, се наведува во Декларацијата, во која се додава дека „македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната“. Потенцирајќи дека „Никола Јонков Вапцаров е бугарски поет“, општинските советници на Благоевград оценуваат дека формирањето на центар со неговото име во нивниот град претставува „груба провокација од нелегитимни организации“. – Сметаме дека сите дејствија за создавање на организација во која група луѓе се самоопределуваат како „малцинство“ во рамките на нашата национална држава се грубо кршење на Уставот и законите во Република Бугарија. Исто така, сметаме дека со ваквите провокативни дејствија грубо е прекршен Договорот за добрососедство и погазени се сите досегашни напори за подобрување на нашите односи со Република Северна Македонија и е попречен нејзиниот пат кон европска интеграција и членство во Европската унија, се наведува во Декларацијата. Веднаш потоа уследи реакција од македонското МНР, кое ги осуди „непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ“. – Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете влади за градење доверба меѓу народите на двете земји и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување, се наведува во соопштението. Од МНР уште еднаш потенцираат оти интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството. – Во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓугранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка, стоеше во реакцијата на МНР. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-blagoevgrad-se-otvora-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov/feed/ 0
Благоевград го забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“: „Македонистите“ не се добредојдени во градот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagoevgrad-go-zabrani-otvaranjeto-na-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov-makedonistite-ne-se-dobredojdeni-vo-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagoevgrad-go-zabrani-otvaranjeto-na-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov-makedonistite-ne-se-dobredojdeni-vo-gradot/#respond Tue, 18 Oct 2022 08:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=746890

Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист“, пренесува „Фактор.мк“. Во образложението од Советот на Општина Благоевград стои дека „Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“. Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот. Никола Вапцаров кој е стрелан од фашистите е многу читан македонски поет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagoevgrad-go-zabrani-otvaranjeto-na-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov-makedonistite-ne-se-dobredojdeni-vo-gradot/feed/ 0
Македонците во Бугарија ќе отворат културен клуб во Благоевград именуван по Никола Вапцаров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-bugarija-kje-otvorat-kulturen-klub-vo-blagoevgrad-imenuvan-po-nikola-vapcarov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-bugarija-kje-otvorat-kulturen-klub-vo-blagoevgrad-imenuvan-po-nikola-vapcarov/#respond Thu, 16 Jun 2022 16:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=691823

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград. Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров. Тие очекуваат помош од македонските власти, а отворањето ќе биде или на Илиден или во септември. „Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот, вела од ОМО Илинден. Во Битола претходно бугарскиот државен врв присуствуваше на отворање на клубот „Ванчо Михалов“, за што имаше доста контроверзии и реакции во јавноста. Откако во земјава, пејачот Ламбе Алабаковски го запали влезот на клубот во Битола, и потоа ја признал вината откако полицијата го приведе, Македонците во Бугарија кажаа дека и нивниот клуб бил вандализиран, но бидејќи немало поголема штета, полицијата не преземала мерки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-bugarija-kje-otvorat-kulturen-klub-vo-blagoevgrad-imenuvan-po-nikola-vapcarov/feed/ 0
Власта попушти: Преку ноќ имињата на училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ во Чаир се сменети со двајца Албанци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-popushti-preku-nokj-iminjata-na-uchilishtata-rajko-zinzifov-i-nikola-vapcarov-vo-chair-se-smeneti-so-dvajca-albanci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-popushti-preku-nokj-iminjata-na-uchilishtata-rajko-zinzifov-i-nikola-vapcarov-vo-chair-se-smeneti-so-dvajca-albanci/#respond Wed, 04 Mar 2020 08:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=311826

Не стивнуваат разбранувањата во јавноста по промената на имињата на училиштата во Чаир кои од „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ ќе бидат сменети со имињата „Исмаили Ќемали Беј Влора“ и Имер Елези. Исмаил Ќемали Беј Влора бил истакнал албански политичар и дипломат. Исмаил Ќемали е една од најзначајните фигури во времето на независноста на Албанија. Ќемали се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата. Ќемали одиграл најважна улога во прогласувањето на независноста на Албанија на 28 ноември 1912 година. По државниот удар, кој на 22 јануари 1914 година го извел Есад Паша Топтани, живеел во егзил. Умрел во Перуџа од срцев удар. Второто име кое ќе го носи училиштето во Чаир е Имир Елези. Единствен податок кој го најдовме за него беше една статија на албански во која тој е опишан како ,,Синоним на битката во Матејче каде што се бореше гради во гради со славо-македонските сили и херојски загина во една акција и стана народен херој.”. Воглавно Имир Елези е член на терористичката група УКЧ која во 2001 водеше битки со македонската полиција и војска. Борец во славната битка на Кошаре 1999 година, борец во областа Карадак 2001 година. Во текот на 80-тите години, Енвер Елези братот на Имриу, беше убиен со рафално пукање од калашникови за време на тогашната воена служба на ЈНА. Името Имри Елези е синоним за битката кај Матејче, каде јуначки се бореше со славо-македонските сили каде што исто така беше мачен за време на една акција. „Денес, со ова име се фали Дизон, се фали Чаир, Скопје и целата нација. Паднат херој за нацијата – Комесар ИМРИ ЕЛЕЗИ“, стои напишано во статијата. Инаку во минатото јавноста е сведок на препукувањата помеѓу министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, и директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, околу промената на имињата на четири училишта во скопски Чаир уште во 2012 година. Со одлука на општината Чаир, имињата на училиштата Цветан Димов, Рајко Жинзифов, Јане Сандански и Никола Вапцаров тогаш беа сменети во Исмаил Ќемали, Хасан Приштина, Јашар Бег и Имри Елези. Но државниот инспекторат за локална самоуправа со решение ја поништи таа одлука оценувајќи дека тоа било сторено незаконски и ги врати старите имиња. Општината, пак, таквиот потег на инспекторатот го обжали пред Министерството за локална самоуправа, кое пресече во полза на општината. Шехтански тврдеше дека одлуката на министерот Бејта била беспредметна и незаконска и дека во сила остануваат старите имиња на македонските дејци и револуционери. „Инспекторатот со решение објавено во службен весник на 8 март ги врати во сила старите имиња на училиштата во Чаир. Решението на 6 март ѝ го доставивме на општината Чаир, која уште истиот ден го обжалила пред Министерството за локална самоуправа, а министерот Бејта на 7 март, значи еден ден пред решението да стапи во сила, го отфрла истото во полза на општината Чаир. Ова се факти што покажуваат дека одлуката на Бејта едноставно е беспредметна“, вели Шехтански. Според Шехтански, инспекторатот сè уште не расправал за одлуката на општината Дебар со која имињата на основното училиште Братство-единство и на гимназијата Здравко Чочковски, се преименуваат во Пенестиа, односно во 28 Ноември. „Тој случај сè уште не е разгледуван. Треба да видиме дали постапката на општината Дебар била законски водена, па потоа ќе се изјасниме. Сè дотогаш остануваат старите имиња на училиштето“, вели Шехтански. Инаку, Хасан бег Приштина потекнува од Косово, а по младотурската револуција, во 1910 година станува пратеник во турското собрание. Во 1912 година го предводи албанското востание. По независноста на Албанија кратко време бил и министер на државата. По Првата светска војна, во 1919 година тој формира движење што се противи на враќањето на Косово во Србија и бара обединување на покраината со Албанија. Тој важел за политички противник на албанскиот крал Ахмет Зогу. Неколку дена бил и премиер на Албанија, но бил отстранет по интервенција на Ахмет Зогу. Во април 1933 година тој како предводник на Косовскиот комитет потпишува сојуз со Анте Павелиќ и со Ванчо Михајлов за заедничка борба против тогашна Југославија. На 13 август таа година бил убиен во атентат. Јашар бег Кумбарџи бил Турчин, познат турски бег од Скопје кој, според неговите потомци немал никаква поврзаност со Албанците. Неодамна во јавноста се јави Јегит Кумбарџи, внук на Јашар бег, кој изјави дека некој заради политички интерес си поигрува со историјата на нивното семејство. Тој ги отфрли податоците на историчарите Албанци и на чаирскиот градоначалник Изет Меџити дека Јашар-бег некогаш бил градоначалник на Скопје, ниту пак дека бил претседател на разгранокот на Призренската лига. Исмаил Ќемали е роден во Валона и потекнувал од благородничко семејство. Во 1895 година се преселил во Истанбул, каде што станува државен службеник во Отоманската Империја. Бил гувернер во повеќе градови на Балканот, а бил и гувернер во Бејрут. По Младотурската револуција од 1908 година тој станал пратеник во новиот османлискиот парламент. Но во 1909 година го напушта Истанбул и своите политички активности ги насочува исклучиво кон албанската кауза. Тој е еден од главните фигури во борбата за независност на Албанија и во формирање на владата на независна Албанија. Ќемали беше и премиер на Албанија од 1912 до 1914 година. Имри Елези е припадник на поранешна ОНА, кој во 2001 година бил убиен во престрелка со македонските безбедносни сили. По неговата смрт, во рамките на ОНА беше формирана посебна единица, која го носеше неговото име, а во која според информациите на полицијата членувале муџахедини од странски држави што војувале на страната на ОНА. Две години подоцна Алсат-М напиша дека има една причина за условувањето од ВМРО-ДПМНЕ за непреименување на училиштата од Чаир: името на поранешниот припадник на ОНА, кој треба да го замени името на Никола Вапцаров, во училиштето на Дижонска во Чаир. Името Имри Елези, според сѐ, е трн во окото на ВМРО-ДПМНЕ и проблемот со училиштата нема да се реши сѐ додека не се најде компромис токму за ова училиште. Партијата ВМРО-ДПМНЕ  силно се противи едно од училиштата да го носи името на Имри Елези или на кој било од припадниците на ОНА од 2001 година. Директорката Мерита Коџаџику вели деки името на Имри Елези е избрано од Советот на родители и само тоа тело е надлежно да одлучи за името. „Официјално не сме имале изјава дека токму нашето училиште е проблем за  преименување на четирите училишта. Не сум јас таа што треба да донесе  таква одлука, бидејќи иницијативата е покрената од Советот на родители и јас стојам зад Советот на родители“, велеше Мерита Коџаџику, Директорка на ОУ „Имри Елези“ во 2014 година. Имри Елези завршил основно образование токму во училиштето што треба да го носи неговото име, а во текот на конфликтот од 2001 година, тој беше студент на Правниот факултет при универзитетот „Св Кирил и Методиј“. Тој ги прекина студиите за да ѝ се приклучи на ОНА и падна како херој во Матејче, Липковско.

Муџахедини во Македонија: Дојдоа, се бореа, заминаа – сега се тука нивните ученици

Следбеници на муџахедините кои во 2001 се бореа против Македонија се уште го шират радикалниот ислам низ земјава, анализираше Вечер во 2014 година. Според весникот, околу 150 радикални исламски платеници во 2001 се бореа на страната на ОНА.  Јадрото го сочинуваше мџахединскиот вод на Имри Елези во склоп на 113тата бригада Исмет Јашари која делуваше во кумановскиот регион, предводена од Ндрецај Малиќи.  Најголем дел од припадниците на овој вод беа државјани на Саудиска Арабија, Авганистан, Турција, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија кои посетувале терористички кампови за обуки во повеќе земји. Муџахедините ги регрутираше Јакуп Хсипи, познат како оџата од Слупчане кој беше близок соработник до водството на ОНА, сега раководство на ДУИ кој се школуваше во Сирија. Овој човек донесе над стотина муџахедини во Македонија а му помагаа Даут Харадинај и Џезаир Шаќири попознат како Командант Хоџа. Асипи како што пишува Вечер имаше активна улога во војната во 2001 како дел од муџахединскиот вод во 113тата бригаа, рамо до рамо со Шефќет Красниќи кој минатиот месец беше уапсен во Косово во полициска акција против радикалните исламисти. Красниќи минатите години проповедаше радикален ислам и во Скопје на стадионот во ЧАир и во одметнатите вахабистички џамии над кои ИВЗ нема контрола. Вечер пишува дека командант на муаџехедините бил Ферид Селими а негов заменик Беќир Халими кој пред неколку годин ибеше уапсен во Скопје под сомение дека соработувал со организации на Алкаеда. Иако во неговите канцеларии во Старата скопска чаршија беше пронајдена обемна радикалистичка литература, полицијата не собра доолно докази за да го обвини. Иако најголем дел од Муџахедините си заминаа по завршувањето на конфликтот, еден дел остана да делува во Македонија. Хасипи веќе не е меѓу живите, но неговите предавања може да се видат на профилите на социјалните мрежи на скопјаните кои загинаа во Сирија. Албанската ДУИ и покрај бројните фото и видео докази никогаш не го призна учеството на муџахедините во војната во Македонија,  обвинувајќи дека единствени платеници во регионот се Србите кои учествуваат во конфликтот во Украина.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-popushti-preku-nokj-iminjata-na-uchilishtata-rajko-zinzifov-i-nikola-vapcarov-vo-chair-se-smeneti-so-dvajca-albanci/feed/ 0