николас мадуро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 07:42:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png николас мадуро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мадуро: Венецуела за секогаш ја напушти Организацијата на американски држави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-venetsuela-za-sekogash-ja-napushti-organizatsijata-na-amerikanski-drzhavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-venetsuela-za-sekogash-ja-napushti-organizatsijata-na-amerikanski-drzhavi/#respond Tue, 16 May 2023 07:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=834633

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека неговата земја нема повторно да се приклучи на Организацијата на американски држави, три години откако ја напушти поради несогласувања. - Ние заминавме, засекогаш заминавме и не планираме да се вратиме, изјави Мадуро во синоќешното неделно телевизиско обраќање. Мадуро го поддржа ставот на неговиот мексикански колега Андрес Лопез Обрадор за Организацијата. Минатата недела Обрадор повика на укинување на Организацијата на американски држави, која ја опиша како „бескорисна“. Додека Мадуро посочи дека Организацијата на американски држави треба да „исчезне“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-venetsuela-za-sekogash-ja-napushti-organizatsijata-na-amerikanski-drzhavi/feed/ 0
Мадуро: Некои венецуелски државни компании ќе продадат дел од своите акции на берзата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-nekoi-venecuelski-drzavni-kompanii-kje-prodadat-del-od-svoite-akcii-na-berzata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-nekoi-venecuelski-drzavni-kompanii-kje-prodadat-del-od-svoite-akcii-na-berzata/#respond Thu, 12 May 2022 07:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=675470

Некои венецуелски државни компании ќе продадат мал дел од своите акции на локалната берза, изјави претседателот Николас Мадуро. Мадуро, цитиран од британските медиуми, појасни дека ова е начин да се добијат финансиски средства и да продолжат со нивните активности. Од минатата година Мадуро презема чекори спротивни на социјалистичкиот економски модел на неговиот претходник Уго Чавез. Управувањето со 13 државни прехранбени компании го предаде на трети лица во замена за финансиски средства. - Од следната недела владата на берзата ќе понуди меѓу пет и 10 отсто од неодреден број државни компании, изјави Мадуро на државната телевизија. - Потребен ни е капитал за да ги развиеме јавните претпријатија, додаде тој, нагласувајќи дека се очекуваат инвестиции и во телекомуникациските компании, како и во компаниите од секторите челик и нафта и гас. Мешутоа, енергетскиот гигант „Petroleos de Venezuela“ нема да се најде меѓу компаниите кои ќе котираат на берзата. Британските медиуми потсетуваат дека некои од компаниите што ги спомена Мадуро, вклучително и телекомуникациските компании, беа национализирани од венецуелската влада пред 15 години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-nekoi-venecuelski-drzavni-kompanii-kje-prodadat-del-od-svoite-akcii-na-berzata/feed/ 0
Социјалистичката партија на Мадуро со убедлива победа на регионалните и локални избори во Венецуела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijalistichkata-partija-na-maduro-so-ubedliva-pobeda-na-regionalnite-i-lokalni-izbori-vo-venecuela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijalistichkata-partija-na-maduro-so-ubedliva-pobeda-na-regionalnite-i-lokalni-izbori-vo-venecuela/#respond Mon, 22 Nov 2021 07:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=598066

Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) денеска соопшти дека на локалните и регионални избори во земјата владејачката Социјалистичка партија на претседателот Николас Мадуро освоила 20 гувернери, додека три им припаднале на опозициските политичари. Набргу по објавувањето на првичните резултати, левичарскиот претседател на земјата го прослави триумфот на владата, пренесуваат британските медиуми. -Победата е импресивна, рече Мадуро во обраќањето до поддржувачите, додавајќи дека „мора да се слават добри победи“. Само 41,8 отсто од регистрираните гласачи вчера излегоа на гласање, што е околу 8,1 милион избирачи, соопшти највисокото изборно тело во оваа јужноамериканска земја. ЦНЕ претходно во текот на денот соопшти за „помали и изолирани проблеми“ при гласањето. На регионалните избори во 2017 година, владејачката партија освои 19 гувернери, додека опозициските политичари освоија четири. Британските медиуми анализираат дека последните изборни резултати се назадување за лидерите на опозицијата, кои се вратија во изборниот процес по бојкотот на претседателските избори во 2018 година и изборите за Конгресот во 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijalistichkata-partija-na-maduro-so-ubedliva-pobeda-na-regionalnite-i-lokalni-izbori-vo-venecuela/feed/ 0
Венецуела: Се очекуваат разговори меѓу Мадуро и Гуаидо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-se-ochekuvaat-razgovori-megju-maduro-i-guaido/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-se-ochekuvaat-razgovori-megju-maduro-i-guaido/#respond Thu, 05 Aug 2021 12:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=546681

Се очекува разговорите меѓу владата на Венецуела и опозицијата за политичката криза во земјата да започнат на 13 август во Мексико. Дијалогот ќе биде поддржан од меѓународни соработници, вклучувајќи ја и Норвешка, која беше неуспешен посредник во претходната постапка на дијалогот во 2019 година. Како што пренесуваат странските агенции, датумите може да се поместат, а 15 август исто така е во оптек. Имињата на членовите на делегацијата и местото на одржување на настанот се уште не се утврдени. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро претходно изјави дека е подготвен да преговара со опозицискиот лидер Хуан Гуаидо. Мадуро рече дека агендата ќе треба да се фокусира на укинување на американските санкции, од кои повеќето беа создадени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година во обид да го смени него. Администрацијата на Џо Бајден соопшти дека ги преиспитува санкциите што ги наследиле од Трамп, но се уште не ги ублажила. Вашингтон и натаму го поддржува Гуаидо, кого го признава како легитимен водач на јужноамериканската земја по контроверзните избори на Мадуро во 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-se-ochekuvaat-razgovori-megju-maduro-i-guaido/feed/ 0
Обид за атентат во Венецуела: Спречен напад со дронови врз Николас Мадуро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-atentat-vo-venecuela-sprechen-napad-so-dronovi-vrz-nikolas-maduro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-atentat-vo-venecuela-sprechen-napad-so-dronovi-vrz-nikolas-maduro/#respond Wed, 14 Jul 2021 12:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=536725

Претседателот на парламентот на Венецуела, Хорхе Родригез изјави дека неговата Влада спречила планиран напад со дронови врз претседателот Николас Мадуро. Родригез рече дека четири дронови полетале на 22 јуни со цел да го нападнат Мадуро, за време на церемонијата на отворање на новиот споменик по повод 200 години од битката кај Карабоб, пренесува германската агенција ДПА. - Нашите разузнавачки служби деактивираа четири дронови и наскоро ќе знаеме каде се купени, кој ги барал и каков бил планот за атентат врз претседателот и службениците на инаугурацијата на споменикот во Карабоб - рече Родригез на прес конференција. Мадуро е во долг конфликт со самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо и повеќе пати зборуваше за наводни планови за напад или соборување на неговата влада. Претседателот на Венецуела во 2018 година избегна обид за убиство, кога пред него се појавиле дронови кои носеле експлозив додека говорен на церемонијата на Националната гарда во Каракас. Тој останал неповреден, но седум војници на Националната гарда биле повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-atentat-vo-venecuela-sprechen-napad-so-dronovi-vrz-nikolas-maduro/feed/ 0
„Руската вакцина е 100 проценти ефикасна против коронавирусот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vakcina-e-100-procenti-efikasna-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vakcina-e-100-procenti-efikasna-protiv-koronavirusot/#respond Tue, 02 Feb 2021 08:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=462986

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот покажале дека таа е 100 проценти ефикасна. Во интервју емитувано на неговиот профил на Твитер, Мадуро изјави дека не се забележани сериозни компликации по вакцинирањето со „Спутник V“, која е регистрирана во Венецуела. Потпретседателот на Венецуела, Делси Родригез, во декември минатата година изјави дека е постигнат договор со Русија за снабдување на Венецуела со вакцината „Спутник V“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vakcina-e-100-procenti-efikasna-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19, науката резервирана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-promovira-kapki-od-majchina-dushica-kako-chudotvoren-lek-protiv-kovid-19-naukata-rezervirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-promovira-kapki-od-majchina-dushica-kako-chudotvoren-lek-protiv-kovid-19-naukata-rezervirana/#respond Wed, 27 Jan 2021 07:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=460336

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти, а овие тврдења, сепак, не се поддржани од науката во земјата. Британските медиуми пренесуваат дека Мадуро пред три дена на телевизија го претстави лекот „Карвативир“, орална суспензија за која самиот тврди дека е тестирана врз пациенти во болница во Каракас и во спортски центар што се користи како привремена болница. -Лекот мина низ деветмесечни испитувања, тестирања, клиничка примена врз многу болни луѓе кои беа на респиратори и можевме да ги повратиме, рече претседателот Мадуро за време на телевизискиот пренос во неделата. Течноста, според него, се чудесните капки на Хозе Грегори Хернандез, венецуелски лекар кој живеел во 19 век и минатата година беше прогласен за блажен од Римокатоличката црква, без да ги наведе нејзините активни состојки. Министерството за информации веднаш не одговори на барањето за коментар. Лекарите велат дека „Карвативир“ се темели на мајчина душица, растение кое со векови се користи во традиционалната медицина, но чие влијание врз коронавирусот не е утврдено. Националната медицинска академија во соопштение објавено вчера рече дека „Карвативир“ поседува терапевтски потенцијал против коронавирусот. Но, додаваат научниците во соопштението, попаметно е да се почекаат повеќе податоци од истражувањето за тие да го сметаат за антиковид лек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-promovira-kapki-od-majchina-dushica-kako-chudotvoren-lek-protiv-kovid-19-naukata-rezervirana/feed/ 0
САД воведуваат санкции за Мадуро и за иранското Министерство за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-sankcii-za-maduro-i-za-iranskoto-ministerstvo-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-sankcii-za-maduro-i-za-iranskoto-ministerstvo-za-odbrana/#respond Mon, 21 Sep 2020 16:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=406370

САД воведоа санкции против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, поради тоа што учествувал во водечките договори за оружје со Иран. Ова го соопшти американскиот државен секретар Мајкл Помпео. Тој го нарече Мадуро „претходниот претседател“ поради фактот што САД го признаваат лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо за привремен шеф на државата. – Воведуваме санкции против поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, поради фактот дека корумпираните службеници во Техеран работат со нелегитимниот режим во Венецуела речиси две години, кршејќи го ембаргото на ОН за оружје кон Иран, рече дипломатот. Помпео најави и санкции против иранското Министерство за одбрана и две лица поврзани со иранската програма за збогатување ураниум. – Нашите активности се предупредување што мора да се чуе низ целиот свет. Кој и да сте, ако го прекршите ембаргото за оружје на ООН кон Иран, ризикувате да бидете подложени на санкции, рече тој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-sankcii-za-maduro-i-za-iranskoto-ministerstvo-za-odbrana/feed/ 0
Венецуела: Мадуро помилува над 100 опозициски политичари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-maduro-pomiluva-nad-100-opoziciski-politichari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-maduro-pomiluva-nad-100-opoziciski-politichari/#respond Tue, 01 Sep 2020 06:39:36 +0000 https://kurir.mk/?p=397567

Властите во Венецуела соопштија дека помилувале над 100 опозициски политичари, меѓу кои и повеќе од 20 пратеници обвинети за заговор против претседателот Николас Мадуро. Потегот на венецуелските власти е во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат во декември. Помилувањето на опозициските политичари укажува на тоа дека владејачката Социјалистичка партија се обидува да го охрабри учеството на изборите, кои дел од опозицијата планира да ги бојкотира, со образложение дека се наместени. Меѓу опозициските политичари помилувани со претседателскиот указ се пратеникот Фреди Гевара, кој побара азил во чилеанската Амбасада, како и Роберто Мареро, соработник на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо. Многумина од помилуваните опозициски политичари учествуваа во ланскиот неуспешен пуч во кој се обидоа да го симнат Мадуро од власт. Некои беа во затвор, додека други бараа дипломатски азил или беа во егзил. Опозицијата тврди дека изборите одржани во 2018 година биле наместени и Гуаидо го сметаат за легитимен претседател на Венецуела, а истиот став го зазедоа над 50 земји во светот. Активистите за заштита на граѓанските права остро ја критикуваа Владата на Венецуела за затворање на политички противници, честопати под обвиненија со малку или без докази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-maduro-pomiluva-nad-100-opoziciski-politichari/feed/ 0
Мадуро ја продолжи вонредната состојба за уште 30 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-ja-prodolzi-vonrednata-sostojba-za-ushte-30-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-ja-prodolzi-vonrednata-sostojba-za-ushte-30-dena/#respond Mon, 10 Aug 2020 07:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=388617

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец поради епидемијата на коронавирусот. Тој најави дека ублажувањето на одредени мерки ќе почне постепено од денеска. Системот 7-7 значи дека една недела ќе има карантин, а друга ублажување на мерките. Тој нагласи дека ублажувањето на мерките во одредени делови од земјата ќе биде побавно поради епидемиолошката состојба. Првиот случај на коронавирусот во Венецуела беше регистриран на 13 март, а истиот ден беше воведена вонредна состојба. На 17 март Мадуро ги затвори границите на земјата, но и градовите. До денеска, повеќе од 25.000 луѓе во Венецуела биле заразени со вирусот Ковид-19, а повеќе од 220 починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-ja-prodolzi-vonrednata-sostojba-za-ushte-30-dena/feed/ 0