николов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Aug 2021 12:02:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png николов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАЧЕВСКИ И НИКОЛОВ ГО СУДАТ РАКОМЕТНОТО ФИНАЛЕ ВО ТОКИО https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nachevski-i-nikolov-go-sudat-rakometnoto-finale-vo-tokio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nachevski-i-nikolov-go-sudat-rakometnoto-finale-vo-tokio/#respond Fri, 06 Aug 2021 12:00:16 +0000 https://kurir.mk/?p=547179

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се избрани да го судат финалето на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио, во кое за златото ќе се борат Франција и Данска. Тоа е големо признание за најдобриот македонски ракометен судиски тандем, нешто што не им успеа и на Марјан и Драган Начевски кога беа на врвот на кариерата. Ова следува година и пол откако тие го водеа финалето на Европското првенство за ракометари во Австрија, Норвешка и Шведска. Начевски и Николов претходно беа дел и од Олимписките игри во Лондон во 2012 и во Рио де Жанеиро во 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nachevski-i-nikolov-go-sudat-rakometnoto-finale-vo-tokio/feed/ 0
Каде е Мери Проја Продановска да ги апси Николов и Костандинов кои ги прекршија мерките и славеа во ресторан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-e-meri-proja-prodanovska-da-gi-apsi-nikolov-i-kostandinov-koi-gi-prekrshija-merkite-i-slavea-vo-restoran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-e-meri-proja-prodanovska-da-gi-apsi-nikolov-i-kostandinov-koi-gi-prekrshija-merkite-i-slavea-vo-restoran/#respond Thu, 17 Dec 2020 13:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=444695

И додека министерот за здравство, Венко Филипче не убедува дека ситуацијата е под контрола, а премиерот Заев и неговите сопартијци слават во ресторан со музика за победа на избори на кои сами учествуваа, Македонија е сеуште во топ 5 во светот по број на смртни случаи на милион жители. Како што секој ден Македонија брои по десетици починати од корона, така се повеќе се движиме кон врвот на листата на починати по број на жители. Пред само 10-тина дена бевме 7 на листата, а сега сме 5 во светот по број на починати на милион жители. Но, иако речиси цело раководство на владејачката СДСМ славеше во ресторан после 9 часот за победата на изборите во Штип, зашто беа објавени и фотографии и видеа, сепак од државниот пазарен инспекорат ни со прст не мрднаа да го истражат случајот. Но затоа пак кога се работи за луичности кои не се согласуваат со политиките на власта, цел инспекторат се крева на нозе. Имено кога лидерот на опозицијата беше виден во една кафеана на Боемска улица, што и тој самиот кажа и јавно се извини, цел инспекторат се дигна на нозе, па инспекторката Мери Проја Продановска дури закажаи прес конференција за таа случка претставувајќи ја како екстремно тешко кривично дело и затворајќи го ресторанот каде што беше виден лидерот на опозицијата. Додека пак сега са славењето во ресторан со музика и чалгии каде цело раководство на СДСМ славеше заедно новоизбраниот градоначалник на Штип Сашко Николов, од инспекторатот никој не отиде ниту да истражи а камоли да преземе нешто. „Мојот апел е дека Државниот пазарен инспекторат ги спроведува законите по однос на донесените протоколи во новонастанатата ситуација. Не распознаваме никого, туку сакаме да порачаме и до политичарите, до сите носители на функции, до сите граѓани да ги почитуваме мерките за заштита“, рече тогаш раководителката на инспекторатот Проја Продановска. Инаку, еве поминаа веќе неколку дена, а Продановска ја нема никаде да упати апел до политичарите од СДСМ кои на големо беа собрани после 9 часот да слават во Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-e-meri-proja-prodanovska-da-gi-apsi-nikolov-i-kostandinov-koi-gi-prekrshija-merkite-i-slavea-vo-restoran/feed/ 0
Николов: Масовен скрининг на населението требаше да почне одамна, а тука се прават политички манипулации со бројот на тестови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-masoven-skrining-na-naselenieto-trebashe-da-pochne-odamna-a-tuka-se-pravat-politichki-manipulacii-so-brojot-na-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-masoven-skrining-na-naselenieto-trebashe-da-pochne-odamna-a-tuka-se-pravat-politichki-manipulacii-so-brojot-na-testovi/#respond Fri, 08 May 2020 20:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=343770

Во оваа ситуација која произлезе од корона вирусот главниот пропуст е што немаше доволно тестирања, нема тестирање на лица од ризични групи. Едноставно се нема стратегија за тестирањата, за скрининг на населението, а тоа е клучно, рече Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа. -Можеби немавме или нема доволно тестови. Се сеќавате министерот за здравство Филипче рече на почетокот дека немаме тестови и материјалот за тестирање ќе се праќа во Ниш. Ако сега се прават планови, не смее ова да се дозволи. Мора да има план за тестирања, за скрининг на населението. Без старегија и планови влеговме во контра состојба. Мислам дека ситуацијата е таква што дневната бројка на тестови се прави по одреден диктат. Јас сум уверен дека се прави под политички диктат. А тоа го видовме со случајот во Куманово кога се бараше карантин како Дебар, но не се дозволи, рече Николов. Според него во оваа ситуација се манипулира и со бројката на тестови кои се прават на дневна основа, како и со периодот за добивање на резултатите. -Вакви манипулации во ваква ситуација не се дозволиви. Ако во сето ова се прават политички манипулациии се продолжи со тоа ќе бидеме во фаза никој никому да не верува, рече Николов. Ако се избрза со изборите може лесно да дојдеме и до втор бран. -Дека вториот бран може да биде посилен говорат и германски експерти затоа треба да се оди претпазливо со мерките. Тие мора да бидат соодветни. Оттука мора да има и избори кога ќе има услови за нивно спроведување, вели Николов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-masoven-skrining-na-naselenieto-trebashe-da-pochne-odamna-a-tuka-se-pravat-politichki-manipulacii-so-brojot-na-testovi/feed/ 0
Николов: На старт државата имаше ноншалантен однос кон ситуацијата со корона вирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-na-start-drzavata-imashe-nonshalanten-odnos-kon-situacijata-so-korona-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-na-start-drzavata-imashe-nonshalanten-odnos-kon-situacijata-so-korona-virusot/#respond Fri, 08 May 2020 19:55:48 +0000 https://kurir.mk/?p=343759

Измина долг период и плативме голема цена од оваа ситуација која прозилезе од корона вирусот. Доплнително реалноста не така розева како што ни велат, рече Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа. Според него следи период и ќе треба да се навикнуваме на нешто ново нормално кое ќе значи пред се достанца. -Сакам ова нормално да го споредам со периодот во 2001 година и терористичките напади по кои се навикнавме дека во авион не треба да носиме вода, течности со нас. Така сега ќе се навикнеме и на дистанцата, затоа што со тоа и се себезаштитуваме и секако блиските. Ова е период на некакво затишје, иако не верувам дека е така. А ако е така треба да го искористиме за проучување на грешките, бидејќи имаше многу посебно на почетокот кога многу се доцнеше. На пример на почетокот требаше да се следат патниците кои влегуваат на аеродром, а само наводно се мереше само температура, а на копнените граници немаше речиси никаква контрола. Потоа на луѓето кои влегуваа во државата требаше да им се каже што да прават, како да постапуваат, а кога разговарате со нив велат никој ништо не ни кажа. Луѓето не добиваа совети, рече Николов. Тој укажа и дека немаше доволно опрема посебно за здравствените работници. -Тоа доведе да има многу заболени меѓу здравствените работници или меѓу 15 и 17 проценти да бидат ковид позитивни. Затоа сега треба да се направи стратегија и ова да не ни се повтори. Мерките не треба да го загрозуваат животот. Иако на пример има строг закон за носење маски повеќето или погрешно ја носат, или им е во џеб и имаме недоволно познавање на противникот. Имаме и едно ноншалантно однесување или јавување на прес конференции и поради тоа како резулат се појавија драконските мерки, посочи Николов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-na-start-drzavata-imashe-nonshalanten-odnos-kon-situacijata-so-korona-virusot/feed/ 0
Николов: Лекарскиот еснаф ставен под контрола на Заев и Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-lekarskiot-esnaf-staven-pod-kontrola-na-zaev-i-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-lekarskiot-esnaf-staven-pod-kontrola-na-zaev-i-filipche/#respond Mon, 27 Jan 2020 12:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=295298

Три години, владата на СДСМ ги манипулира здравствените работници. Зоран Заев и Венко Филипче во овој период целосно го ставија под контролира лекарскиот еснаф и лекарската комора, рече на денешната прес-конференција Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ. -Министерот Филипче се занимава само со спроведување на физибилити студии и средување на тендери,  а за тоа му се потребни здравствени работници кои ќе молчат и ќе бидат заробени. Државната комисија за спречување на корупцијата пред повеќе од два месеци донесе одлука со која се утврди судир на интереси кај првиот човек на Лекарската комора на Македонија. Таа не може да биде во исто време претседател на ЛКМ и директор на ЈЗУ назначена од Зоран Заев. Пред  два месеци ДКСК побара од доктор Калина Старделова Гривчева, да се откаже од една од функциите и да одбере дали ќе биде претседател на ЛКМ,  или пак ќе биде директор на јавна здравствена установа. Тоа требала да го стори во рок од 15 дена, но неа мува не ја лази. Постапките се спротивни на моралните норми кои треба да ги има првиот човек на еснафот. Согласно член 66 став 1 од законот за спречување на корупција  пак, правните акти што се резултат на судир на интереси се ништовни, истакна Николов. Со сето ова претседателката - директорка, создава море од правни проблеми, додава тој. -Кај претседателката Старделова, очигледно е дека нема морални норми,  не ги почитува ниту правните норми. Се поставува прашањето, вака ли ќе го брани достоинството на здравствените работници или пак му врши услуга на Зоран Заев и Венко Филипче во девастирањето на јавното здравство и јавните институции ? Во исто време, се поставува  прашањето, каде се институциите? Зошто никој не реагира на неспроведување на Одлуката на комисијата која е државна институција?! Кој ја штити директорката Старделова? Оваа состојба говори само за еден факт – на владејачката гарнитура правото не и важно. Тие се на прав пат за да го згазат правото и на прав пат да го уништат јавното здравство. Старделова треба веднаш да замине од една од функциите, да се одлучи дали ќе биде претседател на Лекарска комора, или ќе биде директор на ЈЗУ. Почитувани, народот ја гледа целата оваа нефункционалност  на здравствениот систем и нефункционалноста на  правниот систем. И на 12-ти април ќе каже НЕ на оваа владејачка гарнитура предводена од СДС, потенцираше Николов. Правниот систем не смее да се користи за лични потреби и привилегии  на поединци, подвлече Николов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-lekarskiot-esnaf-staven-pod-kontrola-na-zaev-i-filipche/feed/ 0