николај милков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 17:21:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png николај милков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Милков: Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-sofija-i-skopje-nema-zaedno-da-ja-chestvuvaat-120-godishninata-od-smrtta-na-gotse-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-sofija-i-skopje-nema-zaedno-da-ja-chestvuvaat-120-godishninata-od-smrtta-na-gotse-delchev/#respond Thu, 27 Apr 2023 17:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=828421

Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, изјави денеска в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков. На прес-конференција во Софија, како што пренесуваат бугарските медиуми, Милков рече дека не е постигнат договор со Република Северна Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години. - Ќе организираме прослави во Бугарија во градот Гоце Делчев со учество на највисоко ниво. На овие прослави добредојдени се и претставници на Северна Македонија, истакна Милков. Тој предупреди дека оние бугарски граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје би можеле да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се одбележуваше 151 година од неговото раѓање. Шефот на бугарската дипломатија вели и дека засега не гледа чекори од Скопје во насока на спроведување на т.н. француски предлог. Смета дека е многу е важно како ќе бидат направени измените на Уставот на Северна Македонија за вклучување на Бугарите. - Нашиот обид да кажеме дека тоа треба да се направи на начин на кој ќе се земат предвид сите права на македонските Бугари, беше пречекан со нож. Бевме обвинети за мешање во внатрешните работи, рече Милков. Според него, секој обид за внесување оптимизам во билатералните односи засега останува без покритие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-sofija-i-skopje-nema-zaedno-da-ja-chestvuvaat-120-godishninata-od-smrtta-na-gotse-delchev/feed/ 0
Милков: Не можеме да зборуваме за безбедноста во Црното Море без да зборуваме за безбедноста во Украина и Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milkov-ne-mozheme-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-tsrnoto-more-bez-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-ukraina-i-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milkov-ne-mozheme-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-tsrnoto-more-bez-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-ukraina-i-moldavija/#respond Thu, 13 Apr 2023 14:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=823681

Не можеме да зборуваме за безбедноста во Црното Море без да зборуваме за безбедноста во Украина и Република Молдавија. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков на Првата конференција за безбедност на црноморскиот регион под покровителство на Кримската меѓународна платформа во Букурешт. Тој учествуваше како панелист на вториот панел на форумот на тема „План за денес. Непосредни одговори на актуелните закани и предизвици во проширениот регион на Црното Море“. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. „Црното Море е раскрсница, крстопат кон Запад, кон Кавказ, Источен Медитеран, Блискиот Исток, како и Западен Балкан. Важна транзитна точка меѓу Европа и Азија. Регионот стана суштински во стратешката конкуренција меѓу Русија и Западот, а војната во Украина создаде сосема нова безбедносна средина. Агресијата не е само против Украина, туку и против безбедноста и стабилноста на континентот“, рече бугарскиот дипломат. Тој ја сподели потребата за колективен пристап и изрази надеж дека ќе бидат преземени одлучни чекори во оваа насока на состанокот на самитот на НАТО во Вилнус, кој претстои во јули. „Ако ги прашавме европските граѓани пред неколку години дали се за тоа Европа да стане глобална, стратешка сила, вклучително и во областа на одбраната, одговорот веројатно ќе беше 'да'. Во минатото, на прашањето дали поддржуваат огромни трошоци за одбрана од националниот буџет, европските граѓани веројатно би рекле 'не'. Мислам дека сега и двете прашања би добиле позитивен одговор. Потребно е ново размислување, нов пристап“, вели Николај Милков. Тој нагласи колку се важни транспортните врски и логистиката и додаде дека војната во Украина само го докажала тоа. „Ние работиме напорно во оваа насока со нашите партнери од Грција и Романија за модернизација на постоечката инфраструктура и тука, од Букурешт, е најсоодветното место да се повика на забрзана изградба на трет мост на Дунав“, рече бугарскиот министер за надворешни работи. „Исклучително важен е и нафтоводот Бургас-Александрополис, кој ќе овозможи увоз на сурова нафта од целиот свет во рафинеријата во Бургас. Тој е важен за целиот регион бидејќи е најголем во Југоисточна Европа. Од производството на оваа рафинерија 40 отсто сега оди во Украина“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milkov-ne-mozheme-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-tsrnoto-more-bez-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-ukraina-i-moldavija/feed/ 0
Милков: Кога Македонија ќе го смени Уставот, тогаш ќе се отворат преговорите со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-koga-makedonija-ke-go-smeni-ustavot-togash-ke-se-otvorat-pregovorite-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-koga-makedonija-ke-go-smeni-ustavot-togash-ke-se-otvorat-pregovorite-so-eu/#respond Wed, 29 Mar 2023 08:36:13 +0000 https://kurir.mk/?p=817637

Македонија нема рокови за спроведување на барањата во францускиот предлог кој беше услов Европската унија да ни даде зелено светло за скрининг процесот кој ќе трае до крајот на оваа година. Ова го истакна министерот за надворешни работи на Бугарија во интервју за Бугарската национална телевизија БНТ, Николај Милков. Тој додека дека кога Македонија ќе го исполни францускиот предлог, односно ќе ги внесе Бугарите во Уставот, тогаш ќе се отвори и првата фаза од преговарачкиот процес. „Се надевам дека ќе се вразумат и ќе размислуваат за за европската перспектива. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на францускиот предлог. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес“, изјави Милков. Вршителот на должноста министер за надворешни работи потенцираш дека постои зголемување на тензиите во односите меѓу двете земји поради различните дејствија кои биле непријателски во однос на она што било договорено. Според Милков во Македонија постојат случаи во кои македонските Бугари се репресирани. На таквите граѓани Бугарија е подготвена да им помогне со помош при поднесувањето на жалбите до домашните и европските судови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-koga-makedonija-ke-go-smeni-ustavot-togash-ke-se-otvorat-pregovorite-so-eu/feed/ 0
Пендиков ќе добие живеалиште во Бугарија и бугарско државјанство во најкус можен рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-ke-dobie-zhivealishte-vo-bugarija-i-bugarsko-drzhavjanstvo-vo-najkus-mozhen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-ke-dobie-zhivealishte-vo-bugarija-i-bugarsko-drzhavjanstvo-vo-najkus-mozhen-rok/#respond Tue, 07 Feb 2023 13:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=797286

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков денеска на прес-конференција соопшти дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој со бугарски владин авион беше пренесен во Бугарија по инцидентот во Охрид при кој се здоби со повреди, во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство, јави БНТ. Пендиков, кој вчера беше отпуштен од Воено медицинската академија во Софија, како што кажа Милков, ќе добие и времено живеалиште, додека престојува во Бугарија. Тој, според Милков, „се плаши за својот живот“ ако се врати во земјава и затоа се размислува и опцијата да му се даде и лично обезбедување. Милков, како што пренесе БНТ, оценил дека „и покрај напорите да бидат одмрзнати односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, засега нема успех“. - Обидите за надградување и за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа минирани од конкретни дејствија на властите во Скопје. Тоа се разбира, одбележува една нова уште пониска точка во нашите односи, изјавил Милков. Вчера Пендиков во претседателската резиденција беше примен од бугарскиот претседател Румен Радев, кој порача дека бугарската држава „нема да трпи насилство врз Бугарите во Република Северна Македонија и врз своите државјани и ќе ги искористи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-ke-dobie-zhivealishte-vo-bugarija-i-bugarsko-drzhavjanstvo-vo-najkus-mozhen-rok/feed/ 0
Бугарскиот амбасадор во Македонија останува во Софија: Милков најави можност за ново вето и суспензија на меѓудржавните проекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-makedonija-ostanuva-vo-sofija-milkov-najavi-mozhnost-za-novo-veto-i-suspenzija-na-megudrzhavnite-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-makedonija-ostanuva-vo-sofija-milkov-najavi-mozhnost-za-novo-veto-i-suspenzija-na-megudrzhavnite-proekti/#respond Wed, 25 Jan 2023 19:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=791928

Бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Ангел Ангелов ќе остане надвор од државата додека Софија не види знаци на промена. Цинично е да се разговара за проекти со РСМ додека Христијан Пендиков лежи во болница, ова денеска го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, пренесува БГНЕС. Инаку, Милков денеска беше сослушан на седница на Комисијата за надворешна политика. Претседателката на Комисијата, Екатерина Захариева, на расправата го покани и амбасадорот Ангел Ангелов, од кого народните избраници од прва рака можеа да дознаат за состојбите во Македонија. -Доколку Северна Македонија продолжи вака да се однесува, можно е повторно да ставиме вето. Цинизам е да се разговара за проекти за еко-патеки додека Пендиков е во болница, рече Милков. Министерот посочи дека се отворени за дијалот, ако се реализираат проектите за заштита на Бугарите во Македонија. -Ако тоа не се случи, може да ги запреме другите меѓудржавни проекти, вели Милков. Нагласи дека ако Македонија сака да продолжи по европскиот пат, мора да ги исполни своите обврски, Бугарија мора само да ја следи оваа реализација.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-makedonija-ostanuva-vo-sofija-milkov-najavi-mozhnost-za-novo-veto-i-suspenzija-na-megudrzhavnite-proekti/feed/ 0
Ковачевски го брани бугарскиот министер Милков: Тој мислел на поранешни времиња во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-brani-bugarskiot-minister-milkov-toj-mislel-na-poraneshni-vremina-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-brani-bugarskiot-minister-milkov-toj-mislel-na-poraneshni-vremina-vo-makedonija/#respond Mon, 23 Jan 2023 13:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=790713

Премиеорот Димитар Ковачевски денеска пред медиумите како одговор на новинарско прашање рече дека изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, дадена пред шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во Софија, има се однесувала „на некои минати времиња“. -Прво, јас насилство од било кој тип не оправдувам и секогаш го осудувам и ќе го осудувам исто како што ќе ја осудам секоја провокација која ги повредува чуствата на Македонците, за мене такви провокации се недозволиви и од внатре и од надвор. Второ, во однос на инцидентот, задоволен сум што институциите реагираа брзо и што МВР навреме реагираше и соодветно постапи, а верувам и ЈО ќе постапува по случајот. Трето, мора да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни, ова е класична дистракција на еден навистина перфиден начин како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина, се ова има импликации бидејќи ова не е утакмица помеѓу Пелистер и Вардар или МЗТ и Работнички, ова е нашата иднина, јас летово не преговарав во Брисел со 27 земји членки со едно горко чуство какво што го делеа и нашите граѓани преку провокации од внатре и надвор и носев одлука за европската иднина, за да стоиме тука и гледаме како безмилосно направено насилство влијае врз сето она кое е сработено и кое се случува преку насилството практично ја киднапира нашата европска политика, јас тоа нема да го дозволам, да се одвоиме од европскиот пат на државата и ќе инсистирам да се реши на најбрз можен начин зошто треба да одиме по патот на ЕУ.  Најважно од тие што ги иницирале настанита минатата недела и претходно не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, исто така треба опозицијата да се преиспита, прочитавме информации дека нивни членови и симпатизерисе спомнуваат дека се поврзани со настаните од минатиот викенд и претходно и затоа велам дека опозициската партија наликува се повеќе на Левица, нам не ни треба тоа што тие го продаваат, постојат два концепти, едниот за европска Македонија и вториот за бесмислен национализам кој замина заедно со нивниот вистински лидер, јас ќе инсистирам на институционално разрешување.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-brani-bugarskiot-minister-milkov-toj-mislel-na-poraneshni-vremina-vo-makedonija/feed/ 0
Министерот за надворешни работи на Бугарија: Денес за првпат заеднички ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-bugarija-denes-za-prvpat-zaednichki-ja-praznuvame-dejnosta-na-sveti-kliment-ohridski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-bugarija-denes-za-prvpat-zaednichki-ja-praznuvame-dejnosta-na-sveti-kliment-ohridski/#respond Wed, 07 Dec 2022 10:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=772186

Согласно постигнатиот договор, денес за првпат заеднички ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски. Ќе положиме цвеќе пред неговиот споменик во знак на почит, како еден од најпознатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј, кои ние ги почитуваме, рече министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Тој на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на бизнис форумот „До една милијарда и понатаму“ која се одржува во Скопје, посочи дека заслугата за ова заедничко чествување е на македонско-бугарско историската Комисија. -Заслугатата за заедничкото чествување на Свети Климент Охридски е на македонско-бугарско историската Комисија, која дава општа интерпретација на делата на светите Кирил и Методиј и на Св. Климент Охридски. Ова е секако многу позитивен знак, кога имаме заедничка концепција и општо разбирање за различни историски периоди и за различни историски личности, што верувам ќе ги реши проблемите во нашите современи односи, рече Милков. Тој уште еднаш ја потврди поддршката за работата на македонско-бугарско историската Комисија и напомена дека нејзиното успешно функционирање допринесува во работата на нашите добрососедски односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-bugarija-denes-za-prvpat-zaednichki-ja-praznuvame-dejnosta-na-sveti-kliment-ohridski/feed/ 0
Османи и Милков го отворија македонско-бугарски бизнис форум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-milkov-go-otvorija-makedonsko-bugarski-biznis-forum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-milkov-go-otvorija-makedonsko-bugarski-biznis-forum/#respond Wed, 07 Dec 2022 09:00:55 +0000 https://kurir.mk/?p=772119

Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков го отворија македонско-бугарскиот бизнис форум што денеска се одржува во Скопје под мотото „До една милијарда и понатаму“, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји. -Од потпишувањео на Договорот за добрососедство од 2017 година, бизнисите го препознаа трендот на унапредување на односите помеѓу двете земји. Во изминативе години практичнио секоја година бележиме раст во меѓусебната трговска размена. Само во текот на последните две години, трговската размена е зголемена за 98,3 проценти, рече Османи на отворањето на Форумот. Оваа година, додаде тој, само во првите три квартали имавме раст од преку 50 проценти со што, кажа, трговската размена надмина 700 милиони евра досега, а проекцијата покажа дека оваа година ќе се надмине и прагот од една милијарда евра. -Тоа се бројки што се многу ветувачки и на кои сме горди, затоа што ја покажуваат најдобрата страна на политиката, а тоа е да обезбеди потенцијал за бизнисите за граѓаните, со цел унапредување на размената и комуникацијата. Денеска на овој форум имаме над 150 компании и претставници од бизнис заедницата, заинтересирани за меѓусебна соработка меѓу двете земји. Според Османи, целта е да се поттикнат нови можности за соработка, нови потенцијали што ќе ги препознаат и ќе ги употребат бизнисите за да го задржат овој позитивен тренд. Бугарскиот министер Милков рече дека позитивните тенденции во нашите билатерални односи и особено во економските односи не се воопшто малку, но за жал тие како да остануваат малку на страна од фокусот на општеството. -Се очекува за првпат оваа година размената на стоки во нашите држави да надмине една милијада евра што е значајно достигнување. Бугарските компании продолжуваат да покажуваат голем интерес, вклучително и интересот за инвестирање во Македонија во сектори како банкарство, осигурување, металургија, технологии, комуникации, софтвер а исто така и во прехранбената индустрија и трговскиот сектор, потенцира Милков. Тој рече и дека активни се и компаниите од Северна Македонија во Бугрија, каде што исто така има инвестиции претежно во прехранбеата индустрија и туризмот. -Денешниот форум има за цел да ги стабилизира и создаде нови бизнис контакти што ќе бидат искористени на најрационален начин и запознавање на можностите на пазарот на двете држави, нагласи Милков. На форумот активно ќе учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави. Покрај официјалниот дел од програмата, предвидени се и бројни меѓусебни средби на претставниците на бизнисите од Северна Македонија и Бугарија, како и потпишување повеќе меѓусебни бизнис договори, соопшти МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-milkov-go-otvorija-makedonsko-bugarski-biznis-forum/feed/ 0
ОЧЕКУВАЛ ПОСЕРИОЗНА КАЗНА ЗА ЛАМБЕ, А НАВИВАЧИТЕ СЕ ПОЛНИ СО ОМРАЗА – бугарскиот министер за надворешни работи ги „искара“ македонските власти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuval-poseriozna-kazna-za-lambe-a-navivachite-se-polni-so-omraza-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-iskara-makedonskite-vlasti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuval-poseriozna-kazna-za-lambe-a-navivachite-se-polni-so-omraza-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-iskara-makedonskite-vlasti/#respond Thu, 29 Sep 2022 11:08:11 +0000 https://kurir.mk/?p=738976

На редовниот брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, министерот Николај Милков коментираше дека оваа недела имало два настана со Република Северна Македонија – од кои едниот е фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји, истакнувајќи дека не сака да го распалува жарот на таа тема. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Милков, темата треба да се затвори. Вториот настан, како што посочи бугарскиот министер за надворешни работи, е условната казна на Ламбе Алабаковски кој го запали влезот на центарот „Ванчо Михајлов” во Битола. Николај Милков на брифингот рече дека овие два настана откриваат структурен проблем за правата на Бугарите во Северна Македонија. Според него, казната на Алабаковски е најлесната можна и додаде дека според законот на Република Северна Македонија, за ова дело се изрекуваат од 6 месеци до 5 години. Додаде дека се очекувало релативно посериозна казна, но тоа е одлука на независниот суд на РСМ. Двете дела извршени во текот на неделата, смета Милков, се дела на омраза, тие испраќаат порака и до народот на Република Северна Македонија и до Бугарија и таа не е позитивна. Тој рече дека треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што бил користен на натпреварот, е јазик што го користеле политичарите. Ова, спроед него, е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Република Северна Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ. – Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Северна Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија. Милков додаде дека не би сакал да навлезе во речникот на фудбалски агитации, нагласувајќи дека сè уште гледа позитивно и оти тоа се декларации наменети за внатрешна употреба во Република Северна Македонија. Тие, според него, на никаков начин не го менуваат она што претставува обврска на Република Северна Македонија, како и во однос билатералниот договор, така и во спроведувањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuval-poseriozna-kazna-za-lambe-a-navivachite-se-polni-so-omraza-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-iskara-makedonskite-vlasti/feed/ 0
Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков разговараше со амбасадорите на земјите од Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shefot-na-bugarskata-diplomatija-nikolaj-milkov-razgovarashe-so-ambasadorite-na-zemjite-od-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shefot-na-bugarskata-diplomatija-nikolaj-milkov-razgovarashe-so-ambasadorite-na-zemjite-od-zapaden-balkan/#respond Tue, 13 Sep 2022 05:54:38 +0000 https://kurir.mk/?p=731936

Бугарскиот министер за надворешни работи во техничката влада, Николај Милков, синоќа разговараше со амбасадорите и претставниците на амбасадите на земјите од Западен Балкан во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е првата регионална средба на техничкиот шеф на бугарската дипломатија по неговото учество на средбата на премиерот Галаб Донев со амбасадорите на земјите членки на ЕУ минатата недела. Пред нив Милков истакна дека Бугарија придава примарно значење на мирот, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан. -Бугарија останува силно посветена на процесот на европска интеграција на нашите соседи од Западен Балкан, како главен пат кон зајакнување на регионалната и европската безбедност и кон постигнување траен просперитет за граѓаните во регионот, рече министерот Милков. Тој ги увери амбасадорите дека Бугарија ќе продолжи да се придржува до принципот на индивидуален напредок на земјите-кандидатки на овој план и ќе обезбеди експертска помош во процесот на пристапување. -Почитувањето на правата на бугарското национално малцинство и бугарските заедници во странство, како и одржувањето на добрососедските односи, ќе биде од особено значење за секоја бугарска влада и сега и во иднина, како и одржувањето на добрососедските односи, потенцираше техничкиот министер Милков, а на средбата зборуваше и за последиците од руската агресија врз Украина, кои дополнително ги зајакнуваат енергетските и економските предизвици на Балканот. Во овој контекст, тој ја истакна важноста на партнерите од Западен Балкан целосно да се придржуваат до позициите на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и да работат заедно со Унијата за зајакнување на отпорноста на регионот против надворешни закани, вклучувајќи ги и кампањите за дезинформации и кибер нападите. Имајќи ја предвид водечката улога на ЕУ во постигнувањето економски и социјален просперитет на Западен Балкан, министерот Милков кажа и дека Бугарија работи на брзо завршување на потребната енергетска инфраструктура, за подобрување на регионалната поврзаност и особено за спроведување на Коридорот 8, за зајакнување на контактите меѓу луѓето и заштита на животната средина и борба против климатските промени во регионот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shefot-na-bugarskata-diplomatija-nikolaj-milkov-razgovarashe-so-ambasadorite-na-zemjite-od-zapaden-balkan/feed/ 0