Никос Андрулакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Sep 2022 14:19:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никос Андрулакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Андрулакис: Мицотакис се плаши од темата „Предатор“ бидејќи ќе му го наруши меѓународниот имиџ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-micotakis-se-plashi-od-temata-predator-bidejkji-kje-mu-go-narushi-megjunarodniot-imidz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-micotakis-se-plashi-od-temata-predator-bidejkji-kje-mu-go-narushi-megjunarodniot-imidz/#respond Thu, 15 Sep 2022 14:19:26 +0000 https://kurir.mk/?p=733302

Критики и обвинувања до грчката Влада за случајот со прислушувањето на неговиот мобилен телефон од Националната служба за разузнавање упати лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис за време на прес – конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис уште еднаш повтори дека Владата одбива институционално да го информира за причините за неговото следење што беше во пресрет на изборите за лидер на партијата и во периодот додека се уште беше само европратеник, уште еднаш побара јасни одговори од грчкиот премиер, велејќи дека не е лично прашање, туку прашање што се однесува на демократијата. Одговарајќи на новинарско прашање за обидот неговиот мобилен телефон да биде хакиран со софтверот за следење „Предатор“, потенцираше дека ако постојат докази за поврзаност на Владата, тоа би било „политички крај за Мицотакис на европско ниво“. – Господинот Мицотакис многу се плаши од темата „Предатор“ и се плаши бидејќи е прашање што многу ќе го наруши неговиот меѓународен имиџ. Никој во Брисел не може да прифати дека се користи „нуклеарно оружје“ вредно милиони против политички лидер, политички противник на премиерот. Доколку има доказ за поврзаност со премиерската палата, тоа ќе значи и политички крај на господинот Мицотакис на европско ниво, истакна Андрулакис. Објасни дека линкот што тој го добил во смс пораката бил ист со оној кај новинарот Танасис  Кукакис, кој исто така пријави следење со „Предатор“ и Андрулакис посочи дека ова е знак дека не може обидот да е од трети страни, туку „центарот е тука“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-micotakis-se-plashi-od-temata-predator-bidejkji-kje-mu-go-narushi-megjunarodniot-imidz/feed/ 0
Андрулакис: Ако не бев европратеник, немаше да ги сознаеме парадржавните методи на грчката Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-ako-ne-bev-evropratenik-nemashe-da-gi-soznaeme-paradrzavnite-metodi-na-grchkata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-ako-ne-bev-evropratenik-nemashe-da-gi-soznaeme-paradrzavnite-metodi-na-grchkata-vlada/#respond Wed, 10 Aug 2022 14:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=716702

Ако не бев европратеник, заедно со мене и целиот грчки народ немаше да ги дознаеме парадржавните методи што ги користи актуелната Влада, вели лидерот на ПАСОК-КИНАЛ Никос Андрулакис и додава дека неговата партија, како и мнозинството од демократскиот свет во земјата, на Владата ѝ ја покажуваат „вратата за излез од власта“, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис коментира дека ако не бил европратеник немаше да се дознае дека во септември 2021 година, кусо по објавувањето на неговата кандидатура за претседател на ПАСОК, почнала да го следи Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП), а неколку дена подоцна беше обидот да се инсталира софтверот Предатор во неговиот мобилен телефон. Истакнува дека во конкретниот „критичен период за демократската партија ЕИП преку неговото следење ја следеше и една цела партија, поранешни премиери, пратеници и членови на партијата“, кои биле во редовен контакт со него. -Господине Мицотакис да ги ставиме работите под ред. Вие со ЕИП незаконски ме следевте. Вие ја одолговлекувате истрагата за шпионското „супер оружје“ Предатор во Грција, со кој имаше обид да ме хакираат, а жртва беше новинарот Танасис Кукакис. Досега не е проверена фирмата што наводно е поврзана со ова. Вие избегнувате да одговорите на ѓаволската коинциденција дека неколку дена откако почна следењето на ЕИП беше и нападот против мене со Предаторот. Вие избегнувате јавно да објавите која е сериозната причина што во конкретниот период ме направи „национална опасност“, вели Андрулакис и прашува дали ова е „сатанска коинциденција или сеопфатен план за политичко истребување?“, За ставот на владиниот портпарол Јанис Иконому дека Андрулакис одбива да биде информиран, лидерот на ПАСОК-КИНАЛ објаснува дека нема да навлегува во усна дискусија, нема да ги „легитимизира незаконските практики на Владата со учество во вонинституционален процес“ и дека немам доверба во министрите, а бара целото досие да биде доставено до Комисијата за институции и транспарентност во грчкиот Парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrulakis-ako-ne-bev-evropratenik-nemashe-da-gi-soznaeme-paradrzavnite-metodi-na-grchkata-vlada/feed/ 0
Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liderot-na-pasok-bara-od-micotakis-da-kaze-zoshto-bil-prislushuvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liderot-na-pasok-bara-od-micotakis-da-kaze-zoshto-bil-prislushuvan/#respond Mon, 08 Aug 2022 16:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=715756

Господине Мицотакис, барам веднаш да биде соопштена причината за моето следење од ЕИП, вели лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис по изјавата на грчкиот премиер за случајот со прислушувањето, додека пак од опозициската СИРИЗА коментираат дека Мицотакис немал храброст да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис вели дека грчкиот премиер без чувство на вина го усвоил наративот за „законска грешка“ за да „оправда кривично дело и директно прекршување на уставната одредба за парламентарна приватност“. Од СИРИЗА соопштуваат дека Мицотакис, „освен лажго е и арогантен и не се кае“, а преку телевизиската порака успеал да убеди „дека е виновен, но и дека не се колеба да се спаси самиот себе, пред секоја лага, лицемерие, искривување на вистината“. – Немаше храброст да го направи она што се подразбира за секоја либерална европска демократија, односно да си поднесе оставка. И ова е голема политичка грешка, што се додава на политичкиот криминал на следењето, велат од СИРИЗА и додаваат дека грчкиот премиер не одговори на прашањето „уште колку граѓани, новинари и политичари беа следени од ЕИП и зошто“. И лидерот на ПАСОК-КИНАЛ во писмената изјава и СИРИЗА во соопштението, коментираат дека грчкиот премиер воопшто не го споменал софтверот „Предатор“, со кој имало обид да се хакира мобилниот на Андрулакис. Андрулакис вели дека обидот бил само неколку дена пред да почне следењето од ЕИП и „да не беше официјалниот извештај на специјалната служба на Европскиот Парламент, немаше ништо да дознаеме за овие мрачни практики“. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, во ТВ изјава рече дека „она на што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно“, додавајќи дека не знаел за тоа и доколку знаел, никогаш немаше да го дозволи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liderot-na-pasok-bara-od-micotakis-da-kaze-zoshto-bil-prislushuvan/feed/ 0
Никос Андрулакис е новиот претседател на грчката партија Движење на промена – ПАСОК https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikos-andrulakis-e-noviot-pretsedatel-na-grchkata-partija-dvizenje-na-promena-pasok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikos-andrulakis-e-noviot-pretsedatel-na-grchkata-partija-dvizenje-na-promena-pasok/#respond Mon, 13 Dec 2021 06:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=607543

Европратеникот Никос Андрулакис е новиот претседател на грчката централно левичарска партија Движење на промена -ПАСОК, откако убедливо победи во вчерашниот втор круг од изборите, со повеќе од двојно поголем број гласови во споредба со неговиот против кандидат Јоргос Папандреу, јави дописничката на МИА од Атина. Со пребројани 95,37 отсто од гласовите, Андрулакис доби 67,9 проценти (132.706 глас), а поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу 32,1 отсто (62.748 гласа) од гласовите. Со знамиња на ПАСОК и партиските химни, со аплаузи, овации и извици „ПАСОК е тука обединето и силно“ од членови и симпатизери на партијата, 42-годишниот Андрулакис доцна синоќа беше пречекан пред канцеларијата на Движење на промена. Порача дека „се отвора нова страница за партијата и ПАСОК, нова ера со динамика, оптимизам и самодоверба“. Им се заблагодари на гласачите, но и на неговите противкандидати, истакнувајќи дека „нема победени и поразени и единствен победник е демократската партија и ПАСОК“, но и додаде дека е свесен за одговорноста што ја презема. -ПАСОК се врати и е обединето силно, порача новиот лидер на партијата на крајот од неговото обраќање по победата. Јоргос Папандреу, кој успеа да влезе во вториот круг, но не и да стигне до лидерската позиција, му честиташе на Андрулакис, а според грчките медиуми, честитка до новиот претседател на централно левичарската партија упатил и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговор со Андрулакис. Новиот претседател на Движење на промена е по потекло од Крит, по професија е градежен инженер, а од 2014 година е европратеник. Изборите во Движење на промена не се поврзани со смртта на лидерката на партија Фофи Генимата, која планираше повторно да биде кандидат за претседателската позиција, меѓутоа влошувањето на здравствената состојба ја натера да ја повлече кандидатурата, а десет дена подоцна ја загуби битката со ракот. ПАСОК, последен пат на изборите во Грција победи во 2009 година, а во изминатите години е трета политичка сила во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikos-andrulakis-e-noviot-pretsedatel-na-grchkata-partija-dvizenje-na-promena-pasok/feed/ 0