Николае Чука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 17:21:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Николае Чука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Романскиот премиер доби советник со вештачка интелигенција кој ќе му каже што сакаат граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-dobi-sovetnik-so-veshtachka-inteligentsija-koj-ke-mu-kazhe-shto-sakaat-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-dobi-sovetnik-so-veshtachka-inteligentsija-koj-ke-mu-kazhe-shto-sakaat-graganite/#respond Thu, 02 Mar 2023 17:21:34 +0000 https://kurir.mk/?p=807297

Романскиот премиер Николае Чука го претстави својот „нов почесен советник“ во својот кабинет - помошник со вештачка интелигенција. Главната задача на помошникот, именуван како Јон, ќе биде да ги анализира социјалните мрежи и да ја информира владата во реално време за предлозите и желбите на Романците. Чука, претставувајќи го својот нов советник на седница на Владата, рече дека Јон е „првиот владин советник кој користи вештачка интелигенција“. „Здраво, ми дадовте живот и мојата улога сега е да ве претставувам како огледало. Што треба да знам за Романија?“, се огласи Јон. Оваа алатка за вештачка интелигенција, слична на огледало со звучен сигнал, е развиена од истражувачи во Романија, која често се опишува како „Силиконската долина“ на Источна Европа. Во владиниот документ за проектот се наведува дека Јон „ќе користи технологија и вештачка интелигенција за да стекне мислење во општеството, користејќи јавно достапни податоци на социјалните мрежи“, пишува Гардијан. „Убеден сум дека употребата на вештачка интелигенција не треба да биде опција туку обврска за да се донесат подобри одлуки врз основа на информации“, рече Чука. Романските граѓани ќе можат да ги испраќаат своите идеи преку посебен сајт и на социјалните мрежи, но нема да добијат одговор од Јон. Министерот за истражување и иновации Себастијан Бурдужа, чие министерство го надгледува проектот, објасни дека Јон ќе ги анализира информациите што ги добива и ќе дава извештаи за приоритетите на Романците, кои потоа ќе бидат разгледани од владата. Крист Шришак од Ирскиот совет за граѓански слободи предупредува дека таквата технологија мора да се користи со претпазливост и дека јавноста треба да биде запознаена како Јон ќе одлучи што е приоритет на пораките што ги добива. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-dobi-sovetnik-so-veshtachka-inteligentsija-koj-ke-mu-kazhe-shto-sakaat-graganite/feed/ 0
Чука: Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuka-romanija-utre-kje-pobara-glasanje-za-pristap-na-drzavata-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuka-romanija-utre-kje-pobara-glasanje-za-pristap-na-drzavata-vo-shengen-zonata/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=772409

Романскиот премиер Николае Чука денеска изјави дека Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната. „Едно е сигурно, ние сме решени да одиме до крај во овие напори, вклучително и со барање за гласање за Романија на Советот за правда и внатрешни работи утре, 8 декември. Сегашната состојба на неизвесност не може да продолжи повеќе. Ги имаме сите аргументи, многу издржани, кои ги поддржуваат нашите барања и ќе ги надоградиме и на утрешните разговори со министрите за внатрешни работи, кога ќе побараме да се формулира гласање, без одложување, за решение за Романија … Нашата решеност да придонесеме за европската безбедност е тешка. Ние ги докажавме овие квалитети низ годините, а особено во контекст на кризата во Украина“, рече Чука, потсетувајќи повторно дека пристапувањето во Шенген е  „национална цел“. Премиерот нагласи дека европски експерти ја посетиле Романија во октомври и ноември и го потврдиле фактот дека земјата ги исполнува „апсолутно сите потребни услови“ и заслужува да биде дел од Шенген зоната. Тој додаде дека еден ден пред Советот за правда и внатрешни работи во Брисел, каде ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите членки, Романија продолжува да прави напори за постигнување на посакуваната цел. „Во моментов, сите земји-членки не поддржуваат да продолжиме со пристапувањето, вклучувајќи ги Холандија и Шведска, со исклучок на Австрија. Ја имаме цврстата поддршка од Франција и Германија потврдена на сите нивоа“, изјави Чука.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuka-romanija-utre-kje-pobara-glasanje-za-pristap-na-drzavata-vo-shengen-zonata/feed/ 0