Никос Коѕија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 May 2018 13:55:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никос Коѕија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димитров, Коѕијас и Нимиц ги продолжија преговорите во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-kodzijas-i-nimic-gi-prodolzija-pregovorite-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-kodzijas-i-nimic-gi-prodolzija-pregovorite-vo-njujork/#respond Fri, 25 May 2018 13:55:57 +0000 https://kurir.mk/?p=58314

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Њујорк ги продолжија преговорите за спорот со името со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц. Средбата, како што беше најавено почна во 09:30 часот по њујоршко време или 15.30 часот по македонско време, а по завршување на денешната рунда се очекува некој или сите учесници во процесот да дадат изјави за тоа дали е направен некаков исчекор во преговорите. Во пресрет на новата рунда разговори за името, која започна вчера во 16:30 часот по македонско време, Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација. - Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор, порача Димитров по средбата со Гутереш. Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, пак, по средбата со генералниот секретар на ОН, спроти денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц, изјави дека другата страна треба да покаже прагматизам и реализам за да најде решение. Прашан дали од Нимиц очекува да достави синтетичен предлог од сето она што го доставиле двете страни, Коѕијас вели дека Грција го сторила тоа, но останува отворено прашањето со името. - Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите, вели шефот на грчката дипломатија и објаснува дека преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и меѓу техничките групи. Грчкиот премиер Алексис Ципра, пак, денеска од Солун порача дека Грција во преговорите не оди за да даде нешто. - Не одиме за да го дадеме името Македонија, како што тврдат некои, одиме да земеме назад нешто што е дадено пред 70 години, рече Ципрас. Ципрас смета дека името без одредница, „упатува на античкиот грчки свет и на големото културно наследство на грчката Македонија“, а во преговорите Атина се стреми ова да го добие назад, нешто што според Ципрас, „не е лесно“. Грчкиот премиер додаде дека е време двете земји да постојат заедно, да соработуваат и да живеат во мир во корист на целиот регион. Средбата во Њујорк следи по минатонеделните разговори на премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на кои опцијата „Република Илинденска Македонија“ беше издвоена како најприфатлива. Македонската страна пред средбата во Њујорк изјави дека останува на ставот дека тоа е добар предлог за конечно решение, додека грчката го отфрли предлогот и нагласи дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот - предлози од Нимиц.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-kodzijas-i-nimic-gi-prodolzija-pregovorite-vo-njujork/feed/ 0
Коѕијас во Скопје и нова рунда преговори за името до крајот на март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-vo-skopje-i-nova-runda-pregovori-za-imeto-do-krajot-na-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-vo-skopje-i-nova-runda-pregovori-za-imeto-do-krajot-na-mart/#respond Mon, 05 Mar 2018 08:50:28 +0000 http://kurir.mk/?p=27439

Втората половина на март шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас треба да пристигне во посета на Скопје на средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а нова рунда за преговарчкиот процес под раководство на медијаторот Метју Нимиц се очекува да биде закажана на крајот на март или почетокот на април, најави премиерот Зоран Заев. - Имаме најава дека Коѕијас ќе долета третата или четвртата недела од март, и со негово доаѓање  на аеродромот Скопје ќе може да направат обиди за приближување на ставовите, а преговарачкиот процес ќе продолжи под раководство на медијаторот Нимиц, рече Заев по синоќешната средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Премиерот Заев очекува Коѕијас во Скопје да ја презентира грчката нацрт-верзија за решавање на спорот за името. - Ја очекуваме првата драфт верзија да дојде со министерот Коѕијас, така е договорено. Нека дојде, имаме право на свои коментари  или било што. Ова може да помогне, но може и воопшто да не се разгледува, може да не биде и предмет на разговорите. Сепак, не е на одмет секој развој на идеи кои би се случиле, а би биле од помош да бидат разгледувани од која било страна ако дојдат на маса, рече Заев. Тој посочи дека го информирал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски  за детали во делот на разговорите со Грција и за намерите како да течат преговарачките  процести, но и оти двете страни остануваат на своите позиции. - Секако тие остануваат на нивните познати ставови. Ние сме исто така  на нашите познати ставови. Остануваме оптимисти  дека може да се најде решение  за овој горлив проблем, што постои повеќе од 25 години, но притоа секако тоа мора да биде со зачувување на достоинството, идентитетот на двете страни во разговорите за името. Секако продолжуваме и понатаму меѓусебно да се информираме. Се надевам дека по ова прашање ќе можеме да изградиме национален консензус, рече премиерот Зоран Заев. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што потврди нејзиниот лидер,  остануваат на нејзините познати позиции за прашањето за името. - Можам да констатирам дека нема поместување од презентираното на лидерската средба. Јас го повторив нашиот конзистентен став дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, со цел промена на уставното име, а за идентитетските прашања како што се јазикот и нацијата не треба да се разговара, рече Мицкоски по средбата со Заев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-vo-skopje-i-nova-runda-pregovori-za-imeto-do-krajot-na-mart/feed/ 0