Николас Христакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Feb 2021 15:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Николас Христакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Научник тврди: Следуваат уште 2 фази од пандемијата, крајот дури во 2024 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnik-tvrdi-sleduvaat-ushte-2-fazi-od-pandemijata-krajot-duri-vo-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnik-tvrdi-sleduvaat-ushte-2-fazi-od-pandemijata-krajot-duri-vo-2024-godina/#respond Thu, 04 Feb 2021 15:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=464307

Пандемијата на коронавирусите нема да заврши се до 2024 година, кога ќе почне таканаречениот „постпандемиски“ период, што ќе биде многу сличен на „лудите дваесетти години“ на 20-от век, смета д-р Николас Христакис, научник од Јејл. -Сериозните вируси влијаат врз нашата економија, начинот на живот и пандемиите вообичаено се одвиваат во три фази, па кога станува збор за коронавирусот, можеме да зборуваме за актуелната фаза што ќе трае до крајот на 2021 година. Потоа следи средната фаза, што ќе трае до 2023 година, а на крајот и постпандемиската фаза, што ќе почне во 2024 година, изјави Христакис. Во првата фаза, во која се наоѓаме сега, оценува Христакис, вирусот се шири се додека не се заразат доволно луѓе и не се постигне таканаречениот имунитет на стадо. -Светот се промени, маските станаа задолжителни, физичката дистанца, исто така, начинот на работа се менува, многумина остануваат дома, свртени кон вербата … Со ова темпо, треба да се очекува дека ќе го достигнеме имунитетот само до крајот на годината, или природно или преку вакцини, изјави Кристакис за Си-Ен-Ен. „Во средната фаза, ќе ги почувствуваме психолошките, социјалните и економските последици од коронавирусот. На милиони луѓе ќе им треба медицинска нега, начинот на работа и патување ќе се променат. Пандемијата, исто така, ги забрза трендовите во здравствената заштита. Сега, кога ја видовме важноста на науката, можеме да ја примениме во борбата против климатските промени. Можно е наследството на пандемијата да биде поголема почит и ценење на науката“, рече тој. Христакис проценува дека постпандемискиот период ќе биде сличен на „лудите дваесетти“ од 20-от век, кога сите забрани паднаа по епидемијата на шпански грип. Сите тешкотии и маки со кои се боревме одеднаш ќе исчезнат. Ќе се дружиме, ќе одиме на концерти, можни се спортски настани, сексуални слободи, можеби нема повеќе да се ракуваме и помалку ќе одиме на службени патувања и повеќе ќе работиме од дома, рече тој. -Чумата секогаш поминува. Доаѓа во бранови и на крајот исчезнува. Јас сум оптимист дека ќе видиме крај на ова. Короната ќе стане ендемична болест, како вирусот на грип што ќе циркулира меѓу нас, рече експертот од Јејл.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnik-tvrdi-sleduvaat-ushte-2-fazi-od-pandemijata-krajot-duri-vo-2024-godina/feed/ 0