Никос Дендиас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 07:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никос Дендиас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дендиас и Блинкен ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог Грција – САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-i-blinken-ke-go-zapochnat-chetvrtiot-krug-od-strateshkiot-dijalog-grtsija-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-i-blinken-ke-go-zapochnat-chetvrtiot-krug-od-strateshkiot-dijalog-grtsija-sad/#respond Tue, 21 Feb 2023 07:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=802996

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска во Атина ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција. Според грчкото МНР, стратешкиот дијалог опфаќа регионални прашања, одбрана и безбедност, трговија, енергетика, справување со тероризам и природни катастрофи, а третиот круг се одржа во Вашингтон во октомври 2021 година. Блинкен вчера попладне ја започна посетата на Грција со средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека, пак, денеска, освен со министерот за надворешни работи, ќе се сретне и со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-i-blinken-ke-go-zapochnat-chetvrtiot-krug-od-strateshkiot-dijalog-grtsija-sad/feed/ 0
Дендиас: Потребна е огромна помош и поддршка за Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-potrebna-e-ogromna-pomosh-i-poddrshka-za-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-potrebna-e-ogromna-pomosh-i-poddrshka-za-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 20 Feb 2023 14:09:10 +0000 https://kurir.mk/?p=802755

Потребата за огромна помош и поддршка за Турција и Сирија, ја истакнал министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, пред почетокот на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Дендиас рекол дека станува збор за „библиска катастрофа“ од досега невидени размери и затоа „потребна е огромна помош и огромна поддршка“. Додал дека ќе ги информира неговите колеги за неговата посета на областите погодени од земјотресот во Турција и дека ќе разговараат за можностите за помош на двете земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-potrebna-e-ogromna-pomosh-i-poddrshka-za-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Дендиас се огласи откако утринава му се слоши на литургијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-se-oglasi-otkako-utrinava-mu-se-sloshi-na-liturgijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-se-oglasi-otkako-utrinava-mu-se-sloshi-na-liturgijata/#respond Thu, 29 Dec 2022 12:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=782086

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ја прекина посетата на Света Гора и се врати во Атина, откако утрово, додека ја следел литургијата во еден од манастирите, му се слошило поради ортостатска хипотензија и паднал, а како што самиот напиша на Твитер е целосно добар со „две гребнатини од падот“, јави дописничката на МИА од Атина. -Искрено им благодарам на оние кои изразија интерес за моето здравје. Апсолутно сум добро, со две гребнатини од падот и импресиониран од она што го видов и слушнав од првата посета на МНР на Света Гора во последните 11 години. Се обврзав дека ќе се вратам наскоро, напиша Дендиас на „Твитер“. Од Министерството за надворешни работи на Грција, како што веќе објави МИА, утрово брифираа дека Дендиас имал појава на ортостатска хипотензија, но е во добра здравствена состојба. Според државната телевизија ЕРТ, веднаш интервенирал лекар кој го прегледал Дендиас. Шефот на грчката дипломатија ги прекина планираните активности за денеска, во рамките на неговата дводневна посета на Света Гора што започна вчера и се врати во Атина.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-se-oglasi-otkako-utrinava-mu-se-sloshi-na-liturgijata/feed/ 0
На Дендиас му се слошило за време на литургија на Света Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-dendias-mu-se-sloshilo-za-vreme-na-liturgija-na-sveta-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-dendias-mu-se-sloshilo-za-vreme-na-liturgija-na-sveta-gora/#respond Thu, 29 Dec 2022 09:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=782017

За време на литургијата во манастир на Света Гора, на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас му се слошило, меѓутоа според извори од грчкото МНР тој е во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција, за грчките медиуми брифирале дека Дендиас имал појава на ортостатска хипотензија, но е добар. Според државната телевизија ЕРТ, веднаш интервенирал лекар кој го прегледал Дендиас, а подоцна ќе се разгледа и ќе се одлучи дали шефот на грчката дипломатија ќе продолжи со планираните активности за денеска, во рамките на неговата дводневна посета на Света Гора што започна вчера.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-dendias-mu-se-sloshilo-za-vreme-na-liturgija-na-sveta-gora/feed/ 0
Дендиас во посета на Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-vo-poseta-na-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-vo-poseta-na-prishtina/#respond Tue, 20 Dec 2022 06:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=777863

Соработката Атина- Приштина во економијата, енергетиката, културата и здравството, регионалните случувања, вклучително и европската перспектива на Западен Балкан и случувањата во дијалогот Белград-Приштинa, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои министерот за надворешни работи Никос Дендиас ќе разговара на средбите за време на неговата денешна посета на Косово, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас ќе се сретне со шефицата на косовската дипломатија Доника Грвала–Шварц, а премиерот на Косово, Албин Курти ќе му приреди работен ручек. За време на еднодневната посета на Приштина, планирано е министерот за надворешни работи на Грција да се сретне и со претставници на грчкиот одред на КФОР. Од грчкото МНР потсетуваат дека Дендиас ја посети Приштина во октомври 2020 година, во јуни 2021 година и во јуни годинава, додека шефицата на косовската дипломатија беше во Атина во јануари годинава. Дендиас вчера беше во посета на Белград каде што се сретна со неговиот српски колега Ивица Дачиќ, а како што јави дописникот на МИА од Белград, шефот на грчката дипломатија рече дека официјална Атина го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина за да се постигне сеопфатно правно обврзувачко решение и нагласи дека сите досегашни договори мора целосно да се применат. – Патувам за Приштина и таму ќе го повторам истото, изјави Дендиас по разговорот со Дачиќ и соопшти дека телефонски разговарал со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за тој дијалог и за напорите што се преземаат за намалување на тензиите на северот на Косово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-vo-poseta-na-prishtina/feed/ 0
Дендиас: Светската заедница мора да биде покрај оние на кои им се закануваат поголемите соседи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-svetskata-zaednica-mora-da-bide-pokraj-onie-na-koi-im-se-zakanuvaat-pogolemite-sosedi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-svetskata-zaednica-mora-da-bide-pokraj-onie-na-koi-im-se-zakanuvaat-pogolemite-sosedi/#respond Tue, 13 Dec 2022 14:21:39 +0000 https://kurir.mk/?p=775054

Светската заедница има обврска секогаш да стои покрај оние на кои им се закануваат поголемите соседи, кои не го почитуваат меѓународното право, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изјавата по неговото учество во Париз на конференцијата за солидарност со Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Во обраќањето на конференцијата пак, Дендиас се осврна на грчката поддршка за Украина, како во однос на територијалниот интегритет и националниот суверенитет, но и преку „обезбедување политичка, воена, финансиска и хуманитарна поддршка“. -Почитувањето на територијалниот интегритет и националниот суверенитет, како и воздржувањето од употреба или закана со употреба на сила се основни принципи на меѓународното право. Тоа се главните столбови на надворешната политика на Грција, истакна шефот на грчката дипломатија. Објасни дека околу 100.000 украински бегалци се сместени во Грција, „кои имаат право на сместување, здравствена заштита и пристап до образование“, но и дека „49,74 отсто од вкупниот обем на производи извезени од Украина се со флоти од грчки интерес“. -Во исто време, ние сме подготвени да ги помогнеме сите напори за воспоставување алтернативни патишта за снабдување со гас, преку единиците во Александрополис, рече Дендиас за време на конференцијата.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-svetskata-zaednica-mora-da-bide-pokraj-onie-na-koi-im-se-zakanuvaat-pogolemite-sosedi/feed/ 0
Дендиас за прислушувањата: Со Мицотакис имаме континуирана соработка која се карактеризира со взаемна доверба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-za-prislushuvanjata-so-micotakis-imame-kontinuirana-sorabotka-koja-se-karakterizira-so-vzaemna-doverba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-za-prislushuvanjata-so-micotakis-imame-kontinuirana-sorabotka-koja-se-karakterizira-so-vzaemna-doverba/#respond Mon, 14 Nov 2022 10:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=760194

Со премиерот имаме континуирана соработка која се карактеризира со меѓусебна доверба, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас од Брисел, додавајќи дека целосно се согласува со уверувањето на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека целосно ќе се расчисти случајот со прислушувањата , јави дописничката на МИА од Атина. Изјавата на Дендиас доаѓа откако дел од медиумите во Грција објавија дека и шефот на дипломатијата бил следен од премиерската палата со помош на софтверот Предатор. Министерот за надворешни работи на Грција пред почетокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Брисел, се осврна на темите кои ќе бидат на агендата на состанокот, но и на случајот со прислушувањата во земјата, актуелна тема во Грција во изминатиот период . -Денеска ќе разговараме за Украина, Западен Балкан и Африка, за централна Африка, прашања од големо значење за ЕУ. Но, би сакал да кажам и дека мојата соработка со премиерот е континуирана соработка која се карактеризира со меѓусебна доверба. Впрочем, тоа даде опипливи резултати на полето на надворешната политика во најтешкиот период. Исто така целосно ме покриваат уверувањето на премиерот дека целосно ќе се расчисти случајот, истакна Дендиас од Брисел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-za-prislushuvanjata-so-micotakis-imame-kontinuirana-sorabotka-koja-se-karakterizira-so-vzaemna-doverba/feed/ 0
Дендиас му честиташе на Хабиб за историскиот договор меѓу Либан и Израел за одредување на морските зони https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-mu-chestitashe-na-habib-za-istoriskiot-dogovor-megju-liban-i-izrael-za-odreduvanje-na-morskite-zoni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-mu-chestitashe-na-habib-za-istoriskiot-dogovor-megju-liban-i-izrael-za-odreduvanje-na-morskite-zoni/#respond Fri, 11 Nov 2022 17:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=759400

Честитки за „историскиот договор меѓу Либан и Израел за одредување на морските зони“ упати шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас до неговиот либански колега Абдулах Бу Хабиб по нивната средба во Атина и порача дека овој договор создава и модел и покажува дека разграничувањето на морските зони е можно „кога е исполнет основниот услов: почитување на меѓународното право и правилата за дијалог“, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Либан истакна дека договорот со Израел беше склучен иако двете земји немаат официјални односи, нагласувајќи дека беа успешни напорите за посредување на САД и паралелно изрази надеж дека со Израел ќе започнат напорите за решавање на спорот за копнената граница. Дополнително, Хабиб се осврна и на бегалското прашање и сериозниот проблем со кој се соочува Либан, истакнувајќи дека во земја со четири милиони жители, имаат два милиони бегалци од Сирија. Шефот на грчката дипломатија рече дека за конкретното прашање, Грција ќе направи се што може за да го покани либанскиот МНР на појадок на министрите за надворешни работи на Европската унија за да може лично тој да ги објасни предизвиците со кои се соочува Либан, но и решенијата што ги предлага. Министрите за надворешни работи на Грција и Либан за време на нивната денешна средба потпишаа и меморандуми за разбирање, едниот за укинување на визите за оние кои имаат дипломатски и службени пасоши, а другиот за дипломатското образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-mu-chestitashe-na-habib-za-istoriskiot-dogovor-megju-liban-i-izrael-za-odreduvanje-na-morskite-zoni/feed/ 0
Дендиас: Турција да го почитува меѓународното право и што поскоро да ѝ се врати на логиката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-turcija-da-go-pochituva-megjunarodnoto-pravo-i-shto-poskoro-da-se-vrati-na-logikata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-turcija-da-go-pochituva-megjunarodnoto-pravo-i-shto-poskoro-da-se-vrati-na-logikata/#respond Wed, 21 Sep 2022 07:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=735588

Нашиот одговор е дека Турција добро ќе биде да го почитува меѓународното право и што е можно поскоро да се врати во сферата на логиката, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас од Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија, во изјавата по обраќањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, истакна дека Турција е онаа која на Грција ѝ се заканува со војна, го инструментализира мигрантското прашање, додавајќи дека „Грција е европска земја која целосно ги почитува човековите права“. -Земјата што го инструментализира мигранското прашање, ставајќи во опасност десетици илјади човечки животи, ја обвинува Грција дури и за злосторства против човештвото и тоа употребувајќи лажни податоци, на кои веќе е одговорено пред десет дена. Земјата која директно се заканува со војна, земјата која издаде „casus belli“, земјата која го оспорува грчкиот суверенитет на островите во Егејското Море, зборува за добрососедски односи. Земјата која окупира територии на странски земји, меѓу кои и на Република Кипар, зборува за условите на безбедност и разбирање во Источниот Медитеран. Нашиот одговор е дека Турција добро ќе биде да го почитува меѓународното право и што е можно поскоро да се врати во сферата на логиката, рече Дендиас. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, меѓу другото рече дека „Грција со незаконските и непромислени насилни враќања, го претвора Егејското Море во гробишта за бегалците“, но и дека очекува „Грција да ја остави настрана политиката на тензија и провокација и да ги послуша нивните повици за соработка и солидарност“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dendias-turcija-da-go-pochituva-megjunarodnoto-pravo-i-shto-poskoro-da-se-vrati-na-logikata/feed/ 0
Шефицата на француската дипломатија на средби со Мицотакис и Дендиас во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-francuskata-diplomatija-na-sredbi-so-micotakis-i-dendias-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-francuskata-diplomatija-na-sredbi-so-micotakis-i-dendias-vo-atina/#respond Tue, 06 Sep 2022 08:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=729315

Стратешките односни меѓу Грција и Франција, случувањата во Источниот Медитеран, Украина, Западен Балкан, Блискиот Исток, како и соработката во рамките на ЕУ, според грчкото МНР се очекува да бидат темите за кои попладнево ќе разговараат во Атина шефовите на грчката и француската дипломатија Никос Дендиас и Катрин Колона, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката за надворешни работи на Франција освен со нејзиниот грчки колега, ќе се сретне и со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. Дендиас и Колона на крајот на јули се сретнаа во Париз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-francuskata-diplomatija-na-sredbi-so-micotakis-i-dendias-vo-atina/feed/ 0