Никос Панајотопулос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 17:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Никос Панајотопулос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба Панајотопулос – Резников: Потврдена грчката поддршка за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-panajotopulos-reznikov-potvrdena-grchkata-poddrshka-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-panajotopulos-reznikov-potvrdena-grchkata-poddrshka-za-ukraina/#respond Thu, 06 Apr 2023 17:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=821171

Силната поддршка на Грција за Украина, украинскиот народ и неговото право да ја брани својата татковина и да го врати суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, изразил министер за одбрана на Грција Никос Панајотопулос на денешната средба со неговиот украински колега Олексеј Резников, јави дописничката на МИА од Атина. Панајотопулос, како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, потсетил дека Грција уште на самиот почетокот на војната „недвосмислено ја осуди руската агресија“ и ги спроведе сите санкции. Украинскиот министер за одбрана, од своја страна, ѝ се заблагодарил на Грција за поддршката на повеќе нивоа, а се осврнал и на претстојното членство на Шведска во НАТО, карактеризирајќи го како симболично, со оглед на тоа дека шведското знаме ги има истите бои како и украинското и изразил надеж дека Украина ќе биде следната земја. Двајцата министри разговарале и за потребата од зајакнување на одбранбената соработка меѓу Грција и Украина. Според АНА-МПА, на средбата, началникот на Генералштабот на грчката армија Константинос Флорос се осврнал на помошта што Грција ја испратила или ќе и ја испрати до Украина споменувајќи: 72 тони хуманитарна помош, 3.870 тони воена опрема, противвоздушни ракети Стингер, ракети, артилериски гранати, муниција за пушки, оклопни возила БМП-1, како и подготвеност за трансфер, во соработка со Меѓународниот координативен центар за донации, на уште една пратка БМП-1, ракети ХЕ 73 мм и артилерија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-panajotopulos-reznikov-potvrdena-grchkata-poddrshka-za-ukraina/feed/ 0
Министерот за одбрана на Украина во посета на Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerot-za-odbrana-na-ukraina-vo-poseta-na-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerot-za-odbrana-na-ukraina-vo-poseta-na-atina/#respond Thu, 06 Apr 2023 08:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=820906

Министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников денеска ќе биде во посета на Атина, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос, говорејќи вчера во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Панајотопулос рече дека претпоставува дека за посетата може да има многу дискусии, многу шпекулации, многу анализи околу тоа зошто доаѓа, што ќе побара, дека можеби Грција ќе испрати воени авиони итн.

Меѓутоа, истакна дека ставот на Атина уште од првиот момент е „јасен и недвосмислен“: го даваат она што можат да го дадат и не даваат ништо што и најмалку би ги ослабело нивните сопствени одбранбени способности.

-Грција нема да испрати „Леопард“ 2А6 во Украина. Има испратено некои БМП, треба да испрати уште некои. Има испратено муниција од различен калибар. Ако имаме можности од вишокот, ќе помогнеме, бидејќи од првиот момент кажавме дека помагаме во секоја борба против секаков ревизионизам, истакна Панајотопулос.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerot-za-odbrana-na-ukraina-vo-poseta-na-atina/feed/ 0