николчо стоилков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Apr 2019 09:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png николчо стоилков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилков: Ќе работам за решавање на сите проблемите во Ново Село без никакви изговори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkov-kje-rabotam-za-reshavanje-na-site-problemite-vo-novo-selo-bez-nikakvi-izgovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkov-kje-rabotam-za-reshavanje-na-site-problemite-vo-novo-selo-bez-nikakvi-izgovori/#respond Sun, 14 Apr 2019 09:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=186171

Николчо Стоилков е роден во 1985 година. Живеe во Ново Село. Татко е на две деца. Mагистер е на правни науки, а правен факултет завршил на Факултетот за правни науки „Јустинијан Први“. Претседател е на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село, работи во Царинската управа. Во продолжение интервјуто на Николчо Стоилков, кандидат за градоначалник на Општина Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ за МИА. Кои се вашите најзначајни ветувања со кои ќе ја барате довербата од граѓаните за градоначалник на Општина Ново Село? -Изградба на ладилник за одржување на земјоделските производи на откупните места со цел помагање во регулирањето на цената на земјоделските производи на откупните места, за земјоделците да не мора веднаш да го продаваат својот производ, туку ќе имаат можност да го чуваат одреден период до добивање добра цена. Ќе предложам проект за планирано земјоделско производство заедно за сите општини во Југоисточниот плански регион и со тоа ќе се избегне стихијното производство на одредени земјоделски култури. Покрај тоа, Општина Ново Село ќе почне обемен проект преку кој ќе биде анализирана состојбата со здравјето на сите граѓани кои моментално се наоѓаат на територија на општината Ново Село. Согласно добиените резултати ќе бидат формирани критични зони каде што ќе биде особено насочено вниманието на медицинските служби. Ќе се обезбеди 24-часовна медицинска нега во општината со амбулантно возило. Веднаш ќе започнеме со санација и изградба на локалните улици и патишта за да се спречи понатамошното уништување и амортизација на возилата на граѓаните од општината. Општината ќе им овозможи посебни бенефиции на инвеститори од дијаспората за отворање локални бизниси што ќе вработуваат повеќе од пет луѓе, проширување на капацитетите на постојната и отворање нова градинка во подбеласичките населени места, отворање мултимедијален младински културен центар, урбанизирање државни парцели за заинтересирани млади кои планираат градба, изработка на план за промоција и поддршка во отворање туристички капацитети за продажба на ракотворби, сувенири карактеристични за поднебјето, ангажирање млади во проекти и програми за унапредување на младинскиот активизам. Според вас, што е најзначајно и најприоритетно да се направи во Општина Ново Село? -Во Општина Ново Село сè уште постојат некои од основните проблеми на населението, проблеми чие решавање мора да се нарече есенција. Во дел од општината сè уште има проблеми со водоснабдувањето, а исто така и со изградба на канализациски мрежи, што е неприфатливо за времето во кое живееме. Во Сушица водата тече низ азбестни цевки и граѓаните ја пијат таа вода. Луѓето од Колешино полнат вода од Мокринските Извори, бидејќи во чешмите им тече бактериолошки неисправна вода, а од истата добиваат и децата во училиштето. Канализациската мрежа во Ново Село сè уште не е завршена. Мислам дека тоа се основни потреби на секој граѓанин во земјава и, за жал, тие прашања се сè уште нерешени во општината. Заради тоа фокусот на почетокот на мојот мандат ќе го посветам на решавање на тие проблеми, па потоа, откако ќе биде обезбедена таа основа, ќе се фокусираме на понатамошниот развој на општината, индустриски, културен и инфраструктурен. Дали периодот до крајот на мандатот, нешто повеќе од две години, е доволен да ги реализирате вашите програмски определби и ветувања? -Моето лично мислење е дека периодот до завршувањето на мандатот и не е толку важен колку што е важно загубеното време на граѓаните на Општина Ново Село додека нивната општина е блокирана и не функционира. Затоа, при самото започнување на мандатот ќе мора да се пристапи кон решавање на проблемите без никакви изговори. За динамиката на одвивање на процесите сè уште е рано да се разговара, но во голема мера зависи и од општополитичката состојба во државата. Искрено се надевам дека Република Македонија ќе се одржи политички стабилна и ќе успееме да завршиме што е можно поголем број од предвидените проекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkov-kje-rabotam-za-reshavanje-na-site-problemite-vo-novo-selo-bez-nikakvi-izgovori/feed/ 0
Стоилков: Ново Село ќе добие градоначалник кој ќе и’ ја врати честа на општината и ќе ја оттргне од криминалното минато на поранешниот градоначалник https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stoilkov-novo-selo-kje-dobie-gradonachalnik-koj-kje-i-ja-vrati-chesta-na-opshtinata-i-kje-ja-ottrgne-od-kriminalnoto-minato-na-poraneshniot-gradonachalnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stoilkov-novo-selo-kje-dobie-gradonachalnik-koj-kje-i-ja-vrati-chesta-na-opshtinata-i-kje-ja-ottrgne-od-kriminalnoto-minato-na-poraneshniot-gradonachalnik/#respond Sun, 07 Apr 2019 19:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=183658

Во Ново Село ќе победи правдата! Ново Село ќе добие градоначалник кој ќе и' ја врати честа на општината и ќе ја оттргне од криминалното минато на поранешниот градоначалник, напиша кандидатот за градоначалник на општина Ново Село Николчо Стоилков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stoilkov-novo-selo-kje-dobie-gradonachalnik-koj-kje-i-ja-vrati-chesta-na-opshtinata-i-kje-ja-ottrgne-od-kriminalnoto-minato-na-poraneshniot-gradonachalnik/feed/ 0
Голем народен митинг во недела во Ново Село https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-naroden-miting-vo-nedela-vo-novo-selo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-naroden-miting-vo-nedela-vo-novo-selo/#respond Fri, 05 Apr 2019 11:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=182730

Голем народен митинг ќе се оддржи на 07.04.2019 година во 16:00 часот во Дом на култура „Јане Сандански“ - Ново Село. На присутните ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на општина Ново Село, Николчо Стоилков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-naroden-miting-vo-nedela-vo-novo-selo/feed/ 0
Интервју со Николчо Стоилков кандидат за градоначалник: Ново село ќе се врати на патот на успехот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-nikolcho-stoilkov-kandidat-za-gradonachalnik-novo-selo-kje-se-vrati-na-patot-na-uspehot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-nikolcho-stoilkov-kandidat-za-gradonachalnik-novo-selo-kje-se-vrati-na-patot-na-uspehot/#respond Thu, 21 Mar 2019 09:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=177060

Како човек кој цел живот го поминал во Ново село со право можам да кажам дека ситуацијата тука сега е очајна. Општината граничи со ЕУ, а не се црпат пари од европските фондови, нема ништо од земјоделието која е основна работа на жителите, тие постојано се иселуваат. Тоа ме поттикна да работам на проекти за подобрување на квалитетот на животот на село, да го вратам Ново село на патот на успехот, вели Стоилков кој е кандидат за градоначалник на општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Вели посветено ќе работи, но со задоволство ќе наоѓа време за семејството и своите две ќерки Каква е ситуацијата сега во Ново село? Можеби ќе звучам песимистички, но единствениот збор кој може да ја опише е очајна. Не го велам тоа од позиција на кандидат за градоначалник, туку како жител на општина Ново Село кој целиот свој живот го поминал тука. Ние сме место во кое лесно може да се забележи кога работите тргаат на подобро, но за жал ова не можам да го видам во последните 2-3 години, тука е сосема спротивното. Активни проекти за подобрување на животот на граѓаните не постојат, единствено што граѓаните можат, и тоа добро да го почувствуваат е постојаното нивно оптоварување со дополнителни такси и даноци кон фирмите на локалната самоуправа. Со земјоделие се занимава голем дел од населението колку се задоволни од ситуацијата? Изминатите години граѓаните можеа да се потпрат на земјоделието, кое за многумина е главна работа, сега не можат и на тоа да сметаат. Последните неколку години земјоделците не можат да си ги покријат дури ни трошоците за производство, што мислам воопшто не е праведно. При таква негрижа на властите не може да имате задоволен земјоделец. Се работи за категорија на луѓе кои вложуваат огромен физички труд за да произведат нешто, за на крај да заработат сите околу нив освен тие. Не постои ниту еден проект или имплементирана мерка која барем ќе започне процес за решавање на овие проблеми. Луѓето едноставно се оставени на самите себе. Што ќе кажете за преку граничната соработка, со соработка со соседните земји може да се направи многу, за проекти да се црпат средства од европските фондови...? Меѓу граничната соработка и користењето на европските фондови е една од главните можности за финансирање на развојот на општината. За жал, кај нас и тоа што го има е наменето за некои споредни работи наместо решавањето на клучните проблеми на граѓаните Општина Ново Село кое граничи со Европска унија. Дополнително поради ова е потребна офанзива кон овие средства. Што ќе направите вие, кој беше вашиот мотив да се кандидирате за градоначалник? Едноставно, сакам Ново село да биде успешна и просперитетна општина, граѓаните да се гледаат тука, да не се иселуваат, да имаат општина која ќе оди напред. Мора да признаам за ова треба да се вложи многу труд, треба и време за да се врати општината на патеката на успехот. Работам на програма за ова, и  со тоа работам на проекти кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на село. Граѓаните секогаш се интересираат и за приватната страна на политичарите, кој е Николчо Стоилков приватно? Семеен човек, татко на две ќерки, една четири години и другата два месеци. Слободното време сакам да го поминам најмногу со децата. Но, секогаш наоѓам време и за пријателите, сограѓаните. Жалам што повеќето млади масовно се иселуваат. Од секојдневните обврски најдобар одмор ми е времето поминато со децата.  Поголемата ќерка  сака и дома да го поминува времето со мене заедно да  гледаме телевизија, да ми покаже некоја нова игра, а често знае да каже тато ајде да направиме селфи.  Господ пак ме дарувал со сенс за спорт и тоа вешто го користам, играм одбојка, тенис, пинг понг. Тоа е начин целосно да се ослободам од негативната енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-nikolcho-stoilkov-kandidat-za-gradonachalnik-novo-selo-kje-se-vrati-na-patot-na-uspehot/feed/ 0