никола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Sep 2020 15:59:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png никола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Џенерал Моторс“ инвестира две милијарди долари во стартапот за електрични возила „Никола’“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/#respond Wed, 09 Sep 2020 15:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=401201

Стартапот за електрични возила „Никола“ и „Џенерал Моторс“, синоќа најавија стратешко партнерство со инвестиција на „ЏМ“ вредна две милијарди американски долари, за производство на теренски возила на водороден погон. Акциите на двете компании на берзанските тргувања денеска пораснаа значително. Акциите на „Никола“ пораснаа за 45 отсто, а на „ЏМ“ за 11 отсто. Со оваа инвестиција, американскиот автомобилски гигант од Детроит добива 11 проценти од компанијата и едно место во бордот на директори на „Никола“. Компанијата од Аризона е стартап за електрични возила, конкурент на Тесла. Ги дизајнира пикап теренците „Баџер“. Според договорот, сериското производство на овие возила треба да започне до крајот на 2022 година. Погонот на возилата со водород е целосно електричен. За разлика од патничките автомобили Тесла, струјата за електромоторите не доаѓа од литиум-ионова батерија која треба регуларно да се полни од електромрежата, туку од водородни ќелии. Возилата со ваков погон имаат нула издувни гасови, трошат водород а нуспроизводот е вода. Полнењето на ќелиите се врши на водородни станици кои на Запад засега се многу ретки. Според договорот, „Никола“ е должна да ја користи технологијата и производството на водородни ќелии на „ЏМ“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/feed/ 0
ВИДЕО: 13-годишниот Никола од Велес е рекордер за редење на Рубикова коцка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-13-godishniot-nikola-od-veles-e-rekorder-za-redenje-na-rubikova-kocka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-13-godishniot-nikola-od-veles-e-rekorder-za-redenje-na-rubikova-kocka/#respond Mon, 04 May 2020 13:22:28 +0000 https://kurir.mk/?p=341435

Младото момче Никола Ничовски на свои 13 години реди рубикова коцка како најдобрите светски мајстори. Велешанецот Никола, до нашата редакција испрати видео од неговиот личен рекорд остварен во ноември месец во Република Косово. Редакцијата на Велесденес.мк по испратеното видео стапи во контакт со младиот Никола. Тој ни раскажа малку повеќе за неговата пасија, редењето на рубикова коцка, како и за успесите во неговите натпревари во Македонија и на меѓународно ниво. Велешанецот Никола Ничовски има 13 години, а со редењето на рубикова коцка започнал од свои 10 години, додека редовно почнал со вежбање и редење од свои 11 години. Него го потикнал еден негов пријател со кој сакал да се докажува дека може да биде подобар од него, со што и успеал. Учи во Основното општинско училиште Васил Главинов во Велес и е 8-мо одделение. Покрај редењето на рубикова коцка, сака да игра и кошарка, а воедно е и страствен навивач на фудбалскиот клуб Барселона и Лионел Меси. Младиот велешанец до сега има учествувано на 3 домашни и 2 меѓународни натпревари, од кои 1 во Бугарија и 1 во Косово, каде што и го постигнал неговиот личен рекорд на официјален натпревар. -Имам исто така има освоено 6 медали, 4 на национално ниво и 2 на интернационално. Меѓу нив голем број на сертификати и успеси во неофицијални натпревари вели Никола. Неговиот личен рекорд, на неофицијални натпревари е 7.65 секунди, додека на натпреварот во Косово во 2019 година го постигнува неговото најдобро време од 10.48 секунди. Рекордот на светско ниво во редење на рубикова коцка изнесува 3.47 секунди од кинезот YuSheng Du. Никола се натпреварува и во редење на Pyraminx коцки, каде што исто така има одлични резултати. -Освен обичната рубикова коцка има и други типови во кои може да се натпреварува. Највеќе доминирам во Pyraminx со просечно време од 6 секунди и воедно сум 2 место во Македонија, додаде младиот велешанец. Извор: велесденес.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-13-godishniot-nikola-od-veles-e-rekorder-za-redenje-na-rubikova-kocka/feed/ 0